02.03.2014.

Петрески: „Задоволен сум, но треба уште многу да работиме„

НА ЕДНА НЕДЕЛА ДО ПОЧЕТОКОТ НА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД ВИП СУПЕРЛИГАТА, НОВИОТ ТРЕНЕР НА ПЕЛИСТЕР ГО СУМИРА СРАБОТЕНОТО 
По завршувањето на есенскиот дел од натпреварувачката сезона во домашното првенство настанаа промени во тренерско-играчкиот кадар на Пелистер, како последица на игрите топло-студено во 14 кола, во кои забележаа осум победи, пет порази и едно реми.
На чело на екипата застана поранешниот репрезентативец и ракометар на Пелистер, Тутунски комбинат и на француски Данкерк, Петрески, кој во соработка со раководството на клубот за време на зимската пауза ангажира шест интернационалци и еден македонски ракометар (од катарското првенство), како засилувања на шесткратниот македонски шампион „Направивме солидна комбинација од домашни и од интернационални ракометари, кои мислам дека се кадарни да ги остварат зацртаните цели. Во подготвителниот дел одигравме пет контролни средби, две со Охрид, две со Тинекс пролет и една со Радовиш, и сите ги добивме со доминантен резултат. Има уште многу да се работи со екипата во поглед на уигрување и компактност, но сепак сум задоволен од првичните резултати„ рече за „Нова Македонија„ Томче Петрески.

1 коментар:

  1. A very interesting and nice blog.
    Greetings from Portugal

    Paulo Gonçalves
    http://viajaredescobrir.blogspot.com

    ОдговориИзбриши