Powered By Blogger

26. 3. 2014.

Пелистер од Кичево го гледа врвот

ТРЕТА ПОСЛЕДОВАТЕЛНА ПРОЛЕТНА ПОБЕДА ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР
Прва фудбалска лига - 24 коло
Напредок - Пелистер 1:3 (0:1)

Градски стадион во Кичево. Гледачи: 1000
Главен судија: Димитар Мечкаровски
Асистенти: Дејан Неделковски и Гоце Петревски (сите од Скопје)
Делегат: Боби Стефковски (Скопје)
Стрелци: Балажи во 88 минута од пенал за Напредок, а Воденичаров во 40 и 53 и Љамчевски во 68 минута за Пелистер
Жолти картони: Вељаноски, Асани (Напредок), Христов, Драгарски, Брдаровски, Ковачев (Пелистер)
Црвени картони: нема

Напредок:
Зердески, Велјаноски, К. Степановски, Балажи, Вренцоски, Мојсовски (од 85м. Димовски), Зекири, Асани, Стојковски (од 57м. Лазаревски), Наумоски, Михајлоски (од 57м. Дуков)

Пелистер:
Пашовски, Брдаровски, Драгарски, Ковачев, Миленковски, Христов, Мојсов (од 64м. Анастасов), Љамчевски, Елмазовски, Љубенов (од 71м. Мустафов), Воденичаров (од 77м. Марковски)

Играч на натпреварот: Љубомир Љубенов (Пелистер) 
            По одлични временски услови, само што престана на врне во Кичево, Пелистер со најсилниот тим се обидуваше да го разбие малерот од гостувањата на теренот на Напредок. Домаќините ранливи и хендикепирани без повредениот Менде Степановски и казнените Коњарски, Најдоски и Трајкоски играа повлечено. Во 13 минута по корнерот на Елмазовски, битолчани ја имаа првата закана, но Љубенов и Воденичаров не го најдоа патот до мрежата на Зердески. Пет минути подоцна по корнерот на Љубенов, голема шанса имаше Христијан Драгарски, кој со глава го годеше спротивниот агол, но за малку топката заврши крај дирекот. Точно на половина од првиот дел, домашниот голман Зердески спаси сигурен гол, откако му ја симна топката на Воденичатов, кога овој требаше само да ја втурне во празната мрежа. И Христов во 24 и Ковачев со глава во 28 минута се обидоа, но како да беше маѓепсана кичевската мрежа. Првата закана на сино-белите беше млакиот шут на Зекири, а во финишот се обиде и Вренцоски, но шутираше високо над голот. Емоциите кулминираа во 39 и 40 минута. Најнапред по акцијата на Љубенов, топката околу пеналтикот стигна до Елмазовски, кој антиципираше пред Боби Вељаноски, кој го сруши пред очите на судијата Мечкаровски. Најстрога казна на битолчани и шанса за Воденичаров. Но ударот на бугарскиот напаѓач, го одбрани Зердески, со парада исфрлајќи ја топката во корнер. По корнерот кој следеше, Љубенов убаво центрираше, Димитар Виденичаров високо скокна и од 5-6 метри со глава ја закова топката во мрежата на Напредок. Пелистер ја искористи далеку подобрата игра во првото полувреме. Во последната минута од првиот дел, втора најстрога казна за зелените. Мечкаровски го виде прекршокот на Асани врз Мојсов и пак покажа на белата точка. Пак Димитар Воденичаров ја зеде топката, сега го смени аголот, но пак Никола Зердески успеа да одбрани. Момците на Бочевски пропуштија шанса да го решат победникот уште во првиот дел. 
Второто полувреме почна со двојната неверојатна парада на Зердески по ударите на Воденичаров и Елмазовски. Само фантастичното попладне на домашниот голман  ги одржуваше во живот кичевчани. Но во 53 минута пак Љубенов беше зачетник на акцијата на гостите. Центрираше на втора статива кон Ковачев, кој со крајни маки ја стигна топката и ја сврте во средината на петерецот, каде натрча Воденичаров и ја погоди целта. Точка на дилемите стави Петар Љамчевски, кој во 68 минута. По одличниот слалом на Воденичаров, домашниот голман Зердески одби, а младиот фудбалер за врска на зелените со мала доза на среќа ја смести топката во мрежата. Во 88 минута Мечкаровски по трет покажа на белата точка. Ковачев невнимателно го сруши Вренцоски, а Куштрим Балажи од најстрога казна го ублажи поразот. Прва победа во Кичево за пелистерци во новиот милениум, во моментите кога бодовите му беа неопходни.  


Нема коментара:

Постави коментар