Powered By Blogger

31. 10. 2014.

„Скрпениот Пелистер„ на гости кај најлошиот можен противник

РАБОТНИЧКИ ВО СТРАОТНА ФОРМА Е НАРЕДНИОТ ТЕСТ ЗА „РАЗНИШАНИОТ„ ПЕЛИСТЕР
Веројатно не постои посериозен и поквалитетен противник кој наидува на патот на Пелистер во периодот на криза. Скопски Работнички иако во првиот натпревар под Тумбе кафе беше поразен, успеа да го елиминира Пелистер во националниот Куп и да наниже серија на победи со кои го поправи лошиот старт на шампионатот.

За Пелистер нема пенал и кога судија мисли дека го има

И ВИДЕО СНИМКАТА ПОТВРДУВА ДЕКА КОНФУЗИЈАТА НА СУДИИТЕ ВО СРЕДАТА ОДИ НА ШТЕТА НА ПЕЛИСТЕРЦИ
Битолчани имаа можност неколку пати да го прегледаат спорниот момент од мечот со Ренова во средата и 52 минута во која помошникот Митревски го подигна знаменцето регистрирајќи прекршок врз Трајковски во шеснаесетникот на Ренова.

30. 10. 2014.

Клуж и Ивановски со пресврт во Купот до дуел со Стеауа

КЛУЖ СО ПОБЕДА НАД РАПИД СЕ ИЗБОРИ ЗА ГОЛЕМ ЧЕТВРТФИНАЛЕН ДУЕЛ ВО КУПОТ СО СТЕАУА
Во мечот од осминафиналето на Купот на Романија, Клуж со Мирко Ивановски на теренот во вторите 45 минути, славеше во Букурешт против Рапид и обезбеди голем четвртфинален меч со Стеауа во Клуж.

Пелистер со вклучен аларм, 46 дена без победа

ПОВРЕДИ, ПОРАЗИ И РАЗОЧАРУВАЊА МЕЃУ ПЕЛИСТЕРЦИ ВЕЌЕ ЕДЕН И ПОЛ МЕСЕЦ
Поразот од Ренова како да го вклучи црвеното светло во битолскиот прволигаш. Овој пораз се надоврзува на серијата резултати без победа, на која последен пат пелистерци се израдува на 14 септември. Од тогаш зелените загубија само два пати во шампионатот (Вардар и Ренова) и беа елиминирани од националниот Куп.

Ставрев на центарот во Скопје

НАЈДОБРИОТ МАКЕДОНСКИ СУДИЈА НА ЦЕНТАРОТ В САБОТА НА НАЦИОНАЛНАТА АРЕНА ВО СКОПЈЕ
Десет дена по елиминацијата во Купот против Рабиотнички, фудбалерите на Пелистер се враќаат на местото каде најчесто со наведнати глави ги напуштаат средбите. Најдобриот македонски судија Александар Ставрев е делегиран да ја дели правдата на мечот в сабота попладне од 13:30 часот.

Хуманите фудбалски мајстори ја освоија Битола

ГОЛЕМИТЕ ФУДБАЛСКИ АСОВИ СЕ ПОКАЖАА И КАКО ГОЛЕМИ ХУМАНИСТА
Во организација на ФФМ, а во соработка со општина Битола вчера се одигра хуманитарниот натпревар. Истиот беше организиран со цел да се соберат финансиски средства за помош на Игор Наумовски, 26 годишно момче од Битола, кој има потреба од медицински третман во странство.

29. 10. 2014.

Пелистер во криза, денес и среќата му го сврти грбот

ТАГА ВО БИТОЛСКИОТ ТАБОР, РЕНОВА СЛАВИ ТРИУМФ НА КОЈ НЕ СЕ НАДЕВАШЕ
Пелистер прокоцка многу шанси и остана без бодови против Ренова, а полека се вклучи и алармот на криза кај битолчани кои не постигнале гол во натпревар од шампионат од 14 септември и победата над Тетекс од 3:0.

Чампара ги шокира зелените и ги казни домашните промашувања„

„ГИПСАРИТЕ„ ПРОФИТИРАА ОД ПРОМАШУВАЊАТА НА ПЕЛИСТЕР И НОСАТ ТРИ БОДА ОД ПОД ТУМБЕ КАФЕ 

Пелистер - Ренова 0:1 (0:0)

Градски стадион под Тумбе кафе - Битола. Гледачи: 500
Главен судија: Марјан Маркоски (Охрид)
Асистенти: Кирил Негриески (Струга) и Златко Митрески (Прилеп)
Делегат: Ѓорѓе Костадинов
Стрелец: Чампара во 86 минута за Ренова
Жолти картони: Крстески (Пелистер), Мемеди, Нухиу (Ренова)
Црвени картони: нема

Битолчани го поздравија подвигот на Дејановиќ

ПО ПОДВИГОТ НА ХИМАЛАИТЕ, ДЕЈАНОВИЌ СО ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ВО БИТОЛА
Македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ во малата сала на Центарот за култуа пред неколку стотици љубители на планинарските спортови одржа промоција за искачувањето на вториот врв во светот, К2 (8.611 метри) забележано на 27 јули годинава, на 60 годишнината на првото искачување на К2 во 1954 година.

Серијата од реми средби, битолчани ја прекинуваат со Ренова

ПО СЕРИЈА НА МЕЧЕВИ БЕЗ ГОЛОВИ, ПЕЛИСТЕР ИМА ИМПЕРАТИВ ДА СЛАВИ ПРОТИВ РЕНОВА ПОД ТУМБЕ КАФЕ
Ремито во Скoпје против Металург ја раздвижи и табелата и моралот кај пелистерци. Без 7-8 стандардни првотимци и не беше лесно да се игра против екипата која секоја година гравитира во врвот на мак-фудбалот како Металург.

28. 10. 2014.

Изостана македонскиот дуел, реми меѓу Мехелен и Зулте Варегем

ВОНРЕДНОТО КОЛО ДОНЕСЕ ПРОПУШТЕНА ШАНСА ЗА ЕКИПАТА НА ПАЧОВСКИ ДА НАПРАВИ НОВ СКОК НА ТАБЕЛАТА
Оваа сезона со доаѓањето на Јанковиќ на клупата на Мехелен, екипата на Томе Пачовски игра многу подобро за разлика од минатата сезона кога тимот го водеше Веркаутерен. Во мечот од вонредното 13 коло на белгиската Џупилер лига, Мехелен и Зулте Варегем играа нерешено 1:1.

Славија поразена во Купот, Ристевски одигра цел натпревар

БИТОЛЧАНЕЦОТ СТАНДАРДЕН, НО СЛАВИЈА ПОРАЗЕНА И ВО КУПОТ НА ГЕРМАНИЈА
Македонскиот репрезентативец Кире Ристевски одигра повторно комплетен натпревар како централен дефанзивец, но неговата екипа Славија од Софија се наоѓа пред елиминација од Купот на Бугарија по поразот од Черно море на гости со 2:0.

Маркоски суди против Ренова утре попладне

СТАР ПОЗНАНИК НА ЦЕНТАРОТ НА УТРЕШНИОТ МЕЧ НА ПЕЛИСТЕР СО РЕНОВА
Охридскиот судија Марјан Маркоски втор пат оваа есен е делегиран за главен судија на меч за бодови на битолски Пелистер. Тој утре од 13:30 часот на стадионот под „Тумбе кафе„ ќе го означи почетокот на натпреварот од 14 коло на Првата фудбалска, помеѓу Пелистер и Ренова.

Хуманитарен футсал спектакл утре попладне во Битола

БИТОЛЧАНИ СЕ НА РЕД ДА ЈА ПОКАЖАТ СВОЈАТА ХУМАНОСТ УТРЕ ПОПЛАДНЕ ВО СПОРТСКАТА САЛА „МЛАДОСТ„
Фудбалската федерација на Македонија во соработка со општина Битола ќе учествува на хуманитарниот натпревар за помош на Игор Наумовски – 26. годишно момче од Битола, кој има потреба од медицински третман во странство.

Степановски успешно опериран се враќа наредната година

ПЕЛИСТЕР ГО ЗАГУБИ СТОЛБОТ НА ОДБРАНАТА ДО КРАЈОТ НА ФУДБАЛСКАТА ЕСЕН
Централниот дефанзивец на Пелистер, 30 годишниот Методија Степановски успешно е опериран во битолската клиничка болница, заради повредата на препоните која веќе долго време ја влече.

Симоновски собори рекорди стари две децении

НОВ БЛЕСОК НА НАЈДОБРИОТ БИТОЛСКИ ПЛИВАЧ
Пливачот на ОК Орка, битолчанецот Иван Симоновски се врати со две први и две втори места од пливачкиот 10 ти „Немо Куп„ кој се одржа во Скопје, а учествуваа пливачи од цел Балкан.

27. 10. 2014.

Мултитекс не го дава врвот и ја „збриша„ Струмица

ПРОДОЛЖУВА МАКСИМАЛНИОТ УЧИНОК ВО ВТОРАТА ПИНГ-ПОНГАРСКА ЛИГА НА БИТОЛСКИ МУЛТИТЕКС
Мултитекс - Струмица 5:0

Победничката серија на пинг-понгарите на Мултитекс продолжува. Четврт натпревар и четврта победа за битолскиот второлигаш, кој со групни чекори граби кон елитата.

Сложувалката на Карло и лажниот авторитет на Лучо

1000 ЗОШТО И 1000 ЗАТОА ПО МЕЧОТ НАД МЕЧЕВИТЕ
Најчесто мојата теорија, која меѓу другото и теоретски докажана, е дека тренерот е многу важен во филозофијата на еден успех на фудбалски тим, но никогаш не е поважен од трудот на професионалните фудбалери. Но таа теза главно се кристализира во анализа на еден подолг период, на еден турнир, еден шампионат. Нема дилеми дека тренер може да добие меч, да биде одлучувачки фактор, па кога се работи за 90 минути, дури и повеќе од фудбалерите. 

26. 10. 2014.

Убедлив пораз на Мајнц во Волзбург

МАЈНЦ БЕЗ ОПЦИИ НА ГОСТУВАЊЕТО КАЈ ВОЛЗБУРГ ВО 9 КОЛО ОД ГЕРМАНСКОТО ПРВЕНСТВО
Се ближи враќањето на Николче Новески на фудбалските терени, а неговиот Мајнц загуби со 3:0 на гостувањето кај Волзбург во рамките на 9 коло на Бундеслигата.

Поразени бугарските клубови со мак-репрезентативци

НЕГАТИВЕН ВИКЕНД ЗА КЛУБОВИТЕ НА БИТОЛСКИТЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ ВО РОМАНСКАТА ЛИГА
13 коло од бугарскиот шампионат кое беше во знакот на „вечното дерби„ помеѓу Левски и ЦСКА, мина лошо за двата клуба на битолските интернационалци. Берое со Стефан Спировски кој одигра 46 минути, загуби во Пловдив со 3:1.

Три гола на Алтипармаковски за голем триумф на Работнички

БИВШИОТ ФУДБАЛЕР НА ПЕЛИСТЕР И КСАНТИ СО НОВА БЛЕСКАВА ПАРТИЈА ВО ДРЕСОТ НА РАБОТНИЧКИ
Напаѓачот од школата на Пелистер, Марјан Алтипармаковски конечно ја достигнува својата вистинска димензија. Игра добро во континуитет и ги тресе противничките мрежи. Шампионот Работнички дојде до убедлива победа од 5:1 на гостувањето кај „фенерџијата“ Тетекс иако губеше со 1:0. Стојков го најави пресвртот, а Алтипармаковски со хет-трикот го реши победникот. Точка на натпреварот стави Чурлинов во финишот од средбата.

Македонско реми во Конкордија, автогол на Драгарски

ДУЕЛ НА БИВШИТЕ ФУДБАЛЕРИ НА ПЕЛИСТЕР МЕЃУ СЕБЕ ВО РОМАНСКАТА ЛИГА И МИРОЉУБИВ ИСХОД
Во рамките на 12 коло на романската Прва дивизија се соочија клубовите на двата битолчани во романската лига, Конкордија на Христијан Драгарски против Клуж на Мирко Ивановски. Драгарски почна како помош за цврстата домашна одбрана, а Ивановски дејствуваше по левата страна од нападот на гостите.

Подмладениот Пелистер носи бод од теренот на Металург

ПАК РЕМИ БЕЗ ГОЛОВИ И ГОЛЕМ БОД НА ПЕЛИСТЕРЦИ ВО ГЛАВНИОТ ГРАД ПРОТИВ МЕТАЛУРГ
Металург - Пелистер 0:0

Стадион во Ѓорче Петров - Скопје. Гледачи: 100
Главен судија: Јосип Бартон
Асистенти: Иса Емрулаи и Дарко Јовчевски (Тетово)
Делегат: Васко Кантарџиев (Струмица)
Стрелци: нема
Жолти картони: Ристовски, Крстев (Металург), Магловски, Тодоровски (Пелистер)
Црвени картони: нема

23 медали на ЗА-НЕД-ДО академијата од мундијалот во Умаг

НОВ ГОЛЕМ УСПЕХ НА СПОРТИСТИТЕ ОД АКАДЕМИЈАТА ЗА-НЕД-ДО ОД БИТОЛА
Македонскиот тим на ЗА-НЕД-ДО на Светското првенство во боречки вештини и борби во Умаг (Хрватска), официјално освои 23 медали. Со 11 златни, 7 сребрени и 5 бронзени одличја битолчани се враќаат со полна вреќа медали.

25. 10. 2014.

Во Нови Сад прекината серијата на Вождовац

ПО ТРИ КОЛА СО ПОЗИТИВНИ РЕЗУЛТАТИ, КИТАНОВСКИ И ВОЖДОВАЦ ПОТКЛЕКНАА ВО НОВИ САД
По 7 освоени бода на последните 3 меча во српската Јелен Супер лига, фудбалерите на Вождовац не успеаа да направат подвиг на гостувањето кај Војводина во Нови Сад.

Младост Царев го декласира Напредок и заборави на поразите

ПО ПОРАЗИТЕ ВО ГОСТИВАР И ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, КОНЕЧНО „БУДЕЊЕ„ НА РЕСЕНСКИТЕ ЗЕЛЕНИ И ПОБЕДА ПРОТИВ БИВШИОТ ПРВОЛИГАШ
По двата последователни порази, фудбалерите на Младост Царев дцор се разбудија и со убедлива победа против кичевски Напредок, успеаа да излезат од мини-кризата. Триумфот од 3:0 на Клечкаровски и другарите го враќа ресенскиот клиуб блиску до самиот врв во пресрет на зимската пауза. 

Убедлив триумф на Металург против пелистерки

ВТОР ПОСЛЕДОВАТЕЛЕН ПОРАЗ ОД СКОПСКИ РИВАЛ ЗА РАКОМЕТАРКИТЕ НА ЖРК ПЕЛИСТЕР
ЖРК Металург - ЖРК Пелистер  34:16 (20:5)

Спортска сала „Автокоманда„ - Скопје. Гледачи: 200
Судии: Михајло и Методија Илиевски од Скопје.
Делегат: Русе Наумовски (Скопје) 

Илиевски сребрен, а Костов севкупно бронзен на источно-европскиот шампионат

ОГРОМЕН УСПЕХ НА БИТОЛСКИОТ МОТО ФЕНОМЕН НА КРАЈОТ ОД СЕЗОНАТА ВО ИСТОЧНО ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОНАТ
Без последната трка од источно европскиот шампионат во мото-крос, потврден е пласманот кој претходеше.  Со неодржувањето на последната трка  во Молдавија, заврши ова сезона за најдобрите возачи од Југоисточна Европа.

24. 10. 2014.

Мехелен со три бода од Лирс, Пачовски на клупата

ГОЛМАНОТ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА СТАНА ТАТКО, А И СЕ РАДУВАШЕ НА ТЕШКОТО ГОСТУВАЊЕ ВО ЛИРС
Во првиот меч од 11 коло на белгиската Јупилер ПРО лига, фудбалерите на Мехелен каде настапува Томе Пачовски славеше на гостувањето кај Лирс со 0:1 со голот на Веселиновиќ во 33 минута.

Mирчевски повикан во репрезентација, ја пропушта Ренова

НАЈДОБРИОТ МЛАД ФУДБАЛЕР НА ПЕЛИСТЕР ПОВИКАН ВО СЕЛЕКЦИЈАТА ПОД 18 ГОДИНИ
Репрезентацијата на Македонија до 18 ќе одигра две контролни средби со соодветната селекција на Унгарија. Првиот натревар е закажан за 28 октомври во 17 часот, додека два дена подоцна во терминот од 11 ќе го одиграме вториот натревар. 

„Болница„ во Пелистер пред Металург

ПРЕД УТРЕШНОТО ЗАМИНУВАЊЕ ВО КАРАНТИН, ПЕЛИСТЕРЦИ СЕ СООЧУВААТ СО СЕРИЈА НА ПОВРЕДИ 
Силниот ритам на натпревари и податокот дека Пелистер не направи редовни припреми, скапо го чини Пелистер во последните 45 дена од есенскиот дел на шампионатот. Во последните 7-8 дена, Марјан Секуловски загуби неколку битни „алки„ во мозаикот пред последните 5-6 меча оваа есен. Најлошо мина Менде Степановски, кој ги повреди препоните на мечот со Хоризонт Турново и на полувреме беше заменет.

Бартон суди в недела против Металург

ФФМ ОДРЕДИ ТЕТОВСКИ СУДИИ ЗА ДЕРБИТО ОД 13 КОЛО СО МЕТАЛУРГ
Искусниот тетовски судија Јосип Бартон по втор пат оваа сезона е делегиран да ја дели правдата на меч на ФК Пелистер. Тој ќе биде на центарот в недела од 13:30 часот на стадионот во Ѓорле Петров, каде домаќин на пелистерци ќе биде Металург.

23. 10. 2014.

Енергијата ги напушти пелистерци

ОТПОР И ВОДСТВО НЕШТО ПОВЕЌЕ ОД ЕДНО ПОЛУВРЕМЕ ПОТОА „КАПИТУЛАЦИЈА„ ВО АВТОКОМАНДА ЗА МЛАДИТЕ ПЕЛИСТЕРЦИ
Металург 2 - Пелистер 29:24 (12:13)

Иако во поголемиот дел од средбата беа рамноправни, а на моменти и водеа, ракометарите на Пелистер немаа сили на ново чудо и загубија на гостувањето кај Металург 2 во Автокоманда со 5 голови разлика.

21. 10. 2014.

Брдаровски сакаше да игра, но докторите рекоа НЕ

ЗАРАДИ ПОВРЕДАТА НА ГЛАВАТА, БРДАРОВСКИ ОДИГРА НЕПОЛН ПОЛОВИНА ЧАС ПРОТИВ БИВШИОТ КЛУБ
Еден од најдобрите фудбалери на Пелистер Владица Брдаровски одигра само 28 минути против Работнички во реванш осминафиналниот натпревар од Купот на Македонија. Битолчанецот поради повреда мораше предвреме да го заврши натпреварот иако беше подготвен да игра и повреден.

Стојков ги заврши Куп надежите на битолчани

ПОЗНАТ И ПРЕТПОСЛЕДНИОТ ЧЕТВРТФИНАЛИСТ ОД ФУДБАЛСКИОТ КУП НА МАКЕДОНИЈА
Куп на Македонија - Осминафинале (втор натпревар)
Работнички - Пелистер 3:1 (1:0) вкупен резултат: 3:1

Стадион „Национална арена Фили втори„ - Гледачи: 100
Главен судија: Горан Спиркоски
Асистенти: Илчо Јорданоски и Зоран Костоски (сите од Прилеп)
Делегат: Маријан Стојкоски (Прилеп)
Стрелец: Стојков во 37, Алтипармаковски во 55 и Сулејманов во 69 минута за Работнички, а Мирчевски во 77 минута за Пелистер
Жолти картони: Пашовски, Крстески, Трајковски (Пелистер)
Црвени картони: нема

Двајца пелистерци во пионерската репрезентација

НОВО ГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈТАЛЕНТИРАНИТЕ ПИОНЕРИ ОД АКАДЕМИЈАТА НА ПЕЛИСТЕР
Двајца фудбалери на Пелистер во генерацијата постари пионери, каде тренер е Кире Грозданов се повикани од селекторот Вујадин Станојковиќ во пионерската репрезентација за фудбалери под 16 години.

Норвешка „пречка„ за Констанца во ЕХФ Купот

ТЕШКА ЖДРЕПКА ЗА КОНСТАНЦА ВО ТРЕТОТО КОЛО НА ЕХФ КУПО
Романскиот првак Констанца на Звонко Шундовски и Бранислав Ангеловски добија респектабилен противник во третото коло на ЕХФ Купот.

Пелистер го возвраќа ланскиот „удар„ од дебармаалци

БИТОЛЧАНИ ПАК КАКО АУТСАЈДЕРИ, НО СО ВЕДРИНА ГОСТУВААТ НА НАЦИОНАЛНАТА АРЕНА ПРОТИВ ЗАБРЕВТАНИОТ РАБОТНИЧКИ
Компактноста на првенствената табела од второто до осмото место, остава простор во шампионатот дури и право на грешка. Но во националниот Куп, Пелистер на Марјан Секуловски денес го има првото финале, а во игра е пласманот во четвртфиналето. Како што свежи се сеќавањата на нереализираниот пенал на мечот во неделата со Хоризонт Турново, така на сличен начин и пред еден месец, пелистерци не реализираа најстрога казна на првит меч со Работнички.

Пелистер од денес во карантин „зелените„ веќе вежбаа и пенали

МОЖЕБИ ПРВИОТ КАРАНТИН ОВАА СЕЗОНА ЌЕ ИМ ДОНЕСЕ СРЕЌА НА ПЕЛИСТЕРЦИ
Фудбалерите на Пелистер уште денес попладне патуваат за Скопје, од каде во мир ќе го подготвуваат за нив многу значајниот возвратен меч од осминафиналето на националниот Куп против Работнички. Иако патуваат без предност, фактот дека ќе им одговараат два резултати, може да им биде психолошки плус.

19. 10. 2014.

Реми на стартот од сезоната за кугларите на Хераклеа

НОВАТА КУГЛАРСКА СЕЗОНА ПОЧНА СО РЕМИ НА ХЕРАКЛЕА НА ДОМАШЕН ТЕРЕН
Хераклеа - ГТЦ Скопје 4:4 (3027:3019)

Во најинтересниот натпревар од 1 коло на новиот кугларски шампионат на Македоника се одигра во спортската сала “Младост” во Битола, каде домаќинот Хераклеа играше против тимот ГТЦ Скопје.

Кадетките на Пелистер Волеј победници на турнирот во Битола

ОДБОЈКАРКИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ ОРГАНИЗИРАА И ПОБЕДИЈА НА ТУРНИР ОД ДРЖАВНИОТ ШАМПИОНАТ ЗА КАДЕТКИ 
Oваа недела Битола беше домаќин на Г групата од женскиот кадетски шампионат на Македонија во одбојка. Четири екипи играа по турнирски систем, а девојките од ОК Пелистер Волеј ги добија двата меча против 11 Октомври и Виола Волеј и триумфираа на турнирот.

Полн плен за Мултитекс од гостувањето во Виница

НОВА ВАЖНА ПОБЕДА НА ПИНГ-ПОНГАРИТЕ НА МУЛТИТЕКС
Вин Спин - ППК Мултитекс 4:5

Трет меч и трета победа за пинг-понгарите на Мултитекс во рамките на Втората лига на Македонија во пинг-понг. На гостувањето во Виница, каде минатата сезона имаа многу проблеми, битолските пинг-понгарите издвојуваа важна победа и се зацврстија на првото место на табелата со максимален учинок.

Кузмановски и Димитровски го совладаа Тинекс Пролет сред Скопје

УБЕДЛИВО ИЗДАНИЕ И ПРВА ГОСТИНСКА ПОБЕДА ЗА РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР НА ИГОР НИКОЛОВСКИ

Тинекс Пролет - Пелистер 26:32 (12:16)

Спортска сала „Македонско сонце„ - Скопје. Гледачи: 500
Судии: Славчо и Ѓорѓи Ќаеви (Скопје)

Драгарски непреминлив, Конкордија прокоцка победа

НОВИ ПОЗИТИВНИ 90 МИНУТИ ЗА ДРАГАРСКИ ВО РОМАНСКАТА ЛИГА И НЕСРЕЌНО РЕМИ ЗА НЕГОВАТА КОНКОРДИЈА
Христијан Драгарски трет меч по ред е протагонист во тимот на Конкордија. Попладнево одигра 90 минути на гостувањето кај Крајова во ремито од 1:1.Тој ја командуваше гостинската одбрана која игра се посигурно, а со голот на бразилецот Велингтон, Конкордија долго време водше.

Ристевски и Славија им се вратија на победите, Берое убедливо поразен

11 КОЛО ОД БУГАРСКИОТ ШАМПИОНАТ СО РАЗЛИЧНИ ЕМОЦИИ ЗА БИТОЛСКИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ
Битолчанецот Кире Ристевски се врати во стартниот тим на Славија Софија и одигра 90 минути како централен дефанзивец во победата на неговата екипа на гостувањето кај Марек со 0:2. По тренерската смена, конечно бело-црните заиграа многу подобро и со головите на Василев во 47 и Платини во 73 минута славеа со два гола разлика.

Изненадувачки пораз на домашен терен за Костанца

ПО ЦЕЛИ СЕДУМ ГОДИНИ, ДОМАШЕН ПОРАЗ ВО ШАМПИОНАТОТ ЗА КОНСТАНЦА НА БИТОЛЧАЕНИТЕ АНГЕЛОВСКИ И ШУНДОВСКИ
Констанца на Звонко Шундовски и Бранислав Ангеловски загуби со 28:24 на свој терен од Политехника од Темишвар во рамките на 9 коло од ракометната лига на Романија.

Мехелен го сопре првакот, а Мајнц реди победи и без капитенот

ПАЧОВСКИ ОСТАНА НА КЛУПАТА, А МАЈНЦ СЛАВИ И БЕЗ ПОВРЕДЕНИОТ НОВЕСКИ
Во очекување на враќањето на капитенот Николче Новески, Мајнц 05 забележа нова победа откако во рамките на 8 коло од Бундеслигата го совлада Аугсбург со 2:1. Хофман во 20 и Сампеиро во 23 минута беа стрелци за „црвените„ а единствениот гол за гостите го постигна Вернер во 78 минута.

Ивановски активен, Клуж со пресврт до победа

КЛУЖ СО ИВАНОВСКИ НА ТЕРЕНОТ ЦЕЛ НАТПРЕВАР ГО СВРТИ РЕЗУЛТАТОТ ПРОТИВ ДИНАМО БУКУРЕШТ ВО РОМАНСКАТА ЛИГА
По поразот во претходното коло од екипата на Таргу Муреш, Мирко Ивановски и неговиот Клуж му се вратија на победите, откако во тежок меч беше совладан Динамо Букурешт со 2:1. Лазар уште во 3 минута ги доведе гостите од главниот град во водство.

Вождовац влезе во позитивна серија, Китановски одигра цел меч

КОНЕЧНО ПОЗИТИВНИ ДЕНОВИ ЗА ВОЖДОВАЦ И КИТАНОВСКИ ВО СРПСКАТА ЛИГА
Во сенка на големото „вечно дерби„ помеѓу Партизан и Црвена звезда, паднаа сите останати мечеви од 8 коло на српската Јелен Супер лига. Вождовац на Томе Китановски влезе во серија на добри настапи и резултати и ја забележа втората победа во сезоната, со што има 7 бода од последните три кола.

18. 10. 2014.

Битолчани промашуваа, па ново реми без голови под Тумбе кафе

НОВО РЕМИ НА ПЕЛИСТЕРЦИ ПРОТИВ ЖИЛАВИОТ ХОРИЗОНТ ТУРНОВО
Прва фудбалска лига - 11 коло

Пелистер - Хоризонт Турново 0:0

Градски стадион под Тумбе кафе - Битола. Гледачи: 700
Главен судија: Стевче Шулески (Охрид)
Асистенти: Жарко Тодороски (Охрид) и Ацо Мацески (Струга)
Делегат: Дане Матеничаров (Дојран)
Стрелци: нема
Жолти картони: Најденов, Харизанов, Стојчевски (Хоризонт Турново)
Црвени картони: нема