Powered By Blogger

9. 10. 2014.

Дали по фудбалот и РК Пелистер ќе биде соодветно згрижен?

РК ПЕЛИСТЕР ОДИ ПО СТАПКИТЕ НА ФУДБАЛСКИОТ КЛУБ ОКОЛУ ПРОДАЖБАТА
Големиот интерес и позитивните вибрации од вчерашната прес-конференција на која беше официјализирана продажбата на ФК Пелистер од страна на битолската компанија „Цермат„ покажуваат дека на Битола многу му значи првиот направен чекор. Но сега на дневен ред чека реализацијата на продажбата на РК Пелистер.
Градоначалниокот на Битола, Владимир Талески само најави за краток период нова прес-конференција која треба да го означи комплетирањето на веќе започнатата трансформација во акционерско друштво со три акционери: општина Битола со 30%, Цермат и ГП Пелистер со по 35%. Освен започнатиот процес ништо друго не се знае, а клубот треба да живее и во периодот кога секој викенд игра мечеви од ВИП Суперлигата. Така екипата на Николовски полна со голобради момчиња од младинската школа на клубот, ги загуби првите три средби и нестрпливо го чека наредниот меч во Битола со штипски Текстилец, за да ја забележи првата победа. Во меѓувреме веќе две недели нема сертификат за црногорските засилувања, ниту пари за десен бек кој му е неопходен на клубот. Наскоро се очекува назначување на бордот на директори и раководни тела на клубот „финанскиска инјекција„ и план за издигање на трофејниот клуб. Времето не им е сојузник на битолчани, бидејќи првиот дел од шампионатот брзо ќе мине, а Пелистер ризикува прв пат откако се игра во овој формат да не влезе во Суперлигата од шест тима кои на пролет наредната година ќе се борат за титулата. 

Нема коментара:

Постави коментар