Powered By Blogger

30. 12. 2012.

Битола е душата и талентот на спортска Македонија

Звучи неверојатно, но Битола е спортски феномен. Битола е душата и талентот на спортска Македонија. Така било пред 50 години, така било кога успесите сме ги делеле во бившата држава, така е ден-денес. А верувам дека и без дилеми така ќе биде и во иднина. Колку само атлети не направиле горди во минатото, ги надминале сите спортски граници, станале идоли на младите и и ден денес со задоволство се присеќаме на нив. Еве само дел од долгата низа на оние кои можат да се наречат ЛЕГЕНДИ...

29. 12. 2012.

Три девојки и Шундовски, битолски номинации на АМС

Нашиот град со четири номинации за најдобри во 2012 година според Агенцијата за млади и спорт
Агенцијата за млади и спорт ги објави номинираните спортисти во изборот за најдобрите во 2012 година. Битола ја претставуваат трите девојки во категоријата спортистка на годината, а селекторот на ракометарите Звонко Шундовски е номиниран за стручњак на годината.

26. 12. 2012.

И на пролет девојките ќе бидат подготвени

ПО УСПЕШНАТА 2012 ЖФК ТОП-ГОЛ ВЕЌЕ ЈА ПЛАНИРА НОВАТА ГОДИНА И ПРОЛЕТНИТЕ АКТИВНОСТИ
 Mинатиот викенд во организација на Фудбалската федерација на Македонија и претставниците на  фудбалските прволигаши се одржа состанок на кој беше усвоен календарот за натпреварување во наредната полусезона, ждребката за националниот фудбалски Куп за жени и усвојување на програмата за националните селекции.

Три злата и државен рекорд за Симоновски

МЛАДИОТ 11 ГОДИШЕН ИВАН СИМОВСКИ ОД НИШ СЕ ВРАТИ СО ПОТВРДА ЗА СВОЈОТ НЕСПОРЕН ПЛИВАЧКИ ПОТЕНЦИЈАЛ
Успесите на битолскиот пливач Иван Симоновски веќе не се изненадување за македонската јавност. Имено младиот битолчанец се врати со три злата и државен рекорд од меѓународниот пливачки митинг „Свет Никола 2012„ во Ниш - Србија.

25. 12. 2012.

Канатларовски има неколку понуди, Пелистер ќе избира утре

НЕИЗВЕСНОСТ ОКОЛУ ТРЕНЕРСКОТО МЕСТО ВО ПЕЛИСТЕР СО ДИЛЕМИ ОКОЛУ АНГАЖМАНОТ НА БИВШИОТ СЕЛЕКТОР
Ново последно одлагање околу одлуката за евентуалното назначување на Драган Канатларовски за шеф на стручниот штаб на Пелистер. Имено првиот состанок меѓу управата и реномиранито стручњак се случи за време на викендот.

23. 12. 2012.

Оливера со нов државен рекорд

Нов блесок на најдобрата битолска спортистка и „златната„ од Лондон, Оливера Наковска - Бикола
 Македонската натпреварувачка во стрелаштво Оливера Наковска - Бикова на вчера одржаниот натпревар „Гран при” на Белград, во квалификациите  стрелаше 382 кругови со што го подобри сопствениот македонски рекорд по четврти пат. Претходниот ден таа го изедначи стариот македонски рекорд кој, исто така беше во нејзино владение и изнесуваше 381 круга.

Фени Индустри убедлив против Пелистер

Деветти меч и деветти пораз во најсилната кошаркарска лига за избраниците на Благој Печалов
Фени Индустри - Пелистер 85:58 (31:12, 10:14, 17:12, 27:20)

Минатогодишниот финалист во Првенството и Купот ја заврши 2012 година со победа која значи пласман на делба на втората позиција на табелата. Фени Индустри ја оправда фаворитската улога во дуелот со Пелистер, игран во Кавадарци и заслужено славеше со 85:58.

22. 12. 2012.

Оливера, Гордана, Влатко, па сите останати...

СПОРТОТ ВО БИТОЛА ВО 2012 ГОДИНА

Параолимписко злато, учество на шаховска олимпијада, пливачки и мото-крос успеси, враќање на ФК Пелистер во Првата лига, тонење на РК Пелистер. Тоа се главните карактеристики на спортската 2012 за нашиот град
Спортската 2012 има едно име во целата наша држава - Оливера Наковска Бикова. Нејзиниот блесок убедливо најсилно сјае, бидејќи злато, светски рекорд и интонирање на македонската химна не се случува секој ден. Оливера Наковска-Бикова го освои златниот медал на Параолимписките игри во Лондон во стрелаштво со воздушен пиштол на 10 метри, а во квалификациите успеа да го сруши и светскиот рекорд.

Се чека одговорот од Канатларовски

ПО НЕДЕЛА НА ИСЧЕКУВАЊА, ДЕНЕС ЌЕ ДОЈДЕ ДО СРЕДБА НА ПЕЛИСТЕР СО ЕДИНСТВЕНИОТ ТРЕНЕРСКИ КАНДИДАТ – ДРАГАН КАНАТЛАРОВСКИ
Денес е денот Д околу назначувањето на новиот шеф на стручниот штаб на Пелистер. Клубот си зацрта ургентно да го назначи новиот предводник и да нема шпекулации излезе со став дека прв на листата на желби е бившиот селектор и легенда на битолскиот клуб Драган Канатларовски.

18. 12. 2012.

Кулевска нов тренер на ЖРК Пелистер

ВОЗОБНОВЕНИОТ ЖРК ПЕЛИСТЕР ДОБИ НОВ ТРЕНЕР ЗА ВТОРИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
По завршувањето на есенскиот дел на женската супер ракометна лига, Управата на Пелистер донесе (не)очекувана одлука за промена на тренерот Борче Корлевски. На неговото место е назначена Андријана Кулевска. Кулевска од сега ќе биде играч,капитен и тренер на новата екипа на ЖРК Пелистер 2012.

Кобен третиот и четвртиот период

ИАКО МНОГУ ОЧЕКУВАА, КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ПОРАЗЕНИ ПО ОСМИ ПАТ ВО СЕЗОНАТА
Пелистер - Струмица 55:68 (10:19, 17:6, 17:20, 11:23)

Кошаркарите на Пелистер по осми пат во сезоната се поразени и тоа во мечот во кој влегоа со надеж дека можат до изненадување. Првиот меч во Струмица им остави впечаток дека можат да се надигруваат со овој противник, но во Битола шанси за такво нешто немаше.

Пак градското дерби за Пелистер

КАКО И ВО ОКТОМВРИ, ТАКА И НА КРАЈОТ НА ПОЛУСЕЗОНАТА ПЕЛИСТЕР РУТИНСКИ СЛАВИ ВО ДУЕЛОТ СО БИТОЛА
Пелистер - Битола  31:27 (14:12)

Последниот официјален натпревар во спортската сала „Младост„ во Битола во 2012 година беше второто овосезонско градско дерби во ракометната ВИП Супер лига меѓу Пелистер и Битола. И слично како и во првиот дел од шампионатот, пак Битола демонстрираше силен отпор, но на крајот загуби од поискусната и видливо поквалитетна екипа на Пелистер.

13. 12. 2012.

Нов тренер - главен приоритет за „зелените„

ВО ПЕЛИСТЕР ГЛАВНА ЦЕЛ ШТО ПОБРЗО ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ НОВ ШЕФ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ
Утре фудбалерите и стручниот штаб на Пелистер ќе го имаат последниот состанок за 2012 година на кој ќе ги догововарт деталите околу почетокот на подготовките за пролетниот дел и плановите за фудбалската пролет.

10. 12. 2012.

Снегот ги праќа пелистерци на одмор

ПО ОСВОЕНИОТ БОД ВО ТЕТОВО, ПЕЛИСТЕР СО ПОВЕЌЕ ВЕДРИНА ГЛЕДА НА СВОЈАТА ФУДБАЛСКА ПРОЛЕТ
Требаше да минат девет гостувања за фудбалерите на Пелистер да останат непоразени кога играат надвор од Битола. Ремито против Ренова не носи значителен прогрес на првенствената табела, но може многу да значи околу моралот на екипата за пролетните натпревари. До тогаш многу работи ќе се сменат кај битолскиот прволигаш.

9. 12. 2012.

Нов убедлив пораз на пелистерци на гостувањата

ЛИРИЈА, ПРЕГОЛЕМ ЗАЛАК ЗА ПЕЛИСТЕРЦИ ДА ЈА ПРЕКИНАТ НЕГАТИВНАТА СЕРИЈА ВО ШАМПИОНАТОТ
Лирија - Пелистер 100:66 (36:12, 22:19, 29:13, 13:22)

Во рамките на 7 коло од најсилната македонска кошаркарска лига, Пелистер загуби на гостувањето во Скопје кај Лирија.

Пелистер со прв бод од гостувањата

ВО СНЕЖЕН АМБИЕНТ ПЕЛИСТЕР ОТКИНА БОД ОД ГОСТУВАЊЕТО КАЈ РЕНОВА ПОД ШАРА
Ренова - Пелистер 0:0

Градски стадион во Тетово, теренот покриен со снег. Гледачи околу 200
Судии: Димитар Мечкаровски, Душко Милошевски и Дејан Неделковски сите од Скопје.
Делегат Скендер Таири од Струга
Жолти картони Асани и Исмаили (Ренова), Павлов и Магловски (Пелистер)

Почина битолската навивачка легенда

НАВИВАЧКАТА ГРУПА „ЧКЕМБАРИ„ И СИТЕ ВИСТИНСКИ БИТОЛСКИ ВЉУБЕНИЦИ ВО СПОРТОТ ТАГУВААТ ЗА ЕДНА ГОЛЕМА ЗАГУБА
Тажни денови за битолскиот спорт и за навивачката група „Чкембари„ Ненандејно во својот дом почина 42 годишниот Атанас Смилков „Кенан„ - еден од основачите на навивачката група и основоположник на навивачкото движење во Битола и низ целата држава.

Одлична есен за фудбалерките на Топ-гол

Заврши полусезоната во нашиот женски фудбалски шампионат со солиден учинок за битолската екипа Топ-гол
Заврши есенскиот дел од сезоната 2012/13 за фудбалерките на Топ гол, кои ќе презимат на шестото место на табелата од вкупно десет екипи. Со четири победи, еден нерешен резултат и еден пораз од лидерот, а бодовното салдо на битолчанки е 13 бода, но имаат еден натпревар помалку кој поради лошите временски услови ќе се одигра напролет.

Убедливо поразени и кошаркарите и кошаркарките

ДЕБАКЛ НА ДЕВОЈКИТЕ ВО СКОПЈЕ, УБЕДЛИВ ПОРАЗ И НА МАШКАТА ЕКИПА НА ПЕЛИСТЕР ДОМА ОД КУМАНОВО
Пелистер - Куманово 77:94
               
Третиот домашен натпревар, кошаркарите на Пелистер го загубија заради лошиот почеток на мечот со Куманово. Недозволиво лошо зелените го отворија натпреварот со Куманово и дозволија двоцифрено водство на кумановчани во првите 10-15 минути.

3. 12. 2012.

Градоначаникот вети „полна каса„ за ФК Пелистер во 2013 година

ОБЕЛОДЕНЕТ ПРОЕКТОТ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО БИТОЛСКИОТ СПОРТ, ОД КОЈ НАЈМНОГУ ЌЕ ПРОФИТИРА ФК ПЕЛИСТЕР
Битолската фудбалска јавност не се израдува толку на победата над Тетекс, туку на вчерашната прес-конференција на градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески. Имено „градскиот татко„ го обелодени проектот кој битолскиот спорт, а најмногу фудбалот, со години го чекаше.

2. 12. 2012.

Победа за опстанок на Битола

ВТОР ПАТ ОВАА СЕЗОНА, БИТОЛА ЈА ДОБИ ПРЕСПА ВО НАТПРЕВАР ЗА БОДОВИ И НАЈАВИ МИРНА РАКОМЕТНА ПРОЛЕТ ЗА КЛУБОТ
Битола - Преспа 27:24 (11:13)

Спортска сала Младост  - „Битола„ Гледачи: 500
Судии: Мирче Јанев и Никола Вељанов (Неготино)
Делегат: Бранко Вељанов (Неготино)

За живот важна победа за пелистерци

ВИТЕШКИ ТЕЖОК НАТПРЕВАР ПО ТЕШКИ УСЛОВИ ВО БИТОЛА, СО ПЕТТА ПОБЕДА ВО СЕЗОНАТА ЗА ПЕЛИСТЕРЦИ
Пелистер - Тетекс 2:1 (1:1)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 300
Главен судија: Марјан Ецкоски (Охрид)
Асистенти: Кирил Негриески и Симон Грданоски (Струга)
Делегат: Јован Магдески (Прилеп)
Стрелци: Б. Марковски во 11 и Т. Вељановски во 70 минута за Пелистер, а Јовановски во 20 минута за Тетекс
Жолти картони: Лескароски, Китановски (Пелистер), Бејтулаи (Тетекс)
Црвени картони: нема

30. 11. 2012.

Трите бода единствена цел за пелистерци

БЕЗ РАЗЛИКА КАКО ИГРААТ, ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ЗНААТ ДЕКА ПРОТИВ ТЕТЕКС МОРА ДА СЛАВАТ ЗА ДА ПРЕЗИМАТ ПОДАЛЕКУ ОД ДНОТО
По една комплетно мирна недела во која фудбалерите и стручниот штаб на Пелистер имаа доволно време за анализа на претходните средби и подговотка за наредната, дојде време и за последната официјална средба под Тумбе кафе оваа гофина.

27. 11. 2012.

Комплиментите за Пелистер, бодовите за противниците

ИСТА ПРИКАЗНА НА СИТЕ ГОСТУВАЊА НА ПЕЛИСТЕРЦИ ОВАА ФУДБАЛСКА ЕСЕН
Многупати оваа фудбалска есен по истото сценарио од гостувањата фудбалерите на Пелистер се враќаа со наведнати глави и со полна „торба„ пофалби за добрата игра, организираноста и слично. Но зелените рушат негативни рекорди кога се во прашање мечевите надвор од Битола.

26. 11. 2012.

Ништо ново, нов пораз на Пелистер на гости

Како и на претходните мечеви надвор од Битола, пораз без постигнат гол за Пелистер во Кичево
Напредок - Пелистер 1:0 (0:0)

Табуто од гостувањата за фудбалерите на Пелистер продожува и по мечот во Кичево. Зелените заминаа со големи амбиции и очекувања, но како и секогаш оваа сезона се вратија со наведнати глави.

25. 11. 2012.

Нов двоен пораз на битолските суперлигаши

Ако Битола во Струмица немаше што да бара со Зомимак М, тогаш домашниот пораз на Пелистер од Металург Јуниор е прворазредно изненадување
 РК Пелистер 08 - РК Металург Јуниор  22:24 (11:13)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 500
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје.
Делегат: Стеванчо Коруновски од Скопје.

24. 11. 2012.

Дебакл на Пелистер во Гевгелија

ПОРАЗ ОД 35 ПОЕНИ ЗА КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР НА ГОСТУВАЊЕТО КАЈ СИЛНАТА ЕКИПА НА КОЖУВ ОД ГЕВГЕЛИЈА
Кожув - Пелистер 79:44 (27:16, 16:8, 19:10, 17:10)

Во најслабо одиграниот натпревар досега во сезоната, кошаркарите на Пелистер го доживеаа најубедливиот пораз до сега во државниот шампионат. На гостувањето во Гевгелија кај учесникот во балканската БИБЛ лига, зелените во ниту еден момент не беше рамноправен ривал и финалните 35 разлика потврдуваат дека екипата на Благој Печалов тешко може до сензација на скоро сите мечеви, со исклучок на оние со Вардар.

23. 11. 2012.

На најнезгодното гостување, Пелистер по првите гостински бодови?

МНОГУ РЕТКО ПЕЛИСТЕР ЗНАЕЛ ДА ОТКИНЕ НЕКОЈ БОД ОД МЕЧЕВИТЕ ВО КИЧЕВО, ПА МОЖЕБИ СЕГА КОГА СИТЕ ГО ОТПИШУВААТ МОЖЕ ДО ПОЛН ПЛЕН
На три кола до крајот на есенскиот дел од шампионатот, фудбалерите на Пелистер си зацртаа цел на освојат што е можно повеќе бода од гостувањата во Кичево и Тетово и на домашниот меч со Тетекс.

22. 11. 2012.

Вардар со втора победа во полуфиналето

Куп на Македонија - Четвртфинале (2 меч)
Вардар - Пелистер 2:0 (0:0)

Фудбалерите на Вардар се последниот учесник во полуфиналето од Купот на Македонија откако со подобра игра во второто полувреме уште еднаш беа подобри од битолски Пелистер совладувајќи го вечниот ривал со 2-0 во вечерашниот меч на арената „Филип Втори“.

21. 11. 2012.

За полуфиналето, Пелистер не е отпишан

ИАКО МАЛКУМИНА ВЕРУВААТ ДЕКА ПЕЛИСТЕР ИМА СЕ УШТЕ ШАНСИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ, ВО БИТОЛСКИОТ ТАБОР ПОБЕДАТА НАД РАБОТНИЧКИ ДОНЕСЕ СОСЕМА ПОИНАКВА КЛИМА ПРЕД „ВЕЧНОТО ДЕРБИ„
Кога последен пат Пелистер го елиминира Вардар во Купот точно пред 10 години, подоцна и го освои пехарот. Исто и тогаш нивниот двомеч беше во четвртфиналето и реваншот се играше во Скопје. Но ако тогаш и минимален пораз од 3:2, Пелистер го водеше на мегдан со Караорман, подоцна и на трофеј во финалето со Слога Југомагнат, сега на битолчани им треба поголем подвиг.

20. 11. 2012.

Пелистер по изненадување во Скопје

ПОБЕДАТА НАД РАБОТНИЧКИ ГИ ОСОКОЛИ ПЕЛИСТЕРЦИ ДА ТРГНАТ ПО СЕНЗАЦИЈА ВО КУПОТ ПРОТИВ ВАРДАР
Минатиот викенд по скоро два месеци донесе насмевки на лицата на фудбалерите на Пелистер. Можеби играле и подобро на некои средби кои ги загубија, но во саботата против Работнички забележаа витална четврта победа во сезоната и побегнаа од предпоследно пласираниот Силекс.

19. 11. 2012.

Јелисиевиќ го „прегази„ Пелистер

ЧЕТВРТИ ПОРАЗ ВО ИСТО ТОЛКУ МЕЧЕВИ ЗА КК ПЕЛИСТЕР КОЈ НЕМАШЕ ШТО ДА БАРА ВО МЕЧОТ СО МНОГУ ПОКВАЛИТЕТНИОТ РАБОТНИЧКИ
Пелистер - Работнички 59:82

Во истиот викенд во кој фудбалерите беа поуспешни од Работнички, илузорно беше и кошаркарите да слават. Многу поквалитетната екипа на Работнички дојде во Битола како фаворит и ја оправда таа улога во рутински 40 минути под обрачите во спортската сала „Младост„ во Битола.

Потоп на битолските екипи

ПО ВТОР ПАТ ВО ПОЛУСЕЗОНАТА КОЈА ТЕЧЕ, ВО ИСТО КОЛО ПОРАЗЕНИ ДВЕТЕ ЕКИПИ ОД БИТОЛА
Куманово - Пелистер 31:21 (12:8)
Битола - Тинекс Пролет 27:32 (11:14)

По втор пат во сезоната двата ракометни клуба од Битола забележаа порази во ист викенд. Вистинска катастрофа им се случи на ракометарите на Пелистер на гостувањето во Куманово. Поразот од 10 разлика е најубедлив од овој тим и скоро на идентичен начин како и минатата година, така и оваа куманчани се радуваа на победа против зелените.

17. 11. 2012.

Главевски за нов почеток на пелистерци

По 45 дена без победа, фудбалерите на Пелистер го совладаа Работнички, благодарение на голгетерот Благојче Главевски
Пелистер - Работнички 1:0 (1:0)

Стадион: Тумбе кафе „Битола„ Гледачи: 700
Главен судија: Марјан Марковски (Охрид)
Асистенти: Кирил Негриски и Симон Грданоски(Струга)
Стрелец: Главевски во 6 минута за Пелистер

12. 11. 2012.

Како и да играат пелистерци на гости губат

СЕДМИ ГОСТИНСКИ ПОРАЗ, ОВОЈ ПАТ ВО МЕЧ ВО КОЈ НА ТЕРЕНОТ ПОСТОЕШЕ САМО ЕДНА ЕКИПА. НО ИСТАТА ТАА ЕКИПА НА КРАЈОТ ЗАГУБИ
Веќе станува пракса и кога игра добро и кога игра лошо Пелистер да губи. Поразот во Штип посебно тешко им падна на зелените бидејќи слично како со Работнички во Скопје, Пелистер доминираше, креираше шанси, но и промашуваше.

11. 11. 2012.

Тесна победа на Пелистер во Штип

По неколку негативни резултати, Пелистер по бодовите од Ресен, донесе цел плен и од Штип
Текстилец - Пелистер 20:23 (11:15)

Вистински Суперлигашки дуел се одигра во неделата во салата на ОУ Тошо Арсов„ во Штип. Ракометарите на Текстилец крајно мотивирани влегоа во овој натпревар и без респект му се спротивставија на големиот Пелистер.

Пелистерци застанаа на крајот

ВО МЕЧ ВО КОЈ ИМАА МНОГУ ШАНСИ ЗА ПОБЕДА, КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ПОДКЛЕКНАА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 3-4 МИНУТИ
 Вардар - Пелистер 67:64 (18:18, 14:12, 14:20, 21:14)

Во натпреварот во кој пелистерци полагаа најмногу надежи, загубија добиен натпревар и драстично ги намалија шансите за опстанок во најсилната македонска лига. Захариевски и капитенот Петковски добро го отворија мечот и во првите 10 минути се играше израмнето.

9. 11. 2012.

Пелистер во ново финале за опстанок

ЗАБОРАВЕНИ НЕУСПЕСИТЕ, ПЕЛИСТЕР СЕ НАДЕВА НА ПОДОБРА СРЕЌА ВО ШТИП НА МЕЧОТ СО КОНКУРЕНТОТ БРЕГАЛНИЦА
По серијата на порази најдобра „медицина„ е еден позитивен резултат, кој ќе го смени размислувањето, ќе го засили моралот и самодовербата. Таков е случајот со Пелистер кој скоро два месеци не забележал триумф.

8. 11. 2012.

Има ли излез од кризата на Пелистер?

ПО ОКТОМВРИ, ПЕЛИСТЕР ВЛЕЗЕ И ВО „ЦРНИОТ„ НОЕМВРИ СО МНОГУ ГРИЖИ ПО СЕРИЈАТА ПОРАЗИ
За прв пат по повеќе од две години Пелистер врза три последователни порази, а скоро 27 месеци не загубил два пати по ред под Тумбе кафе. Негативните рекорди покажуваат дека битолчани влегоа во резултатска криза и дека целта до крајот на фудбалската есен е да не паднат компетно во зоната која води во Втората лига.

7. 11. 2012.

Еден корнер и победа за Вардар среде Битола

Во тврд и не многу квалитетен натпревар единствениот корнер за гостите го одлучи победникот, а можеби и патникот во полуфиналето
Куп на Македонија - четвртфинале (1 меч)

Пелистер - Вардар 0:1 (0:0)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 2.000
Главен судија: Марјан Ецкоски (Охрид)
Асистенти: Кирил Негриецки и Симон Грданоски (Струга)
Делегат: Добре Иванов (Кратово)
Стрелци: Петров во 77 минута за Вардар
Жолти картони: Лазаревски (Пелистер), Стјепановиќ, Вајс, Стојаковиќ, Бојовиќ (Вардар)
Црвени картони: нема

6. 11. 2012.

Можеби Купот ќе ги „излекува„ пелистерци

ПРВ ГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК ЗА МИЛЕ ДИМОВ ВО КУП МЕЧОТ СО ВАРДАР ДЕНЕС ВО БИТОЛА
Пелистер сврте нова страница и по оставката на Горазд Михајлов, денес првиот тренинг го одржа Миле Димов, кој ќе ја води екипата од Битола во преостанатите првенствени и куп натпревари.

5. 11. 2012.

„Комитите„ не доаѓаат под Тумбе кафе

Скопската навивачката група „Комити“ не доби дозвола да патува в среда во Битола и да го бодри својот тим Вардар на првиот четвртфинален куп меч со Пелистер што ќе се одигра под „Тумбе кафе“.

Оставка на Михајлов, Димов пак на клупата на Пелистер

ТРЕНЕРСКА СМЕНА ВО БИТОЛА, СО МИЛЕ ДИМОВ ПАК НА КЛУПАТА НА ЗЕЛЕНИТЕ ДО КРАЈОТ НА ФУДБАЛСКАТА ЕСЕН
Поразот од Металург во неделата дефинитвно го втурна Пелистер во опасната зона и ако до сега домашниот терен беше силен адут на пелистерци, сега и таа непобедливост по една година се сруши. По денешниот тренинг воден од Михајлов, младиот тренер заедно со клубската управа седнаа на заедничка маса да ја анализираат ситуацијата во која западна битолскиот прволигаш.

4. 11. 2012.

Битола изненадена, Пелистер лесно до победа

Победа и пораз за битолските клубови во ВИП Суперлигата во ракомет
Преспа - Пелистер 22:33

Во серија на последните 12 официјални меча меѓу Пелистер и Преспа победуваат битолчани. Така беше и овој пат. Во меч во кој бодовите беа однапред впишани, Пелистер не се ни испоти и во тим преполн со младинци стигна до победа од убедливи +11.

Кавадарчани со „стотка„ до победа

Само во првото полувреме Пелистер му беше колку-толку рамноправен на силната екипа на Фени Индустри
 
Пелистер - Фени Индустри 74:100

По повеќе од една година, љубителите на кошарката во Битола имаа можност да гледаат прволигашката кошарка. Иако со скромен играчки кадар, дури и нешто полош од оној кој ја избори промоцијата, Пелистер одигра достоинствен меч со многу поквалитетнатан екипа на Фени Индустри.

Стевановиќ погоди во „мртвиот„ битолски меч

Прв домашен пораз за Пелистер во новата сезона и незавидна ситиуација за битолчани пред зимската пауза
Пелистер - Металург 0:1 (0:0)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 1.000
Главен судија: Петар Мантев (Неготино)
Асистенти:Илија Гонев (Неготино) и Гоце Недев (Кавадарци)
Делегат: Ветон Кранлиевски (Ресен)
Стрелци: Стевановиќ во 74 минута за Металург
Жолти картони: А. Вељановски, Елмазовски, Димитровски, С. Магловски, Главевски (Пелистер), Стевановиќ, Петковски, Нестороски (Металург)
Црвени картони: нема

2. 11. 2012.

Битолските против скопските зелени за прекин на една црна серија

ПО ПОСЛЕДНИТЕ НЕГАТИВНИ РЕЗУЛТАТИ И ПЕЛИСТЕР И МЕТАЛУРГ САМО СО ПОБЕДА СЕ ДОБЛИЖУВААТ ДО ЦЕЛТА ВО СЕЗОНАТА
Малкумина очекуваа подвиг на пелистерци во Тетово кај силната екипата на Шкендија во средата, но затоа во Битола Пелистер е сосема поинаква екипа. Ако во гости руши негативни рекорди, во Битола зелените не загубиле официјален меч скоро една година. Последен пат во Втората лига тимот на Еуромилк ги однесе сите три бода од под Тумбе кафе со победата од 0:1, кога Пелистер го водеше Неџат Хусеин и беше сменет со Марјан Секуловски веднаш по тој меч.

Водство, па пораз на Пелистер во Тетово

Шкендија - Пелистер 3:1 (3:1)

Шкендија откако бодовно го стигна Вардар во минатото коло, уште во првиот дел го реши Пелистер, иако битолчани дури и први победоа по осум минути игра и водството преку Благојче Главески.

31. 10. 2012.

Пелистер без бело знаме во Тетово

СО НЕКОЛКУ ЗАМЕНИ ВО СТАРТНИОТ ТИМ ОД НЕДЕЛНОТО ДЕРБИ СО ХОРИЗОНТ, ПЕЛИСТЕР КАЈ ШКЕНДИЈА ВО ПОТРАГА ПО ПРВИТЕ ГОСТИНСКИ БОДОВИ
На едно од гостувањата каде има катастрофален биланс, на градскиот стадион во Тетово, Пелистер на тренерот Горазд Михајлов ќе мора да бара поправен испит по петте гостински порази и последните два нерешени резултати под Тумбе кафе.

30. 10. 2012.

Битолчани задоволни со бодот, не и со судењето

И СО 76 МИНУТИ СО ЧОВЕК ПОМАЛКУ ПЕЛИСТЕР ИЗВЛЕЧЕН БОД ПРОТИВ ЛИДЕРОТ ВО ОДЛИЧЕН МЕЧ ПО НЕВОЗМОЖНИ УСЛОВИ
Домашното реми со лидерот Хоризонт Здравје во битолските кулоари е окарактеризирано како позитивен исход, иако бодот не значи голем исчекор на првенствената табела. Сепак против една многу квалитетна екипа како турновци да не се загуби и покрај 74 минути игра со човек помалку е за секоја пофалба. Посебно ако се знае дека гостите први поведоа и ги имаа сите предуслови за да го однесат целиот плен од под Тумбе кафе. Од управата на Пелистер протестираат за неизедначениот критериум на судиската тројка на чело со Костенчев. Црвениот картон на Драгарски во раната фаза според битолчани е престрога одлука, посебно што првиот стрелец во лигата ја немаше топката во своја контрола. Ова е четврти натпревар во сезоната во кој пелистерци пред време остануваат со човек помалку, што алудира на сериозни дефанзивни и дисциплинкси проблеми кај зелените. Но подолго време за анализа на овој меч нема, бидејќи календарот нуди уште две многу тешки средби за екипата на Горазд Михајлов. Утре Шкендија во Тетово и в недела Металург под Тумбе кафе се новите предизвици, во кои Пелистер пак ќе мора со крпен тим. Драгарски е казнет, Лескароски почна да тренира, но се уште чувствува болка во ногата, а мали се шансите за настапи и на недоволно опоравениот Ристевски. Со такви изостаноци и со 90 минути на многу тежок терен во нозете, стручниот штаб на пелистерци мора да ги акумулира силите за наредните неколку предизвици. Во Тетово кај Шкендија скорот на зелените не е сјајен и ќе им треба подвиг да останат непоразените.