Powered By Blogger

29. 4. 2013.

Баже Илијоски донесе победа за Работнички

ПЕЛИСТЕР СО ГОЛЕМ ПАД ВО ИГРАТА ВО ВТОРИОТ ДЕЛ, ГО ПОЛОЖИ „ОРУЖЈЕТО„ ПРЕД КВАЛИТЕТНИТЕ ДЕБАРМААЛЦИ
Прва фудбалска лига - 27 коло

Работнички - Пелистер 1:0 (0:0)

Баже Илијоски донесе уште еден триумф за Работнички, овој пат на дуелот против Пелистер во Скопје.„Романтичарите“ до трите бода стигнаа со погодокот на напаѓачот во 75.минута од средбата.

Нема изненадување во Купот

ПОРАЗ ОД ФАВОРИТОТ ВАРДАР ПРО СО СОЛИДЕН  ОТПОТ ВО ПРВИОТ ДЕЛ НА СРЕДНАТА ВО СРЦ „КАЛЕ„ ВО СКОПЈЕ
Куп на Македонија - Четвртфинална група
Вардар Про - Пелистер 40:27 (15:12)

Ракометарите на Пелистер не успеаја да направат изненадување и да се пласираат во полуфиналето од ракометниот куп на Македонија, бидејќи се поразени од екипата на Вардар про.

Надигрување со Работнички за нов брејк на битолчани?

ГОСТУВАЊЕТО ВО СКОПЈЕ МОЖЕ ДА ГИ ВРАТИ ЗАГУБЕНИТЕ БОДОВИ НА ПЕЛИСТЕР НА СВОЈ ТЕРЕН
Пелистер по петти пат оваа сезона, втор пат оваа година гостува на националната арена „Филип втори„ во Скопје. Победата против Вардар пред две недели израдува многумина, но поремети многу планови околу амбициите, вистинските вредности и очекувањата на зелените. Затоа мини-еуфоријата пред мечот со Брегалница заврши со празно реми со директниот конкурент и Пелистер пак чувствува дека мора да игра под притисок. Против Работнички в недела избраниците на Гордан Здравков ќе мора да менуваат во две линии. Тони Вељановски ќе се врати во одбраната на местото на казнетиот Христијан Драгарски, а неговото место во средниот ред ќе го заземе Стефан Магловски или Тони Мегленски.
                „Ни лежи кога се надигруваме со противникот на националната арена во Скопје. И сега имам позитивно предчувство. Играме доста организирано, дури и некогаш покомотно се чувствуваме во гости. Работнички игра прекрасно цела пролет и е една од екипите која негува најдопадлив фудбал. Тоа ни отвора многу перспективи да се надигруваме и во таква игра очекувам да останеме непоразени„ ни рече Стефан Магловски.
                Во офанзивната линија Пелистер сеуште ја бара идеалната комбинација. Суспендиран е Марковски, ќе се врати Главевски кој не играше со Брегалница превентивно, заради ударот во коленото кој го доби од Вајс во финишот на средбата со Вардар. Сигурен е само Симеон Христов, а кој ќе му прави друштво нема да се знае до пред почетокот на мечот в недела попладне.

25. 4. 2013.

Работнички ги мотивира пелистерци

ПЕЛИСТЕР ГО ЧЕКААТ ДВЕ ГОСТУВАЊА, ПРВОТО НА НАЦИОНАЛНАТА АРЕНА, КАДЕ СЛАВЕС ПРОТИВ ВАРДАР ПРЕД ДВЕ НЕДЕЛИ
Избраниците на Гордан Здравков имаа доволно време да ги анализираат грешките од мечот со Брегалница и мотивирани го чекаат второто гостување на националаната арена „Филип втори„ во Скопје во интервал од две недели.

24. 4. 2013.

Подвиг и опстанок сред Струмица за кошаркарите на Пелистер

ПО ПОРАЗОТ ОД ВАРДАР, ПОБЕДА НА ГОСТИ ВО СТРУМИЦА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ДО ПРЕД НЕКОЈ МЕСЕЦ НЕВОЗМОЖНАТА МИСИЈА НА КК ПЕЛИСТЕР
Струмица - Пелистер 56:74 (24:23, 11:20, 12:17, 9:14)

Кошаркарите на Пелистер спротивно од очекувањата ја совладаа Струмица во гости и го обезбедија опстанокот во Првата лига на едно коло до крајот на плеј-аутот. Иако под голем психолошки шок по прокоцканата шанса против Вардар, избраниците на Благој Печалов успеаа да одиграат перфектен меч и да доминираа против Струмица во текот на сите 40 минути.

Ангелевски немилосрден против своите

БИВШИОТ РАКОМЕТАР НА КУМАНОВО СО 10 ГОЛА ГО ПОРАЗИ СВОЈОТ ПОРАНЕШЕН КЛУБ  
Пелистер - Куманово 32:27 (13:11)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 400
Судии: Дејан  и Димитар Георгиевски (Скопје)
Делегат: Драган Начевски (Скопје)
Црвен картон: Георгиевски (Куманово)

Втора меч топка за пелистерци

ПО ПОРАЗОТ ОД ВАРДАР, КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР СО ПОБЕДА ВО СТРУМИЦА ЌЕ ОСТАНАТ ВО ПРВАТА ЛИГА
Откако загуби од Вардар на домашен терен минатото коло, Пелистер Спорт денеска ќе ја има последната „меч-топка“ за опстанок во прволигашкото друштво. Победа против Струмица, која одамна го има осигурано опстанокот, ќе го официјализира местото на битолчани меѓу најдобрите и за наредната сезона.

Пријава и приватна тужба за Стоилов

TРЕТО ПОЛУВРЕМЕ НА ИНЦИДЕНТОТ НА СРЕДБАТА ЗОМИМАК - ВАРДАР ПРОТ ВО НАШАТА НАЈСИЛНА РАКОМЕТНА ЛИГА
 Битолските ЕХФ судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски реагираа на изрекувањето на казната од три меча неиграње на репрезентативниот кружен напаѓач Стојанче Стоилов за некоректниот „бодичек„ врз Тодоровски на мечот Зомимак - Вардар Про минатата сабота во Суперлигата.

23. 4. 2013.

Големо БРАВО за нашите фудбалски легенди

Прекрасна фудбалска лекција по хуманост на нашите ветерани, меѓу кои најбројни беа битолчаните и бившите фудбалери на Пелистер
Фудбалските легенди на Македонија беа вклучени во нова хумана акција, изминатиов викенд одигрувајќи натпревар против ФК Јагодина за собирање средства за рехабилитација на поранешниот голман на Црвена Звезда и југословенската репрезентација, Звонко Милојевиќ.

Пелистер затаи на испитот на зрелоста

САМО РЕМИ СО БРЕГАЛНИЦА, МЕСТО ПЛАНИРАНИТЕ ТРИ БОДА, КАКО ДОКАЗ ЗА НЕКОНСТАНТНОСТА НА БИТОЛСКИТЕ ЗЕЛЕНИ
Победата во Скопје против Вардар како да ги опи пелистерци и по одличниот настап против шампионот, следеше најскромната партија оваа пролет под Тумбе кафе против Брегалница. Ако овој натптревар требаше да биде печат на пролетното раѓање на некој нов Пелистер, направен е чекор назад.

21. 4. 2013.

Монотоно реми под Тумбе кафе

ВО МЕЧ ВО КОЈ ДВЕТЕ ЕКИПИ ОСТАНАА ДОЛЖНИ, ПОБЕДИ СТРАВОТ ДА НЕ СЕ ЗАГУБИ И РЕМИТО БЕШЕ ЕДИНСТВЕН ИСХОД
Прва фудбалска лига - 26 - коло

Пелистер - Брегалница 0:0

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 800
Главен судија: Димитар Мечкаровски
Асистенти: Тони Стојановски и Дејан Неделковски (сите од Скопје)
Делегат: Јован Магдески (Прилеп)
Стрелци: нема
Жолти картони: Ристевски, Марковски, Т. Вељановски, Драгарски (Пелистер), Стојанов, Здравков (Брегалница)
Црвени картони: нема

20. 4. 2013.

Пораз и бездна кон Втората лига за Пелистер

Неверојатна разврска на дербито од плеј-аутот во најсилната кошаркарска лига и пат кон Втората лига за Пелистер за сметка на Вардар
Пелистер - Вардар 76:81 (18:10,23:16,14:27,21:28)

Наместо опстанок, кошаркарите на Пелистер се наоѓаат на прагот на Втората лига, откако загубија добиен натпревар со Вардар во спортската сала „Младост„ Вардарци славеа значајна победа во 4.коло од Плеј-аут разигрувањето во домашната Прва лига, на гостувањето против Пелистер во Битола со 76:81 (18:10,23:16,14:27,21:28).

Победа за потврда на вредноста на пелистерци

ВО БИТОЛА СЕ ГОТВИ НОВ СПЕКТАКЛ, ОВОЈ ПАТ ВО ДИРЕКТНАТА БОРБА ЗА ОПСТАНОК СО БРЕГАЛНИЦА
Иако битолчани како да сакаа да нема крај оваа магична недела која следуваше по победата во „вечното дерби„ сепак мора повторно да се игра. В недела доаѓа директниот кокурент Брегалница, а Пелистер по подолг период има шанса да излезе од бараж зоната. Главниот проблем за екипата на Здравков е да се „спушти на земја„ ентузијазмот и нормално да се подготви овој меч.

18. 4. 2013.

Некој нов Пелистер оваа пролет

ПО БРОЈОТ НА БОДОВИ, ОРГАНИЗИРАНОСТА И ИГРАТА, ОВАА ПРОЛЕТ ГЛЕДАМЕ ОСВЕЖЕН НОВ ПЕЛИСТЕР
Пролетните седум кола ни донесоа некој нов Пелистер. Нов во пристапот, подготовката на средбите, физичката подготвеност и пред се во резултатите. Само еден гостински пораз од Металург и тоа со примен гол во 80 минута и 9 освоени бода од можните 21 е билансот на зелените оваа пролет.

17. 4. 2013.

Пак тандемот Пецаковски-Чантурија кобен за Пелистер

ДВАЈЦАТА РАКОМЕТАРИ КОИ ОД ПЕЛИСТЕР ЗАМИНАА ВО ЗОМИМАК, ЈА НАПРАВИЈА РАЗЛИКА НА СРЕДБАТА
Пелистер - Зомимак 25:28 (13:15)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 500
Судии: Александар Николов и Ѓорѓи Начевски (Скопје)
Делегат: Драган Начевски (Скопје)

15. 4. 2013.

Пелистерци на прием кај градоначалникот, еуфоријата во Битола продолжува

Победата над Вардар ги подигна на нозе битолчани кои не престануваат да слават
Еуфоријата по првата победа по пет години на Пелистер на теренот на Вардар не стивнува ниту на почетокот на новата работна недела. Пелистерци имаат заслужен втор слободен ден, а дури утре Здравков прв пат ќе одржи тренинг како подготовка за директниот дуел со Брегалница в недела. Градоначалникот на Битола м-р Владимир Талески организираше прием за фудбалерите, управата и навивачите во понеделникот по повод победата во „вечното дерби„

Шундовски и Ангеловски, прваци на Романијa

МАКЕДОНСКАТА КОЛОНИЈА ВО КОНСТАНЦА ЈА ОДБРАНИ ТИТУЛАТА ВО РОМАНСКАТА ЛИГА СО ПОБЕДА НАД ДИРЕКТНИОТ КОНКУРЕНТ  
Со победата на домашен терен против конкурентот Бакау со 30:25, екипата на Констанца предводена од македонскиот тренер Звонко Шундовски и репрезентативецот Бранислав Ангеловски повторно стана првак на Романија. Имено оваа екипа, која играше и во групната фаза од Лигата на шампионите на убедлив начин на две кола до крајот на шампионатот и математички ги разреши дилемите за титулата и како и минатата сезона стана најуспешна романска екипа.

14. 4. 2013.

ЕКСКЛУЗИВНО: Градоначаникот се заложи за учество на Пелистер во СЕХА лигата

НОВ ПРЕСВРТ ВО ОБИДОТ ПЕЛИСТЕР ДА ЗАИГРА ВО РЕГИОНАЛНАТА СЕХА ЛИГА ОД СЕЗОНАТА 2013/14
На денешната прес-конференција на новиот претседател на СЕХА лигата Михајло Михајловски беше претставен проектот за новата СЕХА лига која од наредната сезона ќе биде спонзорирана од рускиот концерн Гаспром.

Вардар „позелене„ сред Скопје

ОГРОМНА ПОБЕДА НА ПЕЛИСТЕР НА ГОРДАН ЗДРАВКОВ ВО ПЕТТОТО „ВЕЧНО ДЕРБИ„ ОВАА СЕЗОНА
Вардар - Пелистер 0:1 (0:1)

Национална арена „Филип Втори“ - Скопје. Гледачи: 2.000.
Главен судија: Горан Спиркоски
Асистенти: Илчо Јорданоски и Зоран Костоски (сите од Прилеп)
Делегат: Зоран Златановски (Куманово)
Жолти картони: Петров (Вардар), Драгарски, Китановски, Елмазовски (Пелистер)
Стрелец: Елмазовски во 49 минута за Пелистер

12. 4. 2013.

Пелистер ја префрла улогата на фаворит кај вардарци

ПЕТТО „ВЕЧНО ДЕРБИ„ ОВАА СЕЗОНА И ПОВТОРНО ПОЗИТИВНА ТЕНЗИЈА ВО БИТОЛСКИОТ ТАБОР ПРЕД ТРЕТОТО ГОСТУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА АРЕНА ОВАА СЕЗОНА ПРОТИВ ВАРДАР
Иако „вечното дерби„ е секогаш меч во кој никој не гледа на табелата или можната форма, како никогаш оваа сезона бодовите им се неопходни на двете екипи. Можеби затоа што се ближи крајот на сезоната, а двете екипи се уште не ги оствариле своите цели - титулата за Вардар и опстанокот за Пелистер.

11. 4. 2013.

Ремито задоволува, Вардар како и секогаш мотивира

ВО ПРЕСРЕТ НА МЕЧОТ СО ВАРДАР, ВО ЗЕЛЕНИОТ ТАБОР УМЕРЕН ОПТИМИЗАМ ЗА СРАБОТЕНОТО И ВЕРБА ВО СВОИТЕ МОЖНОСТ
Ремито со Хоризонт Турново во битолскиот табор беше прифатено како позитивен резултат и покрај развојот на настаните. Трето реми оваа пролет за избраниците на Гордан Здравков и мал исчекор на табелата во борбата за гол прволигашки живот. Време за некои поголеми анализи нема затоа што веќе в сабота доаѓа големото дерби во Скопје со Вардар.

10. 4. 2013.

Исто сценарио, исто реми под Тумбе кафе

КАКО ВО ПРЕТХОДНИТЕ ДВА МЕЧА НА ПЕЛИСТЕР И ХОРИЗОНТ ТУРНОВО, БОРБЕНО РЕМИ СО ПОЧЕТНО ВОДСТВО НА ГОСТИТЕ И ЗАСЛУЖЕНО ИЗРАМНУВАЊЕ НА ДОМАЌИНИТЕ
Пелистер - Хоризонт Турново 1:1 (1:1)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 500
Главен судија: Дејан Јакимовски (Скопје)
Асистенти: Никола Караколев (Штип) и Тони Стојановски (Скопје)
Делегат: Скендер Таири (Струга)
Стрелци: Христов во 34 за Пелистер, а Стојанов во 13 минута за Хоризонт Турново
Жолти картони: Елмазовски (Пелистер), Митрев, Петров (Хоризонт Турново)
Црвени картони: нема

9. 4. 2013.

Вардар Про стои на патот на пелистерци

ЖДРЕПКАТА ГО ДОНЕСЕ ВАРДАР ПРО КАКО РИВАЛ НА ПЕЛИСТЕР И ВО КУПОТ НА СТАРТОТ НА ПЛЕЈ-ОФОТ ВО ПРВЕНСТВОТО
Извлечени се четирите групи од четвртфиналето во ракометниот машки Куп на Македонија (27/28.04.2013 год.). Бранителот на трофејот Вардар ПРО се наоѓа во втората група заедно со екипите на Пелистер 08, Работнички и Битола.

Пелистер посакува реванш за ремито на „Кукуш„

ПО ДВА НЕРЕШЕНИ ДУЕЛИ ВО СЕЗОНАТА, БИТОЛЧАНИ БРКААТ ПОБЕДА ПРОТИВ ИЗНЕНАДУВАЊЕТО НА СЕЗОНАТА - ХОРИЗОНТ ТУРНОВО
По втор пат оваа пролет фудбалерите на Пелистер се соочуваат со одлагање на првенствен меч од недела за среда. Но ако одлагањето со Вардар беше сватено како негативно посебно од навивачите, ова последното принудно против Хоризонт Турново сите го одобруваат.

8. 4. 2013.

Главевски - адут повеќе за пелистерци

ОПОРАВУВАЊЕТО НА ГОЛГЕТЕРОТ ГЛАВЕВСКИ, ДОПОЛНИТЕЛНА ВРЕДНОСТ НА ПЕЛИСТЕР ВО ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА
Одлагањето на натпреварот со Хоризонт Турново во битолскиот табор го прифатија како нормална одлука по поројниот дожд во Битола кој драматично го доведе под знак прашалник мечот и во среда. Имено повеќе од 24 часа паѓаше дожд и управата на Пелистер ќе има многу проблеми да го оспособи тревникот за в среда.

7. 4. 2013.

Дождот не дозволи неделен фудбал во Битола

Пелистер - Хоризонт Турново одложено
Натпреварот од 24 коло на Првата фудбалска лига помеѓу Пелистер и второ пласираната екипа на табелата Хоризонт Турново е одложена заради поројниот дожд кој во Битола паѓаше во текот на целиот неделен ден.

6. 4. 2013.

Нов подвиг на пелистерци во плеј-аутот

И Струмица падна пред еуфоријата на кошаркарите на Пелистер во разигрувањето за опстанок
Пелистер - Струмица 79:77 (19:11, 12:24, 25:19, 25:23)

                Во можеби најважниот натпревар во плеј-аутот, кошаркарите на Пелистер потврдија дека зимската пауза и доведувањето на тројцата српски интернационалци беше полн погодок. Втора последователна победа на избраниците на Печалов, овој пат против екипата на Струмица која два пати ги совлада битолчани во регуларниот дел од сезоната.

5. 4. 2013.

Враќање на Главевски и Димитровски

ПЕЛИСТЕР СЕ КОМПЛТИРА ЗА ПРВОТО ДОМАШНО ФИНАЛЕ ОД ТРЕТИОТ ДЕЛ НА ПРВЕНСТВОТО
Во двете гостувања во четири дена во Турново и на Автокоманда, фудбалерите на Пелистер пропуштија можност да побегнат од дното на првенствената табела. Како никогаш оваа сезона имаа поволни резултати се до моментите околу 80 минута кога примија голови и на „Кукуш„ и на дуелот во скопските зелени од Железарница.

Пелистер потклекна во финишот

НА ДЕВЕТ МИНУТИ ДО КРАЈОТ, ПЕЛИСТЕР ГО „ПОЛОЖИ„ ОРУЖЈЕТО ПРЕД НЕЗГОДНИОТ МЕТАЛУРГ
Прва фудбалска лига - 24 - коло

Металург - Пелистер 1:0 (0:0)

Фудбалерите на Пелистер и последната трата фаза од првата фудбалска лига, односно 23 коло, ја започнаа со пораз, а овој пат се поразени во Скопје од екипата на Металург, мини ално со 1:0, со голот кој го примија во 81 минута, кога домашниот напаѓач Миле Крстев им донесе нова победа за Металург во домашниот шампионат.

Битолчани тренираат самоодбрана

ЕДИНСТВЕНИОТ МАКЕДОНЕЦ ВО КУЌАТА НА СЛАВНИТЕ, ЃУРО ИЛИЌ, ОРГАНИЗИРА НОВ ВО БИТОЛА
 Во просториите на Федерација за реален аикидо во Битола започнува курсот за самоодбрана, а предавач на курсот ќе биде мајсторот за реален аикидо и член на Европската куќа на славните, Ѓуро Илиќ Ваквите курсеви за самоодбрана се вистински хит во светот, а кај нас во Македонија и во Битола се организираат првпат.

3. 4. 2013.

Пелистер по ново изненадување

СО НЕКОЛКУ ИЗМЕНИ ОД ТИМОТ КОЈ ИГРАШЕ НА „КУКУШ„ ЧЕТАТА НА ГОРДАН ЗДРАВКОВ ЌЕ БРКА НОВО ИЗНЕНАДУВАЊЕ          
Гостувањето кај Хоризонт Турново во неделата и освоениот бод, само ја зацврсти самодовербата на фудбалерите на Пелистер во борбата за обезбедување опстанок во лигата. Веќе шест последователни натпревари, зелените не знаат за пораз, а денешното гостување кај Металург е најсилен тест на вредностите.

1. 4. 2013.

Зошто Ставрев го смени „чипот„?

ОД ТАБОРОТ НА БИТОЛЧАНИ ВЕРУВААТ ДЕКА НАШИОТ НАЈДОБАР СУДИЈА НЕ СУДЕШЕ СО ИСТ КРИТЕРИУМ ВО ТЕКОТ НА ДВЕТЕ ПОЛУВРЕМИЊА
Иако шест последователни мечеви немаат пораз од битолски Пелистер на бодот од „Кукуш„ во Турново не гледаат најпозитивно заради чудната смена на критериумот на нашиот најдобар судија Александар Ставрев. Затоа бордот на директор на Пелистер веднаш одржа итен состанок по кој се огласи за начинот на кој се преобрази арбитражата на судијата во кој сите имаат доверба.