24.03.2014.

Паналијакос на Алтипармаковски заборави да победува

ТРИ ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ МЕЧА БЕЗ ПОСТИГНАТ ГОЛ И ОСВОЕН БОД ЗА НОВИОТ КЛУБ НА МЛАДИОТ БИТОЛСКИ НАПАЃАЧ  
Трет последователен пораз на фудбалерите на Паналијакос во втората грчка лига, каде што настапува бившиот напаѓач на Пелистер, Марјан Алтипармаковски.
Во мечот од 25 коло, Паналијакос со Алтипармаковски на теренот во текот на сите 90 минути, загуби на гости кај Епископи со 1:0 со голот на Брачани во 5 минута. И покрај поразот Паналијакос не е во голема опасност околу опстанокот, бидејќи се наоѓа на 11 место со 32 бода, осум повеќе од зоната која води во третата лига. Во наредното 26 коло Паналијакос в недела на 30 март го дочекува Акарнаикос.   

Нема коментара:

Постави коментар