27.03.2014.

Пелистер втора година по ред, не е носител во Купот

ЗАРАДИ СЛАБИОТ ПЛАСМАН ВО ШАМПИОНАТОТ, ПАК ПЕЛИСТЕР РИЗИКУВА ДА НЕ ЈА ВИДИ ЗАВРШНИЦАТА НА КУПОТ 
Наместо лицитација за домаќинство на машкиот финален турнир од Купот на Македонија, РФМ реши таа да го организира, а местото на одигрување треба да биде Охрид, односно СЦ „Биљанини извори
На тој начин ниту една екипа нема да биде фавориизрана, а Охрид повторно ќе биде во центар на вниманието, слично како и организацијата на финалниот турнир од кошаркарскиот куп. Досега секогаш имало наддавање за финалниот Куп, па најчесто местото на одржување е Скопје, или пак клубовите се договарале да учествуваат во трошоците за одигрување. Според календарот, финалниот турнир треба да се игра на 17 и 18 мај, а ќе настапат четирите најдобри екипи. Прво треба да минат четвртфиналните борби (26 и 27 април), по што победниците од секоја група ќе играат на завршниот турнир. Вардар, Металург, Зомимак М и Пролет ќе бидат носители на четвртфиналните групи, а за двојките и противниците ќе има ждрепка. Пелистер втора година по ред не е носител и ќе добие една од овие четири екипи во својата група. Вардар има осум Куп титули, Металург и Пелистер имаат по пет, а Шевро Куманово, Борец Велес и Тутунски Комбинат Бренд по една титула.

Нема коментара:

Постави коментар