Powered By Blogger

30. 11. 2014.

„Петарда„ и презимување на осмото место

НАЈУБЕДЛИВ ПОРАЗ ОВАА ЕСЕН И 18 БОДА НА КОНТОТО ПО 17 ЕСЕНСКИ НАТПРЕВАРИ ЗА БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР 
Прва фудбалска лига - 17 - коло
Шкендија - Пелистер 5:0 (2:0)

Градски стадион во Тетово. Гледачи: 1000
Главен судија: Стевче Шулески (Охрид)
Асистенти: Жарко Тодороски (Охрид) и Кирил Неигриески (Струга)
Делегат: Гоце Шопоски (Радожда)
Стрелци: Вручина во 24, Зеба во 45, Кировски во 50 и Имери во 70 и 90 минута за Шкендија
Жолти картони: Вручина (Шкендија), Пашовски, Мирчевски (Пелистер)
Црвени картони: нема

29. 11. 2014.

Шундовски и Ангеловски, втора година по ред во групите на ЕХФ Купот

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД МАКЕДОНСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО ЕХФ КУПОТ ЌЕ БИДАТ КОНСТАНЦА И АНГЕЛОВСКИ И ШУНДОВСКИ
Втора година по ред македонскиот тренер Звонко Шундовски и неговата Констанца ќе играат во групната фаза на ЕХФ Купот. Констанца со Ангеловски на теренот и Шундовски на клупата во последното трето квалификациско коло со две победи успеа да го совлада и елиминира норвешкиот претставник Елверум.

Младиот Пелистер со недоволна победа се прости од Европа

ЧЕСНА ЕЛИМИНАЦИЈА ВО ОДЛИЧЕН МЕЧ ЗА МЛАДИОТ ПЕЛИСТЕР НА ИГОР НИКОЛОВСКИ
Пелистер - Дукла Прага 24:18 (12:7)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 4000
Судии: Роберто Шевоја и Таи Алперан (Италија)
Делегат: Тихомир Касуниќ (Хрватска)

28. 11. 2014.

Пелистер игра за честа и за својата иднина против чешка Дукла

БИТОЛЧАНИ БРКААТ ПОДВИГ, НО И КУПУВАЊЕ НА ШАНСА ЗА ПОДОБРО УТРЕ НА КЛУБОТ
Ракометарите на Пелистер патуваа 52 часа до Прага и назад за да го одиграат првиот меч од третото коло на Челинџ Купот против Дукла, а нивниот ривал доаѓа со чартер лет и со 10 гола предност од првите 60 минути. Однапред е осуден на неуспех нашиот претставник, иако битолчани денес ќе играат повеќе за гордоста и клубските бои одколку за сензација.

Пелистер решен да го поправи впечатокот против Дукла

НЕ ГААТ ИЛУЗИИ, НО ПЕЛИСТЕРЦИ ВЕРУВААТ ВО ПОДОБРУВАЊЕ НА ВПЕЧАТОКОТ ПРОТИВ ДУКЛА
На само два дена до возвратниот натпревар од третото коло на Челинџ Купот помеѓу битолски Пелистер и чешката екипа Дукла од Прага, во Битола се подготвува нешто поголема ракометна еуфорија од вообичаеното сивило кога се играат домашните натпревари оваа сезона.

Tасевски, Беквалац, Кузмановски - кандидати за клупата на Пелистер?

ПЕЛИСТЕР НА ПРАГОТ ДА ДОБИЕ СТРАНСКИ ТРЕНЕР ЗА ПРВ ПАТ ПО 20 ГОДИНИ
По спогодбеното раскинување на договорот со Марјан Секуловски, на клупата на Пелистер само уште в недела ќе седи неговиот помошник Димитар Капинковски, а потоа клубот во период од 7-8 дена ќе го промовира новиот тренер.

27. 11. 2014.

Скопското дерби за Мечкаровски, охридски судии за Пелистер

ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИТЕ ЗА ПОСЛЕДНОТО ЕСЕНСКО КОЛО НА ПРВАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА
Вардар и Работнички дербито ќе го одиграат во недела во 17 часот на Филип Втори„ во Скопје, а правдата ќе ја дели Димитар Мечкаровски. Помошници ќе му бидат Дејан Неделковски, Гоце Петрески и Константин Влахо. Делегат е Јованчо Пилешков, а контролор Ванчо Коцев.

„Чкембарите„ добија билборд за нивниот 30 роденден

ИАКО ПРОБЛЕМИТЕ СО НАШИТЕ КЛУБОВИ ОСТАНУВААТ „ЧКЕМБАРИТЕ„ ДОБИЈА БИЛБОРД ЗА НИВНИОТ РОДЕНДЕН
Во пресрет на 30 годишнината од постоењето на навивачката група „Чкембари“ општина Битола и ЈКП Комуналец Битола изработија билборд кој го означува собирното место на навивачите, а истовремено и поддршката која навивачката група ја има од локалната самоуправа.

Дрогришки: „Ќе го обелиме образот во сабота„


ПО ДВЕ ГОДИНИ ПОВТОРНО ЕВРОПСКИ НАТПРЕВАР ВО БИТОЛА, ПРЕД КОЈ ЗЕЛЕНИТЕ НЕ ВЕТУВААТ ЧУДА, НО БАРЕМ ДОСТОЈНО ЕВРОПСКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ
На само два дена до возвратниот натпревар од третото коло на Челинџ Купот помеѓу битолски Пелистер и чешката екипа Дукла од Прага, во Битола се подготвува нешто поголема ракометна еуфорија од вообичаеното сивило кога се играат домашните натпревари оваа сезона.

26. 11. 2014.

Мајнц со нов договор за Новески

МАКЕДОНЕЦОТ ЌЕ ЈА ПРОДЛАБОЧИ СВОЈАТА ЛЕГЕНДА УШТЕ ПОВЕЌЕ ВО ГЕРМАНИЈА
Екипата на Мајнц планира да ја продолжи соработката со македонскиот фубалер Николче Новески. Сегашниот договор на Новески истекува ова лето, а во него има клаузула дека доколку одигра 20 натпревари, договорот автоматски ќе му биде продолжен.

ФФМ поведе постапка заради транспарентот: „Битола е албански град„

НА ФК ШКУПИ МУ СЕ ЗАКАНУВА ПАРИЧНА КАЗНА ЗАРАДИ ПОЛЕМИЧНИОТ ТРАНСПАРЕНТ
Фудбалската федерација на Македонија поведе дисциплинска постапка против второлигашот Шкупи, за националистички испад и провокациите од навивачите, популарните „Шверцери“ на мечот со Младост Царeв Двор во саботата и за една недела се очекува казната за чаирчани.

Во Пелистер тренерската клупа е секогаш несигурна

ЗОШТО БИТОЛСКОТО ТРЕНЕРСКО МЕСТО Е ТАКА НЕСИГУРНО СИТЕ ОВИЕ ГОДИНИ?
Вистински подвиг е ако еден шеф на стручниот штаб мине цела една сезона во битолскиот прволигаш. Само два случаи во последните 8 години се издвојуваат од вообичаената практика, која вели дека пелистерци често менувале сред сезона, а некогаш тоа го правеле и по неколку пати.

25. 11. 2014.

Со победа на Б екипата, Пелистер најави излез од кризата

ТРИУМФОТ НА Б ЕКИПАТА МОЖЕБИ НАЈАВУВА КРАЈ НА ЦРНАТА СЕРИЈА НА ПЕЛИСТЕРЦИ 
Пелистер - Силекс 3:1 (1:1)

Градски стадион: ,,Тумбе кафе” Битола. Гледачи: 100
Главен судија: Ирена Велевачковска
Асистенти: Маријан Смилкоски и Иле Мишевски (сите од Прилеп)
Стрелци: Ристевски во 37, Недановски во 87 и Поповски 90 за Пелистер, а Мариќ во 23 за Силекс
Жолти картони: Недановски (Пелистер) и Јаков (Силекс)
Црвени картони: нема

ВИДЕО: Ивановски блеска во Клуж и се зацврсти во стартниот тим кој ја брка Стеауа

НАЈПОЗИТИВЕН ПЕРИОД НА БИТОЛСКИОТ НАПАЃАЧ ВО НОВИОТ КЛУБ ВО РОМАНИЈА
Македонскиот репрезентативен напаѓач, битолчанецот Мирко Ивановски минува низ многу позитивен период на форма. Тој одигра одличен натпревар за Клуж во неделата и со два гола му донесе убедлив триумф со 4:0 против последнопласираниот тим во романското првенство, Јаши.

Пелистерци тонат, но мислат и на пролетта, па договорија подготовки во Анталија

ПО НЕГАТИВНИТЕ РЕКОРДИ, ПЕЛИСТЕР НАЈАВУВА СИЛНА РЕКОНСТРУКЦИЈА И ЗИМСКИ ПОДГОТОВКИ ВО ТУРЦИЈА
Со негативните рекорди кои ги соборија, со 9 и пол натпревари по ред без постигнат гол и 9 недели без победа и тренерската смена вчера, Пелистер потврди дека е во голема криза. Заминувањето на Секуловски само потврдува дека тренерското место во Битола е несигурно, бидејќи за 5 години клубот смена 10 тренери (или в.д. тренери).

24. 11. 2014.

Пелистер и тренерот Секуловски се разделија

ПО ПОЛОВИНА СЕЗОНА СОРАБОТКА, МАРЈАН СЕКУЛОВСКИ И ПЕЛИСТЕР СЕ РАЗДЕЛИЈА НА СПОГОДБЕН НАЧИН


По ремито на гостувањето кај Тетекс (1:1) во неделата, Пелистер и тренерот Марјан Секуловски спогодбено ја прекинаа соработката која со договор ги врзуваше до крајот на сезоната 2014/15.

Провокација од „Шверцери„ - „Битола е албански град„

МЕЧОТ ШКУПИ - МЛАДОСТ ЦАРЕВ ДВОР ИМАШЕ И НЕДОЛИЧНИ ТРАНСПАРЕНТИ НА ТРИБИНИТЕ
Навивачите на второлигашкиот лидер Шкупи „Шверцери“ завчера на мечот од македонската Втора лига против Младост Царев Двор повторно провоцираа, овој пат со транспаренти. Тие извадија парола дека „Битола е албански град“ и тоа со користење на албанскиот топоним за вториот по големина град во Македонија Манастири, јавува СПОРТМЕДИА.

23. 11. 2014.

Битолската драма за кугларите на Вардар 2014

ВО НАЈНЕИЗВЕСНИОТ МЕЧ ВО КОЛОТО, КУГЛАРИТЕ НА ХЕРАКЛЕА ПОРАЗЕНИ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН ОД ВАРДАР
Хераклеа - Вардар 2014 3:5 (3087:3093)


Мечот меѓу Хераклеа и Вардар 2014 во Битола го оправда нивото на дерби на 6 коло од Првата македонска лига во куглање.

Пелистер постигна гол, но носи само бод од под Шара

БОШКО СТУПИЌ СТРЕЛЕЦ ЗА ЗЕЛЕНИТЕ ВО РЕМИТО КАЈ ФЕНЕРЏИЈАТА ТЕТЕКС ВО ТЕТОВО
Прва фудбалска лига - 16 - коло
Тетекс - Пелистер 1:1 (1:0)

Градски стадион во Тетово. Гледачи: 300
Главен судија: Димитар Мечкаровски
Асистенти: Дејан Неделкоски и Гоце Петревски (сите од Скопје)
Делегат: Виктор Ефтимов
Стрелци: Фернардињо во 14 за Тетекс, а Ступиќ во 45 минута за Пелистер
Жолти картони: Блажевски (Тетекс), Крстески, Анастасов, Ганчев (Пелистер)
Црвени картони:

Пелистер тешко поразен во Прага, во реваншот потребно е чудо

ПО ТЕШКИОТ ПОРАЗ ВО ПРАГА, БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР ПРЕД ЕЛИМИНАЦИЈА ВО ЧЕЛИНЏ КУПОТ
Челинџ Куп - 3 - коло
Дукла Прага – Пелистер 34:24 (14:10)

Враќањето на Пелистер на европската сцена по една година помина со висок пораз во Чешка. На гостувањето кај Дукла, во Прага,  битолчани загубија со 34:24., и сега ќе имаат тешка задача за реваншот, иако паркетот во Битола бил сведок на многу подвизи.

22. 11. 2014.

Младост загуби и со играч повеќе, ќе презими на четвртото место

МЛАДОСТ ЦАРЕВ ДВОР ПРОПУШТИ ГОЛЕМА ШАНСА ЗА ПОДВИГ НА ТЕРЕНОТ НА ЕСЕНСКИОТ ПРВАК ВО ВТОРАТА ЛИГА
Лидерот на табелата во Втората фудбалска лига, Шкупи, успеа да слави со 1:0 во дербито против Младост Царев Двор и покрај тоа што цело полувреме играше со играч помалку. Стрелец на единствениот гол беше Бесир Демири во 76 минута, а тимот на Стерјов со овој пораз заврши како третопласиран на крајот на есенскиот дел.

Новески се врати на терените, Мајнц едвај до бод со Фрајбург

ПО СКОРО ТРИ МЕСЕЦИ, НИКОЛЧЕ НОВЕСКИ ПАК НА ТЕРЕНИТЕ ВО БУНДЕСЛИГАТА
Битолчанецот Николче Новески по неколку месецу пауза конечно се врати на терените во Бундеслигата.

20. 11. 2014.

Пелистерци охрабрени од „Чкембарите„ заминуваат за Прага

БИТОЛЧАНИ И ПОКРАЈ ПРОБЛЕМИТЕ СО ДОПОЛНИТЕЛНА ВЕДРИНА СОЗДАДЕНА ОД СВОИТЕ НАВИВАЧИ, ЗАМИНУВА НА ПАТ ЗА ЧЕШКА
По едногодишна пауза битолски Пелистер се враќа во натпревари од европските купови и денес го одржа последниот тренинг пред утрешното патување со автобус до Прага. Пред 13 години токму во овој куп, битолски Пелистер стигна до финалето, што и денес е единствено машко клубско финале на еден македонски клуб во машка конкуренција.

Дали пак против Тетекс ќе проработат битолчани?

ПО ДЕВЕТ МЕЧА БЕЗ ГОЛ И ПОБЕДА ПРОТИВ ПОСЛЕДНО ПЛАСИРАНИОТ ТЕТЕКС, ПЕЛИСТЕРЦИ СТАВААТ КРАЈ НА ЛОШАТА СЕРИЈА
Од 14 септември и мечот со Тетекс, кој Пелистер го доби со убедливи 3:0, пелистерци не можат да се препознаат. Минаа 9 меча во шампионатот и 2 во националниот Куп во кои екипата од под Тумбе кафе не знае за победа, а во последно време ги губи и мечевите во кои не е инфериорен против ривалите како против Ренова и Силекс.

Нови златa и рекорди за битолскиот пливач Иван Симоновски


ДВА НОВИ ПОДВИГА НА МЛАДИОТ БИТОЛСКИ ПЛИВАЧ, ИВАН СИМОНОВСКИ
На меѓународниот пливачки митинг „13 ноември„ кој се одржа во Скопје со учество на преку 500 пливачи од Македонија. Албанија, Романија, БиХ, Италија и Бугарија, повторно блесна битолскиот пливачки ас, Иван Симоновски.

18. 11. 2014.

Станојковиќ повика тројца битолчани за мечевите со Србија

ТРАПАНОВСКИ, ИЛИЕВСКИ И ЗДРАВЕВСКИ ПАК ВО ИЗБОРОТ НА СЕЛЕКТОРОТ ВУЈАДИН СТАНОЈКОВИЌ
Македонската репрезентација до 16 години ќе одигра два контролни натпревари против Србија на гостински терен во тренинг центарот на Фудбалскиот сојуз на Србија на 25 и 27 ноември.

Ступиќ добива македонски пасош и ослободува место за нов странец

ВИСОКИОТ ШПИЦ ИГРАЧ ОД МОСТАР ОД ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД ШАМПИОНАТОТ НЕМА ДА БИДЕ ПОВЕЌЕ СТРАНЕЦ
Искусниот босански интернационалец Бошко Ступиќ кој ја игра својата прва сезона како член на битолски Пелистер, веќе неколку месеци поднесе документи за добивање на македонски пасош.

17. 11. 2014.

Ривет и Тасевски го засилија ХЈС Работник

МЛАДИОТ БИТОЛСКИ ПРВОЛИГАШ ДОГОВОРИ УШТЕ ДВЕ НОВИ ИМИЊА
Амбициозниот ракометен прволигаш ХЈС Работник од Битола, кој за прв пат се натпреварува во Првата ракометна лига доведе уште две засилувања и го комплетира играчкиот кадар за оваа сезона. Имено клубот на Иван Марковски и Александар Зарков потпиша со французинот Даниел Ривет и со Христијан Тасевски, кој претходно настапуваше во Пелистер.

Битолчанката Бајрамовска трет стрелец во Лигата на шампионките

И ВО СВОЈОТ НОВ КЛУБ, МИРЈЕТА БАЈРАМОВСКА БЛЕСКА И ВЕЌЕ Е ПРИ ВРВОТ НА ЛИСТАТА НА СТРЕЛЦИ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНКИТЕ
Битолчанеката Мирјета Бајрамовска, која го носи дресот на Крим Меркатор од Словенија со 34 гола е трет најдобар стрелец во Лигата на шампионките.

Кошаркарите на Пелистер со победа се извадија за поразот во Велес

ПО ПОБЕДАТА НАД ШКУПИ, КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР СЕ ИЗВАДИЈА ЗА ПОРАЗОТ ВО ВЕЛЕС
Пелистер - Шкупи 76:61

Кошаркарите на Пелистер ја забележаа втората победа во Втората кошаркарска лига, откако во спортската сала „Младост„ го совладаа тимот на Шкупи од Скопје со 76:61. Многу полесно од предвиденото избраниците на Благој Печалов со водство и доминација во текот на целиот натпревар, стигнаа до полн погодок.

16. 11. 2014.

Кочани по втор пат подобар од „конзулките„

ЖЕНСКИОТ ТИМ НА КОЧАНИ ЈА ПОТВРДИ СВОЈАТА КЛАСА И ПО ВТОР ПАТ ЈА СОВЛАДА ВТОРОПЛАСИРАНАТА ЕКИПА НА ЖФК КОНЗУЛИ
ЖФК Конзули - Кочани 0:5 (0:3)

Лидерот Кочани по втор пат оваа сезона беше поуспешен од ЖФК Конузили и се зацврсти на првото место на табелата. Убедлива победа на гостите од Кочани од 5:0 во кој најзаслужна беше Афордита Салихи која имаше ефектен хет-трик и асистенција.

Пачовски по голманската ќе почне нова кариера

БИТОЛСКАТА ТРЕНЕРСКА ФЕЛА ЌЕ ДОБИЕ НОВ ЧЛЕН ВО РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ КАПИТЕН
Нашиот репрезентативен голман и капитен Пачовски, во текот на летото посетуваше курс за УЕФА Б Диплома и со успех го заврши. На собиорт на репрезентацијата за натпреварот против Словачка, битолчанецот и официјално ја доби УЕФА Б дипломата пред сите играчи во Хотел ТЦЦ Гранд Плаза дипломата му ја врачи Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Нова победа на надежите, 8 минути за Мустафов

ВТОРАТА ПОБЕДА НА МЛАДАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА СО ДВАЈЦА БИТОЛЧАНИ НА ТЕРЕНОТ 
Репрезентацијата на Македонија со 21. година славеше победа против Црна Гора од 1:0 на контролниот натпревар одигран на теренот во комплексот „Куќа на фудбалот“. Ѓоко Зајков во 38. минута го постигна погодокот за победа на нашата млада селекција.

Реми за Констанца на гостувањето кај Сучеава

МОМЕНТИ НА ПРОМЕНЛИВА ФОРМА ЗА РАКОМЕТАРИТЕ НА КОНСТАНЦА ВО РОМАНСКАТА ЛИГА
Ракометарите на Констанца кои ја бранат титулата во романскиот шампионат ремизираа на гостувањето кај Сучеава со 27:27 (13:14). Тимот на Звонко Шундовски и Бранислав Ангеловски водеше во текот на целиот натпревар, но во финишот домаќините преку Трифковиќ успеа да се изборат за бод.

Мултитекс ја осигура есенската титула

СКОРО ДА Е ЗАОКРУЖЕНА ПЕРФЕКТНАТА ЕСЕН НА ПИНГ-ПОНГАРИТЕ НА МУЛТИТЕКС
ППК Мултитекс – Крушево 5:0

На едно коло до крајот на есенскиот дел од Втората македонска пингпонгарска лига, битолски Мултитекс со шестата победа од исто толку натпревари ја осигура првата позиција и есенската титула.

Дрогришки и Николиќ го решија пелагониското дерби

ПЕЛИСТЕР ГО ДОБИ ДЕРБИТО СО СОСЕДОТ И СО ОПТИМИЗАМ ГЛЕДА НА ЕВРОПСКОТО ДЕБИ
Пелистер - Прилеп 27:26 (13:9)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 1000
Судии: Дејан и Димитар Ѓорѓиевски (Скопје)

15. 11. 2014.

Кризата на Пелистер трае и на пријателските средби

ВТОРОЛИГАШОТ ОД РЕСЕН ПОДОБАР ПОД ТУМБЕ КАФЕ ВО ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР 
Пријателски меч

Пелистер - Младост Царев двор 1:2 (0:1)

Негативниот тренд на порази битолскиот прволигаш го продолжи и на пријателскиот меч со амбициозниот второлигаш Младост Царев двор. Прволигашот загуби со 1:2 во меч на шарени состави и скромна посета на градскиот стадион под Тумбе кафе.

Второ место за младиот пинг-понгар Христијан Јовановски

ПРОДОЛЖУВА ПЕРИОДОТ НА УСПЕСИ ЗА БИТОЛСКИОТ ПИНГ-ПОНГ 
Младиот битолчанец кој е член на ППК Мултитекс, Христијан Јовановски го освои второто место на државниот шампионат во пинг-понг за средношколци.

14. 11. 2014.

Зошто Новески е легенда и за македонците и за германците?

ГЕРМАНЦИТЕ МУ НАПРАВИЈА ГОЛЕМА ЧЕСТ НА БИТОЛЧАНЕЦОТ КОЈ ОДБЕЛЕЖА ЕДНА ДЕЦЕНИЈА ВО БУНДЕСЛИГАТА
Регионалниот германски ТВ канал SWR неодамна беше гостин во една од нивните најпопуларни емисии беше токму капитенот на Мајнц. Причина, очекувано, беше јубилејот 10 години минати во дресот на Мајнц на битолчанецот Николче Новески, кој во историјата на нашиот фудбал, а и на германското елитно фудбалско друштво ќе остане запишан како првиот Македонец кој бил именуван за капитен на еден клуб од Бундеслигата.

Празниот викенд Пелистер го пополнува со контролен натпревар

ПЕЛИСТЕР И МЛАДОСТ ЦАРЕВ ДВОР В САБОТА СО КОРИСЕН ТЕСТ ПОД ТУМБЕ КАФЕ  
Последната репрезентативна активност оваа недела значи двонеделна пауза во националниот шампионат. Така оваа сабота од 13 часот под Тумбе кафе зелените ќе одиграат пријателски натпревар со трето пласираната екипа во Втората лига, екипата на Младост Царев двор.

13. 11. 2014.

Работнички подобар од Пелистер и во мечот на Б екипите

КРИЗАТА НА ПЕЛИСТЕР ПРОДБЛАБОЧЕНА И ВО МЕЧЕВИТЕ НА Б ЕКИПАТА
Веќе подолг период скопски Работнички е „црна мачка„ за битолски Пелистер.
Екипата на Работнички забележа нов триумф во новоформираната фудбалска „Б“ лига откако во Битола со 0:3 славеше над Пелистер.

Заминува и последниот бугарин од Пелистер, Динчев без нов договор


БУГАРСКАТА КОЛОНИЈА ВО БИТОЛА ОСТАНУВА БЕЗ СВОЈОТ ПОСЛЕДЕН ЧЛЕН
Искусниот дефанзивец на битолски Пелистер, Кирил Динчев на крајот од есенскиот дел од шампионатот на истекот од договорот кој беше потпишан минатата зима, ќе го напушти битолскиот прволигаш.

Брдаровски си замина од Пелистер и ја обелодени причината за тоа

ДЕСНИОТ БЕК ГО НАПУШТИ ПЕЛИСТЕР, А НАМАЛУВАЊЕТО НА ПЛАТАТА Е ПРИЧИНАТА ЗА ТАКВИОТ ЧЕКОР
И официјално Брдаровски не е веќе во Пелистер. Искажувањата од клубот дека бил повреден и затоа не играл на последните натпревари и не биле така вистинито. Имено, тој не играл поради неисполнување на договорот од страна на новото раководство на ФК Пелистер.

Страдаа препоните и на Јове Трајковски

ВТОРА ОПЕРАЦИЈА ОД ПРЕПОНИ ЗА НЕПОЛН МЕСЕЦ ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР
Еден од најмладите фудбалери во сениорскиот погон на Пелистер, најдобриот стрелец во минатогодишниот младински шампионат на Македонија, Јованчо Трајковски е последниот во долгата листа на повредени фудбалери на Пелистер.

12. 11. 2014.

Предавачи од цела Европа ќе ја усовршуваат школата на Пелистер


НАЈАВЕНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АКАДЕМИЈАТА НА ФК ПЕЛИСТЕР
Напоредно со проблемите со сениорската екипа, новиот управен одбор на Пелистер одпочна нов концепт на работа на младинската школа на клубот, која ќе добие нов координатор и тренери и ќе има сосема поинаков начин на работа, во кој ќе бидат вклучени и предавачи од цела Европа.

11. 11. 2014.

Ни Роналдо, ни Меси, туку Диего Симеоне

КОМУ ЗЛАТНАТА ТОПКА И КОМУ ЗЛАТНАТА КЛУПА ОВАА ГОДИНА?
Се наближува изборот за најдобри во годината која изминува во светот на фудбалот. Популарната „Златна топка„ еволуираше во многу политичко и комерцијално наградување, а новиот систем во кој се споија ФИФА и „Франс фудбал„ се покажува како најголемо промашување во последните години.

9. 11. 2014.

Битолскиот судиски тандем доби силен ЕХФ меч за судење

НАЈВОЗБУДЛИВИОТ МЕЧ ОД 3 - КОЛО НА ЕХФ КУПОТ ИМ Е ДОВЕРЕН НА БИТОЛСКИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СУДИИ
Битолските интернационални судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ЕХФ ги делегираше да ја делат правдата на возвратниот меч за влез во групната фаза на ЕХФ Купот на 30 ноември помеѓу германскиот Хамбург и шведскиот Кристанштад.

Петта радост на фудбалерките на Конзули

ПРОДОЛЖУВА ПОЗИТИВНАТА СЕРИЈА НА ЖРК КОНЗУЛИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЖЕНСКИ ШАМПИОНАТ 
ЖФК Тиверија - ЖФК Конзули 1:3 (1:0)

Стадион ,,Младост” – Струмица. Гледачи: 100
Главен судија: Златанов Панче
Aсистенти: Велков Влатко и Џорлев Михаил (сите од Струмица)
Стрелци: Павлинка Николовска за ЖФК Тиверија, а Симона Крстаноска (2) и Ангела Стојковска за ЖФК Конзули

Втор пораз во три натпревари за КК Пелистер

НА ГОСТУВАЊЕТО ВО ВЕЛЕС, НОВ ПОРАЗ НА КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР
Во третото коло од Втората македонска лига кошаркарите на Пелистер беа поразени во спортската сала „Гемиџии“ во Велес од домашниот Борец Баскет со 77:64. Предноста беше на страната на домаќините во текот на целиот натпревар, а пред крајот разликата стигна и до 20 поени.

Одбојкарките на Пелистер блиску до Final four

МАКСИМАЛНИ ПОБЕДИ ВО КАДЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ ЗА ОДБОЈКАРКИ ЗА ОК ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ 
Две нови победи за кадетките на ОК Пелистер волеј во рамките на 3 и 4 коло од одбојкарскиот шампионат на македонија за кадетки, кое се одржа денес во Валандово.