15.03.2014.

Битола плаче по Петар Милошевски

МАТИЧНИОТ КЛУБ НА ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ ОДРЖА КОМЕМОРАЦИЈА ДЕН ПО НЕГОВАТА НЕНАДЕЈНА СМРТ
ФК Пелистер одржа комеморација во чест на прераната смрт на еден од најкаризматичните „синови„ на славниот битолски клуб Петар Милошевски.
За фудбалската кариера на Милошевски пред спортската јавност во Битола, поранешни и сегашни тренери и фудбалери на ФК „Пелистер“, како и претставници на навивачката група „Чкембари“, пригодно обраќање имаше Зоран Мишевски, актуелен портпарол на клубот кој потсети дека Милошевски во првиот тим на ФК „Пелистер“ настапил на 16-годишна возраст „Смртта на Петар Милошевски е загуба на голем човек, голема личност и спортист кој беше пример за младите таленти. Петар покажа и докажа како треба да се гради култот кон репрезентативниот дрес, како треба да се биде капитен на македонската фудбалска репрезентација и како да се претставува својот град. Верувам дека Битола на соодветен начин и со вистинска иницијатива ќе овозможи да се памети Петар Милошевски„  истакна Мишевски. 
Во својата фудбалска кариера голманот  Петар Милошевски освен во Пелистер настапувал во Вардар, турските екипи Трабзонспор, Малатијаспорт и Себатспорт, а во Кипар настапувал за Енозис, беше нагласено на денешниот комеморативен собир во Битола „Пролетта 1991 година Петар Милошевски учествуваше со младата фудбалска репрезентација на Македонија на неколку турнири, а веднаш потоа дебитираше како прв голман на ФК „Пелистер“ на натпреварот  со ФК „Загреб“ во Загреб. Тогаш сите рекоа, ова дете ќе прерасне во голем голман и спортист. Така и беше, затоа тешка е оваа загуба, рече меѓудругото битолскиот спортски хроничар„ новинарот Димче Миновски. 
Во текот на целиот денешен ден „книгата на жалост„ беше изложена на Широк сокак и илјадници битолчани оставија последен коментар, сеќавање на големиот човек Петар Милошевски. Автобус со фудбалерите на Пелистер, дел од навивачите и пријателите на Милошевски тргнува за Скопје на погребот на посмртните останки на Милошевски в недела во 7 часот изутрина.

Нема коментара:

Постави коментар