Powered By Blogger

30. 11. 2013.

Втор пат совладано Единство, време е за градско дерби

И ВО ПРВЕНСТВОТО И ВО КУПОТ „КОНЗУЛКИТЕ„ ПОДОБРИ ОД ЕДИНСТВО
За само четири дена екипата на ЖФК Конзули по втор пат ја совлада екипата на ЖФК Единство Скопје и тоа идентично со по пет гола во противничката мрежа. На тешкиот и снежен терен во Новаци, конзулките го одиграа можеби најдобриот натпревар оваа есен и со 5:0 заслужено славеа пласман во полуфиналето на Купот на Македонија, каде ги очекува двобој со екипата Победа од Прилеп. 

Девојчињата од Младост стартуваа со три победи

СПОРЕД ПЛАНОТ, ОДЛИЧЕН СТАРТ НА СЕЗОНАТА НА СУПЕР ТАЛЕНТИРАНИТЕ ДЕВОЈКИ ОД КК МЛАДОСТ
Нов блесок на најдобро организираната кошаркарска школа во Битола. Кошаркарките на КК Младост-девојчиња родени 1998/99 г., годинашнава сезона ја започнаа со три убедливи победи. Во системот на натпреварување на МКФ во младинските лиги, во првите три натпревари, убедливо со 15-20 поени разлика ги совладаа екипите на Пробаскет од Пробиштип, Кавадарци и Кросиг од Скопје.

29. 11. 2013.

Стенио Жуниор прв пат виде снег и настина

БРАЗИЛСКИОТ НАПАЃАЧ ВО МОМЕНТИТЕ НА НАЈДОБРА ФОРМА, „ПОРАЗЕН„ ОД СНЕГОТ И НАСТИНКАТА
Откако во фебруари оваа година од бразилсккиот град распнат на океанот, Форталеза дојде во Европа, Стенио Маркос де Фонсека Салазар, за прв пат се соочи и со ниски температури, студ и снег. Во бугарскиот Литекс одигра 6 средби во три месеци и со „меката„ зима во првите месеци оваа година добро мина.

Потврда или прекинување на серијата на зелените во Тетово?


ПО ЧЕТИРИ ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ПОБЕДИ, ПЕЛИСТЕР ПРОТИВ ШКЕНДИЈА БРКА РЕКОРД И ЗАЧУВУВАЊЕ НА ВРВОТ
Во период на еуфорија за добрите резултати и лидерското место на табелата, Пелистер се насочува кон последната недела од есенската полусезона, во која има три силни теста на зрелоста на младата екипа на Драган Бочевски.

28. 11. 2013.

Пелистер се надмина себеси оваа есен

ТИМОТ ВО МОДА ВО МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ ГИ НАДМИНА И НАЈГОЛЕМИТЕ ОПТИМИСТИ ОВАА ПОЛУСЕЗОНА
На само две кола до крајот на фудбалската есен и точно на половина од целата сезона, Пелистер може дефинитивно да се окарактеризира како најпријатното изненадување во сезоната. Не само заради скокот од екипа која преку бараж обезбеди опстанок, до ко-лидер на табелата, туку и заради начинот на кој стигна до врвот.

27. 11. 2013.

Воденичаров поумешен од снегот и од Гостивар

ГОЛОТ НА РЕЗЕРВИСТОТ ВОДЕНИЧАРОВ, ГО ЗАДРЖА ПЕЛИСТЕР НА ВРВОТ НА ПРВЕНСТВЕНАТА ТАБЕЛА
Прва фудбалска лига - 17 коло
Пелистер - Гостивар 1:0 (0:0)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 400
Главен судија: Симеон Стефков
Асистенти: Тони Стојановски и Џенан Хајдари (сите од Скопје)
Делегат: Горан Михајловски (Скопје)
Стрелец: Воденичаров во 77 минута за Пелистер
Жолти картони: Брдаровски, Алтипармаковски (Пелистер), Хоџиќ, Ибраими, Лога (Гостивар)
Црвени картони: нема

26. 11. 2013.

Стефков за прв пат сезонава ќе му суди на Пелистер

МЛАД СКОПСКИ СУДИЈА, ДЕЛЕГИРАН ЗА МЕЧОТ ОД ВОНРЕДНОТО КОЛО ПОМЕЃУ ПЕЛИСТЕР И ГОСТИВАР
Младиот скопски судија Симеон Стефков за прв пат во овој шампионат е делегиран да ја дели правдата на меч на Пелистер. Зелените на мечот со Гостиват под Тумбе кафе, ќе се борат за првенствени бодови во вонредното коло со арбитража на делители на правдата од главниот град.

Мечот со Гостивар како меч-топка за пелистерци


САМО СО ПРИСТАП И ДИСЦИПЛИНА КАКО ВО ТУРНОВО И АВТОКОМАНДА, ПЕЛИСТЕР МОЖЕ ДА СЕ РАДУВА И ПРОТИВ ГОСТИВАР
Вонредното 17 коло е идеална шанса битолски Пелистер да го продолжи континуитетот на победи, откако три кола слави и се искачи на делба на првото место на табелата. Но во текот на сезоната и во минатите се покажа дека зелените имаат сериозни проблеми кога играат со екипи од таканаречениот долен дом, па бордот на директори и пред се стручниот штаб максимално сериозно му приоѓаат на мечот со Гостивар.

25. 11. 2013.

Нов еуфоричен бран во „зелената„ Битола

ПОБЕДАТА НАД МЕТАЛУРГ ОТВОРА НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ПЛАНОВИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ОВАА СЕЗОНА
Како се доближува крајот на полусезоната, Пелистер влегува во се подобра форма и веќе го направи тоа што на никого не му успеа оваа есен. Ги совлада Хоризонт Турново и Металург и тоа во гости и пак се приклучи во водечката група, откако пред четири недели падна на делба на седмото и осмото место.

24. 11. 2013.

На Металург му се случи Стенио Жуниор

ПО ПОВЕЌЕ ОД ЧЕТИРИ ГОДИНИ, ПЕЛИСТЕР СЛАВИ ВО АВТОКОМАНДА И ПО ПОВЕЌЕ ОД ДВА МЕСЕЦИ СЕ ВРАЌА НА ЛИДЕРСКОТО МЕСТО НА ТАБЕЛАТА 
Прва фудбалска лига - 16 - коло
Металург - Пелистер 2:4 (1:2)

Стадион во Автокоманда - Скопје. Гледачи: 100
Главен судија: Марјан Ецкоски
Асистенти: Жарко Тодоровски (Охрид) и Ацо Мацески (Струга)
Делегат: Илија Митров (Штип)
Стрелци: Пеев во 26 и Крстев во 48 минута за Металург, Стенио Жуниор во 7,26 минута од пенал, 65 и 86 минута за Пелистер
Жолти картони: Додевски, Пеев (Металург), Миленковски, Китановски, Ковачев (Пелистер)
Црвени картони: нема

Блесок на Илиевски на новата патека во Лагово

БИТОЛСКИОТ МОТО ФЕНОМЕН БЛЕСКАШЕ НА ПРВАТА МОТОКРОС ТРКА НА ПАТЕКАТА КРАЈ ПРИЛЕП
На промоцијата на новата патека за мотокрос натпревари во Прилеп, кај Лагово, учествуваа и битолските мотокросисти, кои во полна сила се појавија на поканата на нивните нови колеги. Христијан Илиевски од Мотоклубот Пелистер беше најдобар во класата на МХ1, а додека од ЛТД во МХ2 Никола Гулевски беше четврт, а Мими Бајовски во истата класа беше петтопласиран. Во МХ3 настапија од ЛТД Мирче Ќорнаков кој го освои второто место и Борче Костов кој го освои третото место, а без пласман останаа браќата Денко и Андријан Минчевски

Охриѓани до реми во драматичен финиш

ИАКО НА КРАЈОТ МОЖЕШЕ ДА ИЗЛЕЗЕ СЕКОЈ МОЖЕН РЕЗУЛТАТ, ОХРИД И ПЕЛИСТЕР РЕМИЗИРАА ВО САЛАТА „БИЉАНИНИ ИЗВОРИ„ 
Охрид - Пелистер 22:22 (11:10)

Охрид:
Пецаков (2 одбрани), Китевски, Костески (11 одбрани), Анѓелкоски, Томоски, Андоновски 1, Б. Белевски 1, Мирков, Николовски, Трифуноски 4, Тасески, Поп-Стефанија 3, Соколов 3, Крстески, В. Белевски 3, Димитриоски 7

Пелистер:
Нкуингуа (12 одбрани), Талевски, Игнов, Дрогришки 5, Блажевски 4, Димитриовски 3, Босеовски 1, Рајатовски, Вешовски 5, Димитриески 2, Стефаноски, Нечков, Митревски, Чурлески 2, Божиновски, Печенковски

22. 11. 2013.

Ецкоски ја доби довербата на ФФМ за неделното дерби


ИСКУСЕН СУДИЈА ОД ОХРИД Е ДЕЛЕГИРАН ЗАНАЈВОЗБУДЛИВИОТ НАТПРЕВАР ОД 16 КОЛО
Охридскиот судија Марјан Ецкоски ќе ја дели правдата на дербито од 16 коло на Првата фудбалска лига помеѓу Металург и Пелистер. Делегиран е судија со кого Пелистер нема пораз оваа сезона и да се надеваме дека таков ќе биде билансот и по неделниот меч во Автокоманда.

Битолските зелени ветуваат борба и позитива во Автокоманда

ДЕРБИ ВО АВТОКОМАНДА ВО КОЕ СЕ ОСВЕН ПОРАЗ ЗА ПЕЛИСТЕР ЌЕ БИДЕ ЗЛАТО ВРЕДЕН РЕЗУЛТАТ
Паузата од две недели добро им дојде на пелистерци да ги „наполнат акумулаторите„ за последните пет официјални натпревари во 2013 година, од кои директно ќе зависи дали ќе имаат солидна или многу успешна полусезона. Избраниците на Драган Бочевски одиграа контролен натпревар со Новаци како подготовка за гостувањето кај Металург и тест за повредените Ковачев и Ристевски.

21. 11. 2013.

Калањ од Пелистер замина во Лирија

СРЕД СЕЗОНА, БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР ОСТАНА БЕЗ ЕДЕН ОД СВОИТЕ НАЈДОБРИ КОШАРКАРИ
Поразот од Работнички, меч во кој центрите на Лирија беа целосно надиграни од страна на Душан Кнежевиќ, беше причина раководството на овој клуб да ангажира нов висок кошаркар како засилување за преостанатиот дел од сезоната. Така, екипата на Марјан Илиевски ги засили своите редови со Александар Калањ, српскиот интернационалец што во досегашниот тек од сезоната го носеше дресот на Пелистер.

Прва радост за пелистерци во осмиот меч

ВО ПРВИОТ МЕЧ ОД ОСМОТО КОЛО, ПЕЛИСТЕР КОНЕЧНО СЕ ИЗРАДУВА НА ПРВАТА ПОБЕДА ОД МАЈ ОВАА ГОДИНА
Maкедонија младинци - Пелистер 62:71 (14:23, 17:16, 19:14, 12:18)

Во интересен натпревар во кој двете екипи имаа свои шанси да стигнат до победата, Пелистер Спорт беше поуспешен од селекцијата на млади кошаркари, победувајќи со 71:62. Со овој натпревар се отвори осмото прволигашко коло, а останатите натпревари се играат во петок и сабота.

20. 11. 2013.

Дали Европа и натаму е водечкиот фудбалски континент?

ПОЛЕКА СЕ НАЗИРА ХОРИЗОНТОТ КОН БРАЗИЛ, НО КОЈ КОНТИНЕНТ Е ФАВОРИТ ЗА ЗЛАТНАТА БОГИНКА НА 204 ДЕНА ДО ПОЧЕТОКОТ НА МУНДИЈАЛОТ?
Вечната битка меѓу Европа и Јужна Америка е лајтмотив на фудбалските љубители скоро цел еден век. Голема изедначеност ќе пронајдат статистичарите скоро во сите клучни споредби меѓу двата најфудбалски континенти. 10-9 за Европа во освоени светски првенства и 27-26 за Јужна Америка во светски клубски титули, јасно ја покажуваат израмнетоста во најважните соочувања на континентот на талентот и забавата и на овој нашиот многу помодерен, избалансиран, тактички позрел.

19. 11. 2013.

Мултитекс презими како второпласиран во Втората лига

ПО НЕКОЛКУ ГОДИНИ, МАШКИОТ ПИНГ-ПОНГАРСКИ КЛУБ ДОЖИВУВА РЕНЕСАНСА ВО НАШИОТ ГРАД
Битолскиот пинг-понгарски клуб „Мултитекс„ ја заврши есенската полусезона во Втората пинг-понгарска лига на високото второ место од шест екипи. Така по возобнувањето најави подобри денови за овој спорт кој има голема традиција во нашиот град. Тимот на Мултитекс во првите 5 кола забележа 4 победи и 1 пораз и зад скопски Вардар Сити парк го освои второто место, пред пролетните пет кола. Одличен резултат забележа и младиот Христијан Јовановски, кој го освои 4 место од 59 пинг-понгари на државното првенство за средни училишта. Одличен нов почеток и голем организационен прогрес на овој клуб, кој се наоѓа на добар пат за враќање во најсилното друштво. 

Тренерска рокада во Пелистер


НЕОЧЕКУВАНА ТРЕНЕРСКА ЗАМЕНА ВО БИТОЛСКИОТ РАКОМЕТЕН СУПЕРЛИГАШ
По доаѓањето на новиот управен одбор, кој деновиве треба и официјално на прес-конференција да го претстави планот за работа, донесена е првата одговорна функција во новиот Пелистер. Следеше тренерска рокада, која носи мали, но така големи промени во стручниот штаб.

18. 11. 2013.

Ристевски на терен по 172 дена од повредата

ВРАЌАЊЕТО НА КАПИТЕНОТ, НАЈПОЗИТИВНАТА ВЕСТ ОД ПРИЈАТЕЛСКИОТ МЕЧ СО НОВАЦИ ЗА ПЕЛИСТЕРЦИ
Од 29 мај и тешката повреда на ахиловата тетива во Тетово, капитенот на Пелистер Диме Ристевски мина тешка голгота низ операцијата во Скопје, периодот на рекуперација и враќањето на фудбалските терени.

17. 11. 2013.

Јанковска влезе во финалниот дел на светското првенство

МЕЃУ СЕДУМТЕ МАКЕДОНСКИ ФИНАЛИСТИ ВО АНТАЛИЈА, И БИТОЛЧАНКАТА ЈАНКОВСКА ВЛЕЗЕ ВО ЕЛИТАТА
 На вториот дел од Светското првенство кое се одржува во Анталија, Турција, на 30 ноември, од вкупно пријавени 131 кик-боксери , после третата селекција ќе учествуваат само седум. Еден од седумте натпреварувачи кои ќе ја претставуваат Македонија е и репрезентативецот и тренер на КБК Заншин од Битола, Стевка Јанковска

Победата за гостите, по подобриот втор дел

ПРОТИВ ЛИДЕРОТ ВО ПРВАТА ЖЕНСКА ЛИГА, ДОМАШНИОТ КОНЗУЛИ НЕМАШЕ ШАНСИ ЗА ПОДВИГ
ЖФК Конзули - Младост Оризари 1:3 (1:1)

Во тврд и неизвесен натпревар до самиот крај екипата на Младост Оризари издвојува победа. Први во водство дојдоа „конзулките со голот на Мартина Боглева. Гостите брзо израмнија од слободен удар, па така остана до крајот на првото полувреме.

Реванш против Тинекс Пролет за поразот во септември во Скопје

ВО ВТОРИОТ ДЕЛ, ПЕЛИСТЕР ГО СКРШИ ОТПОРОТ НА ЖИЛАВИОТ ТИМ НА ТИНЕКС ПРОЛЕТ
Пелистер - Тинекс Пролет 28:25 (12:12)

Ракометарите на Пелистер се вратија во победнички ритам и со две победи на домашен паркет ја поправија состојбата на табелата на само три меча до крајот на есенскиот дел од ВИП Суперлигата.

16. 11. 2013.

Овој пат минимален, но пак пораз за КК Пелистер

ИАКО ТРИ ЧЕТВРТИНИ БЕА РАМНОПРАВНИ, ЗЕЛЕНИТЕ ГО „ПОЛОЖИЈА ОРУЖЈЕТО„ ВО КАВАДАРЦИ
Фени Индустри - Пелистер 94:88 (21:14, 19:18, 26:27, 28:29)

Како и на претходните неколку мечеви, лошиот влез во натпреварот пак кошаркарите на Пелистер ги чинеше пораз. Во Кавадарци Фени индустри на домашен терен славеше над Пелистер со 94:88.

12. 11. 2013.

„Конзулките„ поразени и оштетени во Велес


НЕОЧЕКУВАН ПОРАЗ ВО КОЈ „ПРСТИ ВМЕШАА„ И СУДИИТЕ НА ФУДБАЛЕРКИТЕ НА КОНЗУЛИ ВО ВЕЛЕС
Женската екипа на Конзули претрпе минимален пораз на гостувањето во Велес од Борец со 2:1. Но тренерот на битолчанки имаше големи примедби на делењето на правдата „Иако екипата на ЖФК Конзули доминираше во текот на целиот натпревар главниот судија го режираше овој натпревар и не ни дозволи ЖФК Конзули да ги освои бодовите по два недосудени пенали и еден поништен гол.

Албанските клубови лудо заинтересирани за Кире Ристевски

РИСТЕВСКИ ВО АЛБАНИЈА ПРЕДИЗВИКУВА ГОЛЕМ ИНТЕРЕС СО ДОБРИТЕ ИГРИ ВО БИЛИС
Веќе неколку години 23 годишниот Кире Ристевски настапува во алабанската Прва лига. Некогашниот лев бек на Пелистер и на младинската репрезентација е капитен на прволигашот Билис од малото место Балш и минува прекрасни моменти во својот клуб.

11. 11. 2013.

Бодови како кислород за амбициите на Пелистер


МИНИМАЛЕЦОТ СО БРЕГАЛНИЦА ОДЛУЧУВАЧКИ ЗА АСПИРАЦИИТЕ НА БИТОЛЧАНИ ОВАА ЕСЕН
За прв пат по 70 дена, битолски Пелистер поврза две победи во натпревари од шампионатот и се доближи до самиот врв на првенствената табела. Зелените имаа сериозни проблеми против одличната Брегалница, но беа луцидни од една полушанса да дојдат до водство и да го сочуваат до самиот крај.

Пивковски ќе игра за Македонија

БИТОЛЧАНЕЦОТ КОЈ НАСТАПУВА ВО ИТАЛИЈАНСКАТА НОВАРА И ИГРА ЗА ШВЕДСКА, В ИДНИНА ЌЕ ИГРА ЗА МАКЕДОНИЈА
Aгентот нa Филип Пивковски, Нима Модур изјави дека неговиот клиент ја прифатил поканата да игра за македонската селекција до 21 година. Пивковски игра во нападот и во моментов е под договор со Навара.

10. 11. 2013.

Бочевски задоволен, Илиевски жали за падот на концентрацијата

ПО НАТПРЕВАРОТ ВО БИТОЛА, СПРОТИВНИ РЕАКЦИИ ЗА ИСХОДОТ НА ИЗЕДНАЧЕНИОТ НАТПРЕВАР
Задоволство кај битолчани заради трите бода и разочарување на штипјани, бидејќи во рамноправен натпревар еден детал го одлучи победникот. Двете екипи не одиграа ни приближно до својот максимум но поснаодливи и посреќни беа зелените и во меч со многу тензија, видлива беше насмевката на лицата на битолчани.

Пелистер поснаодлив и посреќен во израмнетиот дуел

ВО НАТПРЕВАР СО МАЛКУ КВАЛИТЕТ И МНОГУ ГРЕШКИ, ПЕЛИСТЕР СНАОДЛИВО СТИГНА ДО ВАЖНИ ТРИ БОДА
Прва фудбалска лига - 15 коло
Пелистер - Брегалница 1:0 (1:0)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 2000
Главен судија: Јосип Бартон
Асистенти: Иса Емрулаи и Небојша Георгиевски (сите од Тетово)
Делегат: Тони Шалев (Кавадарци)
Стрелец: Елмазовски во 44 минута за Пелистер
Жолти картони: Христов, Елмазовски, Драгарски, Љамчевски (Пелистер), И. Стојанов (Брегалница)
Црвени картони: И. Стојанов во 71 минута за Брегалница и Христов во 74 минута за Пелистер

9. 11. 2013.

Пораз и натпреварот пред да почне

СО МНОГУ ЛОШО ОТВОРАЊЕ НА МЕЧОТ, ПЕЛИСТЕР ШЕСТИ ПАТ ПО РЕД СО НАВЕДНАТА ГЛАВА ГО НАПУШТА ТЕРЕНОТ ПО ПРВЕНСТВЕН МЕЧ
Пелистер - Куманово 55:79 (10:26, 11:15, 9:21, 25:17)

Шести меч и шести пораз за кошаркарите на Пелистер во најсилното македонско кошаркарско друштво. Избраниците на Благој Печалов повторно натпреварот го загубија со лош почеток и пристап во мечот, па сите обиди подоцна да се вратат во мечот беа залудни.

Победата чиста формалност за пелистерци

ВО МЕЧ СО ОДНАПРЕД ПОЗНАТ ИСХОД, ПЕЛИСТЕР ПРОКНИЖИ ПРЕДВИДЕНИ БОДОВИ СО ОВЧЕ ПОЛЕ
Пелистер - Овче Поле 29:17 (15:8)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 500
Судии: Војо Христовски и Бобан Мајнов (Скопје)
Делегат: Камер Металари

8. 11. 2013.

Брегалница, одговор на вредностите на Пелистер под Тумбе кафе

ПО ДВА ДОМАШНИ ПОРАЗИ, ЗЕЛЕНИТЕ ИМААТ ОДГОВОРНОСТ КОН БИТОЛСКАТА ПУБЛИКА ДА ПОКАЖАТ ПОВЕЌЕ И ДА ОДПОЧНАТ ДА ПОБЕДУВААТ
Мечот со Брегалница в недела е нов испит на зрелоста на Пелистер, кој со со овој дуел ја заокружува централната фаза на есенскиот дел од шампионатот, во која не блескаше. Со штипските плави последен пат, битолчани се радувале во октомври минатата година кога со голот на Благојче Главевски славеа со 1:0, но подоцна загубија со 1:0 во Штип и одиграа 0:0 под Тумбе кафе.

7. 11. 2013.

Спортистите во редот за дарување на крв

УШТЕ ЕДЕН ДОКАЗ ЗА ХУМАНОСТА НА ВРВНИТЕ БИТОЛСКИ СПОРТИСТИ
Денес во малата спортска сала „Младост„ беше организирана акција на одделението за спорт на општина Битола, општинската организација на Црвениот крст од Битола и заводот за транфузиологија. Во редот за давање на крв се најдоа Митко Стојковски, Тони Мицевски, Неџат Хусеин, Игор Николовски, Гордана Бошевска Цветковска, Кире Грбевски, професори по физичко образование и други.

Нов управен одбор во РК Пелистер

КОНЕЧНО ЗАВРШЕНА ТРАНСФОРМАЦИЈАТА ВО РК ПЕЛИСТЕР КОЈ ВЕЌЕ ФУНКЦИОНИРА КАКО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО
По трансформацијата на Ракометниот клуб од здружение на граѓани во акционерско друштво, кое беше направено според барањето на Ракометната федерација и Законот за спорт, деновиве беше формиран новиот управен одбор на РК Пелистер.

Пелистер во обид да врзе две победи во серија

ПО СКОРО ТРИ МЕСЕЦИ, ТИМОТ НА БОЧЕВСКИ СО ШАНСА ДВА ПАТИ ПО РЕД ДА СЕ РАДУВА
По триумфот на „Кукуш„ фудбалерите на Пелистер ја прекинаа црната серија од еден месец без победа и сега се насочуваат што подолго да трае нивниот позитивен момент. Зелените против Брегалница играат едно од последните пет финалиња, во кои имаат за цел да освојат што е можно повеќе бодови за мирна зима.

6. 11. 2013.

Финишот и бодовите за Куманово

ПО РЕПРЕЗЕНТАТИВНАТА ПАУЗА, НЕОЧЕКУБАН ПОРАЗ НА ПЕЛИСТЕР ВО КУМАНОВО
Куманово - Пелистер 28:26 (11:11)

Ракометарите на Куманово во рамки на 7-то коло од првенството на Македонија ја забележаа втората победа на домашен терен и тоа против екипата на Пелистер од Битола со 28:26 и му го нанесоа третиот пораз на пелистерци.

Дебакл на зелените во Градски парк

СО ПОРАЗ ОД 46 РАЗЛИКА, КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР СЕ ВРАЌААТ ОД ГОСТУВАЊЕТО КАЈ РАБОТНИЧКИ
Работнички - Пелистер 113:67 (31:18, 21:10, 33:23, 21:16)

Во Градскиот парк во Скопје, Пелистер играше изедначена кошарка со Работнички само во првите пет минути, но Симоновски и Соколов со прецизни удари од далечина почнаа серија за својата екипа, која до крајот на периодот го одведе работнички до високи 31:18.

5. 11. 2013.

Преку 1000 луѓе трчаа на ноќната трка

ПРЕКУ ПОЛОВИНА ВЕК НОЌНАТА АТЛЕТСКА ТРКА Е ГЛАВНО СПОРТСКО ОБЕЛЕЖЈЕ НА ПРАЗНИКОТ НА ГРАДОТ
 
Во организација на Сојузот на спортови од Битола се одржа 54 по ред ноќна атлетска трка, на која настапија учениците од основните и средните училишта, студентите и граѓаните. Сите според возраста од различни места стартуваа од Широк сокак, а целта за сите беше на плоштадот “Магнолија“

4. 11. 2013.

Нов почеток на пелистерци, по триумфот во Турново

ДАЛИ ПРЕКИНОТ НА ЦРНАТА СЕРИЈА ЗА ПЕЛИСТЕР ЌЕ ЗНАЧИ, ВЛЕЗ ВО НОВИ ПОЗИТИВНИ МОМЕНТИ?
Ако имаше поволен момент кога треба да се прекине црната серија, фудбалерите на Пелистер го одбраа вистинскиот момент и среде Турново по еден месец му се вратија на победите. Така останаа во големата група на тимови кои се борат за висок пласман.

Пелистер немоќен во дербито на дното

ЧЕТВРТ МЕЧ И ЧЕТВРТ ПОРАЗ НА КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО ДОМАШНОТО ПРВЕНСТВО
Пелистер - Вардар 75:85 (18:30, 16:20, 16:16, 25:19)

Во „Младост“ во Битола, Вардар Апаве главната предност ја направи уште во првата четвртина, додека во остатокот од натпреварот знаеше да ја задржи и да оствари многу важен триумф против конкурентот за опстанок Пелистер Спорт, втор по победата над Фени минатиот викенд.

3. 11. 2013.

„Луд„ Пелистер за сензација на „Кукуш„


ВТОРА ГОСТИНСКА ПОБЕДА И ПО ЧЕТИРИ КОЛА БЕЗ ТРИУМФ, ПЕЛИСТЕР СЕ „БУДИ„ КРАЈ СТРУМИЦА
Прва фудбалска лига - 14 коло
Хоризонт Турново - Пелистер 0:2 (0:1)

Стадион „Кукуш„ - Турново. Гледачи: 500
Главен судија: Марјан Ецкоски
Асистенти: Жарко Тодоровски (Охрид) и Ацо Мацески (Струга)
Делегат: Иван Путилин (Скопје)
Стрелци: Љубенов во 37 и Стенио Жуниор во 75 минута за Пелистер
Жолти картони: Мутафчиски, Својиќ (Хоризонт Турново) Анастасов, Трајковски, Драгарски, Мојсов, Љамчевски (Пелистер)
Црвени картони: Мутафчиски во 71 минута за Хоризонт Турново

1. 11. 2013.

Нова криза или подвиг на пелистерци на „Кукуш„?

ПО СЕРИЈА НА ЛОШИ РЕЗУЛТАТИ, ПЕЛИСТЕР ПРОТИВ НАЈТЕШКИОТ МОЖЕН ПРОТИВНИК ЌЕ БРКА ПОДВИГ

Прежален и десеткуван, битолски Пелистер му гостува на Хоризонт Турново со кого на последните четири натпревари, исто толку пати играше нерешено. Но на последните четири средби, откако застанаа на врвот по победата над Работнички, битолчани освоија само 2 од можните 12 бода и паднаа на седмото место на табелата со шест бода зад лидерот.

Се одржа првиот меморијален турнир „Сашо Палашовски - Палаш„

ЕДНА ГОДИНА ОД СМРТА НА САШО ПАЛАШОВСКИ - ПАЛАШ „СЕ РОДИ„ МЕМОРИЈАЛНИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ВО НЕГОВА ЧЕСТ
Во спортската сала “Младост“ деновиве се одигра меморијален турнир во мал фудбал, насловен “Сашо Палашовски - Палаш“, на кој настапија шеснаесет екипи на битолските угостителски локали  Иницијативата беше од ноќни-от клуб “Расчекор“, каде беше вработен Палашовски, кој пред една година трагично страдаше.