16.03.2014.

Жилавата Констанца на крај „потклекна„ пред Фуксе Берлин

ПРВ ПОРАЗ ЗА ПРВАКОТ НА РОМАНИЈА ВО ЕХФ КУПОТ И ТОА ОД ПРВИОТ ФАВОРИТ ЗА ТРОФЕЈОТ
Романскиот шампион Констанца каде тренер е бившиот македонски селектор Звонко Шундовски, а со години настапува и Бранислав Ангеловски го претрпе првиот пораз во групата Д од ЕХФ Купот.
Против моќната германска екипа Фуксе Берлин, со која играше нерешено во Констанца, момците на Шундовски долго време беа жилав ривал, но на крај мораа да потклекнат со 28:26 (12:11). Јашка со 8 и Игропуло со 6 гола беа најзаслужни за победата на германците. Ангеловски постигна 3 гола од 7 обиди,а Тома со 7 и Ставроситу со 6 беа најпозитивните во романскиот табор. Фуксе Берлин кој има загарантирано место на Final four турнирот на EHF Купот во Берлин, води со 7 бода по 4 одиграни кола. Следува Констанца со 4, па Шамбери со 3, но и натпревар помалку и чешкиот Спарта Хлоховец кој е без бодови. Во наредното петто коло, Констанца му гостува на Спарта Хлоховец во Чешка, но веројатно клучен за второто место во групата ќе биде мечот со Шамбери во Романија на 30 март. 

Нема коментара:

Постави коментар