Powered By Blogger

12. 3. 2014.

Ѓорѓевски на центарот в недела под „Тумбе кафе„

МЛАД СУДИЈА ОД КУМАНОВО, ДЕЛЕГИРАН ЗА ПРВИОТ ДОМАШЕН МЕЧ НА ПЕЛИСТЕР ВО 2014 ГОДИНА
Овој пат не скопски, туку кумановски судија ќе ја дели правдата на натпревар на Пелистер против скопска екипа.
Далибор Ѓорѓевски ќе означи почеток на средбата со Македонија Ѓ.П. на битолскиот стручњак Марјан Секуловски. Ќе му помагаат Гоце Николов и Орце Стефановски. Четврт судија ќе биде Тоде Блажевски од Битола. Делегат на ФФМ е Спасе Панџак, а контролор Градимир Стојановски. Првиот пролетен натпревар под Тумбе кафе, Пелистер ќе го одигра в недела од 14 часот. Димитар Мечкаровски кој полемично го водеше „вечното дерби„ ќе го суди тетовскиот дуел меѓу Шкендија и Ренова, а на Ставрев му е доверен скопскиот дуел Работнички - Вардар.

Нема коментара:

Постави коментар