Powered By Blogger

23. 3. 2014.

Клучни бодови од Словачка за Шундовски и Констанца

ГОЛЕМА ПОБЕДА ВО ЕХФ КУПОТ ЗА ПРВАКОТ НА РОМАНИЈА КОНСТАНЦА
Спарта Хлоховец - Констанца 25:27 (15:12)

Во петтиот натпревар од групната фаза на ЕХФ Купот, првакот на Романија Констанца на македонскиот тренер Звонко Шундовски и интернационалецот Бранислав Ангеловски издвојува витална победа на гостувањето во Словачка.
По минималниот пораз во Берлин во неделата, во Хлоговац, Констанца се мачеше против второпласираната екипа во словачката лига и во вториот дел со голем пресврт стигна до победата. До 40 минута Спарта имаше постојана предноста, а на два пати и со 4 гола разлика. Но во финишот пред се заради одличната игра во одбрана, Констанца направи серија 5:2 и дојде до втората победа во групата. Шимицу со 7 гола беше најефикасен, а одличен меч одигра Ангеловски и беше стрелец на три гола. Наредната недела на 30 март на пладне по романско време, Констанца го дочекува тимот на Шамбери Савоја и со победа, а во некои комбинации и со реми ќе го обезбеди четвртфиналето на ЕХФ Купот. 

Нема коментара:

Постави коментар