11.03.2014.

Одлуката за купувачот на ФК Пелистер наредната недела

НОВА НЕИЗВЕСНОСТ ОКОЛУ ЕВЕНТУАЛНОТО ПРЕДАВАЊЕ НА ВЛАСТА ВО ФК ПЕЛИСТЕР
Иако се очекуваше во текот на вчерашниот ден информација барем за заинтересираните страни за купување на ФК Пелистер, сепак од Општина Битола нема да шпекулираат со потенцијалните нови газди и дури наредната недела откако ќе ја минат цела администрација во Скопје, ќе излезат со официјален став.
До тогаш официјална е веста дека заинтересирани за купување на клубот има и најверојатно се три или четири компании. Исто така потврдена е веста дека меѓу понудите има и домашни и странски инвеститори. Се поголеми се шпекулациите која од овие понуди има предност, но општината потврди дека нема да издвојува никого и дека ќе организира заедничка отворена средба со сите потенцијални купувачи. До тогаш екипата ќе продолжи со своите првенствени активности, а клубот ќе фунционира како и до сега.

Нема коментара:

Постави коментар