10.03.2014.

Седмерците среќни за Шундовски и Ангеловски

ИСТОРИСКА ЗАВРШНИЦА НА РАКОМЕТНИОТ КУП НА РОМАНИЈА СО ТРИУМФ НА БИТОЛСКАТА КОЛОНИЈА ВО КОНСТАНЦА
Констанца - Бакау 45:44 (12:7) (28:28) (31:31, 36:36)

Неверојатно драматична беше завршницата на националниот ракометен Куп во Романија, која донесе нов трофеј за битолската колонија Шундовски - Ангеловски.
Во финалето против Бакау ниту по две продолженија немаше победник, па седмереците го дадоа победникот на Купот. Констанца имаше повеќе среќа и славеше со 45:44, откако постојано го бркаше водството на Бакау во регуларните 60 минути. Победник немаше ниту во двете продолженија, па казнените удари го дадоа Куп победникот. Шимуцу со 11 и Тома со 9 гола беа најефикасни во екипата на Констанца, каде јунак беше голманот Попеску. Претходно во полуфиналето Констанца го совлада Васлуи со 34:26, а во четвртфиналето беше подобра од Потаиса Турда со 29:22. Се насмевнува тројна круна за Звонко Шундовски и Бранислав Ангеловски. За бившиот селектор ова е втора титула од Купот во две сезони, а за Ангеловски четврта во серија.  

Нема коментара:

Постави коментар