Powered By Blogger

31. 8. 2014.

Нови Пазар и Канатларовски сопрени на „Карабурма„

ДУРИ ВО ЧЕТВРТИОТ МЕЧ, ПРВ ПОРАЗ НА НОВИ ПАЗАР НА КАНАТЛАРОВСКИ ВО СРПСКАТА ЛИГА
Во четвртиот меч од српската Јелен Супер лига, екипата на Нови Пазар на македонскиот стручњак Драган Канатларовски го претрпе првиот пораз.

Со гол примен во 100 минута, Пелистер испушти победа во Кратово

ПРВО РЕМИ ВО НОВАТА СЕЗОНА ВО ШЕСТИОТ МЕЧ ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР
Прва фудбалска лига - 6 - коло

Силекс - Пелистер 1:1 (0:1)

Градски стадион во Кратово. Гледачи: 500
Главен судија: Јосип Бартон (Тетово)
Асистенти: Никола Божиновски и Марјан Стојанчевски (Скопје)
Делегат: Никола Џорлев (Струмица)
Стрелец: Марковски во 33 минута за Пелистер, а Јанев во 90+10 минута за Силекс
Жолти картони: С. Рудан, Велинов (Силекс), Петковски (Пелистер)
Црвени картони: Трајковски (Пелистер) во 90 минута

30. 8. 2014.

Констанца пронајде пари, Шундовски и Ангеловски остануваат

РОМАНСКИОТ ПРВАК ГИ РЕШИ ФИНАНСИСКИТЕ ПРОБЛЕМИ И МАКЕДОНСКИТЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ ОСТАНУВААТ 
Градскиот совет на Констанца излезе во пресрет и го спаси клубот на Звонко Шундовски и Бранислав Ангеловски.

Нов пораз на Вождовац, Китановски со 90 минути како лев бек

НИТУ ЕДЕН БОД ПО ЧЕТИРИ МЕЧЕВИ И НОВАТА ЕКИПА НА ТОМЕ КИТАНОВСКИ ВЕЌЕ Е ВО ГОЛЕМА КРИЗА ВО СРПСКАТА ЛИГА
Четврт меч и четврт пораз во српската Јелен Суперлига за фудбалерите на Вождовац. Екипата за која од оваа сезона настапува Томе Китановски загуби од Чукарички со 2:0, а македонскиот интернационалец ги одигра сите 90 минути и тоа на позицијата лев бек.

Трет пораз по ред и криза за Славија на Кире Ристевски

РИСТЕВСКИ ОДИГРА ЦЕЛ НАТПРЕВАР, НО СЛАВИЈА СЕ „ЛИЗНА„ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН ОД ЛИТЕКС 
Македонскиот репрезентативец, битолчанецот Кире Ристевски со неговиот тим Славија Софија на домашен терен загуби од Литекс со 0:2. Дефанзивецот ги одигра сите 90 минути како лев бек, но неговиот тим загуби а прими голови од Косоки во 90 и автогол на Пиргов и Ристевски во 90 минута. Трет последователен пораз за Спавија, која сега е во првата голема криза во сезоната. По ова коло, Славија падна на 11 претпоследно место со 5 бода. Во наредното 7 коло, црно-белите играат со Левски во гости.

Алтипармаковски по втор пат го спасува шампионот

СО НОВИ ДВА ГОЛА, МАРЈАН АЛТИПАРМАКОВСКИ ГИ „ИЗВАДИ КОСТЕНИТЕ„ НА РАБОТНИЧКИ
Втор пат во сезоната битолчанецот Марјан Алтипармаковски е јунак на шампионот Работнички.Романтичарите“ одиграа одличен меч на националната арена „Филип втори“, на два пати анулираа негатива и на крајот сосема заслужено дојдоа до полн плен против екипата која резултатски игра доста „шарено“ оваа сезона.

И Давид Поповски потпиша за Младост Царев двор

И МЛАДИОТ ПОПОВСКИ ВО ПОТРАГА ПО МИНУТАЖА ПОТПИША ЗА МЛАДОСТ ЦАРЕВ ДВОР
Младиот фудбалер на Пелистер, кој ги мина сите младински категории во битолскиот клуб, Давид Поповски е уште еден од низата фудбалери од Битола кој потпиша договор со Младост Царев двор.

29. 8. 2014.

Пелистер верува во продолжување на гостинската серија

НА ТЕРЕНОТ НА ИЗНЕНАДУВАЊЕТО НА СЕЗОНАТА, ПЕЛИСТЕР БРКА ТРЕТА ПОБЕДА ПО РЕД
По две години повторно Пелистер ќе игра за првенствени бодови во Кратово и фактот што двете екипи мечот го дочекуваат во горниот дел на табелата влева оптимизам кај битолчани.

Ново одлагање, за Пелистер има нови купувачи, предлогот се враќа на комисија


НИТУ ДЕНЕС НЕ Е ДОНЕСЕНА ОДЛУКА ЗА ПРОДАЖБА НА ФК ПЕЛИСТЕР
Советот на општина Битола денеска одлучи, точката од дневниот ред за продажбата на ФК Пелистер, да ја врати на повторно разгледување и правно дооформување на Комисијата за спорт и млади.

Битола пријави два прволигаши, а суперлигашот Пелистер и натаму „плови во неизвесни води„

ВО ГРАДОТ НА РАКОМЕТОТ СЕ РАЃААТ НОВИ КЛУБОВИ, А ТРОФЕЈНИОТ ПЕЛИСТЕР И НАТАМУ ВО НЕИЗВЕСНОСТ
Во новиот шампионат на Првата лига на Македонија во ракомет или вториот квалитативен ранг во нашата земја, Битола пријави два свои клуба кои до минатата сезона не се натпреваруваа во оваа категорија.

28. 8. 2014.

Борче Марковски повторно тренер на ЖРК Пелистер

ЖЕНСКИОТ РАКОМЕТ ВО БИТОЛА СО ГОЛЕМО ВРАЌАЊЕ ВО СУПЕР ЛИГАТА СО СТАРО-НОВИОТ ТРЕНЕР
По кратка пауза, Битола доби нов женски ракометен суперлигаш, кој оваа сезона влегува во битка со преостанатите женски ракометни клубови за што подобар пласман.

Фудбалерите и стручниот штаб го сакаат “Цермат„ а не анонимниот Габриел

ВО ПРЕСРЕТ НА ОДЛУКАТА ЗА ИДНИНАТА НА ФК ПЕЛИСТЕР, ФУДБАЛЕРИТЕ И СТРУЧНИОТ ШТАБ НА ПЕЛИСТЕР ГО КАЖАА СВОЈОТ СТАВ
Во пресрет на петочната одлука околу иднината на ФК Пелистер, фудбалерите и стручниот штаб на Пелистер се изјаснија која страна ја сакаат.

27. 8. 2014.

Врската Анастасов - Ступиќ го сруши шампионот

ПРВИ ДОМАШНИ БОДОВИ ЗА ПЕЛИСТЕР И ТОА ПРОТИВ ПРВАКОТ РАБОТНИЧКИ
Прва фудбалска лига - 5 - коло

Пелистер - Работнички 1:0 (0:0)

Градски стадион под Тумбе кафе. Гледачи: 500
Главен судија: Горан Спиркоски
Асистенти: Илчо Јорданоски и Златко Митрески (сите од Прилеп)
Делегат: Васко Зајков (Валандово)  
Стрелец: Ступиќ во 67 минута за Пелистер
Жолти картони: Брдаровски, Пашовски, Трајковски (Пелистер)
Црвени картон: нема

Пелистерци протестираат против ново одлагање на клубската иднина

НОВОТО ОДЛАГАЊЕ ЗА ИДНИНАТА НА КЛУБОТ ПРЕДИАЗВИКА НЕГОДУВАЊА КАЈ ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР
Битолскиот прволигаш Пелистер ќе излезе десет минути подоцна на теренот на „Тумбе Кафе“ во Битола во дербито со Работнички во знак на протест поради одложувањерто на одлуката за судбината на клубот. На денешната седница на Советот на општина Битола советниците ги збуни анонимниот кипарски инвеститор Габриел Папанастасатос, па по четири часа жолчна расправа не беше донесена никаква одлука за судбината на клубот, па беше решено в петок на нова седница да се решава за иднината на клубот. Покрај Кипранецот, за Пелистер заинтересирана е и компанијата Цермат.

Одлуката за ФК Пелистер одложена за петок


ПО ЧЕТИРИ ЧАСА ДИСКУСИЈА, ИДНИНАТА НА ФК ПЕЛИСТЕР УШТЕ ПОНЕИЗВЕСНА
По четири часа дискусии на првата точка на дневниот ред на денешната седница на Советот на општина Битола, не беше донесен никаков заклучок и настана пролонгирање на одлуката во петок на нова седница.

Беса на Томче Петрески на турнеа во Македонија

СТАРО-НОВАТА ЕКИПА НА ТОМЧЕ ПЕТРЕСКИ ВО СЕРИЈА НА КОНТРОЛНИ МЕЧЕВИ НИЗ МАКЕДОНИЈА
Првакот на Косово, Беса каде тренер е Томче Петрески од денес е во Македонија, каде ќе одигра серија на пријателски мечеви. Струмичките „рисови“ на домашен терен ќе одиграат две средби против косовската екипа Беса.

Пелистер знае да победува и на домашен терен

ПО ДВА ПОРАЗИ ПОД ТУМБЕ КАФЕ, ЗЕЛЕНИТЕ ВЕРУВААТ ВО ПРВА ДОМАШНА РАДОСТ ПРОТИВ РАБОТНИЧКИ
Неколку месечниот процес за продажба на ФК Пелистер ризикива и оваа недела во втор план да ги стави натпреварите и прогресот на екипата на Марјан Секуловски.

Суперкупот на Романија за Констанца

И БЕЗ ПОЛОВИНА ТИМ ЕКИПАТА НА ШУНДОВСКИ ПРОДОЛЖУВА ДА ПОБЕДУВА
Шампионот и освојувачот на Купот на Романија од синоќа е и освојувач на Суперкупот на оваа земја. Во мечот за титулата, Констанца на македонскиот стручњак Звонко Шундовски го совлада Бакау со 24:21 (13:11)  и ја комплетираше збирката на трофеи.

26. 8. 2014.

20 минути за Ивановски, нова победа на Клуж

БИТОЛЧАНЕЦОТ ЈА ЗГОЛЕМУВА СВОЈАТА МИНУТАЖА ВО НОВИОТ ДРЕС НА КЛУЖ
Најновото засилување на романскиот Клуж, Мирко Ивановски одигра 20 минути во победата на неговата екипа против Газ Метан со 4:1.

25. 8. 2014.

Ангеловски го раскина договорот со Констанца

ИСКУСНИОТ БИТОЛСКИ РАКОМЕТАР ПО НЕКОЛКУ УСПЕШНИ СЕЗОНИ СПОГОДБЕНО ГО НАПУШТИ РОМАНСКИОТ ПРВАК КОНСТАНЦА
Македонскиот интернационале Бранислав Ангеловски повеќе не е член на Констанца откако го раскина договорот со актуелниот романски шампион.

Новески неколку недели во аут заради повреда на лигаментите

ЛОШ ПОЧЕТОК НА БУНДЕСЛИГАТА НА БИВШИОТ ДЕФАНЗИВЕЦ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Македонскиот интернационалец и поранешен капитен на репрезентацијата, битолчанецот Николче Новески, фудбалерот на бундеслигашот Мајнц вчера против Падерборн беше малерозен и првиот меч во новата сезона го заврши по неполн час, откако мораше да излезе од игра поради повреда.

Против Шпанија со тројца битолчани, но без Бабунски, Ивановски, Тричковски

СЕЛЕКТОРОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СО МНОГУ ЧУДЕН ИЗБОР НА ФУДБАЛЕРИ ЗА МЕЧОТ СО ШПАНИЈА ВО ВАЛЕНСИЈА
Контроверзен избор на селекторот на македонската фудбалска репрезентација Бошко Ѓуровски за првиот меч од квалификациите за ЕП во Франција 2016.

Нова епизода од сапуницата „ФК Пелистер„ в среда на седница на совет

АКО ПРВЕНСТВЕНИОТ МЕЧ СО РАБОТНИЧКИ В СРЕДА МУ Е ВАЖЕН, УШТЕ ПОВАЖНА Е КЛУБСКАТА ЕГЗИСТЕНЦИЈА КОЈА ЌЕ СЕ РЕШАВА ИСТИОТ ДЕН


Советниците в среда ќе расправаат за одлуката за овластување на Градоначалникот на Општината Битола за склучување на договор за продажба на акциите во сопственост на Општината Битола во Друштвото за спортски дејности ФУДБАЛСКИ КЛУБ ПЕЛИСТЕР АД БИТОЛА со најповолниот понудувач во која ќе се утврди начинот на продажба согласно Законот за хартии од вредност. Во членот два од оваа одлука стои:

24. 8. 2014.

Коњарски, последно засилување на Младост Царев двор

УШТЕ ЕДЕН ФУДБАЛЕР ОД БИТОЛСКАТА ШКОЛА МУ ПРИСТАПИ НА МЛАДОСТ ЦАРЕВ ДВОР
Второлигашот Младост Царев двор го донесе последното големо засилување оваа сезона. Искусниот фудбалер за врска кој потекнува од школата на Пелистер, Благојче Коњарски по шест месеци минати во дресот на кичевски Напредок замина од клубот и му пристапи на амбициозниот Младост.

ФОТО: Победничко „селфи„ на пелистерци во Тетово

ПЕЛИСТЕРЦИ ПРЕСРЕЌНИ ПО ТРИТЕН БОДА КОИ ГИ НОСАТ ОД ПОД ШАРА
Победата против Ренова за фудбалерите на Пелистер донесе голема радост и враќање на вербата во своите вредности, посебно по домашниот пораз против Металург.

Мехелен без Пачовски го изненади големиот Бриж

НАЈАВИ ЗА ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА ЗА МЕХЕЛЕН, НО ПАЧОВСКИ ПАК МОРАШЕ НА КЛУПАТА
Голманот на македонската фудбалска репрезентација Томе Пачовски, втор меч по ред не се најде на голот на Мехелен, но неговата екипа успеа да ја прекине црната серија и тоа против силниот Бриж.

Првенец на Спировски, Берое хит во бугарската лига

ЕКИПАТА НА БИТОЛЧАНЕЦОТ СПИРОВСКИ, ХИТ ВО БУГАРСКАТА ЛИГА
Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски го постигна првиот гол во сезоната во бугарскиот шампионат, во победата на Берое над Хасково од 3:0.

Славија загуби во Пловдив, Ристевски играше цел натпревар

РИСТЕВСКИ СТАНДАРДЕН, СЛАВИЈА ВО КРИЗА НА РЕЗУЛТАТИ
Во еден од најзначајнитен натпревари од 6 коло на бугарскиот шампионат, Ботев во Пловдив го совлада тимот на битолчанецот Кире Ристевски, Славија од Софија со 2:0.

Лавовска победа „потпишана„ од Ступиќ среде Тетово за зелените

ЗАСИЛУВАЊЕТО ВО НАПАДОТ СО ДВА ГОЛА ЈУНАК НА ГОСТУВАЊЕТО НА ПЕЛИСТЕРЦИ ПОД ШАРА
Прва фудбалска лига - 4 - коло

Ренова - Пелистер 0:2 (0:1)

Градски стадион во Тетово. Гледачи: 500
Главен судија: Димитар Мечкаровски
Асистенти: Дејан Неделковски и Гоце Петрески (сите од Скопје)
Стрелец: Ступиќ во 45 и 90 минута за Пелистер
Жолти картони: Мојсов (Ренова)
Црвен картони: Саимир Фетаи во 78 минута за Ренова

Новески повреден и заменет, Мајнц ремизираше во Падерборн

И ВО НОВИОТ ШАМПИОНАТ НА ГЕРМАНИЈА, БИТОЛЧАНЕЦОТ КАПИТЕН НА МАЈНЦ 05
Во претпоследниот натпревар од првото коло на новата Бундеслига, капитенот на Мајнц 05 Николче Новески беше во стартниот тим и покрај најавите дека неговото место не му е загарантирано по доаѓањето на новиот тренер.

Берое поведе, па невремето го помести мечот за денес

ВРЕМЕНСКОТО НЕВРЕМЕ ГИ ПРИНУДИ ФУДБАЛЕРИТЕ НА БЕРОЕ И ХАСКОВО ДА ДОИГРУВААТ ДЕНЕС ВО СТАРА ЗАГОРА
Во рамките на шестото коло од Првата бугарска лига, големо невреме ја погоди синоќа Стара Загора и тоа влијаеше и врз фудбалскиот натпревар помеѓу Берое и Хасково.

23. 8. 2014.

Само реми со Дрита за Младост Царев двор

ПО ТРЕТОТО КОЛО ОД ВТОРАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА, МЛАДОСТ ПРОПУШТИ ГОЛЕМА ШАНСА ЗА ПРВА ДОМАШНА ПОБЕДА
Фудбалерите на Младост од Царев двор прокоцкаа голема шанса да дојдат до првата домашна победа, откако во првиот меч игран на нивниот стадион во Ресен ремизираа со Дрита од Боговиње со 1:1. Голот за Младост го постигна Клечкароски во вториот дел, а потоа гостите израмнија од пенал.

Канатларовски „гази„ нов пораз на Вождовац

НИШТО НОВО И ПО ТРЕТОТО КОЛО ВО СРПСКАТА ЈЕЛЕН СУПЕР ЛИГА ВО ФУДБАЛ
Како што беше минатата сезона Спартак од Суботица, сега хит во српската Јелен Супер лига е Нови Пазар, пак воден од Драган Канатларовски.

Пелистер во Тетово го брка пропуштеното со Металург

ПРЕД ГОСТУВАЊЕТО КАЈ РЕНОВА УМЕРЕН ОПТИМИЗАМ МЕЃУ ИЗБРАНИЦИТЕ НА МИЛЕ ПЕТКОВСКИ
Оваа есен сите четири официјални средби на Пелистер завршија со гостинска победа, па битолчани се надеваат дека така ќе продолжи и по петтиот натпревар и гостувањето кај Ренова во Тетово.

22. 8. 2014.

Реми без голови за Конкордија, Драгарски не настапи

БИТОЛЧАНЕЦОТ ГИ ЧЕКА СВОИТЕ ПРВИ МИНУТИ ВО РОМАНСКАТА ЛИГА, ОТКАКО ВО КУПОТ НА РОМАНИЈА ГИ ОДИГРА ПРВИТЕ МИНУТИ
Во еден од првите мечеви од петтото коло на романскиот шампионат, Конкордија за која од оваа сезона настапува Христијан Драгарски одигра 0:0 на домашен терен против Динамо Букурешт. Во полемичен натпревар двете екипи имаа свои шанси, а Конкордија играше во последните 15 минути и со човек повеќе заради исклучувањето на Лазар, но резултатот не се менуваше. Битолчанецот како и вториот македонец во екипата на Конкордија, Тимов останаа на клупата и не добија можност. По пет одиграни средби, Конкордија е на 12 место со 5 освоени бода. Во наредното шесто коло му гостува на Чехал.  

Дали Шундовски и Констанца се разделуваат?

ТРОФЕЈНИОТ БИТОЛСКИ СТРУЧЊАК ЖРТВА НА ФИНАНСИСКАТА КРИЗА ВО КОНСТАНЦА?
Во интервју за романскиот а и нашиот печат, битолскиот ракометен стручњак, Звонко Шундовски ги потврди сите проблеми од финансиски карактер со кои се соочува неговата Констанца и потврди дека не знае дали ќе остане во романскиот првак и покрај постоечкиот договор:

Meчкаровски ќе му суди на Пелистер под Шара

ФФМ ГИ ДЕЛЕГИРАШЕ СУДИИТЕ ЗА МЕЧЕВИТЕ ОД ЧЕТВРТОТО КОЛО НА ПРВАТА ЛИГА
В недела од 17 часот на градскиот стадион во Тетово ќе се одигра мечот на Ренова и Пелистер во рамките на четвртото коло од Првата фудбалска лига. ФФМ денес ги делегираше и делителите на правдата за неделниот натпревар:

21. 8. 2014.

Марковски го одведе Пелистер во осминафиналето

БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ НЕ ДОЗВОЛИЈ ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО ПОСЛЕДНИОТ МЕЧ ОД ПРВОТО КОЛО НА НАЦИОНАЛНИОТ КУП
Вулкан - Пелистер 0:2 (0:0)

Битолски Пелистер е последниот патник во осминафиналето во Купот на Македонија откако на „Атина Бојаџи“  во Охрид со 2:0 го совлада третолигашот Вулкан.

Познат календарот за новата Суперлига

ЗЕЛЕНИТЕ ЌЕ ДЕБИТИРААТ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН ПРОТИВ СОСЕДОТ ПРЕСПА
Познат е распоредот за новата сезона во ракометната Суперлига, која официјално почнува на 20 и 21 септеври. Во првото коло Пелистер игра против соседот Преспа од Ресен.

20. 8. 2014.

Металург елиминиран од третолигаш, но не било каков, туку од Победа

ЕДНО ГОЛЕМО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО МЕЧЕВИТЕ ОД ПРВАТА РУНДА НА НАЦИОНАЛНИОТ ФУДБАЛСКИ КУП
Елиминацијата на првакот од пред две сезони Металург е главното изненадување во првите мечеви од националниот Куп.

Новаци против Гостивар, Младост Царев двор против Брегалница

ДЕНЕС СЕ ИГРААТ ПОГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД МЕЧЕВИТЕ ОД ПРВАТА РУНДА ОД НАЈМАСОВНОТО ФУДБАЛСКО НАТПРЕВАРУВАЊЕ КАЈ НАС
Во очекување на утрешниот меч на битолски Пелистер во Охрид против третолигашот Косел, денес се играат поголемиот дел од средбите од првото коло на Купот на Македонија во фудбал.

19. 8. 2014.

Кичевски судии за Куп дебито на Пелистер со Вулкан

ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИТЕ ЗА ПРВОТО КОЛО ОД НАЦИОНАЛНИОТ КУП
ФФМ ги одреди официјалните лица за натпреварите од првото коло на Купот на Македонија, чиј што трофеј го брани Работнички.

Мисовски пак на голот на Пелистер

ПО НЕКОЛКУ ГОДИНИ, ИСКУСНИОТ ГОЛМАН ПАК СЕ ВРАЌА ВО БИТОЛА
Голманот Петар Мисовски е првото звучно име што битолчани го донесоа. Поранешниот репрезентативен голман со богато меѓународно искуство по двегодишна печалба во Турција се враќа во Битола, што ќе биде неговото трето враќање во тимот.

Златко Мојсоски, Чавор, можеби и Пецаковски во новиот Пелистер

КОНСОЛИДИРАЊЕ И ЗАСИЛУВАЊЕ НА ИГРАЧКИОТ КАДАР НА НОВИОТ ПЕЛИСТЕР НА ИГОР НИКОЛОВСКИ
Иако задоцнето новиот Пелистер оваа недела треба да добие структура и на организационен и на играчки план. Спонзорот Силјан Мицевски до крајот на неделата треба да го официјализира тоа што било договорено минатата недела со општинските власти.

18. 8. 2014.

Ивановски дебитираше, важна гостинска победа на Клуж

ПРВИ МИНУТИ ЗА БИТОЛЧАНЕЦОТ ВО НЕГОВАТА НОВА ЕКИПА ВО РОМАНИЈА
Македонскиот напаѓач Мирко Ивановски ги одигра првите минути за неговиот нов клуб, Клуж од Романија.

Секуловски: „Ако не се реши ситуацијата во клубот за два-три дена ни претстои црна иднина„

ТРЕНЕРОТ НА ПЕЛИСТЕРЦИ РАЗОЧАРАН ОД ПОРАЗОТ И ОД БАВНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА КЛУБОТ
Во можеби и најдоброто издание на Пелистер оваа есен, избраниците на Марјан Секуловски загубија од Металург, а тренерот на битолчани немаше замерки кон своите пулени и јасно порача дека клубот „виси„ ако не се средат административните проблеми во најкраток временски рок:

И среќата им го сврте грбот на пелистерци

ВТОР ДОМАШЕН ПОРАЗ И ПАК СО 0:1 ЗА БИТОЛСКИТО ПРВОЛИГАШ ВО НОВАТА ФУДБАЛСКА СЕЗОНА
Прва фудбалска лига - 3 коло

Пелистер - Металург 0:1 (0:1)

Градски стадион под Тумбе кафе - Битола. Гледачи: 1500
Главен судија: Горан Спиркоски (Прилеп)
Стрелец: Тантуровски во 45 минута за Металург

16. 8. 2014.

Пачовски на клупата, Мехелен трет пат по ред поразен

ПЕРИОД НА ПРВА КРИЗА ВО ТАБОРОТ НА МЕХЕЛЕН НА ПАЧОВСКИ ОВАА СЕЗОНА
Во рамките на четвртото коло од белгиската Жупилер лига, сосема неочекувано Мехелен на македонскиот репрезентативен капитен Томе Пачовски загуби на гостувањето кај Остенде со 2:0. Тренерот на црвено-жолтите го остави Пачовски на клупата и шанса му даде на Биебо.

Продолжува позитивниот момент на Канатларовски во Србија

РЕМИ ОД ГОСТУВАЊЕТО КАЈ ЧУКАРИЧКИ ЗА НОВИ ПАЗАР НА ДРАГАН КАНАТЛАРОВСКИ
Бившиот селектор на македонската фудбалска репрезентација не само што минатата година го препороди Спартак од Суботица, туку сега по истиот пат оди и со вториот српски прволигаш кој го предводи, Нови Пазар.

Алтипармаковски со нови два гола го „разбуди„ Работнички

НОВИОТ НАПАЃАЧ НА РАБОТНИЧКИ ВЕЌЕ ПОЧНА ДА ИМ СЕ ИСПЛАЌА НА СКОПЈАНИ
Фудбалерите на актуелниот фудбалски шампион на Македонија, Работнички, со 3:1 го совладаа Тетекс за своите први бодови во новото првенство, дури во мечот од третотоколо на Првата лига, кој се одигра вечерва на арената „Филип Втори“.