Powered By Blogger

4. 3. 2014.

Фудбалери на „ЛГ Битола„ заминуваат за Германија

НОВИ ТАЛЕНТИ ОД БИТОЛА НА ЦЕНА НА ЕВРОПСКИОТ ФУДБАЛСКИ ПАЗАР
Успешната и квалитетна работа со млади фудбалери и резултатите кои ги постигнува фудбалската школа ,,ЛГ Битола“ го привлече вниманието на германската менаџерска куќа ,,Алекс“.
По посетата во Битола, на главниот менаџер од Германија и неговото задоволство од квалитетот на повеќе играчи тој одлучи за почеток Никола Димитровски и Кристијан Тасески (двајцата родени 2003 година) од наредната недела да престојуваат во Германија, поточно во областа Северна Рајна-Вестфалија, во која на кусо растојание гравитираат неколку екипи од бундес лигата како Келн, Билифилд, Дизелдорф, Борусија Дортмунд, Борусија Менхенгладбах...
За време на нивниот престој договорени се претставување на нашите таленти во скаутинг центрите на овие големи клубови.  Во школата која според многумина познавачи на младинскиот фудбал е една од најдобрите во нашата држава, според резултатите кои ги постигнува и квалитетот на  работа, тренираат многу талентирани фудбалери, па според зборовите на нивниот тренер Лазе Гаштаров, Никола и Кристијан ќе ги отворат вратите и за други наши таленти, што впрочем беше и договорот со менаџерската куќа.

Нема коментара:

Постави коментар