Powered By Blogger

2. 3. 2014.

Мирчевски ги предводи талентите против Летонија

МЛАДИОТ 17 ГОДИШЕН ФУДБАЛЕР НА ПЕЛИСТЕР, ЕДИНСТВЕН ОД БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ ПОВИКАН ВО СЕЛЕКЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ПОД 18 ГОДИНИ
Во вторник на 4 март во 14:00 часот репрезентацијата на Македонија до 18 години  ќе одигра пријателски натревар со селекцијата на Летонија.
Контролната пресметка ќе се одигра на терените во комплексот  „Ќуќа на фудбалот“ а фудбалерот на Пелистер Мартин Мирчевски повторно е повикан и ќе биде клучна алка во националниот тим. Селекторот на репрезентацијата, Јетон Несими за натпреварот со Летонија ги повика следните фудбалери:

Голмани:
Илиќ Филип (ФК Металург), Ѓорелијевски Лазар (ФК Земун)
Одбрана:
Алаомеровиќ Сабахудин (Академија ФФМ-ФК Македонија Ѓ.П), Боцевски Слободан (Академија ФФМ-ФК Македонија Ѓ.П), Дигаловски Дарко (ФК Металург), Алексиќ Милан (ФК Вардар), Перчинков Игор (Академија ФФМ - ФК Работнички)
Среден ред:
Валентин Кочовски (ФК Академија Пандев), Стефан Јевтовски  (Академија ФФМ-ФК Металург), Сабит Билали (Академија ФФМ-ФК Ренова), Мартин Мирчевски (ФК Пелистер), Шаип Тела (ФК Ксамакс-Швајцарија), Реџеп Курт (ФК Академија Пандев), Бобан Геогриев  (ФК Металург), Бесар Исеини (ФК Шкупи)
Напад:

Мартин Христов (ФК Тетекс), Ремзифаик Селмани (ФК Ренова), Емил Абаз (ФК Андерлехт), Страхиња Крстевски (ФК Војводина), Петковски Петар  (ФК Македонија Ѓ.П)

Нема коментара:

Постави коментар