31.10.2013.

Кои се гревовите на судиите врз Пелистер?

ДОЛГА ЛИСТА НА СПОРНИ МОМЕНТИ НА МЕЧЕВИТЕ НА БИТОЛЧАНИ, НО И СЕРИЈА НА ДРУГИ ПРИЧИНИ ЗА РЕЗУЛТСКАТА КРИЗА
Поразот од Ренова не беше само обичен пораз и губење на значајни три бода во борбата за висок пласман за зелените. Револтот по завршувањето на мечот и најавите за напуштање на лигата, се уште демнат врз битолчани кои и вината ја бараат во своите редови, но и веруваат во завера против амбициите на зелените. Првиот голем проблем на екипата на Бочевски е (не)дисциплината.

30.10.2013.

Пелистер размислува за истапување од лигата

ВО КЛУБОТ ПОД ТУМБЕ КАФЕ ПОСТОЈАТ ОПЦИИ И ЗА РАДИКАЛНИ ОДЛУКИ ПО ПОРАЗОТ ОД РЕНОВА И НОВИТЕ ИСКЛУЧУВАЊА
Поразот од Ренова ги погоди битолчани и им ги скрати европските амбиции. Но ако до сега сите реакции беа коректни и во склоп со правилата, овој пат првите луѓе на битолчани најавуваат истапување од лигата

Пелистер збунет и нервозен, Ренова го носи целиот плен од Битола

ВТОР ДОМАШЕН ПОРАЗ И ВТОР МЕЧ НА БИТОЛЧАНИ СО ДВАЈЦА ИСКЛУЧЕНИ ФУДБАЛЕРИ ВО ЕДНО ПОЛУВРЕМЕ
Прва фудбалска лига - 13 - коло
Пелистер - Ренова 0:4 (0:1)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 700
Главен судија: Димитар Мечкаровски
Асистенти: Дејан Неделковски и Гоце Петрески (сите од Скопје)
Делегат: Гоце Маркоски (Охрид)
Стрелци: Емини во 8, Реџепи во 70, Рамади во 71 и Сали во 76 минута за Ренова
Жолти картони: Драгарски, Христов, Елмазовски (Пелистер), Реџепи, Рамадани, Ристов (Ренова)
Црвени картони: Христов во 47 и Китановски во 52 минута за Пелистер

29.10.2013.

Мечкаровски по два месеци пак суди под Тумбе кафе

ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ МАКЕДОНСКИ СУДИИ ЌЕ ГО ВОДИ ДЕРБИТО НА ПЕЛИСТЕРЦИ СО РЕНОВА
По втор пат во сезоната и по втор пат под Тумбе кафе, скопскиот судија Димитар Мечкаровски е делегиран за главен судија на меч на Пелистер. Тој ќе ја дели правдата во рамките на вонредното 13 коло, а во Битола доаѓа по два месеци.

Победи место реми средби се на дневниот ред под Тумбе кафе

ВИТАЛЕН МЕЧ ЗА ВРВОТ НА ТАБЕЛАТА И АМБИЦИИТЕ НА ПЕЛИСТЕР И РЕНОВА ОВАА СЕЗОНА
Само три дена по натпреварот во скопската населба Маџари против Еуромилк, битолски Пелистер има нов предизвик во името на Ренова, која ја совлада со 1:2 на мечот во Тетово во август. Но за разлика од тој меч Пелистер во многу сегменти ја смени својата формација, па и начинот на игра.

28.10.2013.

Ренова ги „лечи раните„ по четири кола без победа за Пелистер

-->
СО ИСКЛУЧОК НА КЈУП ТРИУМФОТ СО РАБОТНИЧКИ, ПЕЛИСТЕР ОДАМНА НЕ СЛАВЕЛ ВО МЕЧЕВИТЕ ЗА БОДОВИ И КРАЈ НА СЕРИЈАТА НАЈАВУВА В СРЕДА СО РЕНОВА
Иако мечот во Скопје против Еуромилк беше полн со возбудувања и емоции, битолчани знаат дека немаат многу време за дополнителни анализи, бидејќи оваа недела следуваат два големи и важни меча против Ренова под Тумбе кафе и со Хоризонт Турново на стадионот „Кукуш„

27.10.2013.

Финишот ги спаси пелистерци од пораз против Еуромилк

ВТОРО ПОСЛЕДОВАТЕЛНО РЕМИ ВО ГЛАВНИОТ ГРАД НА ПЕЛИСТЕРЦИ И ПАД НА ТАБЕЛАТА
Прва фудбалска лига - 11 коло
Еуромилк - Пелистер 2:2 (1:0)

Стадион „Борис Трајковски„ -  Скопје. Гледачи: 500
Главен судија: Стојанче Стојанов
Асистенти: Никола Караколев и Сашо Иванов (сите од Штип)
Делегат: Тони Донев (Валандово)
Стрелец: Стојановски во 5 и Јашаровски во 69 минута за Еуромилк, а Анастасов во 74 и Милевски во 86 минута за Пелистер
Жолти картони: Вељановски, Пандовски, Маџароски, Давчевски (Еуромилк), Елмазовски, Китановски, Стенио Жуниор, Христов (Пелистер)
Црвен картон: нема

25.10.2013.

Драгарски верува во тимот и покрај респектот за Еуромилк

ОД МЕЧОТ СО ЕУРОМИЛК, МОЖАТ МНОГУ РАБОТИ ДА ЗАВИСАТ ОКОЛУ ВИСОКИТЕ АМБИЦИИ НА БИТОЛЧАНИ ОВАА ЕСЕН
Пред мечот со Еуромилк, фудбалерите на Пелистер полека се екипираат и дилемите околу стартниот состав повторно се врзани за одбранбената линија. Тренерот Бочевски верува дека ќе го има на располагање првот тандем на централни дефанзивци Ковачев - Драгарски и покрај повредата на високиот и корпулентен бугарски интернационалец.

Второ скопско гостување во една недела за пелистерци

ДАЛИ ЗАГУБЕНИТЕ БОДОВИ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, ПЕЛИСТЕРЦИ ЌЕ ГИ ПОБАРААТ ВО ЛИСИЧЕ?
По слободниот ден во понеделникот, пелистерци засилено работат на успешен старт на втората третина од сезоната. Како што им создадоа многу проблеми и одолеваа 70 минути во Битола, фудбалерите на Еуромилк на својот терен веројатно ќе бидат уште понезгоден и пожилав противник. Зелените за разлика од мечот во Ѓорче Петрво ќе бидат посилни за Драгарски кој не играше заради акумулација на жолти картни, но најверојатно нема да можат да сметаат на вториот централен дефанзивец Мартин Ковачев, кој на почетокот од вториот дел беше заменет заради мускулна повреда. Николај Христов, кој по доаѓањето од Софија, веднаш остави впечаток и стана миленик на битолските симпатизери, верува во своите соиграчи: „Ни недостига тој одлучувачки исчекор на табелата да го направиме нашиот шампионат одличен, ако е само е солиден. Сигурно треба да жалиме на одреден број на натпревари, но првенството тече, имаме три мечеви во една недела и време за она што поминало нема. Не знам многу за нашиот нареден противник, но изедначеноста на оваа лига ја чувствуваме секојдневно и тешко може некој меч однапред да се прогласи за добиен или загубен„ вели бившиот фудбалер на Ботев Вроцла. Пелистер за прв пат по две сезони ќе игра официјален натпревар со Еуромилк, а пред две години во Втората лига екипата од Лисиче беше една од ретките која ги освои сите бодови со битолчани. Оваа зима кога Пелистер го водеше Гордан Здравков, двете екипи играа контролен меч во Лисиче и резултатот беше нерешен 2:2.    

Пелистер предоцна се разбуди во Струмица

ЗАДОЦНЕТ ФИНИШ И ТЕСЕН ПОРАЗ ЗА КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО ДЕРБИТО ОД ТРЕТОТО КОЛО ВО СТРУМИЦА
Струмица - Пелистер 72:66 (22:10,17:16,20:20,13:20)

Во воведниот натпревар од 3.коло во домашниот кошаркарски шампионат Струмица славеше против Пелистер со 72:66. Струмичани на тој начин стигнаа до втората своја победа на стартот од првенството, додека Пелистер го запиша и третиот пораз. Одлучувачка за победата на Струмица беше првата четвртина која домашните ја добија со 22:10. Во продолжението гостите успеаја да се израмнат на паркетот, презедоа контрола на играта со одличен финиш во последниот период, но сепак не доволен и за комплетен пресврт. Најзаслужен за победата на Струмица беше извонредниот Тони Грнчаров кој натпреварот го заврши со 28 поени, дополнети со седум скока и пет асистенции. 13 поени постигна Џексон, додека со 11 поени заврши Кук. Кај Пелистер, Александар Калањ заврши со 20 поени, додека 14 поени постигна Александар Штурановиќ.

Филип продолжува по патот на Боро Чурлевски

РАКОМЕТНОТО СЕМЕЈСТВО ЧУРЛЕВСКИ, СЕКОГАШ АКТУЕЛНО ВО НАЈРАКОМЕТНИОТ ГРАД
Ракометот во Битола е повеќе од спорт. Често инволвира голема маса на луѓе, поединци, па и цели семејства. Така како прва асоцијација за семејството Чурлевски секогаш ќе биде ракометот. Со децении и децении, ракометот е приоритетна  тема во семејството на Чурлевски. Во овој момент младиот Филип Чурлевски е член на сениорската екипа на Пелистер и ни малку не му е лесна целта да го наследи неговиот татко Боро, кој од секогаш бил миленик на битолската публика и е еден од најдобрите играчи воопшто во Македонија. Филип веќе шест години е во Пелистер, а од неодамна го продолжи договорот со својот матичен клуб и секојдневно учи и се усовршува: „На почетокот се соочував со тежината на презимето Чурлевски, со кариерата на мојот татко, со неговите постигнувања. Но како времето одминуваше, се пронаоѓам себе си во оваа игра, напорно работам, често кога имам време и можност и индивидуално тренирам со мојот татко,каде усовршувам детали од техниката,кои што не може секој да ми ги покажe и верувам дека имам иднина во овој спорт„ -вели Филип кој физички наликува на Боро, има многу движења слични на неговиот татко, но она што веројатно го нема е квалитетна екипа и опкружување како некогашниот Пелистер. Тоа е копнежот за кој цела ракометна Битола сонува и се надева. Прв тренер на Филип беше неговиот татко уште во пионерската приватна ракометна школа,а потоа со преминот во младинската  категорија на ракометниот клуб Пелистер па се до денес е со тековните тренери - во овој момент стручниот штаб им е доверен на Кире Поповски и Игор Николовски. Напоредно со Филип, кариерата на Боро Чурлевски минува низ нови предизвици.
Некогашниот плејмејкер на македонската репрезентација шест активни месеци работеше во Либија, во клубот Ал Џазира. Но политичката криза во оваа земја не дозволува да го испочитува договорот до крај, па повторно е во Битола и очекува нов предизвик. 
Чурлевски веќе од поодамна знае како е да се работи, па дури и со најмладите, бидејќи школата „Чурлевски„ постои скоро две децении „Нашата школа егзистира од 1996 година, па до ден денес стотици и илјадници момчиња и девојчиња продефилирале, тренирале, се изградиле како спортисти и личности. Идејата за отворање на школата беше на мојата мајка, а јас и мојата сестра Билјана, професионално работиме и задоволни сме како се одвива нашата школа„ вели Боро Чурлевски. Бившиот среден бек на Пелистер во својата кариера често носел одговорни одлуки. Таков е и на теренот и надвор од него. Неговите асистенции и интерпретацијата на играта невозможно  е да се копираат. Денес се поретки се ракометари со таква интелегенција, со истенчен инстинкт за спорт.Освен ракометот Боро умее со се што се игра со топка, и таа негова способност и умешност му дава тежина и сериозност во извршување на тренерскиот занает и континуирано се надоградува и професионално се усовршува.Искуствата од Грција, Косово и Либија се само почеток на неговата визија за ракометната игра. Таа на големо се промени за разлика од деведесеттите. Сменет е целиот метод на тренинг, голем дел од правилата на игра, од селекцијата, а сите тие иновации Боро ги следи и подготвен ја дочекува еволуцијата во ракометната игра, за наредниот повик, никако да не може да го изненади.   

Пелистер жилав, но бодовите за Зомимак М

ОДЛИЧЕН ОТПОР ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ МЕЧ, НО СЕПАК ПОРАЗ НА ПЕЛИСТЕР НА ДЕРБИТО ВО СТРУМИЦА СО ЗОМИМАК М
Зомимак М - Пелистер 27:23 (11:12)

Првото полувреме го одбележа добрата игра на гостинскиот клуб и заврши со еден гол разлика во корист на Пелистер,11:12. Зомимак комбинираше со измените чувајќи ги играчите за вториот дел и тоа се покажа како клучно во победата, која кулминираше со пресврт во второто полувреме.

22.10.2013.

Пелистер убедлив, Дрогришки и Манасков блескаа


ВО НАТПРЕВАР НА СЕРИЈА НА МЛАДИ АСОВИ, ПЕЛИСТЕР ЛЕСНО СТИГНА ДО НОВА ПОБЕДА ВО ВИП СУПЕР ЛИГАТА
Пелистер - Металург Јуниор 30:20 (14:9)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 700
Судии: Никола Пауновски и Оливер Спировски (Струга)
Делегат: Ристо Начевски (Скопје)

ФОТО: „Чичко Дончо„ на трибините во Ѓорче Петров

ПРВИОТ СЕЛЕКТОР НА МАКЕДОНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА, ПОВТОРНО ВО ТАТКОВИНАТА
Мечот од 11 коло на Првата фудбалска лига во скопската населба Ѓорче Петров привлече голем интерес кај македонската фудбалска јавност. Така на трибините се појави и првиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Андон Дончевски.

21.10.2013.

Реми без голови и пропуштено ново лидерство

ПО СЕРИЈА ПРОКОЦКАНИ ШАНСИ, ПЕЛИСТЕР ОСТАНА НА БОД ОД ГОСТУВАЊЕТО ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Прва фудбалска лига - 11 коло
Македонија ЃП - Пелистер 0:0

Градски стадион во Ѓорче Петров - Скопје. Гледачи: 500
Главен судија: Стевче Шулески (Охрид)
Асистенти: Симон Грданоски и Ацо Мацески (Струга)
Делегат: Скендер Таири (Струга)
Стрелци: нема
Жолти картони: Колеќески, Божионовски (Македонија ЃП)
Црвени картони: нема

18.10.2013.

Кожув се „испоти„ за триумф во Битола

ВО НЕОБИЧНО ИЗЕДНАЧЕН НАТПРЕВАР ПО ТРИ И ПОЛ ЧЕТВРТИНИ, КОЖУВ ГО „СКРШИ„ ОТПОРОТ НА ЖИЛАВИТЕ ПЕЛИСТЕРЦИ
Пелистер - Кожув 75:95 (17:22, 26:25, 22:20, 12:28)

Иако финалниот резултат говори дека фаворитот Кожув убедливо славел во Битола, три и пол четвртини тимот на Марјан Србиновски не можеше да го „скрши„ отпорот на жилавиот Пелистер засилен со двајцата српски интернационалци Александар Штурановиќ и Младен Симеуновиќ. Гевгеличани добро почнаа со серија 0:7 со поените на Мијајловиќ и Дефо.

Пелистер на нов испит на зрелоста

ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. ТИМОТ НА ДРАГАН БОЧЕВСКИ СО ПРЕДИЗВИК ДАЛИ ЗАСЛУЖУВА ДА СЕ БОРИ ЗА ВРВОТ ИЛИ НЕ
Пелистер остава зад себе уште една работна недела и со големо нетрпение го очекува новиот предизвик кај новиот прволигаш Македонија Ѓ.П. Тренерот Бочевски и стручниот по денешниот утрински тренинг ќе одлучат кои фудбалери ќе го почнат мечот, а дилемите главно се во одбраната и средниот ред.

16.10.2013.

Одбранбен ребус за пелистерци против Македонија Ѓ.П.

КОЈ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ КАЗНЕТИОТ ДРАГАРСКИ Е НАЈГОЛЕМАТА ПРЕОКУПАЦИЈА КАЈ ПЕЛИСТЕРЦИ ПРЕД НЕДЕЛНИОТ МЕЧ ОД 11 КОЛО ВО СКОПЈЕ
Како ќе изгледа последната линија на дефанзивци е главната дилема на стручниот штаб на Пелистер за неделното гостување кај Македонија Ѓ.П. Црвениот картон на Христијан Драгарски на средина од второто полувреме против Работнички во Куп-натпреварот во неделата, остави сериозни проблеми кај пелистерци.

14.10.2013.

Во Купот предноста задоволува, во првенството Пелистер пред нови предизвици

СО ТРИУМФОТ ПРОТИВ РАБОТНИЧКИ, ЗЕЛЕНИТЕ ГО ЗАБОРАВИОТ ПОРАЗОТ ОД ВАРДАР И ГИ ВРАТИЈА НАСМЕВКИТЕ ПОД ТУМБЕ КАФЕ
Минималната победа над Работнички беше доволна инјекција за фудбалерите на Пелистер да го заборават поразот од Вардар и да се насочат на наредните предизвици во првенството. Во наредните две недели два пати гостуваат во Скопје кај новите прволигаши Македонија Ѓорче Петров и Еуромилк, а проблеми за неделниот меч главно ќе имаат во последниот ред од одбраната по црвениот картон на Христијан Драгарски против дебармаалци.

13.10.2013.

Пораз од 32 разлика за Пелистер во Сарај

СО ДОМИНАЦИЈА НА СИТЕ КОШАРКАРСКИ МЕСТА, ЛИРИЈА ГО ДЕКЛАСИРА ПЕЛИСТЕР НА СТАРТОТ НА НОВАТА СЕЗОНА
Лирија - Пелистер 100:68 (30:14, 28:13, 20:19, 22:22)

Кошаркарите на Пелистер очекувано убедливо загубија на дебито во новиот 22 шампионат на Македонија во кошарка за мажи. Гостувањето во главниот град, во „Сарај„ против амбициозната екипа на Лирија, беше само формалност, ако се знае дека квалитетот на двете екипи не е еднаков.

Алтипармаковски обезбеди минималец пред реваншот

ТВРД И НЕ МНОГУ КВАЛИТЕТЕН МЕЧ ВО БИТОЛА. ВО КОЈ ЕДЕН ДЕТАЛ ВО ПРВИОТ ДЕЛ ЈА ОДЛУЧИ ПРВАТА ПОЛОВИНА НА ЧЕТВРТФИНАЛНИОТ ДУЕЛ
Куп на Македонија (Четвртфинале) - 1 меч

Пелистер - Работнички 1:0 (1:0)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 1500
Главен судија: Горан Спиркоски
Асистенти: Илчо Јорданоски и Зоран Костоски (сите од Прилеп)
Делегат: Светозар Станковски (Скопје)
Стрелец: Алтипармаковски во 22 минута за Пелистер
Жолти картони: Ковачев, Драгарски, Китановски (Пелистер), Маркоски, Усеини (Работнички)
Црвени картони: Драгарски во 74 минута за Пелистер

11.10.2013.

Голеада на „конзулките„

УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ЖЕНСКИОТ КЛУБ КОНЗУЛИ ВО ЧЕТВРТОТО КОЛО НА ПРВАТА ЖЕНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА
ЖФК Конзули - Победа (К) 7:1 (3:1)

Женскиот фудбалски клуб Конзули од Битола, кој за прв пат настапува во елитното друптво, го одигра вториот натпревар на домашен терен и ја забележа третата победа сезонава.

Работнички ги „лечи раните„ по вечното дерби

ДВЕ НЕДЕЛИ ПО ПРВЕНСТВЕНИОТ ДУЕЛ, ПЕЛИСТЕР И РАБОТНИЧКИ ИГРААТ ЗА ПЛАСМАН ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА КУПОТ
По полемиките кои следеа по „вечното дерби„ конечно треба и да се игра фудбал. Иако не е лесно да се насочи главата на наредниот предизвик, Пелистер знае дека во национачниот Куп се наоѓа на само една пречка пред презимување.

08.10.2013.

Вистината за голот на Драгарски е една - ГОЛОТ Е РЕГУЛАРЕН

СООПШТЕНИЕ НА ФК ПЕЛИСТЕР 
По повод последните изјави на официјални лица на ФФМ поврзани со арбитражата на судиите на неделниот меч помеѓу Пелистер и Вардар, бордот на директори на ФК Пелистер чувствува потреба повторно да се огласи.

07.10.2013.

Последен специјалитет од „кујната„ на Кировски

СООПШТЕНИЕ НА ФК ПЕЛИСТЕР
Наместо да се коментира амбиентот за паметење, посетата од 8000 луѓе, прекрасниит спортски ден во најфудбалскиот град во нашата земја, головите и финалниот скор, ден по „вечното дерби„ главна тема се пак судиските одлуки, кои пак (не)случајно одат на штета на Пелистер, како и во 2-3 други прилики оваа сезона и кој знае колку пати во последните неколку години.

ФОТО: Транспарентите на Чкембарите ултра популарни низ медиумскиот етер

ФАНТАСТИЧНИОТ НАВИВАЧКИ ДЕКОР И ИРОНИЈАТА НА ЧКЕМБАРИТЕ И НАТАМУ ТОП ТЕМА МЕЃУ НАВИВАЧИТЕ
Мечот со Вардар беше посебна инспирација за најдобрите навивачи во нашата земја. Целото утро низ Широк сокак доминираше зелената боја и се пееа навивачките песни, претпознатливи со децении наназад.

06.10.2013.

ФОТО: Свечената ложа под „Тумбе кафе„ претесна за клуб како Пелистер

НЕВЕРОЈАТЕН ИНТЕРЕС И КАЈ ЛУЃЕТО ОД ЈАВНИОТ ЖИВОТ ЗА НАТПРЕВАРОТ НАД НАТПРЕВАРИТЕ ВО МАК-ФУДБАЛОТ
Мечот со Вардар е таков магнет за љубителите на фудбалот, што деновиве бројот на официјални лица, гости, фудбалски работници, клубски легенди, новинари не можеше да се изброи.

ФОТО: Дали голот на Драгарски беше регуларен?

КАКО И СО ХОРИЗОНТ ТУРНОВО И СО МЕТАЛУРГ, ПАК МНОГУ СПОРЕН МОМЕНТ НА ШТЕТА НА ПЕЛИСТЕРЦИ
По кој знае кој пат спорен момент директно влијае на конечниот исход на меч на Пелистер. Се играше 89 минута кога Илир Елмазовски изведе слободен удар и биеше во голмановата страна на Павловиќ. Гостинскиот голман со помош на стативата го спаси својот гол, а на одбиената топка натрча Христијан Драгарски и ја смести топката во празната мрежа.

Милевски презадоволен, Бочевски жали за пропуштеното

ОФИЦИЈАЛНИТЕ СТАВОВИ НА ДВАЈЦАТА ПРЕДВОДНИЦИ, ГО ОДСЛИКУВААТ МОРАЛОТ ВО ДВАТА ТАБОРА
По завршувањето на дербито кое траеше преку 96,97 минути, анализата на двајцата тренери беше преполна со емоции.

ФОТО: Ако на теренот има натпревар, на трибините „Чкембарите„ немаат ривал

„Вечното дерби„ од 10 коло денес беше најголем можен спот за македонскиот фудбал. Зелениот колорит кој го направија битолските љубители на фудбалот, ретко се гледа во нашиот првенствен фудбал

Вардар ја прекина „зелената„ серија


ВО ТУРБОЛЕНТНО „ВЕЧНО„ ДЕРБИ, ВАРДАР СО ПРЕСВРТ ГИ ОСВОИ ТРИТЕ БОДА ОД БИТОЛА
Прва фудбалска лига - 10 коло
Пелистер - Вардар 1:2 (1:1)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 7000
Главен судија: Александар Ставрев
Асистенти: Марјан Кировски и Дејан Костадинов (сите од Скопје)
Делегат: Илија Митров (Штип)
Стрелци: Стенио Жуниор во 11 минута за Пелистер, а Адемовиќ во 18 и Стојков во 69 минута за Вардар
Жолти картони: Брдаровски, Мојсов, Стенио Жуниор, Китановски (Пелистер), Адемовиќ, Стојков, Цикарски, Деспотовски (Вардар)
Црвени картони:

Пелистер лесно славеше над новајлијата од Радовиш

ТРЕТА ПОСЛЕДОВАТЕЛНА ПОБЕДА ЗА РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО ВИП СУПЕР ЛИГАТА
Пелистер - Радовиш 30:21 (17:10)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 500
Судии: Никола Вељанов и Мирче Јанов (Кавадарци)
Делегат: Васил Чавдаров (Богданци)

05.10.2013.

Канатларовски претставен во Суботица, па славеше на дебито

БИВШИОТ СЕЛЕКТОР ПРОНАЈДЕ АНГАЖМАН ВО СОСЕДНАТА СРПСКА ПРВА ЛИГА
Поранешниот селектор на Македонија и тренер на Вардар, Драган Канатларовски, од пред некој ден е нов шеф на стручниот штаб на српскиот прволигаш Спартак Суботица. Тој се договори со раководството на овој клуб за соработка до крајот на сезоната, со можност и за обновување на договорот, откако Спартак Суботица го отпушти Петар Курчубиќ по убедливиот пораз од Црвена Звезда (5:0).

Пелистер ја поправа лошата статистика против Вардар

ВО ПОСЛЕДНИТЕ НЕКОЛКУ СЕЗОНИ, ПЕЛИСТЕР РАМНОПРАВЕН ПРОТИВ ВАРДАР ВО „ВЕЧНИТЕ ПРЕСМЕТКИ„
Иако комплетната статистика на меѓусебни средби на Пелистер со Вардар не му е розова, во последно време работите полека се менуваат. Од победата пред пет сезони во Скопје со хет-трикот на Миранда, зелените играат рамноправно со најлутиот ривал.

Костов ќе вози и покрај повредата

ВО ПОТРАГА ПО ТРЕТАТА ТИТУЛА ВО СВОЈАТА КАТЕГОРИЈА, ИСКУСНИОТ БИТОЛСКИ МОТО-КРОС ВОЗАЧ ЌЕ ВЛОЗИ И ПОВРЕДЕН
По три седмици пауза поради настапите на битолските мото-кросисти на меѓународни трки, продолжуваат мото-крос трките во домашното првенство низ целата наша држава. Оваа недела ќе се вози трката во мото-крос на патеката Орман, крај Скопје.

04.10.2013.

Битолчани нестрпливи да дојде недела

ВО ГРАДОТ ПОД ПЕЛИСТЕР СЕКОЈДНЕВНО СЕ ЗБОРУВА САМО ЗА „ВЕЧНОТО ДЕРБИ„ В НЕДЕЛА
Ако во Битола „вечното дерби„ секогаш е посебен натпревар и како да се работи за натпревар за трофеј, овој пат заради влогот и местото на табелата за пелистерци, мечот е уште попосебен. Цел град говори само за овој меч со денови, а управата на Пелистер се обидува да ги изолира фудбалерите и да ги концентрира само на натпреварот.

03.10.2013.

Вечното дерби може да почне !

НА НЕКОЛКУ ДЕНА ДО НАЈГОЛЕМИОТ МЕЧ, ФУДБАЛСКА БИТОЛА ЗБОРУВА САМО ЗА МЕЧОТ СО ВАРДАР
За прв пат во историјата на мак-фудбалот, Пелистер во октомври е сам на лидерското место и како таков го чека „вечното дерби„ со Вардар. Обединетоста на сите структури во Битола беше очигледна на денешната прес-конференција, на која градоначалникот м-р Владимир Талески го искажа своето задоволство што работите се развиваат како што сите очекуваа:

02.10.2013.

Пелистер гори од желба да дојде „вечното дерби„

ВО БИТОЛА СЕ ОДБРОЈУВААТ ДЕНОВИТЕ ПРЕД НАШЕТО НАЈГОЛЕМО ФУДБАЛСКО СООЧУВАЊЕ
По кој знае колку години Пелистер го чека „вечното„ дерби со Вардар од лидерската позиција и со поголем број на освоени бодови од конкурентот. Во Битола владее голема еуфорија и со оглед на исходот на ждрепката од Купот, три недели по ред пелистерци ќе играат дерби мечеви под Тумбе кафе.

Кој е најдобриот од петте тренерски тенора?

ТИЕ СЕ ИТАЛИЈАНЦИ. ТОЛКУ СЕ СЛИЧНИ, НО ТАКА РАЗЛИЧНИ. НО ВО НЕШТО СЕ ПОДЕДНАКВИ. ГЕНИЈАЛЦИ СЕ НА СВОЈОТ ЗАНАЕТ И ИМ НЕМА РАМЕН ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ
Вечна спортска теорија е значењето на тренерот, селекторот, на стручниот штаб во еден голем спортски колектив, при голем резултат или успех. Несомнено фондаментален е значајот на лидер од клупата, тактички геније, мотиватор и слично. Но научно е докажано дека во фудбалот значајот на стручниот штаб никогаш не достигнал повеќе од значајот на групата фудбалери заедно. Тоа како да се две работи кои се испреплеткуваат и надополнуваат и заедно со управниот одбор на клубот или водството на репрезентацијата, го сочинуваат тимот за победа. Некаде меѓу 30-35% заслуга при голем успех, најмногу можат да имаат тренерите, иако денес постојат и такви кои добиваат годишни примања многу поголеми од самите фудбалери. Но не било секогаш така. Ајде од прва без помош на интернет сетете се кој беше тренер на Реал Мадрид на петте европски круни, на Бразил на мундијалот во 1970, на Аргентина во 1986. Сите полесно ќе се сетат на Ди Стефано, Пеле или Марадона, а за останатото ќе побараат во некоја енциклопедија. Но тука вина имаме и ние новинарите. Постепеното барање на медијатички личности, лансирање на персоналитети од тренерската фела, драстично ја подигнаа цената на оваа категорија луѓе. До душа и самите имаа поавтентични лидери кои знаеа да го наплатат тоа што го работат. Одамна Капело не е само тренер, па Сер Алекс, Марчело Липи, Моурињо и Бенитез, Арсен Венгер. Сите наведени и уште група на тренерски бардови со себе носат армија на професионалци, имаат свои лични агенти, потпароли, бараат поголеми овластувања од обичната тренерска работа и се тоа носи пари и само пари. Но за едно немам дилема. За да го изделкате максимално тренерскиот занает мора да ја посетите „чизмата„ Какви и да се приказните дека италијанската лига не е така силна како порано (што меѓу другото е повеќе од точно), Серие А е најтешката лига за играње и за тренирање, а со тоа и за водење. Не паметам кога било лесно да се освои скудетото, да се опстане во Лигата, да се победи со по 5:0, 6:0 како од шега како што често се случува во Шпанија, Холандија, па и во Англија. Системот врз кој е поставен италијанскиот бренд наречен MISTER (италијански израз за тренер) е многу потемелен одколку во другите земји. Во Италија не може секој да биде тренер. Се сеќавате на експериментот Вијали играч-менаџер во Англија, па на примерот со Зола или Ди Канио во Сандерленд оваа сезона? Сите тие во компетитивна лига како англиската можеа да водат тим од најсилната категорија без најсовремената PRO лиценца, што во Италија е невозможно. Само за фудбалери кои станале светски прваци во својата кариера има можност без таа лиценца да почнат да водат тим од Серие А, но под услов да започнат да се усовршуваат за PRO лиценца. Од самиот старт своето тренерско место италијанците си го заштитиле. Во Коверчано крај Фиренца имаат најсовремен комплекс на италијанското Федеркалчо во кое се вршат предавањата и се добиваат лиценците. Италијаните први воведоа лиценца и за скаутинг тренер, што веројатно многу брзо ќе биде пракса и во другите европски лиги, посебно што италијанските тренери се на цена: Спалети (Зенит), Анчелоти (Реал Мадрид), Манчини (Галатасарај), Раниери (Монако), Раванели (Ајачио), Де Бјази (селектор на Албанија), Трапатони (селектор на Република Ирска), Зола (Ватфорд) и слично. Многу слично Лега Калчо ја заштити категорија тренер со правилото ако еден тренер добие отказ или даде оставка во една тековна сезона, во истата да не може да седне на клупа на друг лигаш во истата категорија. А не како Хари Реднап кој пред 4 сезони го водеше Портсмут во првите 6-7 кола, па како од шега го превзеде Тотенхем Хотспур. И затоа не може било кој тренер странец да остави трага во италијанската лига. Треба да биде подкован и рамен на домашната категорија, а такви биле малку: Лидхолм, Бошков, Ериксон, Луческу, можеби до некаде и Купер и Терим и приказната тука некаде завршува. Слично италијанците направиле и најсовремен систем за контрола на допинг и најсамостојна судиска организација, но за тоа во некоја друга сторија. Оваа е за тренерите. Пет тенори на светскиот фудбал магистрирале со највисоки оценки на најголемата сцена, во Италија, па во Европа и во светот. 
Прв кој го издигна митот за заслугите на тренерот при успесите беше Џовани Трапатони. Големиот Трап. Некогаш извонреден фудбалер, репрезентативец, роден победник, подоцна уште подобар тренер. Еден е од ретките кој може да се пофали дека успеа во сите еволуции на играта. Во времето на полупрофесионализам, без прикриен допинг, но со големи фудбалски имиња и легенди какви што денес веројатно нема. Па во времето пост Босмановото правило и лудото трошење на милионите, па до денес кога фудбалот како да ја бара наредната фаза во која големите ќе бидат уште поголеми, а малите уште помали. Периодот поминат како тренер на Милан откако ја заврши кариерата токму во црвено-црниот дрес, Трапатони го искористи за учење и истражување. Мина 12 сезони како дефанзивец во Милан, па ја превзеде младинската екипа. Кога после две сезони како прв тренер Милан му стана премал, амбициозноста на Трапатони го натера да побара нов предизвик. А во тоа време семејството Ањели сериозно инвестираше во Јуве, за разлика од Милан кој немаше ниту таква моќ, ниту таков квалитет на фудбалери. Авокато Ањели му ја довери палката да го гради Јувентус на младиот Џовани. Големиот газда имаше нос за да избере. Во Трапатони виде лудо посветен млад тренер, кој ќе го има авторитетот над амбиентот, над звездите. А тие, звездите доаѓаа еден по еден. Трап со скудето во првата сезона веднаш ги освои навивачите и Ањели, а неговото мото беше претпазливо. Прво скокни, па викни ОПА... Играше цврсто во одбрана, што поцврсто не може да биде. Секогаш имаше иновативни тренинзи за тоа време. Во првите неколку сезони, редовно учествуваше во тренинзите како да е фудбалер, а за мотивацијата се потпираше на интелегенцијата и инвентивноста. Со Јуве направи династија на успеси, која ниту еден друг тренер во Италија до ден-денес не ја надминал. Ги направи Платини, Боњек, Тардели, Зоф, Каузио, Бетега, Паоло Роси врвни звезди и Јуве од национален клуб кој долго време е без трофеј, во победничка машинерија на „чизмата„ и во Европа. Трап освои 6 скудета во 10 години, ги освои сите домашни и меѓународни купови, му подари на Енцо Беарцот генерација која стана светски првак во Мадрид во 1982 година и како најголем светски тренер во тоа време замина во Интер на најголемиот тест во кариерата. Како од тим кој нема победничка крв во себе да направи шампион? И тоа му успеа. Во конкуренција на неговиот бивш Јуве на Платини, Милан кој од импотентен стана ултра амбициозен со новиот газда Берлускони, преку Наполи на Марадона, неро-азурите станаа прваци со само 13 примени гола во 34 кола. Капата долу. Трап пак докторираше. Германското трио Клинсман-Матеус-Бреме сите ги таргетираа како архитекти на успехот, но за разлика од горе наведените примери, сега почна комерцијалното време и сите знаеа што направи Трапатони за тој Интер. Впрочем за по него Интер да освои скудето требаше да минат над 20 години, да се сменат преку 20-25 тренери и да избие Калчополи. Значи вградил Трапатони нешто свое во неговите успеси. А тоа ни приближно не беше се од него. Трап го освои и Купот на УЕФА со Интер во 1991 година, а тогаш овој Куп беше подеднакво силен како Купот на шампионите. Се врати во Јуве во времето на Роберто Баџо и Салваторе Скилачи, на германците Мелер и Ројтер, на Жулио Цезар. Трапатони пак ги освои сите достапни трофеи, бидејќи оние недостапните во тоа време завршуваа во витрината на моќниот Милан на Саки, па на Капело. Така Купот на Италија, Купот на УЕФА завршија во Торино кај старата дама. Во 1994 година го прифати првиот предизвик да замине надвор од Италија и тоа во големиот Баерн, каде го доведе со себе Руџеро Рицители. Не му беше лесно, непознавајќи го добро германскиот јазик и менталитет, Трап почна да го внесува италијанскиот тактички баланс, во група каде спектаклот им беше пред балансот. Беше тешко, но Трап пак успеа. Ја освои салатарата и се врати дома. По една сезона во Каљари доби нов повик за во Баерн и се задржа уште две сезони. Животниот пат го донесе во Фиренца во веројатно најсилната италијанската лига на сите времиња. Во лига во која Фиорентина со Батистута, Руи Коста, Едмундо, Толдо не можеше повеќе од 5-6 место, бидејќи толку силни екипи во едно натпреварување никогаш не сум видел. И тврдам нема ниту ден-денес. Трап беше среќен кај виолетовите и мораше за прв пат во кариерата да ја помести летвичката подолу и да се задоволи со помали цели. Да се влезе во Купот на УЕФА или да се игра финале на Копа Италија беше максимумот на тосканците. И како секој великан, повикот да биде селектор на Италија не можеше да го заобиколи големиот Трапатони. Дојде во 2000 година и подготви една блескава генерација на звезди како Малдини, Канаваро, Неста, Буфон, Тоти, Дел Пјеро, Вјери, Инзаги, Албертини за мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја во 2002 година. Секому му беше тешко да игра со Италија, иако како и секогаш азурите стартуваат бавно. На патот до евентуална светска круна, бидејќи Италија имаше тим за најголеми дела, посилен дури и од подоцнежните финалисти Бразил и Германија, се испречи еквадорскиот таканаречен судија Бајрон Морено. Ја украде Италија против Јужна Кореја на Хидинк и му го нанесе најтешкиот удар на Трапатони во кариерата. Тренерот над тренерите не издржа. Почна да фрла со пластични шишиња, да тропа на плаксигласот од клупата, да губи памет кога од него тоа никој не го очекуваше. Сличен пех му се случи и по две години на европското првенство во Португалија. Со пет бода Италија испадна од групата, заради скандинавскиот бисквит на Шведка и Данска и Трап си поднесе оставка. Неговите четири години како селектор на Италија не беа успешни, иако колку беше далеку беше и блиску до славата. Го делеа детали, среќа, една поинаква судиска одлука. Но таков е животот, посебно тренерскиот. Мораше од некаде пак да се почне, иако Трапатони веќе влезе во седмата деценија од животот. За пензија не ни мислеше. Секогаш кога ќе земеше одмор, по само неколку дена во градината на неговата семејна куќа во Милано, се враќаше на секојдневната тренерска работа. Бидејќи Трап беше створен за тренер. Ја превзеде Бенфика, бидејќи предизвик му беше да победи со екипата која најмалку е предодрена за успех. Проколнатата Бенфика долго беше во сенка на Порто. Генерацијата на Симао, Нуно Гомез и Луизао со судни маки на 10 минути до крајот на последното коло дојде до клучната победа и титулата во португалската лига. Семејството Вјера му нудеше нов договор, Лига на шампиони и повеќе пари, но Трап веќе не можеше мирно да се носи со тој притисок. Му требаше лига каде медиумскиот притисок ќе биде помал, а амбициите исто големи. Ја остави екипата која наредната година со Куман дојде до четвртфоналето на Лигата на шампионите и отиде во бундеслигашот Штудгарт. Имаше само просечна сезона, собра симпатии, но веднаш доби повик од газдата на до тогаш Казино Салзбург, кој преку ноќ стана Ред Бул Салзбург и доведе неколку засилувања од Германија. Трап веќе солидно говореше германски, во Австрија се прероди, го освои шампионатот 2006/07, беше блиску и до влез во групната фаза на Лигата на шампионите, но не успеа и реши тука да ја заврши својата мисија во оваа земја. Веќе имаше титули со пет различни екипи во четири различни земји: Јуве, Интер (Италија), Баерн (Германија), Бенфика (Португалија), Ред Бул Салзбург (Австрија). Дури и подоцна големиот, но по карактер проблематичен и горд Жозе Моурињо ќе го насочи како еден од ретките негови идоли, на кого му се восхитува на интелектот и тренерското знаење, но и менаџирање на медиумскиот притисок. Трапатони го поведе со себе некогашниот негов пулен Марко Тардели како асистент во еден од неговите последни проекти во кариерата. Му недостигаше островскиот фудбал, а во Република Ирска како селектор беше дочекан како омилен лик. Трап беше секогаш насмеан, инсистираше да говори англиски, иако знаеше премалку. Но многу знаеше, иако во 72 година на фудбалскиот терен. Од ирските воини направи тактични подотерана пред се дефанзивна екипа. Неправдата од баражот со Франција и раката на Тјери Анри ја доживеа како продолжување на неговите репрезенативни пехови со Италија. Како да не му беше судено да биде успешен селектор како што беше успешен тренер. Но беше упорен, ја доведе Република Ирска на европско првенство, стана убедливо најведра и најсакана личност во Ирска и како од секаде заминува со насмевка и задоволни лица. Но по најавеното заминување од оваа клупа, веројатно ќе дојде некој нов предизвик, бидејќи Трап и во 74 година не размислува за пензија, како што самиот вели, сопругата го брка од дома затоа што не знае ништо друго да прави освен да се занимава со фудбал. Трап веројатно со Хидинк и Фергусон е единствениот кој го преживеа фудбалот низ цела своја еволуција. Од времето на тешки кожни топки, правило голманот да игра со рака по вратена топка, до денешните модерни фудбалски машини, натпревари на секои три дена, обложувачки и допинг скандали и слично. Џовани Трапатони стана татко на модерниот тактички фудбал низ Италија и Европа и освои 23 трофеи во кариерата и веројатно во некои свои клубови имаше и повеќе од 30-35% од заслугите за успесите.
Правилото дека треба да си голем фудбалер за да бидеш голем тренер многу брзо низ историјата беше побиено. Ако Трап беше голем каде и да се појави и како шоумен беше број 1, Ариго Саки беше еден од оние кој беше предодреден да биде тренер. Како фудбалер дури и подпросечен во третолигашите Фузињано и Белариа, Ариго беше автор на тоталниот фудбал низ Европа, а не беше холанѓанец како Михелс и Кројф, беше италијанец и беше подобар од нив. Како и скоро сите мораше да учи во помал клуб, да ги открие своите тактички идеи и полека да го „дрибла„ медиумскиот притисок. Во Парма меѓу 1985 и 1987 година направи скок од трета во прва лига и веднаш дојде на првите страници на италијанските весници. И по принципот на Ањели, уште еден голем газда како Берлускони, знаеше да избере добар тренер и знаеше да ризикува со млад стручњак меѓу авторитетни звезди. Можеше да бира меѓу Трапатони, Зоф, Кројф или Бенхакер, но газда Силвио одбра тренер кој никогаш не водел екипа во Серие А. А го одбра Ариго заради неговиот стил. Дури и со послаба по квалитет екипа, Саки инсистираше на контрола и посед, па и по цена да се загуби. Сето тоа не го нарушуваше неговиот баланс, кој во Италија е на прво место. Неколку години пред Кројф, италијанскиот ќелавко најде перфектна комбинација на фудбалери од академијата на клубот и трите холандски засилувања Гулит, Рајкард и Ван Бастен и го покори светот. Тие 5 години и освоените осум трофеи го направи фудбалски безсмртен, а неговиот Милан важи за една од трите најквалитетни екипи во историјата на фудбалот. А дека не беше лесно тоа да се оствари покажува и фактот дека со Саки, Милан беше само еднаш првак на Италија, а два пати на Европа и тоа доминантно што подоминантно не може да биде. Саки постави нови граници кои подоцна наследниците ги следеа и ги поместија, но неговиот тотален фудбал во италијански клуб подоцна го играа само најголемите Капело, Липи и Конте. Саки како и Трапатони ја превзеде Италија и тука му недостигаа детали и среќа. Федерацијата го назначи во 1991 година по неуспехот на Вичини во квалификациите на ЕП во Шведска. Саки со Италија не можеше да игра како со Милан, иако се обидуваше со Роберто Баџо како главна фигура. Со сите можни пехови: повредите на Барези и Баџо, црвените картони на Паљука и Зола, Италија беше на влакно до светската круна во САД во 1994 година. Но пеналите како и често во минатото и подоцна во иднината биле кобни за азурите. Ариго го заврши својот развоен пат. Еден познат италијански критичар знаеше да каже: „Тренер кој загубил финале на пенали, никогаш не се опоравил од поразот, ментално никогаш...„ Така и беше со Ариго. Се обиде во Атлетико Мадрид во времето по Радомир Антиќ, па пак во Парма, па директор по фудбал кај Флорентино во Реал. Неговите идеи сеуште имаа кредибилитет, но фудбалот се менуваше и малкумина ја имаа неговата филозофија. Денес Саки е стручен аналитичар и задоволство е да се слуша. Во 67 година од животот со 9 трофеи не беше така трофеен како Трап, но ќе остане во историјата како еден од ретките кој воведе нов фудбал, кој направи револуција: како Михелс, како Кројф, како Ван Гал и Липи, Венгер и Хицфилд.
Комбинација од Трапатони и Саки беше третиот голем тренерски тенор. За многумина тешко е да се најде посовршен тренер во модерното време од Фабио Капело. Беше голем фудбалер, а како тренер така прилагодлив што толку долго трае како Трапатони, а има и полна витрина со трофеи и успешни предизвици како никој до сега. Како и со Саки, и со Капело првиот човек на Милан, Силвио Берлускони се определи да му даде доверба на млад и до тој момент неискусен тренер. Долги години беше легендарен фудбалер на Милан, Рома и Јуве, како и репрезентативец на Италија, но мина 4 години во младинската академија на клубот и го следеше развојниот пат на Милан на Саки. Во клубот сите знаеа дека е подготвен да го наследи и да го надмине својот претходник. Дојде по Саки во период во кој на секого ќе му беше многу тешко. Го надгради системот на Ариго со подиректна игра и игра повеќе вертикално одколку во широчина. И дефанзивно Милан на Капело беше подобар од Милан на Саки. Во најсилната лига која некогаш постоела во светскиот фудбал, Милан на Саки 54 натпревари беше без пораз, освои 4 скудета во 6 години, наспроти само 1 на Милан на Саки. Дури и европската консакрација му даде за право на дон Фабио. Играше три финалиња на Лигата на шампионите и лесно можеше да се израмни со Саки по бројот на европски круни. Но по легендарната атинска ноќ и лекцијата против Барса на Кројф, Ромарио, Лаудруп и Стоичков и тоа без комплетно пожолтената одбрана, следуваа два чудни порази во Минхен и Виена. Најнапред Олимпик Марсеј на Бернард Тапи и дрим тимот на Ги Гутелс го совлада црвено-црниот тим, кој на патот до финалето имаше 10 победи на 10 средби и пропушти шанса да биде единствен во историјата кој станал европски првак со сите победи на патот до трофејот. Наредната сезона размрданиот Милан на крајот на владеењето на Капело, по освоеното скудето, загуби на мускули во драматичен финиш од помладиот Ајакс на Ван Гал со 1:0, со голот на екс-звездата на Милан Франк Рајкард. Капело побара странски предизвик во Реал Мадрид, кој не играше во Европа и кој во сезоната 1995/96 заврши на седмото место. Капело никогаш не се истакнуваше дека успесите ги носи токму тој. Знаеше да се појави со список и да ги побара фудбалерите кои му се по терк и откако ќе му бидат донесени ќе гарантираше успех. Никогаш не почнуваше реченици со ЈАС... Неговите желби секогаш имаа резон и структура на неговиот цврст и избалансиран фудбал. А знаете како и во случајот на Баерн на Трапатони и шпанците, посебно кралските бели, сакаат спектакл пред се, а потоа ако се може и трофеи. Но кога се прели лончето и Реал заврши како седми, далеку зад Барса, а таа година и зад Атлетико, средства не се бираа. А Капело беше ѓаволски тешко да се победи. Посебно знаеше физички да ја избалансира екипата да почнува многу силно во националните шампионати, за на пролет да се почувствува умор кога се кршат копјата во Европа. Тоа што претходно му успеваше со Милан, сега со смената на системот на натпревари во Европа, многу повеќето мечеви, го натераа Капело да стане повеќе специјалист за национални првенства одколку за европски трофеи. Така Илгнер, Панучи, Карембу, Мијатовиќ, Зидорф, Шукер, Мориентес беа желбите на Капело, кои му ја донесоа титулата пред многу моќната Барса на Робсон, но и на Роналдо, Фиго, Луис Енрике. Капело ја заврши својата мисија во Мадрид и остави тим, кој Хејнкес го направи европски првак, но и го спушти до 7 место во Примера, па експресно доби отказ. Фабио го прифати најтешкиот предизвик во кариерата. Се врати во Рома каде беше одличен како фудбалер и познавањето на амбиентот многу му помогна во подоцнежниот проект со семејството Сенси. Капело ги задржа истите принципи. Му достави список на желби на газдите и вети трофеј, а тој во Рим не можеше да го вети ниту Папата. Во град кој живее 24/7, каде што приватните радио и ТВ „трубат„ и шпекулираат постојано, каде навивачите имаат поинаков статус, се е двојно потешко. Луѓето кои добро го познаваат италијанскиот фудбал ќе кажат, една титула освоена во Рим е вредна како три во Торино. Самуел, Емерсон, Батистута, Маркос Асунсао и Касано беа инвестициите на Капело, а Рома претходно ги имаше и Кафу, Кандела, Тоти, Монтела. Освоената титула пред Јуве на Анчелоти, со победата над Парма од 3:1 во последното коло е најсреќниот ден во животот на многу римјани. Барем на оние кои не се сеќаваат на претходното скудето, две децении пред ова на Капело. Предводникот знаеше дека повеќе од тоа скудето и еден Суперкуп е невозможно да се освои, колку и да имате силна екипа. Рома дотурка до четвртфиналето на Лигата на шампионите, идната година до последно коло се бореше со Интер и Јуве за титулата и заврши како второпласирана и Капело по пет сезони на елитен фудбал, како крал замина од Рим. На големо изненадување отиде во конкурентниот Јувентус на покана на неговиот пријател Лучијано Моџи. Со тоа Капело го комплетираше кругот да ги води екипите во кои и играше како професионален фудбалер. Јуве штотуку го испрати Липи во својот втор мандат и имаше мудра политика, ефтино да купува и да вреднува. Така мозокот на проектот Моџи, успеа да ги доведе Ибрахимовиќ и Канаваро практично за ситни пари, а со Емерсон, Зебина, Муту беше напаравен нов модел кој перфектно му одговара на Капело. Физички многу силна екипа, цврста во одбраната, со непредвидливост во нападот и Дел Пјеро како џокер на клупата. Јуве стана првак со големата победа над Милан на „Сан Сиро„ со голот на Трезеге на додавање на Дел Пјеро. И идната година маршот на момците на Капело беше триумфален. Со победи во првите 9 кола беше најавена годината на рекорди. Тимот засилен со Патрик Вјера се прошета низ Серие А, го елиминира Реал Мадрид со голот на Залајета и го освои скудетото на неутрален терен во Бари со победата од 2:0 над Реџина. Но како веќе изби скандалот „Калчополи„ титулите му беа одземени на клубот, но како што подоцна ќе кажат Капело и Канаваро, медалите се во нивните домови и сите знаат дека тие скудета се освоени на зелениот терен, а спорните случувања датираат за претходните шампионати. Проектот на Капело во Јуве веројатно предвреме беше завршен, па по мундијалот во Германија, италијанскиот маг се врати во Мадрид да ја прекине хегемонијата на Барса на Рајкард. Уште една тешка мисија за Капело како онаа во Рим. Го смени стилот на игра. Реал стана не многу допадлив за гледање, но беше крајно ефективен. Ја доби Барса со 2:0 на „Бернабеу„ прими гол за несреќно реми (3:3) на „Камп Ноу„ и во мртва трка се влезе во последните кола за титулата. Потпомогнати од Тамудо и Еспањол, кралевите со Канаваро, Емерсон, Ван Нистелрој, Игуаин, Раул дојдоа од две од две. Две титули под Капело од две можни. Во Европа, белите не можеа против Баерн и беа елиминирани уште во осминафиналето, но најважно им беше да ја прекинат доминацијата на Барса. А Шустер наредната година со холандските засилувања Робен и Снајдер, лесно ја освои Примера со огромна предност пред каталонците. Во 2008 година по европското првенство во Австрија и Швајцарија, Дон Фабио стана Сер Фабио. Стана вториот странец по Ериксон кој ја предводеше Англија. Земјата во која таблоидите се посилни од квалитетот на екипата, на Капело му фалеа истите тие мали детали како на Трапатони и Саки да отиде до крај и да биде успешен како и во клубскиот фудбал. Во Јужна Африја по скромната групна фаза, непризнатиот гол на Франк Лампард со Германија ги пресече надежите на „гордиот албион„ А генерацијата на Тери, Лампард, Жерард, Руни ветуваше. Капело си замина пред да завршат квалификаците за Еуро 2012 во Полска и Украина, каде Англија на Хоџсон не го прескокна четврфиналето, како и обично. Не му требаше долго да најде нов предивик и со оглед дека има 67 години, Капело ги одби Интер, Манчестер Јунајтед и Челзи и продолжи да работи во репрезентативниот фудбал. Ја превзеде Русија, која има евидентен фудбалски потенцијал и многу е блиску да ја квалификува во Бразил наредната година и тоа лесно пред Португалија на Кристијано Роналдо. 16 трофеи од кои 9 национални првенства со четири различни екипи се постигнувањата на Фабио Капело, тренерот за кого ако речете дека е најдобар од сите, нема да погрешите.
               
Но во таа конкуренција единствен кој триумфирал и во клубскиот и во репрезентативниот фудбал е Марчело Липи. Скромна фудбалска кариера, но уште еден случај на предодреденост за тренерскиот занает. И тоа веднаш, штом ги закачи копачките на клин. Понтедера, Сиена, Пистоезе, Карарезе, Чезена, Лукезе беа клубовите каде Липи го коваше тренерскиот занает. Имаше допадлив стил како Саки, тактички совршен како Капело, но не умееше да бие симпатичен како Трап. Беше секогаш сериозен, многу авторитетен и студиозен. Аталанта и Наполи ги внесе во европските купови и му застана на окото на Џани Ањели по второто заминување на Трапатони. Го донесе на клупата на Јувентус, кој скоро една деценија беше без скудето, а да се освои беше полесно да се каже одколку да се направи, посебно заради Милан на Капело. Липи секогаш во кариерата донесуваше тешки одлуки. Му се заблагодари на Роберто Баџо, за да го лансира Алесандро Дел Пјеро. Во првата сезона создаде перфектен тим кој важи за еден од најдобрите во модерната ера. Скудето на пет кола до крајот на сезоната, Куп на Италија и финале на Купот на УЕФА (пораз во двомеч од Парма) му беше личната карта за добредојде на Липи. А до тогаш малкумина знаеа за него. Сите намирисаа дека Ањели, Моџи, Џираудо и Бетега го направија вистинскиот избор. Наредната сезона Липи ја освои Лигата на шампионите, Интерконтинеталниот куп и европскиот Суперкуп и го распродаде тимот. Следеа нови тешки одлуки на Липи и бордот кој раководеше со клубот. Заминаа Вијали, Раванели, Југовиќ, Торичели, а тимот пак гладен за титули го направија Вјери, Зидан, Бокшиќ, Аморузо. Следеше нов бран на успеси, ново скудето и финале на Лигата на шампионите и пораз од Борусија Дортмунд во Минхен. Како Моџи сакаше ефтино да купува, а скапо да продава, на Липи му преостана да го прифати третиот нов проект во Јуве. Сега без Вјери и Бокшиќ, но со Инзаги и Фонсека. Третото скудето во четири години дојде во сезоната во која експлорираше тандемот Дел Пјеро - Инзаги, а во третото последователно финале на Лигата на шампионите (како Милан на Капело) Јуве несреќно загуби од Реал Мадрид во Амстердам со очигледен гол од офсајд на Мијатовиќ, кој го превидоа Хелмут Круг и асистентите. Липи во фебруари наредната година со Јуве веќе во четвртфиналето на Лигата на шампионите, доби отказ и беше наследен од Анчелоти. По само четири месеци го прифати предизвикот на Морати, да се обиде да му ја донесе на Интер првата титула по 20 години, уште од времето на Трапатони. И почна фантастично. По првите 7 гола Интер на Вјери и Роналдо имаше 19 од можните 21 бод, а на конкурентнот Јуве му се повреди Дел Пјеро на несреќното гостување во Удине. Но повредите го масакрираа и Интер. Во само 20 дена, сериозни кинења на лигаментите доживеаа Роналдо и Вјери и Интер грчевито се бореше за влез во Лигата на шампионите, а титулата неочекувано заврши кај Милан на Алберто Закерони. Липи во август 2000 година доби отказ од Интер по елиминацијата од Хелсинборг, инициран од самиот себе и неговите изјави по таа елиминација. Почека една сезона и по две втори места на Јуве на Анчелоти, веројатно единствениот клуб во Италија кој не се задоволува со второто место, го смени тренерот за да го врати стариот. Липи дојде место Анчелоти, кој во два шампионати собра 160 бода. И на Липи веднаш му беше отежната работата со продажбата на Зидан и Инзаги. Но како и секогаш, човекот со очилата и пурата имаше јасни идеи. А го имаше и Моџи и неговите генијални купувања. Буфон, Турам, Недвед, Салас беа купени со парите од франзуцинот и Јуве направи пак конкурентен тим. Како и неколку години порано пак во мртва трка за титулата со Интер, црно-белите излегоа како победник. До душа за разлика од предходно, сега Интер се самоуби и под водство на Купер ја прокоцка предноста од 5 бода на 4 кола до крајот. Финалниот пораз во Рим од Лацио со 4:2 на 5 мај 2002 година, го означи враќањето на Липи и негово четврто скудето од пет целосни шампионати со Јуве. Подобро и од најдобриот Трап пред деценија и пол. Но Липи само го комплетираше мозаикот и тимот наредната сезона стана уште посилен. Доведен беше Каморанези, Замброта трансформиран од десно крило во лев бек, Ди Вајо како алтернатива во нападот и Јуве тргна на два фронта. Првенството го освои лесно со само два порази во 38 кола и на три недели пред спуштањето на завесата. Европската бајка беше уште поефектна. Барса со 10 фудбалери на „Ноу Камп„ ја елиминираа Бириндели и Залајета, а Реал во незаборавна вечер во Торино го збришаа Трезеге, Дел Пјеро и Недвед, но жолтиот картон на чехот му го спречи учеството во финалето. Првото сеиталијанско финале во Манчестер, во меч со малку шанси, го одлучија пеналите и без разлика што Буфон ги одбрани ударите на Зидорф и Каладзе, Јуве загуби од Милан, а Липи го загуби своето трето финале од одиграни четири. Имаше голем пех едно финале да загуби на пенали, едно од нерегуларен гол и едно на теренот на противникот (против Борусија во германскиот Минхен). По наредната сезона и третото место, Липи го напушти Јуве во вториот мандат кој траеше три сезони, една и пол сезона помалку од првото владеење. Остана најтрофеен тренер на Јуве во историјата, дури и поуспешен од Трапатони. Но правилото дека кој ќе загуби меч на кариерата на пенали, никогаш не се опорави, за Марчело не важеше. Во првиот обид ги прескокна Трапатони, Саки и Капело, освојувајќи го најголемиот и најтешкиот трофеј. Во Италија само што изби скандалот „Калчополи„ во кој беше вмешан и синот на Марчело Липи и дури имаше и некои најави да биде сменет селекторот. Душата на таа репрезентација ја сочинуваа фудбалерите на Јувентус, кои веќе знаеа дека ќе мора да побараат ново решение, заради одлуката поврзана со старата дама која следеше. Во Италија беше се, само не идилично. Поголем песимизам пред голем настан, најфудбалската земја не чувствувала. Липи го убеди Тоти и го дозираше за мундијалот. Поубедливо азурите никогаш не ја почнале групната фаза. Пирло диригираше, одбраната на чело со Буфон и Канаваро делуваше како зид, дури ни црвениот картон на Де Роси со САД не ги поколеба. Единствениот теснец настана против Австралија и незаслуженото исклучување на Матераци, кое подоцна Мехуто Гонзалез го компензираше со пеналот над Гросо. По лесното четвртфинале со Украина, на ред дојде ремек делото на Липи против Германија, која до тогаш никогаш во историјата не загубила во Дортмунд. Уморни по 120 минути против Аргентина во Берлин „панцирите„ не можеа ни физички, ни тактички да се носат со големиот Липи. Начинот на кој Италија ги нападна германците во продолжението со 4 напаѓачи (Јакинта, Тоти, Џилардино и Тоти) секогаш ќе се памети. Голот на Фабио Гросо стигна како голема награда за подобрата игра за азурите. Во финалето против најнезгодниот можен противник Франција, дојде реваншот за поразот во финалето на европското првенство во 2000 година. Пеналите кои на Липи му ја одзедоа европската круна со Јуве четири години предходно, сега му беа сојузник. Италија по четврти пат стана светски првак, а Липи првиот во историјата на играта, кој стана светски клубски и репрезентативен првак како тренер и селектор (подоцна тоа му успеа и на Висенте Дел Боске). Марчело уживаше во плодовите на својата работа се до август 2008 година, кога доби понуда да се врати на селекторското место по Донадони и пенал поразот од Шпанија во четвртфиналето на ЕУРО 2008.  Мина квалификации без пораз, дури и подобри од пред четири години. Но на мундијалот во Јужна Африка, италијанците ја немаа истата хемија. По две реми со Парагвај и Нов Зеленд, во случај кога им требаше само реми со Словачка, Липи загуби и остави црна дамка на својата репрезентативна кариера, како со Интер во клубската. Кратко се повлече, бараше нов предизвик и го најде во Кина. Преку 10 милиони евра годишна плата во Гуанжу Евенгарде, го однесоа на далечниот исток, заедно со истиот стручен штаб од Јувентус. Веднаш стана кинески шампион, го освои Купот, а годинава ќе ја нападне и азиската лига на шампиони. Веројатно најкомплетниот од петте италијански тенори, со 16 трофеи во кариерата, која денес во 65 година од животот се ближи кон крајот.
                
Најмладиот во групата на тренерски генијалци од најтактичката земја, е еден од оние кој може сеуште да ги надминува сите претходници. Карло Анчелоти беше голем фудбалер од школата на Саки во Милан. Велат дека тој тим беше толку силен, што подоцна скоро сите станаа добри тренери: Рајкард, Донадони, Анчелоти, Гулит и слично. Карло како и Саки се афирмираше во Парма, каде што дојде од Реџина и го наследи Невио Скала кај млекарите. Имаше звезден тим, кој за прв пат во клубската историја играше во Лигата на шампионите и до крајот се бореше за титулата со Јуве на Липи. По две сезони во областа Емилија Ромања, го наследи Липи во Јувентус, по неговата прва звездена ера. Имаше реновиран тим, свои идеи поинакви од претходниците. Го назначи Зинедин Зидан за клучен човек на својот проект и тој Јуве го водеше до завршницата на скоро сите натпреварувања. Но кога веќе ја имаше титулата в џеб во својата прва сезона, старата дама прокоцка голема предност и откако се отвори небото во мај 2000 година во Перуџа, Алесандро Калори го постигна голот кој на Јуве му го одзеде скудетото, а му го донесе на Лацио на Свен Геран Ериксон. Јуве на Анчелоти не се опорави од тој шок и пак беше само втор наредната сезона, зад Рома на Капело. Со две втори места Анчелоти доби отказ, но по само два месеци го наследи Терим во Милан и се врати во својот омилен клуб. Берлускони и Галијани веруваа во него и во неговиот систем на игра. Пирло го врати 20 метри поназад и како плејмејкер пред одбраната, овој фудбалер се препороди и заедно со Зидорф и Руи Коста, изградија супер креативен среден ред кој доминираше во Европа. Во Серие А имаше многу проблеми со Јуве и Интер, но росонерите во Европа пливаа како риба во вода. Во својата прва целосна сезона, Анчелоти стана европски првак, откако почна од квалификациите на Лигата на шампионите. Се паметат двете дерби средби со Интер на Купер во полуфиналето и пенал рулетот со Јуве на „Олд Трафорд„ Тоа беше одмазда на Анчелоти врз Јуве, кој го отпушпти пред две сезони. Милан се надоградуваше со Кака и Креспо и стана освојувач на скудетото во наредната 2003/04. Загубеното четвртфинале со Депортиво Ла Коруња и подоцна незаборавното финале со Ливерпул во Истанбул, остануваат најцрните моменти во блескавата тренерска кариера на Карло. Самиот ја превзеде одговорноста за тие неуспеси, иако животот му даде нова шанса. Две години по потопот крај Босфорот, Милан и Ливерпул пак играа за европската титула во Атина, каде Милан на Капело ја декласира Барселона. Росонерите станаа европски прваци по седми пат, а Анчелоти во третото финале дојде до втора европска круна како Саки, а подобро од Капело и Липи. Неговиот циклус во Милан беше готов. Чекаше нов меѓународен предизвик и го пронајде кај Роман Абрамовиќ во Челзи. Во 2009 година дојде место Гус Хидинк и ја освои Премиер Лигата со рекорден број на бодови и голови, а кон овој трофеј го придоде и Комјунити Шилдс и националниот FA Куп. По две сезони си замина од Челзи без европска трага и на инсистирање на Леонардо во јануари 2011 година, го превзеде ПСЖ со дрим-тим во конструкција. Во првата полусезона не отиде подалеку од пласман во Лигата на шампионите. Но се назираше дека создава тим кој брзо ќе блесне „Светците„ потрошија стотици милиони и лесно ја освоија првата титула по периодот во деведесеттите кога Луис Фернандез со Жорж Веа и Давид Жинола беа најуспешни во Франција. Дури и во Европа, Карло го донесе ПСЖ меѓу великаните. Ја елиминира Валенсија и беше блиску до сензација со Барселона, каде испадна во четвртфиналето без пораз (2:2 во Париз и 1:1 во Барселона) Го напушти градот на светлоста, бидејќи повик од Реал Мадрид доаѓа само еднаш во животот (освен за Фабио Капело). Ни малку лесниот предизик да го конструира новиот Реал, повеќе загреан за комерцијален ефект одколку за фудбалски, Анчелоти го прифати заедно со неговиот човек од доверба, Зинедин Зидан. Но сега без Озил и Игуаин и со новиот „галактико„ Герет Бејл. Во кариерата Анчелоти сигурно нема да остане на сегашните 13 трофеи, но пред него е најголемиот предизик, а подоцна како и кај неговите претходници ќе дојде и репрезентацијата на ред. Карло е единствениот кој со шест различни екипи играл во Лигата на шампионите. За да биде подобар од претходниците ќе му треба уште нешто поспецијално. Кого и да изберете од горе наведените петмина нема да погрешите. Тие се петте тенори. Петмината кои интерпретацијата на играта и целта во играта најдобро ја знаат. А по игра на случајноста петмината се италијанци. На нивни место можеа да бидат и Хидинк, Кројф, Дел Боске, Моурињо, Фергусон, Гвардиола, Хицфилд, Бенитез, Рехагел, Ериксон, Луис Фелипе Сколари, Хејнкес... но во мојата приказна нема место за нив. А кој од нив е најдобриот, бирајте сами. Мојот избор е.....четвртиот тенор. 

Лесна победа за Пелистер во Штип

ПО ПОЧЕТНИОТ ПОРАЗ ОД ТИНЕКС, ПЕЛИСТЕР СО ДВЕ ЛЕСНИ ПОБЕДИ ГО ПОДИГА МОРАЛОТ

Текстилец - Пелистер 22:26 (9:13)


                Како и што се очекуваше ракометарите на Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и во Штип го совладаа младиот тим на Текстилец со 4 гола разлика и полека, но сигурно добиваат самодоверба пред важните мечеви. Конкретно против Текстилец избраниците на Поповски и Николовски одлично почнаа и со голови на крилата брзо отидоа на 5:2 и 7:4. Бројот на технички грешки на штипјани растеше, а екипата на Пелистер тоа знаеше да го искористи. До одморот Ѓорѓиевски, Чурлевски и останатите ги одржаа тие 3-4 разлика и го принудија противникот да игра агресивно во вториот дел. Таа игра на работ на ризик им донесе многу исклучувања на ракометарите на Текстилец, а битолчани тоа знаеа да го казнат. Серија на голови со човек повеќе и три искористени седмерци, без притисок на Пелистер му донесоа лесна победа и нови бодови. По првиот пораз, екипата од Битола со двете победи над Охрид и Текстилец полека се искачува на врвот на табелата и со нетрпение го чека мечот со струмички Зомимак, најсилната екипа во оваа фаза од сезоната. 

Анастасов го донесе врвот на првенствената табела

ПО ПОДОЛГ ПЕРИОД, ПЕЛИСТЕР ГО ЗАПОСЕДНА ВРВОТ НА ПРВЕНСТВЕНАТА ТАБЕЛА ВО ПРЕСРЕТ НА „ВЕЧНОТО ДЕРБИ„ СО ВАРДАР
Прва фудбалска лига - 9 коло
Пелистер - Работнички 1:0 (0:0)

Фудбалерите на Пелистер испишаа нова страница во клубската историја откако по подолго време пак се искачија на врвот на првенствената табела. Победата против скопски Работнички кој е во налет и на последните два натпревари со Напредок и Хоризонт Турново постигна 8 гола е и тоа како вредна.