18.03.2014.

Пресуди физичкиот фактор околу победникот

ВО ИЗЈАВИТЕ ПО МЕЧОТ И БОЧЕВСКИ И СЕКУЛОВСКИ ЕДНОГЛАСНИ ДЕКА ПОБЕДНИКОТ ГО РЕШИ ПОСПРЕМНИОТ ТИМ
По завршувањето на првиот пролетен домашен меч на Пелистер, двајцата тренери сеуште беа под импресии на тешкиот и меч полн со емоции.
Трудот и физичката подготвеност на пелистерци, истакнат како клучен фактор околу победник.

Драган Бочевски
(тренер на Пелистер)

            Мислам дека ја заслуживме победа бидејќи креиравме многу шанси и успеавме да постигнеме два гола. Не беше лесно против добро организираната Македонија, но никогаш не престанавме да веруваме дека можеме да го свртиме резултатот и на крајот успеавме. Целото наше семејство Пелистер оваа победа ги посветува на прерано загинатиот Петар Милошевски.
      
Марјан Секуловски
(тренер на Македонија Ѓ.П.)
            .          
            Честитки за фудбалерите на Пелистер, за нивниот стручен штаб и навивачите за победата. Мислам дека клучен фактор беше физичкиот. Вчера загубив еден фудбалер, денес уште тројца до 60 минута беа заменети заради умор и повреди. Мора да им честитам и на моите фудбалери кои се бореа до крајот, но не успеавме да освоиме макар бод на овој меч. Мора да се мобилизираме, бидејќи в недела не очекува нов натпревар против истиот противник тука во Битола.  


Нема коментара:

Постави коментар