19.03.2014.

Антонио Стојковски на пат кон Германија?

НА ПОВИДОК УШТЕ ЕДНО ЗАМИНУВАЊЕ НА МЛАД БИТОЛСКИ ТАЛЕНТ ВО ГЕРМАНИЈА
Младиот 19 годишен битолчанец Антонио Стојковски веќе шест месеци тренира и настапува во тимот на Келн за фудбалери под 19 години.
Но деновиве треба да се врати во Германија и да го перфекционира договорот со клуб од Германија. Сега ќе добие перманентен професионален договор и ќе биде во комбинација за сениорскиот тим. Стојковски е „бисер„ на школата на Пелистер, каде ги помина сите младински категории во клубот, па една сезона беше во школата на Вардар на одстапка и пак се врати во Битола. Откако мина и дел од подготовките со сениорите на Пелистер, офанзивниот фудбалер за врска замина во Келн, каде остави добар впечаток, па овие денови треба само да го соопшти името на новиот клуб и за 6-7 дена да се појави во својата нова средина. Стојковски е карактеристичен по дриблингот и добрата визија на теренот и може да биде уште еден битолчанец кој ќе добие договор со германската Бундеслига.

Нема коментара:

Постави коментар