31.03.2014.

Две годишна суспензија за Најдовски и Петковски

ДЕБЕЛА СУСПЕНЗИЈА ЗА РАКОМЕТАРИТЕ КОИ ФИЗИЧКИ ГИ НАПАДНАА СУДИИТЕ НА МЧОТ БИТОЛА - ПРИЛЕП
Дисциплинската комисија на РФМ им изрече казни на играчите на Битола, Бојан Петковски и Димитар Најдовски, забрана на настап во траење од две години поради напад на службени лица за време на натпревар.
Екипата на Битола ќе треба да плати 20.000 денари и плус им се одзема еден бод од салдото. Рокот за плаќање на казната е 8 дена. Инцидентот се случил на меч од Прва машка ракометна лига, на 15 март во Битола, кога ракометарите на домашниот тим во 37 минута ги нападнале судиите Никола Пауновски и Оливер Спировски. Мечот бил прекинат по настанатиот инцидент.

Нема коментара:

Постави коментар