Powered By Blogger

31. 3. 2014.

Елмазовски две недели надвор од терените

НАЈВОЗРАСНИОТ ВО ТИМОТ ЌЕ ПРОПУШТИ ДВА НАТПРЕВАРИ ЗА БОДОВИ ЗА ПЕЛИСТЕРЦИ
Победата над Гостивар скапо ја платија лидерите на табелата, фудбалерите на Пелистер.
Заради повреда на зглобот здобиена во второто полувреме на неделниот меч со „фенерџијата„ 35 годишниот Илир Елмазовски ќе одсуствува во наредните две недели. За среќа не се работи за повреда на лигаментите и искусниот универзалец во тимот на Бочевски ќе ги пропушти само мечевите со Ренова и Металург. Елмазовски игра одлична сезона, во која главно беше користен по десната страна во средниот ред, а во вториот дел против Гостивар настапи и како десен бек. Против Ренова во 26 коло за време на наредниот викенд (најверојтано сабота), Пелистер ќе биде посилен и за Брдаровски, кој заради акумулација на жолти картони не настапи против Гостивар.

Нема коментара:

Постави коментар