Powered By Blogger

8. 3. 2014.

Фатално деби со пораз за Томче Петрески

НЕОЧЕКУВАН ПОРАЗ НА РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ОД МЕТАЛУРГ ЈУНИОР НА ПОЧЕТОКОТ НА РАКОМЕТНАТА ПРОЛЕТ
Металург Јуниор - Пелистер 23:20 (12:11)

Најважниот натпревар во плановите на новиот Пелистер на Томче Петрески беше токму првото гостување кај Металург Јуниор во Скопје.
Неполни 48 часа откако убедливо загубија со 10 разлика на домашен терен од Зомимак М, младите момци на Металург Јуниор се надминаа себеси и сосема заслужено му нанедоа тежок пораз на битолчани, кои постојано го „ловеа„ противничкото водство, но никако не успеаа да го стигнат. Ниту новото засилување Данијел Вучичевиќ, кој имаше солидно деби, не им помогна на битолчани да го избегнат вториот пораз на гостувањето кај младата втора екипа на Металург оваа сезона. Голманот Кимевски одлично бранеше, а во тимот на Александар Јовиќ се функционираше како што треба. Се разиграа Филип Давитковски и Марко Неловски, а пелистерци дојдоа на два пати до -1 и не можеа да го комплетираат пресвртот. На крајот 23:20 за екипата на Металург Јуниор, пред очите на Лино Червар и повозрасните колеги од Металург. Пелистер не го положи првиот тест и сега не зависи сам од себе за пласман на четвртото место. Наредната сабота во спортската сала „Младост„ гостува Преспа со новиот тренер Абдула Јусуфовски. 

Нема коментара:

Постави коментар