Powered By Blogger

8. 3. 2014.

Мехелен без Пачовски поразен кај лидерот

ПАК РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ ГОЛМАН НА КЛУПАТА И ПАК МЕХЕЛЕН ПОРАЗЕН
Во натпреварот од 30 коло на белгиската Џупилер лига во фудбал, Мехелен на македонските интернационалци Томе Пачовски и Александар Трајковски му гостуваа на лидерот Стандард Лијеж и загуби со 2:0.
Тренерот на жолто-црвените Френки Веркаутерен пак го остави на клупата за резервни фудбалери нашиот репрезентативен капитен Томче Пачовски. Како и на претходните три меча шанса доби интернационалецот од Тринидад и Тобаго, Бато. Долго време Мехелен одолеваше, но во 72 минута со голот на Бачуаи, лидерот поведе со 1:0. Шанса за израмнување имаше де Вите кој не реализира пенал во 79 минута, а минута подоцна заработи исклучување. Езекиел во 84 минута ги казни промашувањата и ја потврди победата на Стандард. Александар Трајковски ги одигра сите 90 минути за гостинската екипа. Со 31 бод, Мехелен се наоѓа на 12 место со 31 бод, четири бода повеќе од зоната која води во Втората лига. 

Нема коментара:

Постави коментар