Powered By Blogger

4. 3. 2014.

Печалов: „Двајца кошаркари прават предавство„


НА ПОВИДОК Е НОВ СЛУЧАЈ ВО БИТОЛСКИОТ КОШАРКАРСКИ КЛУБ
По повод последната изјава на кошаркарот на Пелистер Гоце Анакиевски околу неможноста да реализира трансфер заради неговиот клуб, од КК Пелистер денес пристигна демант во името на единствениот акционер на клубот општина Битола и тренерот на екипата Благој Печалов.
Тие комплетно негираат за се што изнесе во јавноста кошаркарот и се децидни дека се исполнети барањата и кон Анакиевски и кон Вукасовиќ: „Можам да зборувам во името на акционерот на клубот, бидејќи оваа не е мој клуб и мора во интерес на нашите сопственици и навивачи да ја искажеме вистината. Не е точно дека не се исполнети барањата кон двајцата кошаркари Гоце Анакиевски и Никола Вујасовиќ. Напротив можам да ви потврдам дека скоро се од она што им е ветено, е и реализирано. Нивното барање сега да го напуштат клубот за мене е големо предавство. Посебно ако имаат намера да заминат во наш директен конкурент за опстанок. Ние се консолидиравме, сега со доаѓањето на Мико Голубовиќ играме и се подобро и верувам дека не сме го кажале последниот збор во овој шампионат„ вели тренерот Благој Печалов. Неофицијалните информации велат дека конкурентниот Карпош Соколи испратил понуда за Вукасовиќ и Анакиевски и има намера да ги ангажира. Но Печалов вели дека тој не може да одлучи и дека управниот одбор и општина Битола треба да се произнесат околу заминувањето на кошаркарите.

Нема коментара:

Постави коментар