15.03.2014.

Продолжува позитивниот момент на Славија и Ристевски

НОВА ПОБЕДА НА СОФИСКА СЛАВИЈА СО МАКЕДОНСКИОТ ДЕФАНЗИВЕЦ КИРЕ РИСТЕВСКИ МЕЃУ НАЈПОЗИТИВНИТЕ
Продолжува успешната серија на фудбалерите на Славија од Софија и на македонскиот репрезентативец Кире Ристевски.
Во првиот меч од 27 коло, игран порано од останатите парови во петок, Славија на домашен терен го декласира Нафтохемик Бургас со 5:1 и се доближи до математички опстанок во бугарското првенство. Ристевски го одигра целиот натпревар, а гостите први поведоа со голот на Оравчев во 37 минута.  Откако Василев во последната минута од првиот дел го израмни резултатот, подоцна беше полесно. Со хет-трикот на Иванов и еден гол на Марчев, Славија стигна до највисоката победа во сезоната. Со оваа победа Славија остана на деветто место со 34 освоени бода. 

Нема коментара:

Постави коментар