Powered By Blogger

31. 3. 2014.

Одржан првиот меморијален турнир „Петар Вељановски - Мувата„

ФУДБАЛСКИТЕ СУДИИ ОД БИТОЛА ОРГАНИЗИРАА ТУРНИР ВО ЧЕСТ НА ПРЕРАНО ЗАГИНАТИОТ НИВНИ КОЛЕГА
Вечерва во организација на ОФС Битола се одржа првиот меморијален фудбалски турнир за фудбалски судии „Петар Вељановски - Мувата„ точно на двегодишнината од неговата прерана смрт.

Две годишна суспензија за Најдовски и Петковски

ДЕБЕЛА СУСПЕНЗИЈА ЗА РАКОМЕТАРИТЕ КОИ ФИЗИЧКИ ГИ НАПАДНАА СУДИИТЕ НА МЧОТ БИТОЛА - ПРИЛЕП
Дисциплинската комисија на РФМ им изрече казни на играчите на Битола, Бојан Петковски и Димитар Најдовски, забрана на настап во траење од две години поради напад на службени лица за време на натпревар.

Елмазовски две недели надвор од терените

НАЈВОЗРАСНИОТ ВО ТИМОТ ЌЕ ПРОПУШТИ ДВА НАТПРЕВАРИ ЗА БОДОВИ ЗА ПЕЛИСТЕРЦИ
Победата над Гостивар скапо ја платија лидерите на табелата, фудбалерите на Пелистер.

Славија им се врати на победите

ВО ГРАДСКОТО ДЕРБИ ЗА СОФИЈА, СЛАВИЈА НА КИРЕ РИСТЕВСКИ ПОДОБРА ОД ЛОКОМОТИВ
Во последниот натпревар од 30 коло на бугарското  фудбалско првенство, софиските ривали Славија и Локомотив одиграа одличен меч во кој Славија на Кире Ристевски славеше со 2:0 со головите на Марчев во 18 и бразилецот Силва во 51 минута.

Пивковски ги скина лигаментите на коленото

МЛАДИОТ БИТОЛЧАНЕЦ СО ШВЕДСКИ ПАСОШ, БАШ НЕМА СРЕЌА СО ПОВРЕДИТЕ
Младиот 20 годишен напаѓач со шведски пасош Филип Пивковски доживеа тешка повреда на тренингот на Новара и ги скина лигаментите од левото колено.

Ренова - Пелистер в сабота од 16 часот?

НАРЕДНИОТ ВИКЕНД ДВА НАТПРЕВАРИ ВО ТЕТОВО, ПА ПЕЛИСТЕР ЌЕ МУ ГОСТУВА НА РЕНОВА ДЕН ПРД ОСТАНАТИТЕ
Во наредното 26 коло од фудбалскиот шампионат на Македонија, Пелистер по трет пат оваа сезона ќе гостува во Тетово.

30. 3. 2014.

Мехелен не може ни против десетмина

НОВ ПОРАЗ НА ФУДБАЛЕРИТЕ НА МЕХЕЛЕН НА ДВАЈЦА МАКЕДОНСКИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ, КОИ СЕГА ТРЕПЕРАТ И ЗА ОПСТАНОКОТ
Александар Трајковски одигра 82 минути, а Пачовски пак беше на клупата за резерви, во уште еден пораз на белгиски Мехелен, кој западна во голема криза.

Одмазда врз германците по 18 години баш на истиот ден

НЕВЕРОЈАТНА КОИНЦИДЕНЦИЈА И ОДМАЗДА НА МАК-РАКОМЕТОТ ВРЗ ГЕРМАНЦИТЕ ПО 18 ГОДИНИ
Одсекогаш ракометните дуели на нашите претставници во европските купови наидувале на „најтврдиот„ орев - германските екипи.

Бочевски: „4 победи во 10 дена - секоја чест за фудбалерите„

РЕАКЦИИ ПО УШТЕ ЕДНА ДОМАШНА ПОБЕДА НА МОМЦИТЕ НА ОХРИДСКИОТ ТРЕНЕР БОЧЕВСКИ
Рутинска победа на лидерот и заеднички заклучоци на двата тренери дека желбата и императивот беа клучни околу екипата која ќе ги освои бодовите.

Пелистер не се шегува и не го дава врвот

ПАК СО „БУГАРСКИ СТРЕЛЦИ„ БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ ЈА СЛАВИ ЧЕТВРТАТА ПОСЛЕДОВАТЕЛНА ПОБЕДА
Пелистер - Гостивар 2:0 (1:0)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 2000
Главен судија: Дејан Јакимовски
Асистенти: Џенан Хајдари и Тони Стојановски (сите од Скопје)
Делегат: Миле Таноски (Ресен)
Стрелци: Љубенов во 26 и Воденичаров во 90 минута за Пелистер
Жолти картони: Елмазовски, Христов, Марковски (Пелистер), Саљиу, Ибраими, Дехари (Гостивар)
Црвени картони: нема

Нова победа на Берое, Спировски не настапи

ЗЕЛЕНИТЕ ОД СТАРА ЗАГОРА НЕ ПРЕСТАНУВААТ СО ПОЗИТИВНАТА СЕРИЈА ВО БУГАРСКАТА ЛИГА
Берое е вистински хит во домашното првенство на нашиот сосед. Екипата на македонскиот репрезентативец Стефан Спировски го декласира Черноморец Бургас на уште еден наш интернационалец, Дамчевски.

Ивановски не настапи, Астра со важна победа

ПОЗИТИВНИ МОМЕНТИ ЗА РОМАНСКА АСТРА СО НОВИОТ ТРЕНЕР, НО ИВАНОВСКИ ПАК Е НА КЛУПАТА
Во еден од двата последни натпревари од 25 коло на првата романска лига, Астра Плоешти забележа важна гостинска победа против Чеалул со 0:2. Македонскиот интернационалец Мирко Ивановски не настапи и цел меч го одгледа од клупата.

Пак реми без голови за Спартак и Канатларовски

БИВШИОТ МАКЕДОНСКИ СЕЛЕКТОР КАКМО ДА СЕ РЕЗЕРВИРА ЗА НЕРЕШЕНИ РЕЗУЛТАТИ ВО СРПСКАТА ЛИГА
Во претпоследниот натпревар од 21 коло на српската Јелен супер лига, фудбалерите на Спартак Златибор вода од Суботица на битолскиот стручњак Драган Канатларовски пак ремизираа.

Алтипармаковски пак јунак на Паналијакос

ПО ВТОР ПАТ ОВАА СЕЗОНА БИТОЛЧАНЕЦОТ КЛУЧЕН ЧОВЕК ЗА БОДОВИТЕ НА ПАНАЛИЈАКОС
Бившиот младински репрезентативец и члек на Пелистер и Ксанти, Марјан Алтипармаковски втор пат оваа пролет откако се врати во Грција е јунак на својата екипа. Попладнево одигра цел натпревар во победата на неговиот Паналијакос над Акарнаикос со 2:1.

Одлична презентација на БК Пелистер во Штип

ОД ШТИП БОКСЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ГО ПОЧНАА ЕКИПНОТО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА
Овој викенд започна екипниот шампионат на Македонија во бокс. Некогаш во бившата држава ова првенство привлекуваше големо внимание и интерес меѓу битолчани.

Констанца го „збриша„ Шамбери за четвртфинале

ПОЗНАТИ СИТЕ ЧЕТВРТФИНАЛИСТИ НА ЕХФ КУПОТ ВО РАКОМЕТ
Констанца  - Шамбери 29:25 (15:14)

Првакот на Романија, Констанца на македонскиот стручњак Звонко Шундовски и интернационалецот Бранислав Ангеловски обезбеди пласман во четвртфиналето на ЕХФ Купот по победата во мечот со францускиот Шамбери од 29:25.

Победа за крај на сезоната и петто место

СО ПОБЕДА КУГЛАРИТЕ НА ХЕРАКЛЕА ЈА ЗАВРШИЈА УСПЕШНАТА СЕЗОНА ВО ДОМАШНИОТ ШАМПИОНАТ
Хераклеа - Империјал Тобако 5:3

Вчера се одигра последното коло во кугларскиот шампионат на Македонија, во кое кугларите на Хераклеа го победија противникот од Скопје, Импреријал Тобако со 5:3.

Загрижувачки пораз на Мултитекс

ВТОР ПРОЛЕТЕН ПОРАЗ ЗА ПИНГ-ПОНГАРИТЕ НА МУЛТИТЕКС
ППК Мултитекс ТБТ Битола - ППК Вардар Скопје 2:5

Пинг-понгарите на Пелистер влегоа во црна серија, откако загубија и на домашен терен, овој пат од директниот конкурент Вардар.

29. 3. 2014.

Лесна победа на пелистерци во Свети Николе

ВТОР ПАТ ПО РЕД РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ПОСТИГНУВААТ ПРЕКУ 40 ГОЛА ЗА НОВА ЛЕСНА ПОБЕДА
Овче Поле - Пелистер 21:43 (10:21)

Ракометарите на Пелистер ја забележаа третата последователна победа во пролетниот дел на ВИП Суперлигата и си „поиграа„ со Овче Поле во Свети Николе на сличен начин како што тоа го сторија со Куманово во претходното коло.

Кобна последна четвртина за пелистерци

ИАКО ВОДЕА ПОВЕЌЕ ОД ТРИ ЧЕТВРТИНИ, ПЕЛИСТЕРЦИ НЕСРЕЌНО ЗАГУБИЈА ВО КАВАДАРЦИ
Фени Индустри - Пелистер 69:63 (17:18, 14:19, 16:15, 22:11)

Во крајно неизвесен натпревар во спортската сала „Јасмин„ во Кавадарци, кошаркарите на Пелистер повеќе од три четвртини имаа водство против домашните портокалови.

Китановски се врати во тимот, Крајова побегна на врвот

БИТОЛЧАНЕЦОТ „БЛЕСКАШЕ„ ВО МНОГУ ВАЖНАТА ПОБЕДА НА КРАЈОВА ЗА „БЕГСТВО„ НА ВРВОТ
Со голот на напаѓачот Ганеа во 67 минута, Универзитатеа Крајова минимално го совлада тимот на Ородеи со 1:0 во рамките на 20 коло на романската втора лига.

Новески се повреди на загревање, Мајнц му се врати на победите

МАЛЕР ЗА БИТОЛЧАНЕЦОТ, НО И ПРЕКИН НА ЦРНАТА СЕРИЈА ЗА МАЈНЦ ВО БУНДЕСЛИГАТА
Македонскиот интернационалец Николче Новески се повреди на загревањето од мечот од 28 коло на Бундеслигата помеѓу Мајнц 05 и Аугсбург и не настапи.

28. 3. 2014.

По неколку години Пелистер пак дава репрезентативец

ДАНИЕЛ ВУКИЧЕВИЌ ПОВИКАН ОД НОВИОТ ЦРНОГОРСКИ СЕЛЕКТОР ОБРАДОВИЌ
На првите големи натпреварувања македонската ракометна репрезентација во голем број беше составена од ракометари на Пелистер или продукти на познатата битолска школа.

Пелистер прв пат сам пролетен лидер

БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ РУШИ РЕКОРДИ ОВАА СЕЗОНА ВО МАК-ФУДБАЛОТ
За прв пат во својата историја Пелистер е сам лидер во пролетните кола од државниот шампионат. Тежината е многу поголема одколку да се биде првопласиран во есенските кола.

Позитивниот дух од Кичево може да го однесе Пелистер далеку

НИКОГАШ ВО ИСТОРИЈАТА НА МАК-ФУДБАЛОТ, ПЕЛИСТЕР НЕ ВЛЕГОЛ ВО МЕСЕЦ АПРИЛ КАКО ЛИДЕР
Веројатно заедно со победата по калливиот терен во Автокоманда против Металург, триумфот во средата во Кичево е симбол за најкомплетниот Пелистер оваа сезона.

Александар Ристевски успешно опериран

МЛАДИОТ БИТОЛСКИ ФУДБАЛЕР ГО ЗАПОЧНА ОПОРАВУВАЊЕТО ПО ОПЕРАЦИЈАТА ТЕШКАТА ПОВРЕДА
21 годишниот дефанзивец Александар Ристевски, кој настапува во скопски Металург успешно е опериран во Софија од тешката повреда на вкрстените лигаменти, која ја заработи во зимските подготовки на неговиот клуб.

27. 3. 2014.

Пелистер втора година по ред, не е носител во Купот

ЗАРАДИ СЛАБИОТ ПЛАСМАН ВО ШАМПИОНАТОТ, ПАК ПЕЛИСТЕР РИЗИКУВА ДА НЕ ЈА ВИДИ ЗАВРШНИЦАТА НА КУПОТ 
Наместо лицитација за домаќинство на машкиот финален турнир од Купот на Македонија, РФМ реши таа да го организира, а местото на одигрување треба да биде Охрид, односно СЦ „Биљанини извори

Јакимовски на центарот против Гостивар

МЛАДИОТ СКОПСКИ СУДИЈА В НЕДЕЛА ЌЕ ГО ВОДИ МЕЧОТ НА ПРВИОТ И ПОСЛЕДНИОТ ТИМ НА ТАБЕЛАТА
По втор пат оваа сезона младиот скопски судија Дејан Јакимовски ќе ја дели правдата на меч за бодови на битолски Пелистер. Овој пат тој ќе биде на центарот в недела од 16 часот против Гостивар под „Тумбе кафе„ во рамките на 25 коло.

26. 3. 2014.

Спировски стартер, Берое носи бод од Софија

СПИРОВСКИ НАСТАПИ 72 МИНУТИ, БЕРОЕ НЕПОРАЗЕН ВО ГЛАВНИОТ ГРАД
Во рамките на вонредното 29 коло од најсилното првенство на Бугарија, македонскиот репрезентативец Стефан Спировски се најде во стартниот тим на гостувањето кај Локомотив во Софија.

Канатларовски со минус од еден гол, Ивановски со голема шанса за Куп финале

РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ СО РЕАЛНИ ШАНСИ ЗА КУП ФИНАЛЕ, А БИВШИОТ СЕЛЕКТОР ЌЕ „БРКА„ ПОДВИГ
Во првиот полуфинален меч од Купот на Србија во Нови Сад, домашната Војводина го совлада Спартак Златибор вода на Драган Канатларовски со 1:0 и стекна минималец пред возвратниот натпревар на 9 април во Суботица. Единствениот гол го постигна Мијат Гачиновиќ во 59 минута.

Пелистер од Кичево го гледа врвот

ТРЕТА ПОСЛЕДОВАТЕЛНА ПРОЛЕТНА ПОБЕДА ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР
Прва фудбалска лига - 24 коло
Напредок - Пелистер 1:3 (0:1)

Градски стадион во Кичево. Гледачи: 1000
Главен судија: Димитар Мечкаровски
Асистенти: Дејан Неделковски и Гоце Петревски (сите од Скопје)
Делегат: Боби Стефковски (Скопје)
Стрелци: Балажи во 88 минута од пенал за Напредок, а Воденичаров во 40 и 53 и Љамчевски во 68 минута за Пелистер
Жолти картони: Вељаноски, Асани (Напредок), Христов, Драгарски, Брдаровски, Ковачев (Пелистер)
Црвени картони: нема

25. 3. 2014.

В понеделник „меморијален футсал турнир - Петар Вељановски„

ПРЕКРАСНА ИДЕА НА БИТОЛСКИТЕ ФУДБАЛСКИ СУДИИ
В понеделник на 31 март, на две година од смртта на битолскиот фудбалски судија Петар Вељановски, на иницијатива на фудбалските судии од Битола при ОФС Битола, ќе се одржи меморијален турнир во мал фудбал во негова чест.

Мајнц „потопен„ кај „фенерџијата„

ВО НЕКОЛКУ ДЕНА МАЈНЦ НА НОВЕСКИ ЗАГУБИ ОД ПРВО И ПОСЛЕДНО ПЛАСИРАНАТА ЕКИПА ВО ЛИГАТА
По очекуваниот пораз од Баерн на домашен терен, Мајнџ 05 на Николче Новевски неочекувано загуби од последно пласираната екипа на табелата, Ајнтрахт Брауншвајг (3:1).

Зарем повторно Димитар Мечкаровски?

ПО ЧЕТВРТ ПАТ ВО СЕЗОНАТА, СКОПСКИОТ СУДИЈА СО ВИСОК РЕЈТИНГ МУ Е ДЕЛЕГИРАН НА МЕЧ НА ПЕЛИСТЕР
ФФМ ги објави делегирањата за вонредното 24 коло од најсилниот фудбалски ранг, кое ќе се игра в среда од 15 часот.

„Соколите го надлетаа„ Пелистер, кој сега гледа кон Втората лига

ДЕБАКЛ И ПАТ КОН ПОНИЗОК РАНГ НА НАТПРЕВАРУВАЊЕ ЗА ПЕЛИСТЕРЦИ
Карпош Соколи - Пелистер 103:67 (28:16, 28:9, 25:19, 22:23)

Со катастрофален пораз од 36 поени од директниот конкурент, кошаркарите на Пелистер го завршија регуларниот дел од кошаркарскиот шампионат, скоро со невозможни шанси за опстанок.

Кико Илиовски трет на источно-европскиот шампионат во Грција

ГОЛЕМ УСПЕХ НА ВРАЌАЊЕТО НА БИТОЛЧАНЕЦОТ НА МОТО-КРОС ПАТЕКИТЕ
На првата трка од Источно европскиот шампионат во мотокрос, нашиот натпреварувач Христијан Илиоски го освои третото место. Минатиот викенд патеката Серес во Грција беше домаќин на првата трка од Источно европскиот шампионат, на која настапија 75 возачи поделени во 5 класи: MX1, MX2, MX, MX65 и MX85.

24. 3. 2014.

Благојче Главевски назад во стројот

ОД ДЕНЕС НАПАЃАЧОТ НА ПЕЛИСТЕРЦИ ПАК КОНКУРИРА ЗА МЕСТО ВО ТИМОТ
 
Робусниот голгетер на Пелистер Благојче Главевски немаш среќа со повредите во својата кариера. Има едве операции на коленото и долго време беше надвор од фудбалските терени.

Тренерска смена кај Астра на Мирко Ивановски

КАКОВ ЌЕ БИДЕ СТАТУСОТ НА МИРКО ИВАНОВСКИ, СЕГА КОГА АСТРА ИМА НОВ ТРЕНЕР?
По неколку натпревари во кои Астра не можеше да се препознае и освои само два бода на последните три натпревари, управата на клубот спогодбено го раскина договорот со тренерот Даниел Исаила.

Паналијакос на Алтипармаковски заборави да победува

ТРИ ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ МЕЧА БЕЗ ПОСТИГНАТ ГОЛ И ОСВОЕН БОД ЗА НОВИОТ КЛУБ НА МЛАДИОТ БИТОЛСКИ НАПАЃАЧ  
Трет последователен пораз на фудбалерите на Паналијакос во втората грчка лига, каде што настапува бившиот напаѓач на Пелистер, Марјан Алтипармаковски.

23. 3. 2014.

Инфаркт завршница и победа за славје на пелистерци

ПАК СО МНОГУ КАРАКТЕР, СРЕЌА И ГОЛОВИ НА БУГАРСКИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ, ПЕЛИСТЕР СЛАВИ ПРОТИВ „ЛАВОВИТЕ„
Прва лига - 23 коло
Пелистер - Македонија Ѓ.П. 2:1 (0:0)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 1500
Главен судија: Mарјан Ецкоски (Охрид)
Асистенти: Кирил Негриески и Симе Грданоски (Струга)
Делегат: Васко Зајков (Валандово)
Стрелци: Ковачев во 89 и Воденичаров во 90 минута за Пелистер, Ѓурѓевиќ во 80 минута за Македонија Ѓ.П.
Жолти картони: Магловски, Миленковски (Пелистер), Мециновиќ, Колеќески (Македонија Ѓ.П.)
Црвени картони: нема

Битолските куглари прокоцкаа победа против Работнички

НИ ВОДСТВОТО ОД 4:2 НЕ ИМ БЕШЕ ДОВОЛНО НА БИТОЛСКИТЕ КУГЛАРИ ЗА ПОБЕДАА ПРОТИВ СКОПСКИОТ РИВАЛ
Хераклеа - Работнички 4:4

Кугларите на Хераклеа ремизираа со еден од фаворитите во кугларската лига на Македонија, екипата на Работнички од Скопје.

Клучни бодови од Словачка за Шундовски и Констанца

ГОЛЕМА ПОБЕДА ВО ЕХФ КУПОТ ЗА ПРВАКОТ НА РОМАНИЈА КОНСТАНЦА
Спарта Хлоховец - Констанца 25:27 (15:12)

Во петтиот натпревар од групната фаза на ЕХФ Купот, првакот на Романија Констанца на македонскиот тренер Звонко Шундовски и интернационалецот Бранислав Ангеловски издвојува витална победа на гостувањето во Словачка.

Мултитекс поразен во Виница

ПРВ ПРОЛЕТЕН ПОРАЗ ЗА ПИНГ-ПОНГ КЛУБОТ МУЛТИТЕКС ОД БИТОЛА
Винспин - Мултитекс 5:2

Во третото пролетно коло, вкупно осмо во Втората пинг-понгарска лига битолски Мултитекс го претрпе вториот пораз.

Цапар ремизира и мисли на Купот на Србија

ИГРААТ ЗА ПРВЕНСТВЕНИ БОДОВИ, А МИСЛАТ НА КУПОТ НА СРБИЈА
Во дуелот од 20 коло во нашето северно соседство помеѓу Спартак Златибор вода на Драган Канатларовски и Јагодина повторно немаше победник и мечот заврши 1:1.

Минути го делеа Новески и Мајнц од реми со моќниот Баерн

МАЈНЦ И НОВЕСКИ ОДЛИЧНИ, НО БОДОВИТЕ ЗАМИНАА ЗА МИНХЕН
Со головите на Бастијан Швајнштајгер во 82 и Марио Геце во 86 минута, фудбалерите на Баерн Минхен ја продолжија беспрекорната серија на победи и на гости го совладаа Мајнц 05 на Николче Новески со 0:2.

И без Китановски, Крајова на пат кон Првата лига

КИТАНОВСКИ НЕ НАСТАПИ, А КРАЈОВА СТИГНА ДО НАЈВИСОКАТА ПОБЕДА ВО СЕЗОНАТА
Екипата Универзитатеа Крајова на македонскиот интернационалец Томе Китановски со новиот тренер Гаврил Балинт издвојува убедливата победа од 6:0 против Минерул Мотру во 18 коло на романската втора лига.

21. 3. 2014.

Без Ивановски Астра заборави да победува

ТРИ МЕЧА ПО РЕД ЕКИПАТА НА МИРКО ИВАНОВСКИ НЕ ЗНАЕ ЗА ПОРАЗ ВО РОМАНСКАТА ПРВА ЛИГА
Веќе три натпревари Астра Плоешти е без победа во романската лига и осетно заостанува зад водечката екипа на Стеауа. Македонскиот интернационалец Мирко Ивановски не доби шанса во домашниот меч од 24 коло против Отелул Галати, кој заврши 1:1.

Спировски слави во „македонското дерби„ во Бугарија

ВО ПРВИОТ МЕЧ ОД 28 КОЛО НА БУГАРСКАТА ЛИГА, ЗЕЛЕНИТЕ ОД СТАРА ЗАГОРА СЛАВАТ ЗНАЧАЈНА ПОБЕДА
Во мечот од 28 коло на бугарското првенство екипата на Стефан Спировски, Берое од Стара Загора го совлада тимот на софиска Славија на Кире Ристевски со 1:0. Со голот на бразилецот Елијаш да Силва во 48 минута домашните „зелени„ дојдоа во водство.

Битолските пливачи со „вреќа„ медали од државното првенство

НОВА ЖЕТВА НА МЕДАЛИ НА ПЛИВАЧИТЕ ОД БИТОЛА
Деновиве во спортскиот центар ,,Борис Трајковки“ во Скопје се одржа зимското државно Првенство на Македонија во 25 метарски базен.

20. 3. 2014.

„Битолско дерби„ во бугарската лига

НЕКОГАШНИТЕ НАДЕЖИ НА ПЕЛИСТЕР, СЕГА МЕЃУ СЕБЕ ИГРААТ ЗА ПРВЕНСТВЕНИ БОДОВИ ВО БУГАРИЈА
До пред неколку сезони двајцата беа дел од супер талентираната генерација на битолски Пелистер.