Powered By Blogger

23. 3. 2014.

Минути го делеа Новески и Мајнц од реми со моќниот Баерн

МАЈНЦ И НОВЕСКИ ОДЛИЧНИ, НО БОДОВИТЕ ЗАМИНАА ЗА МИНХЕН
Со головите на Бастијан Швајнштајгер во 82 и Марио Геце во 86 минута, фудбалерите на Баерн Минхен ја продолжија беспрекорната серија на победи и на гости го совладаа Мајнц 05 на Николче Новески со 0:2.
Иако долго време домаќините беа рамноправни, а имаа и сериозни шанси да дојдат во водство, сепак квалитетот на европскиот првак пресуди во последните минути од натпреварот. Новески го одигра целиот натпревар, а по повеќе од еден месец неговата екипа загуби и ја прекина позитивната серија. Ова е само втор пораз во 2014 година на екипата на Тухел. По 25 коло Баерн го „отвора шампањското„ а Мајнц 05 падна на шестото место со 41 бод. Сепак како и скоро сите бундеслигаши оваа сезона, ова беше планиран пораз и бодовите за место во Европа, Мајнц 05 ќе ги побара на некој друг терен. Можеби веќе во вторник навечер и гостувањето кај Ајнтрахт Браунгшвајх. 

Нема коментара:

Постави коментар