Powered By Blogger

7. 3. 2014.

Новаци во „невозможна мисија„ за опстанок

ПРВ ДОМАШЕН НАТПРЕВАР ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ НА НОВАЦИ ВО ВТОРАТА ЛИГА
Ќе им треба вистинско чудо оваа пролет на фудбалерите на Новаци на Горан Ставревски за да го спречат испаѓањето од Втората лига.
Новачани несреќно загубија во 15 коло, кога во Струмица загубија од Тиверија со 2:0, со примени голови во последните 10 минути. Утре од 14 часот на стадионот во Новаци „жолтите„ го дочекуваат тимот на Врапчиште. Со само 12 бодови, сите освоени на домашен терен, екипата на Новаци пренесе многу малку бодови од есенскиот дел за да се надева на подвиг. Врапчиште е изненадување на сезоната во Втората лига и со 26 бода е класифициран на високото 5 место. Екипата на Ставревски е многу послаба од есента, бидејќи клубот го напуштија неколку важни фудбалери, пред сите Коњарски кој замина за Напредок и Александар Вељановски. Доведувањето на напаѓачот Никола Марковски, кој настапуваше за Пелистер, 11 Октомври и во Грција, треба да биде додадена вредност оваа пролет. Ако Новаци испадне од лигата, тоа ќе биде втор пат во последната деценија да се пресели во третиот квалитативен ранг во Македонија.  

Нема коментара:

Постави коментар