Powered By Blogger

29. 9. 2015.

Мустафов повикан на списокот на младата репрезентација

БЕЗ ИЗНЕНАДУВАЊА ВО ИЗБОРОТ НА МИЛЕВСКИ ЗА КВАЛИФИАКЦИОНИОТ МЕЧ СО СЕВЕРНА ИРСКА
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Благоја Милевски, го соопшти списокот на фудбалери на кои ќе смета за квалификацискиот натпревар против селекцијата на Северна Ирска на 13 октомври на гостински терен. Во тимот на Милевски првпат е повикан офанзивниот фудбалер на Брегалница, Стефан Мишев, повратници во надежната репрезентација се Тихомир Костадинов, Алекса Амановиќ и Бесмир Бојку.

„Вечното дерби“ секогаш ги мотивира пелистерци

ИАКО ВО РАЗЛИЧНИ КАТЕГОРИИ, ВАРДАР И ПЕЛИСТЕР ЌЕ СЕ СРЕТНАТ И ОВАА СЕЗОНА
Освен ремито со Тетекс и проблемите со повредени фудбалери, пелистерци имаат уште една голема преокупација во името на наредниот противник. Иако шампионатот е голем приоритет пред Купот, утре во Скопје Пелистер ќе му гостува на Вардар во осминафиналето на најмасовното натпреварување во нашата земја.

28. 9. 2015.

Битолска доминација на мотокрос трката на Братиндол

НОВА ЕГЗИБИЦИЈА НА КИКО ИЛИОСКИ НА ПАТЕКАТА КРАЈ БРАТИНДОЛ
Тројна битолска победа на трката од државниот шампионат во мотокрос која се возеше на патеката на Братиндол крај Битола. Учесниците и во источно-европскиот шампионат, Костов и Илиоски и младиот Станковиќ со своите победи им понудија одлична забава на многубројните гледачи крај патеката.

27. 9. 2015.

„Зелените“ се разгоропадија за лесна победа против Тинекс Пролет

ПО ПОРАЗОТ ВО ПРИЛЕП, ПЕЛИСТЕР СЕ ОПОРАВИ СО УБЕДЛИВА ПОБЕДА ПРОТИВ ТИНЕКС ПРОЛЕТ
Пелистер - Тинекс Пролет 30:21 (14:8)

Ракометарите на Пелистер одговорија на „фрлената ракавица“ и на денот на кој ракометот во Битола прослави 60 години постоење, а навивачката група „Чкембари“ три децении од своето формирање, го совлада Тинекс Пролет со 9 гола разлика. Битолчани, добро беа мотивирани за овој меч, па сега не оставија ништо на случајност.

Стравот од пораз ги порази и Пелистер и Тетекс на роденденот на „Чкембарите“

РЕМИ НА ЛАНСКИТЕ ПРВОЛИГАШИ ВО ДЕРБИТО ОД 5 - КОЛО НА ВТОРАТА ЛИГА ВО ПРИЛЕП
Втора фудбалска лига - 5 - коло
Пелистер - Тетекс 0:0

Градски стадион „Гоце Делчев“ - Прилеп. Гледачи: 500
Главен судија: Марјан Ецкоски (Охрид)
Асистенти: Ацо Мацевски (Струга) и Рамче Бакрачески (Струга)
Делегат: Хајро Бабачиќ (Скопје)
Стрелци: нема
Жолти картони: Стојковски, Трајковски, Главевски (Пелистер), Јовановски, Демир (Тетекс)
Црвени картони: нема 

26. 9. 2015.

ФОТО: „Чкембарите“ со забава на Широк сокак го прославија 30 роденден

РОДЕНДЕНОТ НА „ЧКЕМБАРИТЕ“ ГЛАВЕН НАСТАН И ВО ТЕКОТ НА ОВОЈ ВИКЕНД 
Илјадници битолчани се собраа низ најориенталната улица на Балканот „Широк сокак„ да го прослават својот 30 роденден со забавна програма и пиротехничко шоу.

25. 9. 2015.

Четворица битолчани во списокот на Друловиќ

ПРЕД МЕЧЕВИТЕ СО УКРАИНА И БЕЛОРУСИЈА, СЕЛЕКТОРОТ ДРУЛОВИЌ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ НА РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ 
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Љубинко Друловиќ, повика 22 играчи за двете последни квалификациски средби кои Македонија ќе ги одигра против Украина и Белорусија. Македонската репрезентација, која во Ц групата, се наоѓа на последното место со три бода, на 9 октомври ќе ја пречека Украина, а три дена потоа ќе гостува Белорусија. На списокот кој Друловиќ го објави во петокот има само едно ново име, тоа е голманот на шведски Норчепинг Давид Митов Нилсон. Исто така по подолго време во националниот тим се враќаат Иван Тричковски од Легија Варшава и фубалерот на Шкендија, Арменд Алими.

Конкретни предлози од „Чкембарите“ за излез од битолската спортска криза

ОДРЖАНА ТРИБИНА НА КОЈА СЕ ДИСКУТИРАШЕ ОКОЛУ ИДНИНАТА НА БИТОЛСКИОТ СПОРТ
На трибината која ја организираа навивачите а на која цел беше да се дискутира за кризата на битолскиот спорт, имаше голем број заинтересирани, но претставник само од ракометниот клуб. Координаторот на РК Пелистер, Стевче Стефановски го објасни новиот проект, но изостана расправа за случувањата во фудбалскиот клуб, иако присутни беа голем дел од фудбалерите на Пелистер.

23. 9. 2015.

Крводарителска акција како дел од јубилејот на „Чкембарите“

„ЧКЕМБАРИТЕ“ ДАРУВАА КРВ КАКО ДЕЛ ОД НИВНИОТ ТРИ ДЕЦЕНИСКИ ЈУБИЛЕЈ 
На вториот дел од прославата од три децении на најстарата навивачка група во Македонија, битолските навивачи „Чкембари“ на нивна иницијатива голем дел од сите членови, а и останатите битолчани даруваа крв во битолскиот „Црвен крст“.

„Чкембарите“ им парираа на ветераните на Пелистер

РЕВИЈА ВО СПОРТСКАТА САЛА „МЛАДОСТ„ ПО ПОВОД 30 ГОДИНИ - НАВИВАЧКА ГРУПА ЧКЕМБАРИ
Како прва манифестација по повод 30 годишнината од постоењето на навивачката група „Чкембари“ членови на навивачите одиграа футсал меч со ветераните на Пелистер. Мечот го следеа 1000 гледачи, а на крајот заврши мирољубиво 2:2 (1:1).

21. 9. 2015.

„Чкембарите„ слават 30 години постоење

НА ОФИЦИЈАЛНА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕТСТАВЕНА ПРОГРАМАТА НА ЈУБИЛЕЈОТ НА „ЧКЕМБАРИТЕ„
На денешната прес-конференцијата најстарата навивачка група во Македонија, битолските „Чкембари„ ја објавија програмата во неделата во која одбележуваат 30 години од своето постоење. Во периодот на општа криза на битолскиот спорт, најсветла точка останува приврзаноста на армијата навивачи на клубовите кои го носат името Пелистер.

19. 9. 2015.

Старт со пораз и лоши вибрации на Пелистер во пелагониското дерби

КАКО И НА ТУРНИРОТ ПРЕД ТРИ НЕДЕЛИ, ПЕЛИСТЕР ПОРАЗЕН ВО ПРИЛЕП
Прилеп - Пелистер 26.21 (9:9)

Во пелагониското дерби од новата Супер лига,  Пелистер и покрај повисоките амбиции и буџет, загуби во Прилеп со 26:21 (9:9) Почетокот на натпреварот им припадна на ракометарите од Битола, кои по првите 6-7 минути имаа +3. Сепак домаќините во централниот дел од првото полувреме го изедначија резултатот на 6:6, а и прв пат поведоа во 28 минута (9:8). 

Нов гол на Главевски, ново реми на Пелистер

ПРОДОЛЖУВА НЕПОРАЗЕНОСТА НА БИТОЛЧАНИ, НО И ТЕШКОТИИТЕ ДА СЕ ДОЈДЕ ДО ПОБЕДА ВО ВТОРАТА ЛИГА
Втора фудбалска лига - 5- коло 
Еуромилк - Пелистер 1:1 (1:1)

Стадион во Горно Лисиче - Скопје. Гледачи: 300
Главен судија: Стојанче Стојанов (Штип)
Асистенти: Саше Иванов (Штип) и Дарко Тодоров (Свети НИколе)
Делегат: Ацо Алексоски (Долнени)
Стрелци: Јашаровски од пенал во 44 минута за Еуромилк, а Главевски во 22 минута за Пелистер
Жолти картони: Алији, Давчевски (Еуромилк), Недановски (Пелистер)
Црвени картони: нема

17. 9. 2015.

Чачиќ задоволи, Левов ќе потпише идната недела

ВЕТЕРАНОТ ЌЕ ГО ПРЕДВОДИ НОВИОТ ПЕЛИСТЕР, ЛЕВОВ ЌЕ БИДЕ ПОСЛЕДНИОТ НОВАЈЛИЈА
Искусниот 39 годишен ракометар од Б и Х, Младен Чачиќ потпиша договор на една сезона со битолски Пелистер, откако задоволи на дводневната проба. Тој доаѓа од словачки Спорта Хлоховец, каде минатата сезона одиграл неколку месеци пред да замине од клубот.

16. 9. 2015.

Канатларовски на клупата на мостарски Вележ

НЕ МУ ТРЕБАШЕ ДОЛГО НА БИТОЛСКИОТ ТРЕНЕР ДА ПРОНАЈДЕ НОВ АНГАЖМАН
Битолчанецот Драган Канатларовски е нов тренер на босанскиот прволигаш Вележ од Мостар. Македонскиот тренер последниот ангажман го имаше во српскиот состав на Нови Пазар. Претходно работеше и во Спартак Суботица, Локомотив Пловдив, Вардар, Победа, Беласица, а во два наврати беше селектор на најдобарата македонската фудбалска репрезентација.

15. 9. 2015.

Ветеранот Чачиќ е завршно решение за проблемите на Пелистер

НОВ ПРЕСВРТ ОКОЛУ ПОСЛЕДНОТО ЗАСИЛУВАЊЕ НА ПЕЛИСТЕР ОВА ЛЕТО
39 годишниот интернационалец од Б и Х, Младен Чачиќ најверојатно ќе биде последното летно засилување на битолскиот Пелистер. Откако Марио Граб не задоволи, а се изјаловија преговорите и со Милан Левов, од денес во Битола е босанскиот интернационалец, Чачиќ.

13. 9. 2015.

Ниту добриот Димитровски не го спречи поразот на Егер од ПИК Сегедин

БИВШИОТ ПИВОТМЕН НА ПЕЛИСТЕР И ПРИЛЕП И ПОКРАЈ ПОРАЗОТ, ПОЗИТИВЕН ВО ДРЕСОТ НА ЕГЕР ВО УНГАРИЈА
Битолчанецот Васко Димитровски, одигра одличен натпревар во унгарскиот шампионат во дресот на неговата нова екипа Егер Естерхажи.

12. 9. 2015.

Главевски конечно ги израдува битолчани

ПРВА РАДОСТ ВО НОВАТА СЕЗОНА ЗА БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР
Втора фудбалска лига - 4 коло
Пелистер - Љубанци 3:1 (1:1)

Градски стадион „Гоце Делчев„ - Прилеп. Гледачи: 1000
Главен судија: Петар Мантев (Неготино)
Асистенти: Ѓорѓи Карајанов (Гевгелија) и Кире Ангеловски (Струмица)
Делегат: Штерјо Ѓорѓиев (Свети Николе)
Стрелец: Ацески во 8 и Главевски во 54 и 56 минута за Пелистер, а Ти. Фидановски во 40 минута за Љубанци
Жолти картони: Петковски, Лавуровски (Пелистер), Серафимовски (Љубанци)
Црвени картони: нема

Левов пред потпис со Пелистер

ПЕЛИСТЕР ПО БОСАНЕЦОТ ГРАБ, ПРОНАЈДЕ ДЕСЕН БЕК ВО БИВШИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ 
Битолски Пелистер го отпушти босанескиот интернациуоналец, Марио Граб, а сега на проба во клубот е Милан Левов. Отсуството на леворак ракометар треба да го надополни поранешниот македонски репрезентативец, Милан Левов, кој неколку дена тренира со тимот на Пелистер.

11. 9. 2015.

Пелистер му се заблагодари на Марио Граб

ГРАБ НЕ ЗАДОВОЛИ И ПЕЛИСТЕР ЌЕ БАРА НОВ ДЕСЕН БЕК НА 8 ДЕНА ДО ПОЧЕТОКОТ НА ШАМПИОНАТОТ
Босанскиот интернационалец Марио Граб не е повеќе член на Пелистер. Тој мина еден месец на проба во битолскиот клуб, за кој одигра дел од турнирот во Прилеп и пријателски натпревари низ Србија, но веројатно не задоволи.

9. 9. 2015.

Две победи и два порази за пелистерци на српската турнеа

ПО ЕДНА НЕДЕЛА МИНАТА ВО СРБИЈА, ПЕЛИСТЕРЦИ ГИ СУМИРААТ ВПЕЧАТОЦИТЕ ПО ВРАЌАЊЕТО ВО БИТОЛА
Битолски Пелистер со половичен резултат од две победи и два пораза се врати од турнејата низ Србија. Битолскиот суперлигаш се радуваше во контролите со Аранѓеловац (25:24) и Велика Плана (24:23), додека забележа негативен резултат во пријателските средби со Крагуевац (26:24) и со Пожега (30:19).

Мата ја квалификува Шпанија и ја закова Македонија на дното од групата

СО ЧЕТВОРИЦА БИТОЛЧАНИ ВО ПОЧЕТНИОТ СОСТАВ, МАКЕДОНИЈА МИНИМАЛНО ЗАГУБИ ОД ЕВРОПСКИОТ ПРВАК ВО СКОПЈЕ
Квалификации за ЕП - 2016 година
Македонија -Шпанија 0:1 (0:1)

Македонија загуби од Шпанија со 0:1 (0:1) во натпреварот од Ц групата од квалификациите за пласман на Европското првенство. Селекторот на нашата репрезентација извади изненадувачки тим во кој од првата минута почнаа четворица битолчани: Пачовски, Брдаровски, Ристевски и Ивановски.

ФФМ му се заблагодари на Николче Новески

БИТОЛЧАНЕЦОТ ПОЗДРАВЕН ОД 25.000 ЛУЃЕ НА НАШИОТ НАЈГОЛЕМ СТАДИОН
Пред почетокот на натпревар Македонија - Шпанија официјално признание од ФФМ доби едно од најголемите имиња нашиот фудбал, битолчанецот Николче Новески. Новески заврши со репрезентацијата со 64 натпревари и голема посветеост и професионалност.

1. 9. 2015.

„Вечното дерби„ во осминафиналето на Купот на Македонија

НАЈГОЛЕМИТЕ РИВАЛИ СЕ СООЧУВААТ УШТЕ ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО НА КУПОТ
Во прес центарот на Куќата на фудбалот денес беа извлечени двојките за осминафиналето од Купот на Македонија. Најголемо внимание секако дека привлекува дуелот на „вечните ривали„ Вардар и Пелистер.