30.03.2014.

Победа за крај на сезоната и петто место

СО ПОБЕДА КУГЛАРИТЕ НА ХЕРАКЛЕА ЈА ЗАВРШИЈА УСПЕШНАТА СЕЗОНА ВО ДОМАШНИОТ ШАМПИОНАТ
Хераклеа - Империјал Тобако 5:3

Вчера се одигра последното коло во кугларскиот шампионат на Македонија, во кое кугларите на Хераклеа го победија противникот од Скопје, Импреријал Тобако со 5:3.
Повторно клучен за победата беше Сотир Гулевски, кој заедно со искусниот Тоде Блажевски но и младиот Кристијан Божиновски донесоа индивидуални победи над тутунарите и поведоа со 3:0. Но гостите предводени од најдобриот во нивниот тим, Младен Младенов успеаа да се вратат од негативата, победувајќи ги основачите на клубот, Пеце Димовски и Цане Поповски. Затоа пак завршницата му припадна на битолските куглари и со +47 кегли повеќе од противникот, извојуваа победа која ја крева самодовербата кај кугларите на Хераклеа и максимално подготвени го чекаат големиот Куп натпревар во Скопје идниот викенд. Првенството е завршено, а битолска Хераклеа го освои петтото место. Иако според статутот на кугларската федерација стои дека треба Куп финалето да ротира низ клубовите домаќини, Хераклеа немаше среќа иако поднесе барање и започна иницијатива за организација, сепак инцијативата не беше прифатена и Купот на Македонија најверојатно ќе се одржи во Скопје.

Нема коментара:

Постави коментар