Powered By Blogger

30. 1. 2014.

Јавор поумешен на тешкиот терен во Охрид

ВО ПРВИОТ ТЕСТ ВО ПРЕДСЕЗОНАТА, СРПСКИОТ ЛИГАШ ЈАВОР ПРЕСИЛЕН ЗА ИЗМЕНЕТИОТ ПЕЛИСТЕР
Пријателски меч
Пелистер - Јавор 0:3 (0:2)

Стадион „Биљанини извори„ Охрид. Гледачи: 50
Главен судија: Благојче Ралевски
Асистенти: Никола Дрновски и Никола Дацовски (сите од Битола)
Стрелци: Рачиќ во 36 и 37 и Дражиќ во 50 минута за Јавор
Жолти и црвни картони: нема

Босеовски ново засилување на струмичките „рисови„

МЛАДОТО БИТОЛСКО КРИЛО АЛЕКСАНДАР БОСЕОВСКИ НА ОДСТАПКА ВО СТРУМИЧКИ ЗОМИМАК М
Александар Босеовски е новото засилување за тимот на Зомимак-М. Босевски до крајот на сезоната ќе настапува за „рисовите“ како позајмен играч од Пелистер.

Дебакл на Пелистер во Кавадарци

РЕКОРДЕН ПОРАЗ НА ПЕЛИСТЕР ВО ВОЗВРАТНИОТ КУП МЕЧ СО ФЕНИ ИНДУСТРИ
Кошаркарите на Фени Индустри и покрај високата предност од првата средба, не пропуштија да остварат уште една убедлива победа и во реваншот против Пелистер Спорт, со која само го потврдија пласманот меѓу осумте најдобри од Купот на Македонија. Останува да се одлучи уште последниот патник, кој ќе биде познат по утрешниот меч меѓу Соколи и Апаве.

29. 1. 2014.

Пандури се распрашува за Брдаровски

ПО ИВАНОВСКИ И КИТАНОВСКИ, УШТЕ ЕДЕН БИТОЛЧАНЕЦ НА ПАТ КОН РОМАНСКАТА ЛИГА
Тимот на Пандури, моментно четвртопласиран во елитното фудбалско друштво на Романија, е можеби следната дестинација на фудбалерот на битолски Пелистер, Владица Брдаровски, јавуваат медиумите од Романија. Според информаците на романски „Проспорт“, левиот бек на Пелистер, Владица Брдаровски, наредниве денови треба во Анталија да и се приклучи на екипата на Пандури, каде што ќе мине извесен тест – период, пред евентуалниот трансфер во клубот, секако, доколку ги задоволи вкусовите на стручниот штаб.

Новески - пример за врвен професионализам!

БИТОЛЧАНЕЦОТ НИКОЛЧЕ НОВЕСКИ СО ОТВОРЕНА ПОНУДА ЗА ДОГОВОР ВО ГЕРМАНСКИОТ МАЈНЦ
Договорот на македонскиот репрезентативец Николче Новески со Мајнц завршува на лето. Сепак постоечката клаузула вели дека репрезентивниот стопер може да одигра одреден број на средби и во натреварувачката 2014/2015. Фудбалерот на Македонија за 2013 година според изборот на Фудбалската Федерација на Македонија во Мајнц е од 2004 година и според германските медиуми и луѓето во клубот е вистински пример за професионализмот.

26. 1. 2014.

Снегот ги ремети плановите на пелистерци

ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ ГО ОДЛОЖИЈА ПРИЈАТЕЛСКИОТ МЕЧ НА ПЕЛИСТЕР СО НОВАЦИ
За вчера битолски Пелистер имаше предвиден прв контролен натпревар во зимските подготовки на гости кај второлигашот Новаци. Но снегот кој падна во Битола за време на викендот им создаде проблеми на организаторот и на ниту еден стадион во Битола и битолско, не постојат адекватни услови за одигрување на овој тест натпревар.

25. 1. 2014.

Спировски две години во Берое

ИЗДАНОКОТ НА БИТОЛСКАТА ШКОЛА, ПОТПИША ДОГОВОР СО БУГАРСКИОТ ПРВОЛИГАШ БЕРОЕ
Македонскиот фудбалски интернационалец, битолчанецот Стефан Спировски потпиша двегодишен договор со бугарскиот прволигаш Берое и конечно стави крај на својата одисеја минувајќи пробен период во неколку клубови, барајќи подоцна средина каде да ја продолжи својата кариера.

24. 1. 2014.

Трансферот на Лопез Морено неизвесен?


НЕОЧЕКУВАНИ ПРОБЛЕМИ ЗА БИТОЛЧАНИ СО НИВНОТО НАЈАТРАКТИВНО ЗАСИЛУВАЊЕ ВО НАПАДОТ
Иако пред десетина дена беше најавен како големо засилување колумбискиот напаѓач на Пелистер, Морено неизвесно е дали ќе го облече зелениот дрес оваа пролет. Имено по редовните лекарски тестови беше констатирано дека фудбалерот има здравствени проблеми и деновиве во консултација со неговиот бивш клуб Пелистер ќе одлучи дали ќе го задржи младиот напаѓач или не.

17. 1. 2014.

Жуниор од Пелистер се пресели во Шкендија

ЕДЕН ОД НАЈСЕНЗАЦИОНАЛНИТЕ ТРАНСФЕРИ ВО ЗИМСКИОТ ПРЕОДЕН РОК Е ВЕЌЕ РЕАЛИЗИРАН
Серијата засилувања во редовите на тетовска Шкендија продолжуваат денеска и со официјалната промоција на веќе од претходно најавеното ново име, Бразилецот Стенио Маркос де Фонсека Жуниор кој доаѓа од редовите на Пелистер. 22-годишниот Жуниор, кој е во косопственост и на бугарски Литекс, изминатава есен беше еден од најдобрите фудбалери на Пелистер по што веднаш го привлече вниманието на Шкендија.

16. 1. 2014.

Морено и Динчев ги „лечат„ заминувањата во Пелистер

ЗАПОЧНАА ЗИМСКИТЕ ПОДГОТОВКИ НА ПЕЛИСТЕР НА ДРАГАН БОЧЕСКИ

Еден од најдобрите домашни клубови по есенскиот дел од сезоната 2013/2014, екипата на Пелистер денеска под палката на шефот на стручниот штаб, Драган Бочевски ги стартуваше подготовките за продолжението од шампионатот. Со очигледно променет состав, по заминувањето на дел од стандардните првотимци, „пелистерци“ во вториот дел ќе се обидат да обезбедат европска виза за следната сезона.

Стартуваа припремите и дојдоа засилувањата во РК Пелистер

ЗАВРШИ ПЕРИОДОТ НА ОДМОР ВО БИТОЛСКИОТ ВИП СУПЕР ЛИГАШ И ВРЕМЕ Е ЗА СОЗДАВАЊЕ НА ТИМОТ КОЈ БРКА ИЗНЕНАДУВАЊЕ ОВАА ПРОЛЕТ
Екипата на РК  Пелистер на првиот официјален тренинг со кој се означи стартот на подготовките за пролетниот дел од сезонатa, презентираше шест нови играчи, меѓу нив петмина интернационалци. Нови играчи на Пелистер од клубот информираат дека се досегашните играчи на молдавскиот шампион Олимпус, голманот Владислав Вакаруз, левото крило Артиом Јуравилов, и двајцата Молдавци, како и украинскиот интернационалец, Сергеј Бесараб кој игра на левата и централната бековска позиција.

15. 1. 2014.

Спировски на проба во бугарскиот Берое

ОТКАКО НЕ МИНА ВО ПОРТУГАЛИЈА, ИЗДАНИКОТ НА БИТОЛСКАТА ШКОЛА, БЛИСКУ ДО ПОТПИС СО БУГАРСКИ БЕРОЕ
Македонскиот репрезентативец,битолчанецот Стефан Спировски ќе помине пробен период во бугарскиот фудбалски клуб на Берое. Тој денеска им се приклучи на “зелените“ во тренинзите, пренесуваат бугарските медиуми. Спировски е роден на 23 Август 1990 година во Битола. Централниот играч од средниот ред, во периодот од 2007 до 2009 година играше за Пелистер, два голови од 42 натпревари.

Томе Китановски претставен во Крајова

ДОВЧЕРАШНИОТ ДЕСЕН БЕК НА ПЕЛИСТЕР, ВЕЌЕ ГИ ПОЧНА ПОДГОТОВКИТЕ СО СВОЈАТА НОВА ЕКИПА
Младиот македонски интернационалец, веќе поранешен член на Пелистер, Томе Китановски, денеска беше промовиран во нов играч на романскиот второлигаш, ЦД Универзитат Крајова, тим кој по првиот дел од сезоната е на лидерската  позиција во Втората романска лига (Серија 2).

14. 1. 2014.

Коњарски во германскиот Елверсберг

БЛАГОЈЧЕ КОЊАРСКИ ПРЕД ПОТПИС СО ГЕРМАНСКИ ТРЕТОЛИГАШ ВО ЗА НЕГО ПРВОТО МЕЃУНАРОДНО ИСКУСТВО
25 годишниот фудбалер за врска  Благојче Коњарски најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во странство. Бившиот фудбалер на Пелистер, Македонија Ѓ.П. Беласица и Силекс ги договори сите детали со германскиот третолигаш Елверсберг.

11. 1. 2014.

Марјан Секуловски, нов селектор на Мјанмар?

ДАЛИ ВО АЈЕЈАВЕДИ ЈУНАЈТЕД, МАРЈАН СЕКУЛОВСКИ ЌЕ СТАНЕ СЕЛЕКТОР НА МЈНАМАР?
40 годишниот македонски стручњак Марјан Секуловски е еден од кандидатите за селектор на Мјанмар. Откако битолчанецот веќе две години работеше во оваа азиска земја како тренер на екипата Ајејавади Јунајтед, сега е еден од кандидатите за селектор на Мјанмар. Во текот на наредната недела ќе се знае нешто повеќе околу тоа какви се шансите Секуловски да ја победи конкуренцијата и да стане селектор. Претходно во два наврати, Секуловски ја водеше екипата на Пелистер, беше тренер на кратовски Силекс и 11 Октомври пред да замине за Азија. 

Алтипармаковски потпиша за Паналијакос

ВТОРИОТ КЛУБСКИ СТРЕЛЕЦ ГО НАПУШТИ ПЕЛИСТЕР И СЕ ВРАТИ ВО ГРЧКАТА ЛИГА
22 годишниот напаѓач Марјан Алтипармаковски е нов член на грчкиот второлигаш Паналијакос Пиргос. Тој го стави потписот на договорот кој го врзува со бившиот прволигаш на шест месец, со опција ако двете страни бидат задоволни, истиот да биде продолжен на уште една година. Ова е враќање на Алтипармаковски во Грција, каде две и пол години беше член на грчкиот прволигаш Ксанти. Паналијакос е на 12 место во Втората грчка лига и веќе в понеделник игра меч од редовното 16 коло на гости кај Глифадас. Алтипармаковски мина шест месеци по враќањето од Ксанти во Пелистер и беше втор клубски стрелец минатата есен веднаш зад бразилецот Стенио Жуниор. Фудбалерот беше задоволен од понудените услови и овој пат очекува да ги покаже сите свои квалитети во грчката лига.

10. 1. 2014.

Томе Китановски се договори со Крајова?

ПОТЕНЦИЈАЛНИОТ МЛАДИНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ, НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ЈА ЗГОЛЕМИ „РОМАНСКАТА КОЛОНИЈА„
Одбранбениот фудбалер на Пелистер Томе Китановски ќе ја продолжи својата кариера во Романија, откако ги договори условите со Универзитатеа Крајова, пренесува “ДигиСпорт“. 21-годишниот македонски играч Томе Китановски би требало да игра на позицијата десен бек за новиот клуб во продолжението од сезоната. Според информациите, се очекува Китановски в недела да пристигне во Романија и одржи неколку тренинзи. Крајова настапува во Втората лига која е поделена во две серии. Новиот тим на Китановски игра во Серија 2, каде што се наоѓа на првото место на половина од сезоната. Да потсетиме, во Романија настапуваат уште четворица наши интернационалци, тие Даниел Георгиевски, Кристијан Наумовски, Бобан Николов и Мирко Ивановски, но последноспоменатиот можно е да има нова средина во текот на зимскиот преоден рок.

9. 1. 2014.

Кировски во Работнички или во Пелистер?

БУГАРСКИТЕ МЕДИУМИ ШПЕКУЛИРААТ СО ВРАЌАЊЕ НА НАПАЃАЧОТ КИРОВСКИ ВО ПРВАТА МАКЕДОНСКА ЛИГА
Како што пренесуваат бугарските медиуми, поранешниот напаѓач на ЦСКА од Софија, Христијан Кировски се наоѓа на листата на желби на водечките клубови во Првата македонска фудбалска лига. Кировски е слободен агент и веќе добил понуди од двата најбогати екипи во нашата земја, Вардар и Шкендија.

Две странски засилувања пристигнуваат во Пелистер

ДЕФИНИРАНИ ЦЕЛИТЕ ВО ПРЕОДНИОТ РОК НА ПЕЛИСТЕР, ПРЕД БУРНАТА ПРОЛЕТ КОЈА ГО ОЧЕКУВА КЛУБОТ
Деновиве управниот одбор на Пелистер ги дефинира последните детали околу вториот дел од сезоната, која пелистерци ќе ја почнат со прозивката на Драган Бочевски на 15 јануари. Потврдено е дека голем дел од костурот од првиот дел од шампионатот ќе биде и натаму дел од клубот, со исклучок на големи понуди за некои од најдобрите фудбалери.

Битолчанецот Ивановски во Израел?

ДАЛИ Е НА ПОВИДОК ПРЕСЕЛБА НА МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ОД РОМАНИЈА ВО ИЗРАЕЛ?
Романскиот веб сајт “prosport.ro“ пренесува дека израелскиот фудбалски клуб изрази желба да го доведе македонскиот интернационалец. Според информациите, романскиот состав Астра на Мирко Ивановски доби понуда од 500.000 илјади евра од Хапоел Тел Авив.

Гордана и Тони се добитна кик-бокс комбинација

БРАЧНИОТ ПАР БОШЕВСКИ - СИНОНИМ ЗА УСПЕШНИ СПОРТИСТИ И УСПЕШНИ ЛУЃЕ
Веб порталот vistina.mk беше во посета на најпознатиот кик-боксерски пар во нашата земја, Тони и Гордана Бошевски. Нивната приказна е долга и победничка. Тони и Гордана се заедно по борилиштата и ринговите повеќе од 15 години, најпрво во карате, а подоцна и во кикбоксот.

Новевски стрелец против НЕЦ Нијмеген

КАКО ШТО ЈА ЗАВРШИ СТАРАТА ГОДИНА, ТАКА СО УСПЕСИ НАЈДОБРИОТ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕР ЈА ПОЧНА И НОВАТА ГОДИНА
Во еден контролен натпревар составот на Мајнц успеа да го совлада тимот на Нијмеген со резултат 3:2, иако на полувремето имаше негатива од 2:1. Поведоа Холанѓаните преку Коолвијк од пенал во шестата минута од средбата, израмни македонскиот интернационалец Николче Новески во 43-та мин., а Рикс се погрижи пред паузата да го врати водството на Нијмеген во првата минута од судиското надополнување.

2. 1. 2014.

„Кикер„ со супер-критики за полусезоната на Новевски

НОВА ВООДУШЕВУВАЧКА СТАТИСТИКА ЗА БИТОЛСКИОТ ДЕФАНЗИВЕЦ ВО БУНДЕСЛИГАТА
Членот на Мајнц, битолчанецот Николче Новески се најде на листа  дефанзивци кои би можеле значајно да напредуваат на најдобрата листа во продолжението од сезоната во Бундеслигата, спрема оценките на популарниот германски магазин “Кикер“.