15.03.2014.

Трето последователно реми за Цапар и Спартак

БИТОЛСКИОТ СТРУЧЊАК КАКО ДА СЕ СПЕЦИЈАЛИЗИРА ЗА НЕРЕШЕНИ РЕЗУЛТАТИ
Фудбалерите на Спартак Златибар Вода од Суботица, каде тренер е македонскиот стручњак Драган Канатларовски, како да се специјализираа за нерешени исходи.
Трет пат по ред го делат пленот оваа пролет, а бодот кој го носат од Ивањица не му носи голем напредок на првенствената табела (0:0). Иако имаа свои шанси преки Илиќ и резервистот Мезеи во финишот, фудбалерите на Канатларовски не успеаа да ја втурнат топлата во мрежата на Јавор. По ова 19 коло Спартак е на деветтото место со 24 бода и наредниот викенд ја дочекува Јагодина во Суботица. 

Нема коментара:

Постави коментар