Powered By Blogger

23. 12. 2015.

Пелистер со небитна победа над Охрид ја заврши полусезоната

КОГА НЕ ТРЕБАШЕ ЗА ГОЛЕМ ПРОГРЕС НА ТАБЕЛАТА, ПЕЛИСТЕР ГО СОВЛАДА ОХРИД ВО СПОРТСКАТА САЛА „МЛАДОСТ“
Ракометарите на Пелистер го совладаа Охрид со 30:26 во последниот меч од 14 коло на машката Супер лига. Иако тргнаа во мечот од спротивни делови на табелата, Пелистер делуваше дека е оној фаворитот, отворајќи го мечот сигурно и доминантно.

20. 12. 2015.

Ветувачки проект на КК Пелистер

ПЕЛИСТЕРЦИ КОНЕЧНО ИМААТ УСЛОВИ ЗА МАКСИМАЛНО НАСОЧУВАЊЕ КОН ПРОМОЦИЈА ВО ПРВАТА ЛИГА
Откако се трансформира во акционерско друштво, КК Пелистер ги постави сите структури во клубот и одржа прес-конференција на која ги претсави плановите на долг период. Претседател на клубот е Љупчо Стефановски, нов спортски директор Благој Печалов, а шеф на стручниот штаб Зоран Петковски.

Прво исплата, па потоа засилувања е планот на Пелистер

БЕЗ НИ МАЛО ПОДОБРУВАЊЕ ВО СИТУАЦИЈАТА ОКОЛУ ФК ПЕЛИСТЕТР НА ДЕСЕТИНА ДЕНА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА
Пелистер и натаму е во фаза на планирање, а фудбалерите веќе неколку дена не тренираат, бидејќи завршија со планираните тренинзи, но ги очекуваат заостанатите плати како би заминале спокојни на заслужениот одмор.

13. 12. 2015.

Каратистката Наташа Илиевска е новиот претседател, а Ѓуро Илиќ потпретседател на ССФМ

СТРУКТУРАЛНИ ПРОМЕНИ ВО ССФМ, ИЗБРАН НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, А БИТОЛЧАНЕЦОТ ИЛИЌ ОСТАНУВА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ
Најпознатата наша каратистка, Наташа Илиевска во следниот циклус од четири години ќе раководи со ССФМ. На седницата на УО вечерва беше избрано и ново раководство.

Втор пораз оваа сезона од Работнички за ракометарите на Пелистер

КАКО И ВО БИТОЛА, ПАК РАБОТНИЧКИ ГО НАДИГРА ПЕЛИСТЕР ВО МЕЧ ЗА БОДОВИ
Работнички - Пелистер 26:21 (12:10)

Во вториот натпревар од 13 коло во машката Супер лига, Работнички го совлада составот на Пелистер со 26:21 (12:10). Иако гостите добро почнаа, во 11. минута Вања Илиќ им донесе прва предност на домаќините од два разлика. Дури и премногу се грешеше, па ниту една од двете екипи не го надвладеа противникот.

Србинот Чачиќ си замина од Пелистер

СРПСКИОТ ВЕТЕРАН ГО НАПУШТИ ПЕЛИСТЕР ПО САМО НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ВО КЛУБОТ
Ракометарите на Пелистер вечерва гостуваат кај Работнички во Скопје, а ќе настапат без српскиот интернационалец, Младен Чачиќ. 39-годишниот лев бек влече повреда и затоа не играше, или со болки настапи на последните неколку натпревари.

6. 12. 2015.

Водство од самиот старт и победа за морал на Пелистер против Вардар Јуниор

СО ВОДСТВО ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ МЕЧ, ПЕЛИСТЕР ПРОКНИЖИ БИТНИ БОДОВИ, ПОБЕДУВАЈЌИ ГО ВАРДАР ЈУНИОР
Пелистер - Вардар Јуниор 27:22 (15:10)

Битолски Пелистер ја забележа четвртата победа во овогодинешниот шампионат на Суперлигата. Битолската екипа беше подобра од младиот состав на Вардар Јуниор со 27:22 (15:10). Почетокот на натпреварот беше најава за тоа како ќе се одвиваат настаните на натпреварот.

4. 12. 2015.

Димов наследник на Штерјовски, пелистерци најавуваат бурен преоден рок

ЕДЕН ДЕН ПО ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШТЕРЈОВСКИ, ПЕЛИСТЕР ЈА ПРОНАЈДЕ НЕГОВАТА ЗАМЕНА 
Бившиот фудбалер на Пелистер и Вардар и до минатата сезона дел од стручниот штаб на Ѓоко Хаџиевски во Пелистер, Миле Димов ќе биде именуван за нов тренер на битолски Пелистер. Само еден ден по заминувањето на Зоран Штерјовски, кој најде ангажман во Грција, клубот од под Пелистер најде замена за испразнетото тренерско место.

Штерјовски замина од Пелистер, заради работа во соседна Грција

ПО ПРОМЕНЛИВАТА ПОЛУСЕЗОНА, ПЕЛИСТЕР ОСТАНА БЕЗ МЛАДИОТ СТРУЧЊАК, КОЈ ЗАМИНУВА ВО ЈУЖНОТО СОСЕДСТВО
Битолчанецот Зоран Штерјовски од доцна синоќа не е повеќе шеф на стручниот штаб на Пелистер. Човекот кој од ова лето во превзеде Пелистер, а претходно работеше како тренер на Силекс и Миравци, по само шест месеци на клупата на „зелените“ се одлучи да ја заврши соработката со својот матичен клуб. Тој вели дека е задоволен од досегашните резултати на клубот, но, во меѓувреме стигнала понуда од Бугарија, која не можела да се одбие.

Пелистер со енергија за едно полувреме, бодовите се за Тинекс Пролет

ВО БОРБАТА ЗА СЕДМОТО МЕСТО, ПЕЛИСТЕР ПОРАЗЕН ВО СКОПЈЕ ОД ТИНЕКС ПРОЛЕТ
Директната пресметка на Тинекс Пролет и на Пелистер во Скопје, донесе израмнето прво полувреме и одлучувачкото одлепување на домашната екипа во продолжението до финални 28:26 (12:11). Мечот започна многу израмнето и до играта гол за гол, први поведоа гостите преку Србинот Чачиќ. Но кога во 13. минута момците на тренерот Атанасовски, преку Стојановски го вратија водството, не го испуштија до одморот.