16.03.2014.

Тежок домашен пораз за Мехелен

КЛУБОТ НА БИТОЛЧАНЕЦОТ ТОМЧЕ ПАЧОВСКИ ВО КРИЗА НА РЕЗУЛТАТИТЕ, СЕГА ТРЕПЕРИ И ЗА ГОЛ ПРВОЛИГАШКИ ЖИВОТ
Фудбалерите на Мехелен сеуште не го обезбедиле опстанокот во белгиската Џупилер Про лига. Клубот на македонските репрезентативци Томе Пачовски и Александар Трајковски загуби на домашен терен од Шарлоа со 0:2 и е на само 4 бода од зоната која води во понизок ранг на натпреварување.
Тимот на Френки Веркаутерен со Трајковски во игра 90 минути и Пачовски кој го преседе мечот на клупата, создаде многу шанси, но остана со празни раце во еден од виталните мечеви во борбата за опстанок. Фауре во 36 и во 80 од пенал и Галвез во 87 минута ги постигнаа головите за полн плен за фудбалерите на Шарлоа. Мехелен по поразот падна на 13 место со 31 бод. 

Нема коментара:

Постави коментар