Powered By Blogger

31. 10. 2012.

Пелистер без бело знаме во Тетово

СО НЕКОЛКУ ЗАМЕНИ ВО СТАРТНИОТ ТИМ ОД НЕДЕЛНОТО ДЕРБИ СО ХОРИЗОНТ, ПЕЛИСТЕР КАЈ ШКЕНДИЈА ВО ПОТРАГА ПО ПРВИТЕ ГОСТИНСКИ БОДОВИ
На едно од гостувањата каде има катастрофален биланс, на градскиот стадион во Тетово, Пелистер на тренерот Горазд Михајлов ќе мора да бара поправен испит по петте гостински порази и последните два нерешени резултати под Тумбе кафе.

30. 10. 2012.

Битолчани задоволни со бодот, не и со судењето

И СО 76 МИНУТИ СО ЧОВЕК ПОМАЛКУ ПЕЛИСТЕР ИЗВЛЕЧЕН БОД ПРОТИВ ЛИДЕРОТ ВО ОДЛИЧЕН МЕЧ ПО НЕВОЗМОЖНИ УСЛОВИ
Домашното реми со лидерот Хоризонт Здравје во битолските кулоари е окарактеризирано како позитивен исход, иако бодот не значи голем исчекор на првенствената табела. Сепак против една многу квалитетна екипа како турновци да не се загуби и покрај 74 минути игра со човек помалку е за секоја пофалба. Посебно ако се знае дека гостите први поведоа и ги имаа сите предуслови за да го однесат целиот плен од под Тумбе кафе. Од управата на Пелистер протестираат за неизедначениот критериум на судиската тројка на чело со Костенчев. Црвениот картон на Драгарски во раната фаза според битолчани е престрога одлука, посебно што првиот стрелец во лигата ја немаше топката во своја контрола. Ова е четврти натпревар во сезоната во кој пелистерци пред време остануваат со човек помалку, што алудира на сериозни дефанзивни и дисциплинкси проблеми кај зелените. Но подолго време за анализа на овој меч нема, бидејќи календарот нуди уште две многу тешки средби за екипата на Горазд Михајлов. Утре Шкендија во Тетово и в недела Металург под Тумбе кафе се новите предизвици, во кои Пелистер пак ќе мора со крпен тим. Драгарски е казнет, Лескароски почна да тренира, но се уште чувствува болка во ногата, а мали се шансите за настапи и на недоволно опоравениот Ристевски. Со такви изостаноци и со 90 минути на многу тежок терен во нозете, стручниот штаб на пелистерци мора да ги акумулира силите за наредните неколку предизвици. Во Тетово кај Шкендија скорот на зелените не е сјајен и ќе им треба подвиг да останат непоразените.  

28. 10. 2012.

Борбено реми во невозможни услови

По натопениот терен во Битола, Пелистер и Хоризонт Здравје одиграа извореден меч со поделба на пленот
Пелистер - Хоризонт Здравје 1:1 (0:0)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 100
Главен судија: Никола Костенчев
Асистенти: Душко Милошевски и Тони Стојановски (сите од Скопје)
Делегат: Николче Здравески (Прилеп)
Стрелец: Лазаревски во 73 за Пелистер, а Блажевски во 58 минута за Хоризонт
Жолти картони: Т. Вељановски, Димитровски (Пелистер), а Митров, Василев, Мојсов (Хоризонт)
Црвен картони: Драгарски во 16 минута за Пелистер 

27. 10. 2012.

Долго време израмнето, на крајот пораз

Зомимак М - Пелистер 32:28 (14:16) 

Иако дербито со новиот суперлигаш Зомимак М требаше да се игра во Битола, по договорот на двете управи истиот се одигра во спортскиот центар „Парк„ во Струмица.

Очекуван пораз во Струмица

По исчекувањата, започната новата кошаркарска сезона со убедлив пораз на Пелистер во Струмица
Струмица - Пелистер 81:53 (21:13 , 19:14, 26:14, 15:12)

По двонеделно одлагање започна кошаркарскиот шампионат на Македонија. На гостувањето кај Струмица, кошаркарите на Пелистер на Благој Печалов очекувано убедливо загубија од домашната екипа. Зелените со скоро истиот тим кој ја избори промоцијата, без Ѓорѓи Талевски кој се пензионираше, само во првите 15 минути играше рамноправно со домаќинот.

Пелистер како аутсајдер во Струмица


Уште на самиот старт, дуел помеѓу две екипи кои оваа година го изборија своето место во прволигашкото друштво. Во сабота, во својата сала „Парк“, засилената Струмица го пречекува Пелистер Спорт, во натпревар од важност за обезбедување на посакуваниот опстанок.

Лидерот на испит во Битола

ЕДИНСТВЕНО БЕЗ КАПИТЕНОТ РИСТЕВСКИ, ПЕЛИСТЕР ЌЕ СЕ ОБИДЕ НА ЈА ПРЕКИНЕ СВОЈАТА ЛОША, А ПОЗИТИВНАТА СЕРИЈА НА ХОРИЗОНТ
 Битолчани минаа мирна недела подготвувајќи го со максимална концентрација клучниот натпревар в недела со Хоризонт Здравје од Турново. И покрај физичките тестови по повредата, капитенот Димче Ристевски нема да биде во стартниот тим, а ако има потреба можеби ќе влезе во текот на средбата.

25. 10. 2012.

Респект за Турново, бодови за Пелистер

ВО БИТОЛА СО НЕТРПЕНИЕ СЕ ОЧЕКУВА ЛИДЕРОТ, НО БОДОВИТЕ ГИ ПЛАНИРА ДОМАШНИОТ ТИМ
Како никогаш досега гостувањето на Хоризонт Здравје од Турново во Битола е дерби. Ако во минатото многу често пелистерци во мечот влегувале со подобар пласман и поголем број на бодови, сега ситуацијата е поинаква.

24. 10. 2012.

Неочекувана победа на Битола

ПОДВИГ НА БИТОЛА ПРОТИВ МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ВО МЕЧОТ ОД ВОНРЕДНОТО 7 КОЛО
Битола - Металург Јуниор 35:23 (21:11)

Спортска сала Младост  - „Битола„ Гледачи: 300
Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески (Прилеп)
Делегат: Стефанчо Коруновски (Прилеп)

Мобилизација во Пелистер пред гостувањето на лидерот

БИТОЛЧАНИ И ПОКРАЈ СЕ ОПТИМИСТИ ПРЕД ДУЕЛОТ СО ВОДЕЧКИОТ ХОРИОЗНТ ЗДРАВЈЕ ВО БИТОЛА
По поразот во Кратово фудбалерите на Пелистер ја започнаа операцијата за враќање на самодовербата и на „домашнот Пелистер„ оваа сезона пред гостувањето на лидерот Хоризонт Здравје од Турново. Ако надвор од Битола зелените не освоиле ниту бод, во Битола имаат 3 победи и 2 нерешени средби оваа сезона, како и две победи во Купот.

22. 10. 2012.

Кобни првите 15 минути

ВО СВОЈОТ НАЈСЛАБ МЕЧ ВО СЕЗОНАТА, ПЕЛИСТЕР И ПО ПЕТТИ ПАТ ПОРАЗЕН НА ГОСТУВАЊАТА
Ако поразите во Скопје од Работнички и Вардар беа плод на несреќни околности и детали, а од Металург Пелистер загуби достоинствено играјќи долго време со човек помалку, поразот во Кратово и тоа како ги погоди пелистерци.

21. 10. 2012.

Од Кратово знаци на криза за Пелистер

Петти пораз во сезоната во најлошиот натпревар за Пелистер на теренот на Силекс во Кратово
Силекс - Пелистер 2:0 (2:0)
Ако во претходните мечеви на гостински терен Пелистер имаше добри настапи, но сплет на лоши околности донесе само порази, мечот во Кратово е за заборав и го вклучува алармот на криза во зелениот табор.

Пелистер победува според планот

Петта победа во шест мечеви за РК Пелистер на стартот од ВИП Супер лигата
Пелистер - Овче Поле 33:31 (17:17)

Спортска сала Младост  - „Битола„ Гледачи: 500
Судии: Дејан и Димитар Гоергиевски (Скопје)
Делегат: Марјан Начевски (Скопје)

18. 10. 2012.

Има ли крај на гостинските порази за Пелистер?

ПО ЧЕТИРИ ПОРАЗИ НАДВОР ОД БИТОЛА, ПЕЛИСТЕР СЕ МОБИЛИЗИРА ЗА ГОСТУВАЊЕТО КАЈ СИЛЕКС
По две недели без официјални натпревари и главна тема од претходниот или наредниот меч со Вардар, во фудбалска Битола конечно време е да се игра фидбал. Гостувањето во Кратово е нова пресвртница за младата екипа на Горазд Михајлов, во чиј што стручен штаб покрај Кире Стерјов се приклучи и Ванчо Мицевски на местото на Зоран Штерјовски кој замина за Монголија.

Повредите залечени, се чека само капитенот

ПЕЛИСТЕР НАЗАД ВО ТРЕНАЖЕН ПРОЦЕС ГО ПОДГОТВУВА ГОСТУВАЊЕТО КАЈ СИЛЕКС В НЕДЕЛА
Одложениот натпревар од четвртфиналето на Купот добро им дојде на Горазд Михајлов и стручниот штаб на Пелистер. Уште од првенствениот натпревар со Вардар, зелените останаа без 5-6 стандардни првотимци, кои заради казни или повреди не настапија против Дрита. За разлика од тој состав кој одигра само 1:1 со новиот прволигаш под „Тумбе кафе„ пелистерци за неделното гостување кај претпоследниот Силекс ќе бидат посилни за 3-4 клучни фудбалери.

17. 10. 2012.

Битолскиот „дијамант„ во градот на дијамантите

БИТОЛЧАНЕЦОТ ТОМЕ ПАЧОВСКИ НА ПОЧЕТОКОТ НА СВОЈАТА ЧЕТВРТА СЕЗОНА ВО БЕЛГИЈА, ПРВА ВО НОВИОТ КЛУБ - МЕХЕЛЕН
Антверпен е град на дијамантите. Во центарот на градот постојат десетици дуќани за дијаманти кои најчесто ги изработуваат евреи. Со децении тоа е главната асоцијација за овој град. Од спортска гледна точка денес Антверпен ја има познатата атлетичарка во скок во височина Теа Елебо и уште многу, многу малку.

14. 10. 2012.

ФК Пелистер не ги прифаќа казните и бара објаснувања

Со оглед на тоа што натпреварот од 8 коло на Првата фудбалска лига меѓу Вардар и Пелистер не се емитуваше ниту како директен пренос, ниту одложено како снимка, македонската јавност по изрекувањето на казните од ФФМ веројатно сега смета дека двата клуба се подеднакво одговорни за случувањата. Такви заклучоци можат да се донесат ако ги прочитате одлуките на Дисциплинската комисија.

13. 10. 2012.

Чурлевски и Митевски главни актери во градското дерби

Со по девет гола двајцата ракометари на Пелистер, главни актери во првата градска пресметка оваа сезона
Битола - Пелистер 24:33 (9:15)

Спортска сала Младост  - „Битола„ Гледачи: 500
Судии: Бојан Стефановски и Александар Ангелевски (Битола)
Делегат: Јован Василев (Битола)

10. 10. 2012.

Вардар два меча без публика, Пелистер парично казнет

ИЗРЕЧЕНИ КАЗНИТЕ ЗАРАДИ НЕОДГОВОРНИТЕ МОМЕНТИ ПОВРЗАНИ СО МЕЧОТ ВАРДАР - ПЕЛИСТЕР НА КРАЈОТ ОД МИНАТИОТ МЕСЕЦ
 ФФМ ги одреди казните по пропустите во организацијата на  вечното дерби играно пред десетина дена на „Филип 2 арената„. Вардар доби казна од два натпревари без присуство на навивачи, што ќе мора да ги ’одработи’ на дуелите со Металург (10 коло - 21.октомври) и со Напредок (12.коло - 4.ноември).

9. 10. 2012.

Купот префрлен во ноември

Откако селекторот Чедомир Јаневски ги повика Драган Ѓорѓиев и Остоја Стјепановиќ во националниот тим, Вардар експресно побара и доби одложување на дуелот првично закажан за в недела на „Тумбе кафе“.

Борец пак не допатува во Битола

СЛУЖБЕНИ БОДОВИ ЗА ПЕЛИСТЕР ВО ТРЕТОТО КОЛО ОД ВИП СУПЕРЛИГАТА
Пелистер - Борец неодиграно

Ниту во вториот предвиден термин натпреварот од 3 - коло на ВИП Супер лигата во ракомет за мажи меѓу Пелистер и Борец не се одигра. Во вторникот во 18:00 часот во спортската сала „Младост„ се појавија само пелистерци и судискиот пар од Битола.

8. 10. 2012.

Вечното дерби од Купот најверојатно ќе се одложи?

Откако селекторот Чедомир Јаневски дополнително го повика играчот за врска Остоја Стјепановиќ на местото на Стефан Спировски, автоматски Вардар според пропозициите доби право да бара одложување на мечот, затоа што во националниот тим има два стандардни првотимци. Покрај Стјепановиќ, Јаневски на списокот за квалификациите за СП 2014 година со Хрватска и Србија го повика и крилото Драган Ѓорѓиев.

7. 10. 2012.

Битола му го остави „фенерот„ на Преспа

Со победата над Преспа, ракометарите на Битола за прв пат се радуваа во новата сезона
Преспа 2010 - Битола 23:39 (12:15)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 200
Судии: Бојан  Стефановски и Александар Ангелевски (Битола)
Делегат: Јован Василев (Битола)

Рутевски спречи сензација

Дрита долго време мечтаеше за подвиг во Битола, но левоногиот резервист го спаси Пелистер од пораз
Пелистер - Дрита 1:1 (0:1)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 1.000
Главен судија: Дејан Јакимовски
Асистенти: Дејан Неделковски и Андреј Гиев (сите од Скопје)
Делегат: Спасе Панџак (Охрид)
Стрелци: Рутевски во 74 минута за Пелистер, а Нухиу во 27 минута за Дрита
Жолти картони: Ивановиќ, Драгарски (Пелистер), Османи, Садики (Дрита)
Црвени картони: нема

3. 10. 2012.

Вардар мина и остави „крпен тим„ за мечот со Дрита

БЕЗ ПЕТ ПРВОТИМЦИ, ПЕЛИСТЕР ПРОТИВ ДРИТА ГИ ПЛАЌА ПОВРЕДИТЕ И КАЗНИТЕ ОД ДЕРБИТО СО ВАРДАР
Минаа двата слободни дена кои фудбалерите на Пелистер ги добија по „вечното дерби„ во Скопје, а реакциите во кулоарите, меѓу професионалците и спортските работници не стивнуваат. Сето тоа може да ги деконцентрира зелените и да го одвлече вниманието на екипата пред важниот меч со Дрита в недела.

2. 10. 2012.

„Вечно дерби„ и во четвртфиналето на Купот

Денешната ждрепка за четвртфиналето на Купот на Македонија донесе ново соочување на вечните ривали Вардар и Пелистер и тоа многу брзо, на само две недели од последниот првенствен меч.

1. 10. 2012.

Прекршочни пријави за 13 лица за фудбалскиот инцидент


Поднесени се прекршочни пријави против 13 лица, кои на вчерашниот првенствен натпревар помеѓу ФК Вардар и ФК Пелистер, во четири случаи го нарушиле јавниот ред и мир, а во еден случај недолично се однесувале на спортски натпревар.

Пелистер бара суспензија за скопската арена

ФК Пелистер жестоко се противи на организационите и судиските проблеми кои го пратеа „вечното дерби„ на македонсиот фудбал меѓу Вардар и Пелистер. Самото делегирање на судијата Јосип Бартон за овој меч е голем удар за македонскиот фудбал.

На Пелистер му се случи Бартон...

КОГА ПО МЕЧОТ СИТЕ ЗБОРУВААТ ЗА СУДИЈАТА, ТОГАШ НЕШТО ЛОШО „МИРИСА„ ПО МАКЕДОНСКОТО „ВЕЧНО ДЕРБИ„
Вардар - Пелистер 3:1 (1:0)

Стадион: „Филип втори арена„ - Скопје. Гледачи: 7.000
Главен судија: Јосип Бартон
Асистенти: Иса Емрулаи и Небојша Георгиевски (сите од Тетово)
Делегат: Илија Митров (Штип)
Стрелци: Петров во 44, Таневскив о 87 и Костовски во 90 минута за Вардар, а Главевски во 50 минута за Пелистер
Жолти картони: Бојовиќ, Стјепановиќ, Костовски (Вардар), Коруновски, Ристевски, Т. Вељановски, Китановски, Главевски (Пелистер),
Црвени картони: А. Вељановски во 88 минута за Пелистер