Powered By Blogger

25. 3. 2014.

„Соколите го надлетаа„ Пелистер, кој сега гледа кон Втората лига

ДЕБАКЛ И ПАТ КОН ПОНИЗОК РАНГ НА НАТПРЕВАРУВАЊЕ ЗА ПЕЛИСТЕРЦИ
Карпош Соколи - Пелистер 103:67 (28:16, 28:9, 25:19, 22:23)

Со катастрофален пораз од 36 поени од директниот конкурент, кошаркарите на Пелистер го завршија регуларниот дел од кошаркарскиот шампионат, скоро со невозможни шанси за опстанок.
Очекувано, Карпош Соколи, на убедлив начин, со победа над Пелистер од 103:67, го заврши последното 18 коло. На синоќешниот натпревар, најефикасен во домашниот тим беше Владимир Георгиевски кој со 23 поени и 12 скока оствари дабл-дабл учинок, додека Џон Шарпер постигна 14 поени, еден повеќе од новајлијата Василиќ и младиот Бакоч кои беа стрелци на по 13 поени. Во поразената екипа од Битола најзабележителен беше Милјан Радисавлевиќ со 28 поени. Пелистер со 17 бода е претпоследен на табелата, со само младинската репрезентација зад себе. Вардар Апаве и Карпош Соколи, кои се нивни директни конкурентни имаат три бода повеќе. Пред плеј-аутот шансите за опстанок се сведени на теорија. 

Нема коментара:

Постави коментар