Powered By Blogger

4. 3. 2014.

Ристевски на теренот по повеќе од 270 дена

ЕДИНСТВЕНА ДОБРА ВЕСТ ЗА ПЕЛИСТЕРЦИ ВО ПОРАЗОТ ОД ДЕБАРМААЛЦИ Е ВРАЌАЊЕТО НА КАПИТЕНОТ
На 30 мај минатата година капитенот на Пелистер, 31 годишниот Димче Ристевски дозна дека повредата на мечот во Гостивар помеѓу Шкендија и Пелистер, кој битолчани го добија со 1:0, го чинеше скината ахилова тетива.
Веднаш беше опериран и започна долгиот процес на рекуперација. Овие подготовки Ристевски ги стартуваше од самиот почеток и ги одработи одлично, без болки и со многу ентузијазам. На неколку контролни натпревари добиваше солидна минутажа, а постигна и еден гол. Во последните 8 минути од мечот со Работнички, кога победникот и исходот беше познат, тренерот Драган Бочески го внесе во игра. Тоа за Ристевски беше прв официјален меч оваа сезона и враќање во меч за бодови по нешто повеќе од 9 месеци. Целта е сега Ристевски да фати натпреварувачки ритам и подеднакво како и останатите фудбалери за врска да конкурира за стартниот тим на Пелистер. Најважно е што повредата ја остави зад себе и Ристевски е подготвен да продолжи онаму каде што застана минатата година.  

Нема коментара:

Постави коментар