Powered By Blogger

10. 3. 2014.

Мултитекс со нова победа се поблиску до промоција

ВТОРА ПРОЛЕТНА ПОБЕДА ЗА БИТОЛСКИТЕ ПИНГ-ПОНГАРИ ОД ДВА ОДИГРАНИ НАТПРЕВАРИ
ППК Мултитекс - ППК Рома Шутка 5:2

Пинг-понгарите на Мултитекс ја забележаа втората последователна победа во Втората лига, откако во Битола го совладаа тимот на Рома Шутка со 5:2 и се зацврстија на второто место на табелата.
Планот е остварен и минати се двете најтешки средби оваа пролет со две победи. Ова треба да биде најава за математичка потврда за промоција во Првата лига на пинг-понгарите на Мултитекс. Со оглед на тоа што клубот беше возобновен минатата година, се оди по планот и првата „пречка„ е на прагот да биде прескокната. За потоа плановите на ППК Мултитекс се уште поголеми. 

Нема коментара:

Постави коментар