Powered By Blogger

12. 3. 2014.

Пелистерки во Кавадарци го осигураа опстанокот

ПАК ПРОТИВ КАВАДАРЧАНКИ, КОШАРКАРКИТЕ НА ПЕЛИСТЕР СЛАВАТ ВАЖНА ПОБЕДА ЗА ГОЛ ЖИВОТ
Ваис профил - ЖКК Пелистер 42:62

Кошаркарите на ЖКК Пелистер направија голем чекор кон опстанокот во Суперлигата, откако во Кавадарци го совладаа последно пласираниот Ваис Профил со 20 поени разлика.
Младите битолски девојки, кои студираат во Скопје и немаат постојан заеднички тренажен процес по втор пат во шампионатот го совладаа тимот на Ваис Профил и го заборавија убедливиот пораз од Бадел 1862. Со овој триумф по 8 одиграни меча (ЖКК Пелистер има заостанат меч со Клубски) битолчанки имаат 2 победи и 6 порази и се наоѓаат на 6 место од 7 екипи. Во наредното 10 коло в сабота на 15 март во Битола, ЖКК Пелистер го пречекува трето пласираниот Вардар Младинец. 

Нема коментара:

Постави коментар