Powered By Blogger

23. 3. 2014.

Цапар ремизира и мисли на Купот на Србија

ИГРААТ ЗА ПРВЕНСТВЕНИ БОДОВИ, А МИСЛАТ НА КУПОТ НА СРБИЈА
Во дуелот од 20 коло во нашето северно соседство помеѓу Спартак Златибор вода на Драган Канатларовски и Јагодина повторно немаше победник и мечот заврши 1:1.
Со голот на Леповиќ во 60 минута гостите поведоа со 0:1, а екипата на нашиот бивш селектор израмни шест минути подоцна со голот на Милиќ. Ова е четврто последователно реми за Спартак во пролетниот дел, со што со 4 бода од можните 15 во вториот дел од српската Јелен Супер лига, тимот на популарниот Цапар падна на деветтото место со 25 бода. Но најважниот меч во сезоната Спартак го игра во среда од 18 часот во Нови Сад против Војводина во рамките на полуфиналето на Купот на Србија. 

Нема коментара:

Постави коментар