Powered By Blogger

4. 3. 2014.

Има ли купувач за ФК Пелистер?

НА НЕКОЛКУ ДЕНА ДО ИСТЕКОТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК НЕИЗСВЕСНОСТ ЗА ИДНИНАТА НА ФК ПЕЛИСТЕР
Првиот рок за одговор на јавниот повик на единствениот акционер на клубот Општина Битола треба на 7 март да ни даде одговор, дали има заинтересирани потенцијални купувачи или не?
Минаа неколку недели и покрај шпекулациите, неофицијалните информации се дека нема ниту една сериозна опција која побарала можност за купување на акциите и ако не се случи нешто радикално, работите нема да се помрднат од сегашната ситуација. Надежта е дека целиот случај нема да ја дестабилизира екипата, која веќе го подготвува „вечното дерби„ со Вардар за време на викендот. Поминаа низ кулоарите безброј шпекулации поврзани со домашни и интернационални заинтересирани страни, но до овој момент нема ништо сериозно. Дилемите ќе траат уште неколку дена, а в петок ќе биде обелоденето дали Пелистер ќе добие нов сопственик или ќе продолжи како што функционираше до сега.

Нема коментара:

Постави коментар