Powered By Blogger

30. 12. 2012.

Битола е душата и талентот на спортска Македонија

Звучи неверојатно, но Битола е спортски феномен. Битола е душата и талентот на спортска Македонија. Така било пред 50 години, така било кога успесите сме ги делеле во бившата држава, така е ден-денес. А верувам дека и без дилеми така ќе биде и во иднина. Колку само атлети не направиле горди во минатото, ги надминале сите спортски граници, станале идоли на младите и и ден денес со задоволство се присеќаме на нив. Еве само дел од долгата низа на оние кои можат да се наречат ЛЕГЕНДИ...

Стевче Алушевски (1972), ракометар
Основното, средното и високото образо­вание ги завршува во Битола. Магистрира на ФОН - Спорт и спортски менаџмент. Активно почнува да се занимава со ра­комет во сезоната 1989/90 г. Своите по­четоци ги прави во РК „Пелистер“, каде со повремени прекини настапува 10 се­зони - 1989/93 г., 1996/2000 г., 2004/05 г. Потоа две сезони игра за РК„ Јафа“ - Ре­сен. Во 2000 г. заминува за Скопје и ста­нува член на РК „Вардар Про“ каде на­стапува 9 сезони, во сезоните 2000/04 г., 2005/10 г. Моментално е член на РК „Ме­талург“ - Скопје. Во неговите професи­онални успеси се вбројуваат преку тринаесет првенства на Македонија и осум купо­ви на Македонија. Во 2004 г. прогласен е за најдобар ракометар на Македонија. Во својата спортска кариера има три на­стапи во Младинската репрезентација на Југославија. За Македонската ракометна репрезентација одиграл над 200 натпревари со постигнати над 1 000 гола. Позначајни репрезентативни успеси: Европско првенство во Италија 1998 г. - 12. место, Светско првенство во Египет 1999 г. - 18. место, Светско првенство во Хрватска 2009 г. - 11. Место, Европско првенство во Србија 2012г. - 5 место.

Влатко Богдановски (1964), шахов­ски велемајстор
Роден во Битола. Израс­нат во Шаховската школа на Шаховскиот клуб „Стево Патако“, каде настапува од 18-годишна возраст. Во 1979 г. станува пионерски првак на Македонија. Во 1988 г. ја освојува титулата Интернационален мајстор во шах - (ФИДЕ конгрес, Со­лун). Во 1993 г. ја освојува титулата Ша­ховски велемајстор (ФИДЕ конгрес, Бра­зил). Бил шесткратен сениорски првак на Македонија во 1986, 1987, 1989, 1993, 1995 и 2009 г. Како член на Шаховска­та репрезентација на Македонија уче­ствува на 5 шаховски олимпијади: 1994 г. во Москва (Русија), 1996 г. во Ереван (Ерменија), 1998 г. во Калмикија (Русија), 2000 г. во Истанбул (Турција), 2004 г. во Калвија (Шпанија) и три Европски првенства: 1997 г. во Пула (Хрватска), 1999 г. во Батуми (Грузија) и 2001 г. во Леон (Шпанија). На куповите на европ­ски шампиони настапува во 2000, 2001, 2001, 2003 и 2004 г. Највреден резултат му е освоеното 7. место со Шаховската репрезентација на Олимпијадата во Ис­танбул, со што се стекна со статус - Спор­тист од светска категорија.

Васко Ванѓелов (1927), роден во Би­тола, професор по физичко воспитување.
Значаен спортски работник кој активно се посветува на едукацијата на млади­те и развојот на спортот во Битола. По ослободувањето станува член на Гимна­стичката екипа во Битола, каде со вежби на справи и партерна гимнастика уче­ствува на Републичкиот слет во Скопје. Како студент во Белград, кон крајот на 1959 г. се посветува на пливањето и по враќањето во Битола го формира и е тре­нер на првиот Пливачки клуб „Југ“ во Битола. По дипломирањето и враќањето во Битола, се вработува како професор во Средното земјоделско училиште. Во 1960 г. го формира и Првиот атлетски клуб во Битола. Васко Ванѓелов е заслу­жен за формирањето на отсекот Фискул­турни паралелки при Учителската школа во Битола. Два мандати е претседател на Сојузот на педагозите по физичка кул­тура во Република Македонија. Васко Ванѓелов е автор на бројни стручни и по­пуларни спортски трудови објавувани во разни списанија, весници и електронски медиуми. Со свои трудови настапува на повеќе конгреси во земјата и странство.

Вера Вељановска (1955), атлетичарка
Учествува на бројни атлетски манифестации одржувани на просторите на поранешна Југославија и повеќе други земји. Има освоено седумнаесет златни, петнаесет сребрени, три бронзени меда­ли, една златна и две сребрени плакети, бројни пехари и други признанија и на­гради. Нејзини рекорди што и денеска не се соборени се: 60 м. во сала - 7, 3 се­кунди во Букурешт, 60 м. на отворено - 7, 5 секунди во Сплит (1973 г.), 100 м. на отворено - 11, 6 секунди во Букурешт (1973 г.), 200 м. на отворено - 24, 0 се­кунди во Софија (1973 г.). Од 1970 -1975 г. е стандардна членка на Македонска­та и Југословенската репрезентација во јуниорска и сениорска конкуренција.  Прогласена е за спортист на Македонија во 1973 и 1974 г., четирипати е и на ранг-листата на најдобрите спортисти во Битола: 1971 и 1972 г. на второ место, а 1973 и 1974 г. на прво место. Добитник е на бројни признанија: наградата „4 Но­ември“ на Битола, „Седум секретари на СКОЈ“, Плакета по повод 30 г. физичка култура во Битола, 1977 г. и Сребрена плакета од Светската атлетска федерација во 1998 г.

Милка Гемтова-Георгиевска (1954), скијачка
Уште од најраните детски години застанува на скиите и таа љубов кон планината и спортот ја негува цел живот. Во 1966 г. станува првак на Македонија во пио­нерска конкуренција во сите три дис­циплини - слалом, велеслалом и спуст. Истата година го освојува шестото место на Државното првенство на Југославија, кое се одржува во Маврово. Титулата првак на Македонија ја задржува и ка­ко младинка и сениорка сè до нејзиното повлекување од активен натпреварувач во 1977 г. Во 1969 г. го освојува петто­то место на Балканскиот шампионат во Маврово. Во 1969, 1971 и 1974 г. из­брана е меѓу десетте најдобри спортисти во Битола каде £ беше доделен епитетот „Царица на белиот спорт“. Летото 1970 г. освојува 3. и 4. место во скијање на вода на Државното првенство на Југославија, кое се одржа во Отешево. Во 1971, 1972 и 1974 г. е апсолутен првак во сите три дисциплини на тромечите помеѓу Македонија, Србија и Црна Гора кои се одржуваат во Жабјак и на Попова Шап­ка. Истиот успех го повторува и во 1975 г. на тромечот на Копаоник. Од 1978 до 1980 г. работи како тренер на женската скијачка екипа на ПСД „Пелистер“ од Би­тола. Сè уште рекреативно се занимава со скијање и планинарење, за што зборуваат и нејзините успеси при освојувањето на голем број врвови - Кораб, Титов Врв, Џеравица, Пирин, Митикас, Мусала итн.

Миливој Груевски (1939), стрелаштво.
Завршува Технички факултет - Архи­тектонски отсек. Како средношколец, во 1953г. станува член на Стрелачката дру­жина при гимназијата „Јосип Броз - Ти­то“ во Битола. Следната 1954 г. учествува на Републичкото првенство во стрелаштво во Скопје, во категоријата пионери со воздушна пушка и се квалификува за член на Македонската репрезентација во која станува постојан член. Истата годи­на учествува на Државното првенство во Белград и со малокалибарна пушка во тростав (лежечки, клечечки, стоечки, 3 по 10 куршуми) исполнува сојузна норма од 264 круга од можни 300 и се стекнува со медал „Мајстор - стрелец“. На Државното првенство во Белград во 1957 г. како маке­донски репрезентативец, во поединечен пласман станува шампион на Југославија во дисциплината лежечки став - „Олим­писки меч“ со војничка пушка (181 круг од можни 200). Следната 1958 г. на 13. државен шампионат на Југославија кој се одржува во Сараево, учествува со Мла­динската македонска репрезентација и го освојуваат првото место - златен медал и поставуваат нов државен рекорд во дис­циплината малокалибарна пушка, тро­став, 3 по 20 куршуми.

Пеце Димитровски (1942), ракомет
Важи за еден од најталентираните ракомета­ри кој ја прослави Битола на домашен и меѓународен план. Со спорт почнува да се занимава уште од најраната младост. Во 1957 г. ги прави првите чекори во рако­метот. Неговиот спортски талент и рако­метна надмоќ забележани се од тренерот Томе Атанасовски, кој набрзо го вклучува во екипата на Ракомениот клуб „Работ­ник“. Во 1964 г. заминува во Ниш каде две години настапува за екипата на „Желез­ничар“. Потоа се преселува во Велес каде останува три години, а потоа повторно се враќа во Битола каде станува член на Ра­кометникот клуб „Пелагонија“.  За својата успешна ракометна карие­ра добива многу награди и признанија од Ракометниот сојуз на Македонија и Рако­метниот сојуз на Југославија. Многу често е на листите за спортист на годината на Ниш, Велес и Битола. Во 1962 и 1968 г. настапува за Ракометната репрезентација на Република Македонија. Во 1966 г. е ре­презентативец на СФРЈ, бранејќи ги бои­те на својата земја на средбите со Полска и Демократска Република Германија. За Ракометниот клуб „Пелагонија“ наста­пува како играч и како тренер.

Весна Дунимагловска (1976), олимпијка
Родена 1976 г., во Би­тола. Основното и средното образование ги завршува во Битола. Дипломира на Фа­култетот за ликовна уметност во Скопје, а магистрира на Универзитетот на уметно­стите во Белград и се стекнува со звањето магистер во областа на мултимедијалната уметност. Со спорт почнува да се занимава уште како дете во родната Битола. Од 1982 до 1994 г. член е на скијачкиот клуб „Пели­стер“. Апсолутен шампион е на Републи­ка Македонија во слалом и велеслалом во своите категории. Во 1986 г. го освојува второто место во слалом на Балканското првенство во Бурса - Турција, а во 1990 г. третото место на Националното првен­ство на Бугарија. Во 1990 г. е државен шампион на Република Македонија во повеќебој - гимнастика. Во 1992 г. уче­ствува на Југословенското првенство на Бјелашница - Босна и го освојува прво­то место во слалом и второто место во велеслалом. Истата година учествува на ЗОИ Албертвил во Југословенската алп­ска скијачка репрезентација. Двократен спортист е на годината на Битола, дво­кратен спортист на годината од списани­ето „Скок“ и е во 10-те најуспешни спор­тисти на Македонија од СОФКА.

Ѓорѓи Ѓорѓиевски (1944), воздухопловец
Роден во Битола. Уште од рани­те детски години чувствува љубов кон воздухопловството, што резултира со зачленување во Аероклубот Битола во 1959 г. Истата година ја завршува основ­ната обука за спортски пилот - едрили­чар. Според тогашните прописи ( секој едриличар да има задолжително неколку падобрански скока), во 1960 г. го пра­ви првиот падобрански скок и успешно ги совладува двете обуки - за едриличар и за падобранец. Како младинец го носи дресот на Македонија и четири години по ред со екипата на Аероклубот Битола се шампиони на Југославија. Негови лич­ни постигања се: Шампион на Југославија на 7. првенство за млади во 1967 г., прво место на истиот шампионат во дисципли­ната 1 000 м. со задршка, 4. место во скок на вода од 700 м. со вонредно прецизен скок, 3. место во екипна конкуренција за Македонија 2 (на тоа првенство екипата на Македонија 1 го освојува 1. место), ре­зултат вреден како југословенски рекорд - просек 13 см. од центарот, во дисци­плината 1 500 м. со задршка од 15-20 сек., како и неколку југословенски рекорди во групни скокови. Со постигнатите ре­зултати ги исполнува условите за знач­ката „Златно Ц“. За своите постигнувања прогласен е за спортист на Битола за 1967 г. од читателите на „Битолски весник“,1. место на листата на Воздухопловниот сојуз на Македонија за 1967 г., 6. место во изборот за Спортист на Македонија за 1967 г., 5. место на листата на падобран­ци во избор на Воздухопловниот сојуз на Југославија. Спортската кариера ја завр­шува со 421 скок. на градот Битола, а во 2003 г. највисокото признание на Здруже­нието на лекарите на Македонија „Повелба д-р Трифун Пановски“.

Благојче Илиевски (1931), спортист
Роден во Битола. Како и многумина би­толчани од тоа време, во раната младост се вљубува во планината и најголемиот дел од младешките години ги минува на снежните падини на Пелистер. Меѓу поклониците на белите спортови е познат како извонреден тркач и скијач во сите дисциплини. Уче­ствува на бројни првенства од општински и републички карактер. Долги години е меѓу првите и најистакнатите претставни­ци од Битола во скијачките дисциплини. Паралелно со скијањето, Благојче Илиев­ски од срце му се посветува и на фудбалот. Патот кон афирмацијата го пробива теш­ко, зашто во негово време Битола обилува со фудбалски асови, ветерани кои тешко ги отстапуваат своите места. Сепак благо­дарение на извонредниот талент, Илиев­ски за релативно кусо време станува еден од најдобрите фудбалски халфови во Би­тола, во генерации коишто го афирмираат фудбалот на просторите на Македонија и поранешна Југославија. Години со ред ги брани боите на „Работник“ и „Пелистер“ од Битола, настапува и во времето кога „Пелистер“ за првпат изборува пласман на повисок ранг на натпреварувањата во то­гашна Македонија и Југославија (4. зона), а по завршувањето на кариерата, своето искуство и познавање на фудбалските веш­тини нескржаво ги пренесува на младите генерации.

Борче Илиевски (1935), шахист
Први­те шаховски чекори ги прави на 15-годиш­на возраст во градскиот Шаховски клуб „Стево Патако“, а активно со шах се зани­мава од 1951 г., кога за првпат се појавува на Младинското првенство на Македонија, освојувајќи го третото место. На репу­бличките сениорски првенства постигну­ва забележителни резултати. Во 1959 г. на Шампионатот на Македонија го освојува третото место, што му овозможува да ја претставува Македонија на полуфинал­ниот турнир за првенство на Југославија во Дравоград и во силна конкуренција го освојува четвртото место. Во 1964 г. ја освојува шампионската титула, освојувајќи го убедливо првото место со 12 ½ поени од можни 15. Учесник е на три државни шам­пионати на Југославија, каде постигнува забележителен успех. Во 1967 г. на турни­рот „Средба на солидарноста“, одржан во Скопје, постигнува сензационален успех играјќи реми против Фишер. Со успех на­стапува на повеќе мајсторски турнири. Во 1981 г. на Мајсторскиот турнир во Бито­ла го освојува третото место и ја освојува мајсторската титула, натрфрлувајќи ја по­требната норма за 1 поен. Со екипата на „Стево Патако“ трипати биле републички прваци и трипати го освојувале Купот на Македонија.

Димитар Илиевски - Мурато (1953- 1989), прв македонски планинар кој на 10 мај 1989 г. го освојува Монт Еверест, највисокиот врв на светот
Во Плани­нарското спортско друштво „Пелистер“ се зачленува во 1968 г. Во 1972 г. го завр­шува курсот за планинарски спасители. Меѓу неговите први позначајни успеси се вбројува освојувањето на Доломити­те- Мармалада (3 342 м.нв). Во 1979 г. за првпат се искачува на Монт Блан, висок 4 807 м.нв. Само една година подоцна го освојува и Метерхон (4 478 м.нв.), а во 1981 г. повторно се искачува на Монт Блан, Метерхон и Монте Роса (4 634 м.нв.). Во 1982 г. учествува во Првата македонска алпинистичка експедиција „Анди-82“, при што го освојува Чупика­ли (6 400 м.нв.) и Хуасхаран - јужен врв (6 768 м.нв.) и северен врв (6 677 м.нв.). Во 1984 г. учествува во Втората македонска алпинистичка експедиција „Памир-84“. Со таа експедиција ги освојува врвовите Пик Четвориок и Врвот на комунизмот, но и доживува вистинска одисеја кога со неговиот другар Ѓорѓи Котевски се борат со природата за да ги спасат животите на двајца алпинисти од Австрија. На 10 мај 1989 г. го постигнува најголемиот успех што еден алпинист може да го постигне, освојувајќи го Монт Еверест, највисокиот врв на светот - 8 848 м.нв. Со тој подвиг Димитар Илиевски - Мурато отиде во вечноста и во светот на спортските леген­ди.

Ѓуро Илиќ (1952), спортист
Роден во Битола, дипломиран правник. Со џудо се занимава од 1969 г. Во 1976 г. станува но­сител на Црн појас - Џудо мајстор 1 Дан, а во 1986 г. станува првиот Аикидо мајстор 1 Дан во Република Македонија. Освен натпреварувањата, учествува и на бројни стручни и судиски семинари во земјата и во странство, каде има можност да учи и да соработува со повеќе меѓународно признати џудо и аикидо мајстори (Кење Шимицу, Светислав Ивановиќ, Радо­ван Крајановиќ, Славко Обадов, Бранко Драгиќ, Љубомир Врачаревиќ, Ерик Па­рисет…). Од 1975 г. е тренер на Џудо клубот „Пелистер“ од Битола, а една година по­доцна станува џудо судија. Раководел со 16 џудо и аикидо школи од државен и меѓународен карактер. Шеф е на Струч­ниот штаб на Џудо и Аикидо клубови­те „Пелистер“. Денес е Џудо мајстор 5 Дан, Аикидо мајстор 5 Дан, виш џудо тре­нер и виш аикидо тренер. Раководител е на Џудо центарот „Пелистер“ од Битола, потпретседател на Сојузот на спортови од Битола, претседател на Дан колегиумот при Џудо федерацијата на Македонија, претседател на Аикидо федерацијата на Македонија - реален аикидо, супервизор на Турската федерација за реален аикидо.  Автор е на повеќе публикации, кни­ги и образовни видео касети меѓу кои: првиот Прирачник во два дела „Џудо гошин-џицу“ (1977), Прирачникот „Џудо програма за напредување“ (1984), првата книга на македонски јазик “Џудо”(1984), Прирачник „Основи на аикидо вештина­та“ (1987), Прирачник „Аикидо програма за полагање за појаси“ (1996), прва видео касета во СФРЈ под наслов „Џудо -спорт, самоодбрана, рекреација“ (1989) и многу други. Главен и одговорен уредник е на единствената ревија за боречки спортови и вештини во Р Македонија „Црн појас“ (2001). Автор е на првото ДВД во Р Македонија под наслов „Реален аикидо“ (2005). Ѓуро Илиќ е единствениот Маке­донец избран во Европската куќа на слав­ните за боречки вештини. Член е на Бор­дот на директори во Светскиот центар за реален аикидо.

Драган Канатларовски (1960), фуд­балер
Роден во с. Цапари, битолско. Своето професионално деби го има во 1982 г. во „Пелистер“ - Битола, во кој игра наредните три сезони. На почетокот од првенството на Југославија во 1985/86 г. заминува за Скопје и настапува за Вардар. Во летото 1989 г. се сели во Белград во ФК „Црвена везда“, со кој во сезоната 1989/90 го освојува Првенството на Југославија како и Купот на Југославија. Од 1990 до 1992 г. игра во Шпанија, во „Депортиво Ла Коруња“, која во тоа време настапу­ва во втората шпанска лига и таа сезона успева да се врати во Ла Лига (првата шпанска лига). После Шпанија, фудбал­ската кариера ја продолжува во Турција во ФК „Карсијака“ - Измир, по што се враќа во Македонија во прилепска „По­беда“. Има настапено за репрезентацијата на Југославија - младинци до 23 годи­ни (14 пати) , за репрезентацијата на Југославија, а за репрезентацијата на Македонија има одиграно 10 натпревари и постигнато два гола. Својата кариера како репрезентативец ја завршува во 1995 г. По завршувањето на активната фудбал­ска кариера, почнува активно да се зани­мава со тренерска активност - тренер на Македонската фудбалска репрезентација, тренер на ФК „Беласица“ - Струмица, „Победа“ - Прилеп, „Вардар“ - Скопје. Во 2008 г. станува тренер на ФК „Локомоти­ва“ - Пловдив.

Пеце Котевски (1967), боди-билдер
Ро­ден во Битола, каде го оформува своето образование - Биотехнички факултет, ди­пломиран инженер. Активно се занимава со спорт од најраната младост. Ностител е на црн појас во карате. Своите најголеми успеси ги постигнува во бодибилдингот. Неколку пати е апсолутен шампион на Македонија во сите категории, во годи­ните: 1992, 1994, 1995, 1996, 1998 и шам­пион во 1999, 2006 и 2008 г. Постигнува голем број на меѓународни успеси: Свет­ско првенство во Шангај - Кина (полуфи­нале 9. место), 1997 г.; Европско првен­ство во Бирмингем, Англија - 4. место, 1998 г.; Медитеранско првенство во Али­канте, Шпанија, 3.место (бронзен медал), 2000 г.; Медитеранско првенство во Ри­мини, Италија - 2. место (сребрен медал), 2000 г.; Европско првенство во Лондон, Англија - 1. место (златен медал) и европ­ски шампион во категорија до 80 кг.; 2006 г. Отворено првенство на Австралија - 2. место (сребрен медал) - вицешампион на Австралија; 2008 г. Трофеј Београд - Србија, Меѓународен куп натпревар - 1. место (златен медал); 2008 г. Светско првенство Петезбер, Германија - 4. ме­сто. За своите успеси има добиено мно­гу признанија од градот Битола: 2000, 2006 и 2008 г. спортист на Битола, Златна плакета од градоначалникот на Битола, најпопуларна личност во спортот од „Би­толски весник“, Тера ТВ и ТВ Орбис.

Крсте Крстевски (1940), спортист
Роден во Битола. Крстевски спаѓа во ре­дот на сестраните битолски спортисти со освоени бројни републички титули во повеќе спортски дисциплини. Најголема љубов му е фудбалот каде останува цели 52 години, како фудбалски судија од сите рангови и фудбалски делегат. Спортска­та кариера ја започнува во раната мла­дост, а во 1958 г., иако сосема случајно, го освојува првото место на првата ноќна трка во Прилеп на 1500 м. Потоа учеству­ва на сите ноќни трки во Битола, Штип, Скопје и Велес и е меѓу иницијаторите за формирање на Атлетскиот клуб „Олимпија“. Истата година станува член и на Македонската репрезентација, а на Купот на Републиката на 800 м. постиг­нува време што тогаш е незамисливо - 2, 02 секунди. Во 1963 г. со скршено рамо го освојува првото место на Републичкиот натпревар во Сарај - Скопје, на 400 м. со пречки.  Додека го отслужува воениот рок, настапува на бројни сеармиски првен­ства во поранешна Југославија. Во Сплит го освојува второто место на 5 000 м. Во 1959 г. Крстевски станува републички првак во бокс во лесна категорија, откако во финалето го совладува Садиков. Паралелно со овие два спорта Крстев­ски се занимава и со велосипедизам, учествувајќи на поголем број кросеви низ Македонија. Фудбалската кариера ја започнува во фудбалскиот клуб „Пелистер“ - Битола. Со фудбал се занимава од 1957 до 1964 година, а потоа целиот свој живот да го поминува како фудбалски судија и деле­гат. Во 1958 г. станува најмлад фудбал­ски судија на Југославија, а истовреме­но го положи и испитот за републички ракометен судија. Суди на над 100 нат­превари низ цела Југославија. Под него­ва контрола судиските испити ги поло­жуваат над 400 судии. Паралелно со ак­тивностите на теренот извршува и повеќе функции. Повеќе години е претседател на Судиската организација на Македонија, претседател на Стручниот совет на ФСМ, член на Судискиот одбор на ФСМ, це­ли 25 години е претседател на Судиската организација на ОФС. За своите активности добитник е на бројни признанија и награди меѓу кои и трофејната златна плакета на ФСЈ и ФСМ, како и признанија од СОФКА Би­тола и ОФС Битола.

Петар Милошевски (1973), фудбалер
Роден во Битола. Основното и средното образование го завршува во Битола. Ди­пломира на Факултетот за физичка култу­ра во Скопје во 1999 г. Со спорт почнува да се занимава од најрана возраст - со ак­тивно тренирање почнува на 10 години, а на 13 години го добива првиот повик за настап во Пионерската репрезентација на Југославија. Спортската кариера ја започ­нува во ФК „Пелистер“ - Битола, во 1990 г. Од 1994 до 1998 г. игра за ФК „Вардар“ - Скопје. Потоа заминува за Турција каде настапува за „Трабзонспор“ од 1998 до 2001 г. Во 2001 г. преминува во „Малатиа­спор“ каде останува до 2004 г. Во сезона­та 2004/05 г. се натпреварува за „Акчабат Себастспор“, а во 2005 г. преминува во „Еносис Неон Паралимни“ ФЦ (Кипар). Настапува за Јуниорската репрезентација на Југославија и одигрува 16 натпре­вари. За Фудбалската репрезентација на Македонија настапува 59 пати. Од позначајните успеси се издвојуваат: шампион на Македонија со ФК „Вар­дар“ 1994/95 г. и Куп на Македонија со ФК „Вардар“ 2004/05 г. Во април и мај 2010 г. во Дојран ја почнува тренерската едукација во Центарот за едукација на Фудбалската федерација на Македонија и се здобива со „Б“ лиценца за фудбалски тренер. Сега е директор на фудбалската репрезентација на Македонија.

Тони Мицевски (1970), фудбалер.
Роден во с.Поешево, битолско. Своите почетоци во фудбалот ги прави во родно­то место со ФК „Поешево“, каде настапу­ва од 1985 до 1987 г. Следните три години игра во ФК „Новаци“, а во 1991 г. доаѓа во ФК „Пелистер“ - Битола, каде останува до 1996 г. Во 1996 г. заминува во Германија каде со ФК „Ханза Росток“ настапува во Бундес лигата. Во Германија останува до 2005 г. Во тој период настапува за фудбалските клубови „Тенис Борусија“ (1998-2000), ФК „Енерџи Котбус“ (2000- 2002) и ФК „Оснабрик“ (2002-2005). Постојано настапува за Македонската репрезентација од осамостојувањето на Македонија, па сè до 2002 г. и има одигра­но 47 натпревари (со постигнати 4 гола), а последните пет години е капитен. Првиот натпревар за репрезентацијата го одиграл во Крањ - Словенија, со резултат од 1:4 за Македонија. Во периодот од јануари до јули 2000 г. настапува за „Победа“ - При­леп, која истата година го освојува Ку­пот на Македонија. Поседува тренерски лиценци А и Б. Во периодот од 2005 до 2008 г. работи како технички директор на ФК „Пелистер“ - Битола кога клубот го постигнува и најголемиот успех во свое­то постоење, освојувајќи го 3. место во Првата македонска лига и одигрува нат­превар во Купот на УЕФА со екипата на „Апоел“ - Кипар. Во 1994 г. Тони Мицев­ски е прогласен за најдобар спортист на Битола.


Оливера Наковска - Бикова (1974), параолимписки шампион
Родена 1974 г., во Битола. Со основно и средно образо­вание се стекнува во родниот град. Жи­вотот го минува во Битола, каде системно и многу професионално се подготвува за натпревари од светски карактер. Во 2001 г. во Данска станува шампионка на Евро­па во гаѓање со воздушен пиштол (златен медал). На Светскиот шампионат одржан во Сеул, со 562 круга, Наковска стану­ва најдобра во тричлениот состав кој го освои сребрениот медал. Наковска уче­ствува и на Параолимпијадата во Атина во 2004 г., каде го освојува шестото место на натрпеварот со воздушен пиштол. Во 2006 г. освојува многу видна награда - втора со воздушен пиштол во неверојатно силна конкуренција. На Светското првен­ство во Сарганс, Швајцарија, за само 0,1 круг не го освојува златниот медал, до­дека на Европскиот куп во Падова е прва со израмнет светски рекорд. Сето ова £ го носи првото место на светската ранг- листа во дисциплината воздушен пиштол. На Светското првенство во стрелаштво за спортисти со инвалидност во Загреб (2010), во дисциплината воздушен пиш­тол - жени, Оливера Наковска - Бикова во конкуренција од 26 натпреварувачки го освојува 3. место и бронзениот медал со резултат од 462, 4 круга (366 во осно­вен дел). Со тоа обезбедува настап на Параолимписките игри во Лондон во 2012 г. а во Лондон блесна со злато за Македонија со нов светски рекорд. НЕПОВТОРЛИВ РЕЗУЛТАТ.


Михаил Петровски (1949), гимнастичар
М. Петровски на гимнастиката и се по­светува во 1958 г. Набргу до израз доаѓа и неговиот врвен талент. Години со ред е доминантен во машката спортска гимна­стика, освојувајќи втори и трети места, а често закитувајќи се со титулата Репу­блички првак. Од 1968-1973 г. постојано е на врвот на македонската гимнастика. Слични резултати постигнува и на нат­преварите во партизанскиот повеќебој каде што редовно ги освојува првите и вторите места. М. Петровски учествува дури на три државни првенства: Бел­град, Лесковац и Винковци. Во 1972 г. како член на репрезентацијата учеству­ва на двомечот Полска-Македонија. На повеќе наврати во периодот од 1967-1972 г. е постојано на ранг-листата на десет­те најдобри спортисти. М. Петровски, покрај гимнастиката, се занимава и со други спортови. Во 1967 г. на Јуниорското републичко првенство во скок во далечи­на го освојува второто место; на Младин­ските спортски игри 1970 г. е прогласен за најдобар фудбалер, а во 1977 г. добитник е на високото признание Златна знач­ка. Од 1980 г. станува судија во ракомет, судејќи на над 700 натпревари. Од 1990 г. е контролор во Првата ракометна лига во Р Македонија.

Стефан Ролев (1865 - 1969), спор­тист.
Еден од најсестраните македонски спортисти на сите времиња и еден од најистакнатите педагози и дејци во об­ласта на физичката култура во Битола и Македонија. Бил учесник во Илинден­ското востание и во ослободителните борби на македонскиот народ од пои­линденскиот период. Често патувал по европските земји и САД, каде што добро се запознал со гимнастичките системи и спортот. Во 1908 г. во Битола го основал и раководел со гимнастичкото друштво „Пелистерски јунак“. Неговите членови носеле свои клупски униформи, се за­нимавале со строеви вежби, со вежби на подвижни справи и со многу спортски и културно-уметнички активности. Че­сто приредувале јавни настапи во Бито­ла. Бил нарекуван „Железниот Ролев“, бидејќи поседувал извонредни физички предиспозиции и се занимавал со многу спортови: гимнастика, акробатика, атле­тика, дигање товар, пеливанство, бокс, велосипедизам, мотоциклизам и плани­нарство. Во Битола, уште во времето на младотурскиот режим го организирал првиот бокс-меч, а организирал и егзи­биции на велосипеди и мотоцикли и ма­совни планинарски походи на Пелистер. Починал во Битола во 1969 г. на 104-го­дишна возраст.

Љупчо Спирковски (1950), спортист
Роден во Битола. Уште од најраното детство најголемиот дел од своето време го поминува на Пелистер. Првиот натпревар го има во 1960 г., на десетгодишна возраст. Првите успеси ги бележи во пионерска и младинска конкуренција, зголемувајќи ја желбата за докажување и натпреварување. Член е на Младинската репрезентација на Југославија на Олимписките игри во Гренобл (Франција) во 1968 г. Во 1973 г. на Државното првенство на Југославија во Маврово го освојува шестото место во алпска комбинација. Во 1974 г. избран е за спортист на Битола, а 12 пати е на листата на најдобри спортисти. Титулите државен првак се составен дел од неговата спортска кариера, како и многу победи на тримечи со Србија и Црна Гора. Како резултат за вложениот труд и постигнатите резултати на снежните патеки, во 1984 г. го носи Олимпиското знаме на отворањето на Зимските олимписките игри во Сараево. Во 1985 г. ја завршува активната спортска кариера и започнува да го пренесува своето знаење и искуство на младите скијачи. Како претседател на ски-клубот „Пелистер“ и претседател на Скијачкиот сојуз на Македонија, ја добива „4 Ноемвриската награда“ на Битола за придонес во областа на спортот во Битола. Како потпретседател на Скијачката федерација на Македонија ја води македонската селекција на Зимските олимписки игри во Торино, 2006 г. Сè уште е активен спортски работник, актуелен претседател на Скијачкиот клуб „Пелистер“ и потпретседател на Скијачката федерација на Македонија.

Стевче Стефановски (1959), селектор, ракометар и голман
Љубовта кон ракометот датира од неговото најрано детство. Од 1973 до 1985 г. е играч на РК „Пелистер“ - Битола, во втората и првата југословенска лига. Од 1985 до 1986 г. е играч на РК „Тутунски комбинат“ - Прилеп, кога е освоено третото место во втората југословенска лига. Од 1986 до1988 г. голман е на РК „Борец“ - Велес, освоено трето место во Втора југословенска лига, прогласен за најдобар голман во втората југословенска лига - Југ и награда за спортист на Велес. Во сезоната 1988 - 1989 г. ги брани боите на РК „Ловќен“ - Цетиње, Црна Гора кога го освојуваат полуфиналето на Купот на Југославија, 4. место како и плејоф на Југославија. Од 1989 - 1998 г. ангажиран е како голман на РК „Пелистер“ - Битола, со освоено финале на Куп на Југославија и во 1990 г. прогласен е за петти голман во Југославија. Во РМ четирипати е прогласен за шампион на РМ, 3 пати победник на КУП на Македонија. Во 1995 г. полуфинале на КУП на национални КУП победници на Европа (Лемго - Германија). За Македонската репрезентација, од нејзиното формирање во Битола во 1992 г., односно од првиот официјален меѓународен натпревар (турнир во Орадеа - Романија), па сè до 1998 г., има околу 100 настапи. Учесник  е на Европското ракометно првенство во Италија во 1998 г. (прво учество на европски првенства на репрезентацијата на Македонија).  Тренер е на РК „Пелистер“ - Битола. Ангажиран е како селектор на РМ од август 1998 до декември 1999 г. Квалификации за Светското првенство во Египет, турнир во Хрватска, Пула 1999, турнир во Тунис 1999, учество на Светското првенство во Каиро, Египет 1999 г. и Бараж натпревар со Исланд за ЕП 2000 г. Има интернационална тренерска кариера во Катар (2000-2001). Од 2001 - 2002 г. е тренер на РК „Пелистер“, освоено финале на Челенџ куп на Европа (Скјерн - Данска), прво финале на машка ракометна екипа и сè уште единствено. Финале на Плејоф на Македонија и финале на КУП на Македонија. Има добиено многу награди. Четирипати е избран во десетте најдобри спортисти на град Битола, во 1995 г. избран е за најдобар спортист на град Битола, избран во десетте најдобри спортисти во РМ, во 1995 г., најдобар голман во втората југословенска лига - ЈУГ 1998 г., неколкупати прогласуван за најдобар голман на РМ. Има добиено Златна плакета од Ракометната федерација на Македонија и Златна плакета од РК „Рајан спорт клуб - Катар“ од Катар. Во натпреварувачката сезона 2009/2010 г. тренер е на РК „Пелистер“ - Битола. Освоено трето место на Националниот шампионат, а со самото тоа по подолг период обезбедено е учество во второто по квалитет европско натпреварување - Куп на ЕХФ.

Митко Стојковски (1972), фудбалер
Роден во Битола. Своите почетоци во фудбалот ги прави во ФК „Пелистер“ - Битола, каде настапува од 1989 -1991 г., период кога Пелистер влегува во Првата сојузна фудбалска лига на Југославија. Во 1991 г. заминува за Белград, каде за ФК „Црвена Ѕвезда“ настапува до 1995 г. Во тој период освојува 2 титули - првак на Југославија и 2 куп титули. Од 1997 до 2000 г. член е на ФК „Реал Овиедо“ кој се натпреварува во првата шпанска лига - Примера. Од 1997 до 2000 г. ги брани боите на ФК „Штутгарт“ и постигнуваат голем успех влегувајќи во финалето на Купот на куповите на Европа. Во својата активна фудбалска кариера Митко Стојковски ги поминува сите младински селекции на Југославија, а од осамостојувањето на Р Македонија, па до 1998 г. 26 пати настапува за Репрезентацијата на Македонија и постигнува 5 гола. Во периодот од 2005 до 2008 г. работи како спортски директор во ФК „Пелистер“, период кога ФК „Пелистер“ успешно се враќа во првата лига и се пласира за учество во Купот на УЕФА.

Боне Трајковски (1936 - 1982), ракометар
Во Ракометниот клуб „Пелистер“ е од неговото формирање, во 1959 г. и истата година се натпреварува во Републичката лига. Во 1960 г. лигата се расформира и се формираат три потсојузи. Истата година се формира Втората сојузна лига на Југославија во која преку квалификации во Зрењанин, „Пелистер“ станува член на лигата, што е првпат екипа од Битола да има претставник на сојузен ранг. За овој успех на Битолскиот клуб, еден од најзаслужните е голманот Боне Трајковски. За жал, Втората сојузна лига се расформира и „Пелистер“ повторно игра во Републичката лига, заедно со РК „Работник“. Во 1967 г. двете екипи се здружуваат под заедничко име РК „Пелагонија“, кој четири години по ред е првак на Републичката лига. Во 1971 г. екипата постигнува голем успех, го освојува првото место во лигата и за првпат Битола добива свој претставник во Првата сојузна лига. Еден од поистакнатите играчи заслужни за таквиот успех е голманот Боне Трајковски, кој за целото негово активно учество во спортот претставува пример за тоа како еден спортист треба да живее и да се однесува.

Ѓорѓи Христов  (1976), фудбалер
Роден во Битола. Македонски професионален фудбалер, еден од најдобрите фудбалери што ги имала Македонија. Својата фудбалска кариера ја започнува во родниот град каде од 1992 до 1994 г. игра за „Пелистер“. Во 1994 г. со само 18 години битолскиот талент заминува во Белград во ФК „Партизан“, каде за три сезони играње постигнува 21 погодок. Одличните настапи и завидната ефикасност кај „црно-белите“, му даваат виза за да замине во тогашниот англиски прволигаш „Барнсли“ каде, исто така, останува три години. Од Англија во 1998 г. заминува во Холандија каде со прекини игра пет сезони. Три години во НЕК Нијмеген, па една во „Ѕволе“ и во „Ден Бош“. Периодот поминат во Холандија му е доста успешен, со постигнати вкупно 27 гола. Во меѓувреме, по половина сезона настапува во „Данфермлајн“ (Шкотска), „Дебрецен“ (Унгарија), „Хапоел Назарет“ (Израел), „Олимпијакос“ (Кипар), „Баку“ (Азербејџан) и „Јиваскилан“ (Финска). Многу успешно настапува и за репрезентацијата на Македонија. Во периодот од 1995 до 2005 г. има одиграно 49 натпревари со постигнати 17 гола и повеќе од 11 години е најдобриот репрезентативен стрелец на Македонската репрезентација.

Марија Чурлевска - Џидрова (1943), ракометарка
Со ракомет почнува да се занимава уште во најраната младост. Активна ракометарка е сè до 1964 г., кога го одигрува последниот натпревар за Ракометниот клуб „Пелистер“. Во единаесетгодишната ракометна кариера освојува бројни признанија и награди, а повеќепати е прогласувана за спортист на Македонија. По завршувањето на играчката кариера не се откажува од ракометот. Станува тренер и години со ред го пренесува искуството на младите ракометни надежи, стекнато во бројните натпревари за битолските екипи и Репрезентацијата на Македонија.
Носител е на Сребрена плакета на РФМ по повод десетгодишнината на ракометот во Македонија. Слични награди добива и по повод одбележувањето на дваесетгодишнината и триесетгодишнината на ракометот во Македонија. Освен ракометарка, е и една од најдобрите кошаркарки на Битола. Во периодот од ’50 до ’60 години практично се занимава и со сите други спортови. Битолските новинари ја нарекуваат прва дама на ракометот во Битола, прав виртуоз, човек исклучително надарен за сите спортски дисциплини.

Билјана Чурлевска - Маневска (1966), ракометарка.
Родена во Битола. Истакната ракометна репрезентативка, позната во Македонија и Југославија. Со ракомет започнува да се занимава уште на десетгодишна возраст, а веќе на тринаесетгодишна возраст ги игра и првите натпревари за првиот тим на екипата на „Пелистер“. Како член на Младинската ракометна репрезентација на Македонија има освоено повеќе награди и први места, и речиси на сите е прогласувана за најдобар играч или стрелец на турнирите во Словенија, Хрватска и Македонија. Од 1976 до 1985 година со Ракометниот клуб „Пелистер“ освојува многу турнири и првенства како играч со најголем просек - 14 гола по натпревар. На седумнаесетгодишна возраст потпишува за ДИН во Ниш, каде после турнирот во Зајечар како најдобар играч, заминува во РК „Работнички“ - Белград. Со нив игра на многу турнири, натпревари и меѓународни натпревари каде со Ракометната репрезентација - јуниорки го освојува златниот медал на Балканското првенство и е прогласена за најдобар стрелец. Поради повреда не патува на Олимпијадата во Сеул. По враќањето од Белград повторно му се враќа на стариот клуб „Пелистер“, сè до 1987/88 г. кога настапува за „Млаз“ - Богданци. Набрзо после породувањето се враќа на ракометните терени во 1990 год. со екипата на „Тутунски комбинат“ - Прилеп, и е првата жена која после породување му се враќа на ракометот. Потоа следат настапите од 1993-1994 г. за РК „Копачка“ - Кичево, 1994-1995 г. повторно во РК „Пелистер“ - Битола, 1995-1996 г. за РК „Кометал“ - Скопје со кои освојува куп и првенства, па пак во РК „Пелистер-Тат“ со кои го освојува 2. место на Р Македонија и Купот на Македонија, со што си обезбедува пласман за Европското првенство. Има играно и во клубови во Грција и тоа од 1998-2002 г. во „Етникос“ - Козани, каде повторно е прогласена за најдобар стрелец на лигата, 2001-2004 год. во „Аминтас“ - Аминтео и 2004-2005 год. „Филотас“ - Филота кој е и нејзин последен клуб, кога поради повреда престанува професионално да се занимава со ракомет.  Во 1988 год. добива Плакета за придонес во ракометот, а како играч на „Пелистер“ осумпати се наоѓа на листата на десетте најдобри спортисти на Битола. Од 2007 год. работи како тренер на Ракометната пионерска школа низ која поминаа многу наши сегашни ракометари и ракометарки. Со Чурлевска, како тренер, го освојуваат второто место во Фонко-лигата на Р Македонија (сребрен медал) и добива Диплома за успешна тренерска работа во категоријата кадети.  Денес работи како ракометен тренер во ПРШ Битола за пионери и пионерки (најмлада категорија).

Боро Чурлевски (1965), ракометар
Роден во Битола. Еден од најдобрите ракометари на Македонија и поранешна Југославија. Кариерата ја започнува во РК „Пелистер“ во 1984 г. Со екипата на „Пелистер“ 3 пати ја освојуваат вицешампионската титула на Југославија. Играчката кариера ја поминува во 1984 - 1990 г. „Пелистер“ - Битола, 1988 г. во „Црвенка“ (СЦГ), 1991/92 г. во „Тутунски комбинат“ Прилеп (1. место во Втората ракометна лига на Југославија), 1992/93 г. во „Борец“ - Велес, освоен Куп на Македонија, 1994/99 г. во „Пелистер“ - Битола, освоени 4 првенства, 4 Купа на Македонија, полуфинале во ЕХФ Купот против Лемго, 1988 г. во „Бањик“ - Чешка, освоено второ место во првенството на Чешка, 1999/00 г. во „Килкис“ - Грција, освоено второ место во првенството на Грција, 2000/01 г. во „Ловќен“ - Цетиње.  Има одиграно многу натпревари за Националниот тим на поранешна Југославија, освојувајќи бронзен медал на Светското првенство во Романија.  Многупати е прогласуван за најдобар играч: Меѓународен турнир - Добој 1996/97 г., Струга 1994/96 г., Меѓународен турнир - Лесковац 2000 г., најдобар стрелец во 1989 г. во Светозарево и 1992 г. во Струга. Тренерска кариера: 2001/02 г. во „Килкис“ - Грција (4. место во првенството на Грција и четвртфинале во Челинџ-купот), 2002/03 г. во „Пелистер“ - Битола (ЕХФ Куп), 2003 г. во „Југ“ - Скопје (4. место во првенството на Македонија), 2004 г. Приштина, 2005 г. во „Кастриоти“ - Урошевац (освоен Куп на Косово), 2005 г. во „Беса“ - Пеќ (учество во ЕХФ Куп).


-          Неџат Хусеин (фудбал)
-          Љубомир Крстевски (фудбалски судија)
-          Абдула Јусуфовски (ракомет)
-          Димитар Богоевски (кошарка)
-          Цане Крстевски (ракомет)
-          Пепи Упалевски (фудбал)
-          Благоја Китановски (фудбал)
-          Ѓорѓи Марковски (скијање)
-          Иван Марковски (ракомет)
-          Наум Љамчевски (фудбал)
-          Горан Пановски (мото-крос)
-          Звонко Шундовски (ракомет)
-          Пепи Ѓорѓиевски (фудбал)
-          Томче Трајановски (фудбал)
-          Мате Шундовски (навивач)
-          Мирјета Бајрамовска (ракомет)
-          Кристијан Илиевски (мото-крос)
-          Атанас Смилков Кенан (навивач)
-          Дејви Главевски (фудбалер)
-          Тони Савевски (фудбалер)
-          Николче Новевски (фудбалер)
-          Горан Ставревски (фудбалер)
-          Димче Миновски (спортски новинар)
       Гордана Цветковска Бошевска (кик-бокс)

-          Тони Бошевски (кик-бокс)
З    Зоран Лазаревски Паљо (боди-билдинг)
      Цане Георгиевски (боксерски судија)
      Томе Димитровски (фудбал)

ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА - СПОРТ
Составувачи:
Науме Ѓоргиевски
Анета Стефановска
Светлана Талеска
Ленче Андоновска
Благој Николов
Гордана Пешевска

Нема коментара:

Постави коментар