Powered By Blogger

7. 3. 2014.

РК Битола ги наплаќа ланските сметки

ЗАПОЧНУВА ОВОСЕЗОНСКИОТ КУП НА МАКЕДОНИЈА ВО РАКОМЕТ СО МЕЧЕВИТЕ ОД ОСМИНАФИНАЛЕТО
Овој викенд започнува Купот на Македонија во ракомет, а титулата од минатата сезона ја брани тимот на Металург, кој минатата сезона го освои натпреварувањето со победата над Вардар на финалниот турнир, кој се играше во СРВ „Кале„ во Скопје.
Првата фаза се елиминациони мечеви, а потоа следуваат четвртфинални групи чии победници ќе изборат пласман за Final four. Екипата на Струга, која е доста подмладена оваа сезона е противникот на РК Битола во осминафииналето на Купот на Македонија. Мечот со битолските ракометари стружани ќе го одиграат на домашен на 8 март со почеток од 15:00 часот. Овие два тима минатата сезона се сретнаат во бараж натпреварот за влез во Супер лигата. Тогаш стружани победија, но поради финансиски проблеми не настапија во Супер лигата. Победниците од овие дуели ќе се пласираат во четвртфиналето, каде ги чекаат екипите кои настапуваат во Супер лигата меѓу кои е и Пелистер.

Осминафинале:

РК Прилеп 2010 - РК Текстилец
РК Младост 09 - ГРК Борец
РК Вардар Полог - РК Јехона
РК Струга - РК Битола
РК Работнички - РК Риниа М

Нема коментара:

Постави коментар