Powered By Blogger

10. 3. 2014.

Каков е „црниот билтен„ на „вечното дерби„

РЕГИСТРИРАНИ НЕКОЛКУ ИНЦИДЕНТИ ПРЕД И ПО „ВЕЧНОТО ДЕРБИ„
И кога помисливме дека „вечното дерби„ мина без инциденти, изваден е „црниот билтен„ пак со инциденти и немири. Навивачката група „Чкембари“ направила инцидент при заминувањето од Скопје кон Битола.
Фановите на Пелистер вечерва околу 20 часот се симнале од возот на станицата во населбата Лисиче и уништиле дел од околината.  Како што информира порталот „Press 24“ од полициски извори, инцидентот се случил во населбата Лисиче. Кога возот застанал, поголема група „Чкембари“ излегле и со разни предмети почнале да фрлаат кон паркираните возила на улицата „Мите Богоевски“ и на булевар „Србија“, при што оштетиле неколку приватни автомобили и неколку куќи. Полицијата е на терен, а ситуацијата брзо е ставена под контрола. На враќање кон Битола возот на битолчани бил каменуван кај Драчево, без посериозни повреди со неколку искршени прозорци и страв меѓу присутните навивачи.

Нема коментара:

Постави коментар