Powered By Blogger

30. 10. 2015.

Откажаа повредените Јоноски и Миркуловски, за турнирот во Умаг повикан и Дрогришки

НОВИТЕ ОТКАЖУВАЊА И ПОВРЕДИ ВО НАЦИОНАЛНИОТ ДРЕС МУ ЈА ОТВОРИЈА ВРАТАТА НА СТЕФАН ДРОГРИШКИ
На меѓународниот турнир во Хрватска на кој Македонија ќе учествува идната недела, ќе мора да се соочи со нови откажувања и нови дополнителни повикувања. Поради повреди турнирот во Умаг наредниот викенд  ќе го пропуштат интернационалците Филип Миркуловски и Ацо Јоноски.

Манојловски обезбеди медал, битолските кик-боксери сопрени во четвртфиналето

ПОРАЗИ ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕТО И ПОКРАЈ ДОБРИТЕ БОРБИ ЗА ДВАТА БИТОЛСКИ КИКБОКСЕРИ НА МУНДИЈАЛОТ ВО СРБИЈА
Ненад Манојловски обезбеди пласман во четвртфиналето на третиот ден на Светското првенство во кик бокс кое се одржува во Белград. Манојловски во категоријата до 69 килограми кик лајт успеа ефектно да го победи Сачин Сарма од Велика Британија.

Отпорот на Пелистер само половина полувреме, бодовите очекувано за Металург

УЧЕСНИКОТ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ ПРЕСИЛЕН ЗА ПЕЛИСТЕРЦИ 
Пелистер - Металург 19:27 (8:11)

Спортска сала „Младост“ - Битола. Гледачи: 1.500
Судии: Дејан и Димитар Ѓорѓиевски (Скопје)

Пелистер го допре дното: Пораз во Радовиш и ново тонење на табелата

ПЕЛИСТЕР ПОРАЗЕН И НА ГОСТУВАЊЕТО ВО РАДОВИШ
Радовиш - Пелистер 26:25 (13:8)

Битолски Пелистер се врати од бездната и донесе неизвесност на дуелот со Радовиш, но во последната секунда домаќините преку Миле Ордев постигнаа гол за триумф од 26:25 (13:8) во меч од 7 коло на машката ракометна Супер лига. Со овој триумф Радовиш е на делба на 6 место со екипата на Пролет, со по 9 бода, додека Пелистер останува на претпоследното место со само три бода.

21. 10. 2015.

Вардар пак пресилен, Пелистер елиминиран од Купот

ШАМПИОНОТ И ВО РЕВАНШОТ ПОДОБАР ОД ПОДМЛАДЕНИОТ ПЕЛИСТЕР ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО НА КУПОТ
Куп на Македонија - Осминафинала (реванш) 
Пелистер - Вардар 0:2 (0:2)

Стадион „Гоце Делчев“ - Прилеп. Гледачи: 500
Главен судија: Горан Спиркоски  
Асистенти: Зоран Костоски и Марјан Смилкоски (сите од Прилеп)
Стрелци: Трајковски во 28 (автогол) и Стојков во 40 (пенал) за Вардар
Жолти и црвени картони: нема

20. 10. 2015.

Тежок ривал и трнлив пат го чека Шундовски до групната фаза на ЕХФ Купот

НЕЗГОДНА ЖДРЕПКА ЗА БИТОЛСКИОТ СТРУЧЊАК НА КЛУПАТА НА БУКУРЕШТ
Звонко Шундовски и ЦСМ Букурешт ќе се соочат со Фригорификос Морасо од Шпанија во плеј-офот за пласман во групната фаза на ЕХФ Купот. Победниците од овие двомечи ќе се пласираат во групната фаза од Купот на ЕХФ. Натпреварите се играат на 21/22 ноември и една недела подоцна.

15. 10. 2015.

ХЈС Работник в недела ја потврдува вредноста и амбициите

АКО НЕ МУ ОДИ НА ПЕЛИСТЕР ВО СУПЕР ЛИГАТА, ТОГАШ ХЈС РАБОТНИК БЛЕСКА ВО ПРВАТА ЛИГА
Првите кола од Првата ракометна лига потврдија дека младиот битолски клуб ХЈС Работник има големи планови и амбиции во својата втора сезона во второто по ранг натпреварување во нашата земја. Серијата на победи на домашен и гостински терен го лансираат тимот на Зарков и Марковски како најголем кандидат за промоцијата во Супер лигата.

Двајца битолчани на списокот на Обрван: Дебитира Кузмановски

ЕДНО ГОЛЕМО ИЗНЕНАДУВАЊЕ НА СПИСОКОТ НА ОБРВАН ЗА ТУРНИРОТ ВО НОЕМВРИ ВО ХРВАТСКА 
Репрезентацијата на Македонија во рамките на ЕХФ неделата ќе настапи на турнир во хрватскиот град Умаг, како дел од подготовките за настап на европското првенство во Полска. Турнирот ќе се игра во периодот од 6 до 8 ноември, на кој покрај Македонија и домаќинот Хрватска, ќе настапи и Црна Гора. Според предвидениот распоред, нашата селекција своите средби ќе ги игра во петок и во сабота. Обрван го објави списокот од 18 ракометари на кои смета за ЕХФ неделата:

14. 10. 2015.

Пелистер продолжува да се засилува: Уште двајца повратници го засилија тимот

НОВ КРУЖЕН НАПАЃАЧ И НОВО ДЕСНО КРИЛО АНГАЖИРАШЕ БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР ВО ТЕКОТ НА ДЕНЕШНИОТ ДЕН
И покрај негативниот старт со четири порази од првите пет натпревари, битолски Пелистер продолжува да се засилува во обид да ја подобри својата позиција до крајот на есенскиот дел од Супер лигата. Од денес Пелистер е посилен за уште двајца повратници. Васко Димитровски по три месеци минати во унгарскиот нов прволигаш Егер Ежтеражи, се одлучи да се врати во својот матичен клуб.

11. 10. 2015.

Караиванов го втурна Пелистер во криза

ПРОДОЛЖУВААТ НЕУСПЕСИТЕ НА РК ПЕЛИСТЕР НА ПОЧЕТОКОТ НА СЕЗОНАТА
Охрид - Пелистер 22:21 (9:7)

Охрид:
Пецаков, Костески, (Колев 13 одбрани), Караиванов 8, Павловиќ 6, Андоновски, Кежиќ 2, Хогас 5, Белевски, Трифуноски, Тасески, Печенковски, Новаковиќ, Вражалица 1.

Пелистер:
Даниловски, (Арсиќ 11 одбрани), Крстески, Велјаноски 1, Ивановски, Гинов 1, Дрогришки 6, Митрески, Чачиќ 6, Николиќ 2, Тодоровски, Топиќ 3, Маркудов, Стојаноски, Георгиевски, Рајатовски 1.

7. 10. 2015.

Пелистер се одби од дефанзивниот блок на Работнички

ПРВ ДОМАШЕН ПОРАЗ НА НОВИОТ ПЕЛИСТЕР ВО СУПЕР ЛИГАТА
Пелистер - Работнички 16:20 (10:10)

Спортска сала „Младост“ - Битола. Гледачи: 1500
Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски (Скопје)

Академијата “ЗА НЕД ДО” патува на Мундијалот во Германија

НА ПОВИДОК НОВА ЖЕТВА НА МЕДАЛИ ЗА АКАДЕМИЈАТА ЗА БОРЕЧКИ ВЕШТИНИ „ЗА НЕД ДО“ ОД БИТОЛА
По селективниот турнир кој се одржа кон почетокот на летото на кој зедоа учество над 100 натпреварувачи  во сите категории и дисциплини, Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” од Битола ја направи својата селекција од најдобрите за оваа 2015 година кои ќе ја претставуваат WFMC Македонија на светското првенство.

4. 10. 2015.

Недановски носи полн плен од Железарница

НОВ БЛЕСОК НА МЛАДИОТ НАПАЃАЧ И ГОЛЕМИ ТРИ БОДА ЗА ПЕЛИСТЕРЦИ ОД ГОСТУВАЊЕТО КАЈ СКОПЈЕ
Втора фудбалска лига - 7 - коло
Скопје - Пелистер 0:1 (0:0)

Стадион на Железарница - Скопје. Гледачи: 100
Главен судија: Ристе Сејменов (Струмица)
Асистенти: Горан Манасиев (Велес) и Ѓорѓи Карајанов (Гевгелија)
Делегат: Зоран Јовановиќ (Валандово)
Стрелци: Недановски во 61 минута за Пелистер
Жолти картони: Трипуновски (Скопје), Трајковски, Мирчевски (Пелистер)
Црвени картони: нема

Пулените на Манасков го приземјија новиот Пелистер

ВТОР ГОСТИНСКИ ПОРАЗ ЗА ВОЗОБНОВЕНИОТ ПЕЛИСТЕР ВО СУПЕР ЛИГАТА
Вардар Јуниор - Пелистер 24:23 (13:12)

Спортска сала „СРЦ Кале„ - Скопје. Гледачи: 200
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски (Скопје)

2. 10. 2015.

Талевска и Петлеска се справија со Ѓорче

ПО ПОРАЗОТ ВО СКОПЈЕ, РАКОМЕТАРКИТЕ НА ПЕЛИСТЕР СЛАВЕА ПРОТИВ ЃОРЧЕ ПРЕД СВОИТЕ ГЛЕДАЧИ
Пелистер - Ѓорче 26:17 (12:9)

Спортска сала „Младост“ - Битола. Гледачи: 100
Судии: Никола Пауноски и Оливер Спироски (Струга)

Само еден битолчанец на поширокиот список на Обрван

ПОЗНАТИ АДУТИТЕ НА ОБРВАН ЗА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ПОЛСКА
Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Ивица Обрван, го објави прелиминарниот список од 28 ракометари за Европското првенство што ќе се одржи во Полска на почетокот на 2016 година. Според правилата и регулативите на ЕХФ, списокот и натаму може да подлежи на промени, заклучно со 12 декември, кога е краен рок за објавување на конечниот список. На списокот на Обрван се наоѓаат следните ракометари: 

1. 10. 2015.

Пелистер лесен залак за забревтаниот Вардар и во Купот

БЕЗ ИЗНЕНАДУВАЊА ВО ПРВИТЕ МЕЧЕВИ ОД ОСМИНАФИНАЛЕТО НА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА
Фаворитите забележаа сигурни победи во првите осминафинални натпревари во фудбалскиот Куп на Македонија и речиси обезбедија пласман во наредната рунда. Најпривлечниот натпревар го одиграа вечните ривали Вардар и Пелистер кој заврши со сигурна победа на „црвено-црните„ од 4:1.