Powered By Blogger

16. 3. 2014.

Изненадувачки пораз на Алтипармаковски и Паналијакос

ВТОР ПОСЛЕДОВАТЕЛЕН ПОРАЗ НА ПАНАЛИЈАКОС СО АЛТИПАРМАКОВСКИ ВО ТИМОТ
Новиот клуб на Марјан Алтипармаковски, Паналијакос го претрпе вториот последователен пораз откако во мечот од 24 коло на грчката втора лига, загуби на домашен терен од Фостирас со 0:2. Ругкалас во 12 и Емека од пенал во 42 минута ги постигнаа головите за гостите, а Алтипармаковски одигра дел од средбата.
По овој пораз Паналијакос падна на 10 место на табелата со 32 освоени бода. Во наредното 25 коло екипата на битолскиот напаѓач, наредната недела на 23 март му гостува на десетто пласираниот Епископи, кој има само два бода помалку од Паналијакос.  

Нема коментара:

Постави коментар