19.03.2014.

Дербито на дното место во сабота, ќе се игра во понеделник

ПОМЕСТУВАЊЕ ЗА ДВА ДЕНА НА МОЖЕБИ КЛУЧНИОТ НАТПРЕВАР ЗА ОПСТАНОКОТ НА КК ПЕЛИСТЕР
Заради двојната ракометна програма во рамките на осминафиналето на Лигата на шампионите: Вардар - Хамбург в сабота и Металург - Колдинг в недела, КК Карпош Соколи информираше дека наместо в сабота ќе го помести мечот од 18 коло на Суперлигата против Пелистер за понеделник.
Екипата на Александар Петровиќ своите мечеви ги игра во СЦ „Борис Трајковски„ и нема да ја менува салата за овој можеби и одлучувачки натпревар. В понеделник од 20:30 часот, директен дуел за опстанок на Карпош Соколи и Пелистер. 

Нема коментара:

Постави коментар